Стоунхенџ (Stonehenge) Кој го изградил?

Кој го изградил Стоунхенџ ?

  • Околните жители

    Гласови: 72 49,3%
  • Напредна цивилизација

    Гласови: 44 30,1%
  • Вонземјаните

    Гласови: 30 20,5%

  • Вкупно гласачи
    146
Член од
29 септември 2007
Мислења
325
Поени од реакции
0
Не верувам дека е некоја напредна цивилизација оти постоела илјадници години наназад
 
Член од
9 јуни 2005
Мислења
211
Поени од реакции
23
првата слика беш не ти е точна :icon_lol: не се наредени во правилен круг малку се издолжени така што гледано од птичја перспектива наликиува на ЖЕНСКИ ПОЛОВ ОРГАН
e drugarce tuka do nekade si i u pravo , imam sledeno forumi za takvi raboti i so imam procitano deka lugeto ili plemeto so go imat praveno bile poklonici na majkata priroda i veruvale vo mother superior zasto toj stounhedge , ima uste 5 do sest takvi niz cel svet pomali od ovoj vo uk i se veruva deka e eden vid na akupunktura na zemjinata topka kako gi nasle tockite kade mozat da jaa lecat zemjata majkata priroda od ovaa civilizacija koja samo gi crpi nejzinite resursi bez griza za nea
 
Член од
19 февруари 2008
Мислења
103
Поени од реакции
1
jas znam deka probaa da go izgradat vo denesno vreme so istiot sistem kako so go izgradile porano i ne im uspealo, taka da se odlucvam za vonzemjani
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
После повеќе од година дена во заборав мислам дека е редно да ја воскреснам темава која ја средив (го изменив почетниот пост, насловот и додадов анкета) и да... избришав куп глупости кои се насобрале во некој мрачен период :icon_lol:

Да почнам со едни нови истражувања за Стоунхенџ:
Брус Бедлам, професионален креатор на сложувалки, изработил модел на древниот камен круг во Стоунхенџ, онаков каков што тој верува дека бил оригинално конструиран - како кружна градба.
Креаторот ја изнел својата теорија пред неколку години, но дури сега изработил модел. Тој верува дека споменикот во Вилтшајр бил конструиран со голем покрив во облик на купола направен од дрво и покриен со дрвени плочи



Бедлам верува дека локацијата не е случајна и дека сонцето влегувало во внатрешноста на градбата на секоја краткодневица или долгодневица низ една од десетте врати.
Енормната внатрешност веројатно била осветлена во различни делови од денот и секој дел од градбата е во релација со бројот 3.
Според теоријата, покривот е конструиран од греди кои се спојуваат во една точка над споменикот. Тие ја одржувале стабилноста со помош на гравитацијата, а обликот бил совршено акустичен.
Бедлам верува дека тоа повеќе бил административен одошто верски објект (иако во него присуствувале и високи свештеници), во којшто се донесувале важни одлуки.
Поврзувањето на гредите било со три прстени кои се вкрстувале со самите греди. Првиот и најголем прстен бил половина од височината на градбата. Вториот прстен бил две третини од височината на градбата, а третиот бил точката каде што завршувала покривната конструкција.
Височината на камените остатоци е точно третина од височината на градбата и нивниот надворешен дијаметар е третина од внатрешниот обем на градбата.
Покривната конструкција е рамнокрак триаголник со висина 1 и основа 3.
Доколку застанете во средиштето на Стоунхенџ, растојанието до камените остатоци е точно висината на градбата.
извор А1

и уште едно интересно откритие:
Првите ископувања кои се прават за првпат по 40 годни на познатиот археолошки локалитет Стоунхенџ во Англија откриваат нови сознанија.Според археолзите, оваа античка локацја била користена за исцелителни намени, освен за ритуалните и астрономските потреби. Освен Англичани, на оваа локација доаѓале и други нации од Европа, во потрага по здравје и лек. Археолозите Џефри Веинврајт и Тимоти Дарвил изјавиле дека се откриени многу тела чии скелети откриваат заболувања. Од првичните испитувања на забите е откриено дека половина од телата не се на англиски жители, како и тоа дека имале сериозни заболувања.
извор

...па повелете со ваши теории :smir:
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Како што кажав за пирамидите така и тука . На прашањето од темава ке одговорам со : Гарант јас не бев .

Али гледам на никој не му текна да спомни дека на 5 километри од овај камен круг (кој се израмнува со изгревањето на сонцето со пролетната рамнодневница ) по така наречениот Causeway (Издигнат пат изграден во исто време ) се стигнува до круг кој бил конструиран со дрва и е со обратно поставување ( нешо от типот олтарот гледа во обратна насока , и израмнет со заоѓањето на сонцето за есенската рамнодневница ) . И околу дрвениов круг е најдена некропола ( превод гробишта )
Или никој нема читано или па стварно на нет нема ништо за ова , што е и можно пошто како археолошко наоѓалиште последниве 11 години ( значи пред 12 ке да е откриен ) .
Сметано дека некрополата е неолитска ( лугето се сосе лакој стрели грнчариа итн ) .. КЕ речам дека луге ги изградиле двата како храмови на некој древен сончев култ .
 
R

RAYTHEON23

Гостин
напредна цивилизација...вонземјани нема да градат таква опсерваторија:toe:

освен...ако имало евреи тогаш па они биле одбрани:toe:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Таму сум бил. Само имаат некое идиотско правило не смее поблиску од 50-60м да се пријде на мегалитите демек се абеле камењата:tapp::tapp::tapp:
И така џабе парите отидоа за бензин од Лондон до Стонхенџ. И шо е смислата оддалеку да го гледа чоек Стонхенџ?
Очигледно науката не ги познава добро старите цивилизации и го става Стонхенџ во неолитот со полу-диви луѓе:toe:.
А не е само Стонхенџ туку и уште многу такви места...во Бретања има мегалитска структура од околу 400 км...
Неолитот...баш...
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
54
Поени од реакции
9
Стоунхенџ бил изграден за да бил опсерваторија. Тешко дека некој би го изградил само за таа функција.
Кога ќе видиш големи камени блокови наредени еден покрај друг а во средината има еден голем камен. Тогаш со сигурност можеме да кажеме дека тука станува збор за обожавање на некој или некои богови на мртвите.
Не е ни случајно што Друидите го користеле како центар за религиски работи и принесување на жртва (човечка жртва) не знам само дали една или повеќе. Но на кого е принесувана таа жртва?
Сигурно не е на Бог, затоа што Бог е Бог на живите а не на мртвите.
Обожавање на некој друг бог или повеќе други богови и жртвување на луге. Ете што е Стоунхенџ. Да не заборавиме мислам дека и денес се одвива оваа пракса практикувана илјадници години.
Затоа нема причина за што би се гордееле со Стоунхенџ и со други места каде што имаш камени блокови наредени во вид на круг или некој сличен облик и еден најголем камен во центарот. Вакви места има низ светот стотици и истата работа се одвивала и на тие места.
 
?

..........

Гостин
Нема смисла да го правеле вонземјани :toe:

ако биле они тука пред таму колку илјади години ..се далеку понапреднати од нас , и пази што направиле наредиле камења во круг :vozbud:
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.394
Поени од реакции
21.946
Не верувам дека некој друг замешал прсти во изградбата на Стоунхенџ,И верувам дека лугето што живееле таму го изградиле..Слушнав дека Стоунхенџ биле гробишта..
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Aрхеолозите почнале да ја истражуваат јамата пронајдена во 1921 година и се надеваат дека во неа ќе има доволно податоци од органско потекло што би помогнале во утврдување на времето кога е изграден овој древен споменик. Британските археолози неодамна почнаа со ископување на Стоунхенџ за да ја разрешат мистеријата околу причината за изградбата на овој комплекс од камења. Според едни, Стоунхенџ е свето место на кое во бронзеното време болните луѓе доаѓале со надеж дека ќе се излекуваат, други тврдат дека било астрономска опсерваторија, а трети, пак, дека е друидски храм. - Многу сме возбудени зашто претставува голема привилегија што добивме можност да копаме во внатрешноста на Стоунхенџ - изјави професор Тим Дарвил од Универзитетот „Бурнмут“. Дарвил и професор Џефри Вајнврајт го водат ископувањето. Британските медиуми почетокот на новите археолошки ископувања ги нарекле историски зашто се први по 1964 година.
Според планот, прво ќе биде проширена јамата што првпат била откопана во 1921 година, која е долга 3,5 метри, широка 2,5 метри, а длабока околу еден метар. Се очекува анализата на предметите што притоа ќе бидат најдени да трае неколку месеци, па и години. Во текот на ископувањето археолозите постојано ќе бидат снимани со камера, а потоа на Би-би-си ќе бидат емитувани емисии во рамките на програмата „Тајмвоч“. Археолозите се надеваат дека во јамата ќе најдат доволно остатоци од органско потекло што ќе овозможат со точност да се утврди времето кога бил изграден тој митски комплекс. Во центарот на вниманието се и големите камени блокови од т.н.„син камен“,односно имаат сино-сива боја. Благодарејќи на модерната технологија и наука, нашето ископување ќе ни овозможи да дадеме одговор на прашањето што уште од средниот век претставува енигма за многуте историчари, патници и проучувачи. Ќе се обидеме да откриеме и зошто токму тие сини камења се толку важни и моќни поради што биле донесени однекаде, зашто со сигурност се знае дека тие не потекнуваат од блиската околина - вели Дарвил.Импресивниот комплекс од камења се наоѓа во областа Вилтшир, југозападна Англија, а е граден во три големи фази меѓу 3000 и 1600 година пр.н.е. Првиот дел бил завршен во 2900 година пр.н.е. и се состои од кружен шанец од 110 метри, длабок 1,5 метар. Во текот на втората фаза, која траела од 2900 до 2500 година пр.н.е., биле поставени големи дрвени трупци во средиштето на јамата. Во текот на третата фаза, која траела од 2500 до 1600 година пр.н.е., биле подигнати 80 столба од син камен, од кои секој тежи од еден до три тони. Тие се поставени во два концентрични круга околу центарот на местото.
Се смета дека сините камени блокови биле донесени од ридот Пресел во југозападен Велс, околу 230 километри оддалечен од Стоунхенџ. Ванврајт и Дарвил веруваат дека камените блокови биле влечени по земја до морето, од каде што ги товареле на чамци, а потоа повторно ги влечеле до денешната локација. Двајцата археолози сметаат дека древните градители на Стоунхенџ инсистирале на синиот камен зашто старите народи верувале дека тој има исцелителна моќ, а ова верување е живо и денес во некои краеви на Велс. Научниците се надеваат дека со новите ископувања ќе се откријат темелите на двата првобитни концентрични круга градени од син камен. Вистинска мистерија се столбовите од син камен. Тие се зачувани во текот на сите стадиуми од структуралниот живот на споменикот - вели Ванврајт. И Дарвил и Ванврајт се уверени дека Стоунхенџ бил најсвето место во бронзеното време зашто таму доаѓале болни луѓе што барале спас и лек во синиот камен. А како потврда на тие свои тврдења, ги посочуваат многуте коски од луѓе најдени во близина на Стоунхенџ. Интересно е што во средниот век некои историчари, поттикнати од легендата за кралот Артур, тврделе дека Стоунхенџ е дело на волшебникот Мерлин, а архитектот Иниго Џоунс од 17 век дошол до заклучок дека станува збор за храм на древните друиди. Во почетокот на 20 век американскиот астроном Џералд С. Хокинс ја изнел теоријата дека Стоунхенџ е астрономска опсерваторија, додека пак контраверзниот Ерих фон Даникен тврди дека Стоунхенџ е дело на вонземјаните. Угледниот британски археолог Мајк Паркер Пирсон смета дека ридот бил гробишта во кои биле закопувани жителите од блискиот Вудхенг.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.068
Поени од реакции
4.716
Зошто вонземјаните би патувале толку далеку само за да постават неколку камења во круг? Ако сакале тие тоа да биди опсерваторија би ја направиле далеку подобра.
Мислам дека Стоунхенџ е изградена од луѓето што живееле таму во тоа време исто како што и пирамидите се изградени од Египќаните пред 5000год.
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
54
Поени од реакции
9

Во центарот на вниманието се и големите камени блокови од т.н.„син камен“,односно имаат сино-сива боја.
Двајцата археолози сметаат дека древните градители на Стоунхенџ инсистирале на синиот камен зашто старите народи верувале дека тој има исцелителна моќ, а ова верување е живо и денес во некои краеви на Велс. И Дарвил и Ванврајт се уверени дека Стоунхенџ бил најсвето место во бронзеното време зашто таму доаѓале болни луѓе што барале спас и лек во синиот камен. А како потврда на тие свои тврдења, ги посочуваат многуте коски од луѓе најдени во близина на Стоунхенџ. Интересно е што во средниот век некои историчари, поттикнати од легендата за кралот Артур, тврделе дека Стоунхенџ е дело на волшебникот Мерлин, а архитектот Иниго Џоунс од 17 век дошол до заклучок дека станува збор за храм на древните друиди. Угледниот британски археолог Мајк Паркер Пирсон смета дека ридот бил гробишта во кои биле закопувани жителите од блискиот Вудхенг.

И ти што мислиш што е?
Секако дека станува збор на светилиште.
А кого светилиште?
На некој Бог.
На кој Бог?
На некој Бог што сака големи камени блокови наредени на некаков начин.
А кој Бог сака такви?
Богот на мртвите. Сатаната.
Стоунхенџ не е ништо повеќе од светилиште, каде што се одвивале одредени обреди и се пренесувале човечки жртви. Зошто се откриени токму таму, толку многу коски на многу луге? Тоа не е случајност.
Синиот камен имал исцелителна моќ? Светилиштето било масовно користено за комуникација со духовите/демони а тие можат и да лекуваат. Значењето што го има стоунхенџ за нас денес е никакво и воопшто нетреба да се занимаваме со тоа прашање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom