Стипендии

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Галиба, и јас сум збунет. овој министеров Тодоров... е на клоци да го дигнеш, везе нема од животот! прво ни ги праќа договорите за кредитите... една колешка ми кажа дека некоја нејзина другарка која исто така аплицирала лани за студентски кредит, и пуштиле пари... е тоа е супер... но зашто денес на сител кажаа дека дефинитивно ние ке останеме без денар, и дека кредитите дефинитивно се укинуваат?? која му е оваа логика ???
дај нека се одлучи веќе еднаш или ке има кредити или нема :nenene:
а не пу пу ова не важи сеа ова ке важи и после две недели, е сеа тоа не важи е ова ќе важи, како што убаво си прокоментира некој друг на темава:aplauz:
е ќе заборавев.. друже, бидејќи треба да им однесеш уверение дека си редовен ученик, и потврда за положени предмети со печат а и лична карта и индекс на увид... ваљда ќе можеш и некој друг да пратиш али побрзај затоа што до 20 имаме фора.
Е ова е стварно веќе нешто невидено, нерви да искиниш со лудаци :nerv::nerv::nerv:
Сега пак не ми е јасно, како да го продолжам договорот ко прв пат аплицирав во учебна 2009/2010 и до денес ништо не знаевме шо ќе биде, па сега наеднаш излегоа 300 различни одлуки.
Тие дури се одлучат јас веќе дипломирав, сега кај ќе им ги најдам тие глупости.
Потврдите и 300 други документишта им ги пуштив уште тогаш, појќе пари потрошив за уверенија и за пат до Ск, отколку шо вредит цел кредит. Остај то, ко излегоа ранг листите им пратив уште една доза милион документи, меѓу кои и копија од трансакциска сметка, и сега уште дополнително да се малтретирам.
Па упм нека одат и тие 20000 денари и све.
Абе страшна работа, веќе немам коментар. :nerv: :pishtoldz
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Тие шо ја продолжуваат, ќе си земаат по старо, така 3600 денари ? Овој Тодоров да го ебиш и да бегаш е.... Министерството за образование не било во криза ? Хаа, комедии... Зар да набројувам треба ? Грешки во учебници за основно, каде вика струја и вода одат заедно, пробајте, на факултетите е хаос, во смисла на роднински врски, дури и по 60 во еден факулетет... На крај краева, Кредит Трансфер Системот е пред колапс, секаде во светот, а кај нас, уште го имплементираат... И за шлаг, укинување на кредитите и воведување на пониски стипендии...

Министре, поздрав... Ќе размислам дали да ве гласам пак....
 

fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185
Тие шо ја продолжуваат, ќе си земаат по старо, така 3600 денари ? Овој Тодоров да го ебиш и да бегаш е.... Министерството за образование не било во криза ? Хаа, комедии... Зар да набројувам треба ? Грешки во учебници за основно, каде вика струја и вода одат заедно, пробајте, на факултетите е хаос, во смисла на роднински врски, дури и по 60 во еден факулетет... На крај краева, Кредит Трансфер Системот е пред колапс, секаде во светот, а кај нас, уште го имплементираат... И за шлаг, укинување на кредитите и воведување на пониски стипендии...

Министре, поздрав... Ќе размислам дали да ве гласам пак....
нема што да мислиш нема да ги гласаш...али и наредните ке бидат исто с**ње така да...не ми е јасно ајде еве кредити не даваат...така па сите тие пари со ги фрлале за кредити нека ги претоцат во стипендии...и онака имаме најниска стипендија во европа...

а за кредите...како бе тоа не ги враќаат...како сите сметки плаќаме така и кредиот може да се одплаќа...секој во редовен работен однос што ке влезе нека му се одбиваат секој месец по 500денари ви име на кредит...и готово...ти е*ам тоа државата...срамота стипендија 3000денари 50евра...ахахахха ни година неможеш да си упишеш, камоли книги и истпити...ама стипендија ц ц ц пацери
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Prodolzuvanjeto na dogovorot treba da go storite najdocna do 30 noemvri i da gi ispolnite uslovite koi se propisani vo dogovorot. Sredstvata ke Vi bidat isplateni, odnosno nema da bidat ukinati kreditite za korisnicite od minatite godini. So noviot konkurs za dodeluvanje stipendii za studenti, poveke ne postoi formulacijata kredit, odnosno MON dodeluva tri (3) vida stipendii

Еве одговор од министерство, фино лепо си пуштив е-маил и ми одговорија, за чудо одма ми вратија. :)
За тие што не знаат.
 

fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185
Prodolzuvanjeto na dogovorot treba da go storite najdocna do 30 noemvri i da gi ispolnite uslovite koi se propisani vo dogovorot. Sredstvata ke Vi bidat isplateni, odnosno nema da bidat ukinati kreditite za korisnicite od minatite godini. So noviot konkurs za dodeluvanje stipendii za studenti, poveke ne postoi formulacijata kredit, odnosno MON dodeluva tri (3) vida stipendii

Еве одговор од министерство, фино лепо си пуштив е-маил и ми одговорија, за чудо одма ми вратија. :)
За тие што не знаат.
ај само постирај ми каде си прашал за да прашам и јас...што ќе се случи со нас кои ја продолживме стипендијата дали ќе биде иста ко лани во вредност од 3630ден и од коа би требало да почне исплатата...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
500 денари барање од управа за јавни приходи, а Министерството дава стипендии за социјални случаи?
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
ај само постирај ми каде си прашал за да прашам и јас...што ќе се случи со нас кои ја продолживме стипендијата дали ќе биде иста ко лани во вредност од 3630ден и од коа би требало да почне исплатата...
goran.galevski@mon.gov.mk
Еве на оваа адреса прашав, и за чудо одма ми вратија одговор. :)
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
79
Поени од реакции
0
@ fearless

те молам одговорот што ќе го добиеш од Министерство постирај го тука. И мене ме интересира дали има нешто ново за тие што продолжуваат. Фала однапред. Поздрав
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
pa dobro neli trebase denes da izleze konkursot za elektronsko prijavuvanje?
eve vekje 8 saat dojde a seuste ne izlegol...hhhh
Ovie planiraat da docnat nekolku dena ili sto e rabotava??
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Aj некој нека постави линк од документите потребни за стипендии од веснициве.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.953
Поени од реакции
5.515
pa dobro neli trebase denes da izleze konkursot za elektronsko prijavuvanje?
eve vekje 8 saat dojde a seuste ne izlegol...hhhh
Ovie planiraat da docnat nekolku dena ili sto e rabotava??
Електронското пријавување за обичните стипендии ќе биде после 25 ноември.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
35
Поени од реакции
2
Е ова е стварно веќе нешто невидено, нерви да искиниш со лудаци :nerv::nerv::nerv:
Сега пак не ми е јасно, како да го продолжам договорот ко прв пат аплицирав во учебна 2009/2010 и до денес ништо не знаевме шо ќе биде, па сега наеднаш излегоа 300 различни одлуки.
Тие дури се одлучат јас веќе дипломирав, сега кај ќе им ги најдам тие глупости.
Потврдите и 300 други документишта им ги пуштив уште тогаш, појќе пари потрошив за уверенија и за пат до Ск, отколку шо вредит цел кредит. Остај то, ко излегоа ранг листите им пратив уште една доза милион документи, меѓу кои и копија од трансакциска сметка, и сега уште дополнително да се малтретирам.
Па упм нека одат и тие 20000 денари и све.
Абе страшна работа, веќе немам коментар. :nerv: :pishtoldz
не се нервирај бе другар :)
не ти требаат тие документи, ти треба само да земеш потврда од твојот факс дека си редовен студент и дека си ја запишал годината што ја студираш сега, и уверение со сите положени предмети од прва година па навака. и за тоа да го добиеш си плаќаш некоја сума на пари, кај нас на фзф е 300 на некои е 500 али нвм. работава е што дефинитивно ќе има за нас сиротите што аплициравме 09/10 за кредити. јас проверив денес на мојата сметка и чичко тодоров пуштил 4840 денари. и денес исто така си го продолжив договорот.
не му ја мисли многу продолжувај си го договорот, пари има :helou:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
А дали треба уверенија од Управа за приходи? Тоа дека немаш фирма, дека немаш стан да му зимаш кирија бла бла? Зашто во ланскиот конкурс е наведено како дел од бараните документи....
 
Член од
16 ноември 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државнaта управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02 и 82/08), врз основа на член 53 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр, 37/98 и 40/03) и Решение бр. 16 – 8890/1 од 12.11.2010 година, Mинистерството за образование и наука, распишува


КОНКУРС
за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2010/2011 година
Министерството за образование и наука за студиската 2010/2011 годинаќе додели стипендии за студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и тоа по следните видови:

ТИП “A” – Стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти
- 170 стипендии за студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија;
- 30 стипендии за студенти, од приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

ТИП Б – Стипендија за студенти
- 850 стипендии за студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија;
- 150 стипендии за студенти, од приватните универзитети и високообразовни
установи во Република Македонија.

ТИП “В” – Стипендија за студенти од социјални категории
- 1.400 стипендии за студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија;
- 200 стипендии за студенти, од приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломските студии кои студираат во јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

  1. да се редовни студенти;
  2. да не повторувале година во текот на студирањето;
  3. да не се корисници на стипендија или кредит од други установи, институции или компании;
  4. студентите од II-та студиска година да не се постари од 22 години;
  5. да се државјани на Република Македонија.




Критериуми за доделување на стипендиите се:

ТИП “A” – Стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти

  1. Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.5, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 80 бодови.
  2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат најмногу 6.5 бодови.
  3. Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 10 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

ТИП “Б” – Стипендија за студенти

  1. Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 8.5 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 50 бодови.
  2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат најмногу 7.5 бодови.
  3. Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 40 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

ТИП “В” – Стипендија за студенти од социјални категории

  1. Остварен успех во текот на студирањето за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 20 бодови.
  2. Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 70 бодови.
  3. Студенти – деца без родители, деца со посебни потреби, деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок добиваат најмногу 10 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://mon.gov.mk почнувајќи од 25.11.2010 година до 12.12.2010 година.
Ранг-листата со избраните кандидати ќе биде објавен на 25.01.2011 година на интернет порталот http://.mon.gov.mk.

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб – Скопје, од 16.12.2010 до 29.12.2010 година, од 9 – 16 часот, да ги донесат следните документи:

  1. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2010/2011 година;
  2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
  3. Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години, заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавена на интернет порталот http://mon.gov.mk;
  4. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
  5. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството за месец септември 2010 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството да достави документ за висина на пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави копија од извод на умрените; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку прима алиментација истата како приход да биде прикажана под други приходи, за корисници на социјална помош да се достави решение или чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за учениците и студентите (браќа, сестри) потврда од училиштето, односно факултетот или др.;
  6. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија или кредит, објавена на интернет порталот http://mon.gov.mk;
  7. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава објавена на интернет порталот http://mon.gov.mk;
  8. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија;
  9. Индекс на увид.
Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ

Висината на стипендијата за тип “А” – стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти ќе изнесува 4.000,00 денари месечно за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за тип “Б” – стипендија за талентирани студенти ќе изнесува 3.000,00 денари месечно за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за тип “В” – стипендија за студенти од социјални категории ќе изнесува 2.500,00 денари месечно за девет месеци во текот на студиската година.
Секој студент може да користи само еден тип на стипендија.
Доколку кај еден тип на стипендија не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи од истиот тип и обратно, доколку кај еден тип на стипендија не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи од истиот тип.
Стипендијата се доделува за толку семестри колку се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.

Корисниците на студентска стипендија од претходните години, согласно потпишаниот договор со Mинистерството за образование и наука, потребната документација за продолжување на стипендијата да ја достават најдоцна до 30.11.2010 година.



МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
 
Член од
11 септември 2009
Мислења
12
Поени од реакции
0
A tie shto prodolzuvaat stipendii, kje vazat ovie tipovi na stipendii ili kje zimaat kako dosega 3650 ?? :jaj:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom