Старо Скопје низ фотографии

L

.Lost Angel.

Гостин
Се надевам дека на повеќето ќе ви се допадне ова и нема да ја избришете оваа тема.

Градот Скопје своите почетоци ги бележи уште во старата Римска империја кога под името Скупи се наоѓал на левата страна на р. Вардар. Градот се развил од легионарски логор во 13-11 год.п.н.е., во време на владеењето на Октавијан Август. Градот станал престолнина на провинцијата Дарданија, сe до неговото разурнување во катастрофалниот земјотрес во 518 г. Место него, се подигнал нов град, главно на територијата на денешно Скопје, кој во византискиот период бил нарекуван Јустинијана Прима, според својот жител, императорот Јустинијан, роден во околината на Скопје.
По смртта на Јустинијан и повеќегодишните напади на Словените врз градот, племето Берзити го зазело Скопје и засекогаш се населило во него. Следните неколку века, Скопје било постојано освојувано и ослободувано, а се менувала власта на Византијците, па на Србите, Бугарите.
Во 14 век Скопје станал втора царска престолнина на српскиот цар Душан. Во тој период градот имал не само политичко туку и културно значење заради обновувањето и изградбата на многу цркви, манастири, болници и сл. Благодарејќи на својата географска положба, Скопје се издигнал како важен трговски и економски центар. Биле изградени анови во кои се одморале трговски каравани кои оделе сe повеќе во правец кон Скопје, отколку кон Запад. Градот тргувал и со Византија-Солун и со Дубровник.
По заземањето на Скопје од страна на Турците во 1392 год. настапил период на стагнација и иселување на словенското население од него, а градот бил колонизиран со турско население. Градот претрпувал постојани растежи и падови и од природни катастрофи. Сепак, повеќе странски патеписци запишале дека Скопје до 17 век пораснал во голем центар, трговски и економски, со жив безистен, караван-сарај, пазари, водовод, чаршија и преубава саат кула. Сета оваа убавина била уништена со опожарувувањето во 1689 год. од страна на австрискиот војсководец Пиколомини.
По повеќевековното стагнирање, во 19 век Скопје повторно се возобновува и развива.
Кон средината на 19 век градот повторно станува главен трговски центар на Повардарјето.
Во развојот на градот посебна улога одиграла железничката линија Солун-Скопје-Косовска Митровица, изградена во 1873 год., а особено линијата Белград-Скопје-Солун од 1888 год. Тогаш Скопје станува железнички крстопат и добива непосредна врска со Белград и преку него со Средна и Западна Европа.
Со лоцирање на железничката станица на десната страна на реката Вардар, овој дел прераснува во средиште на градот и се развива во модерен европски град, додека на левата страна на реката Вардар останува чаршијата како старо јадро на Скопје.
На 13.10.1912 год., по 520 год. турско ропство, Скопје го заземаат српските војски и воспоставуваат своја окупациона власт која ќе трае сe до Втората светска војна, со единствен прекин од 1914 до 1918 год. кога за време на Првата светска војна градот бил окупиран од германски, австриски и бугарски војски. По Првата светска војна Скопје станало главен стопански центар на целата моравско-вардарска област.
До почетокот на ХХ век градот се наоѓал на левата страна на реката Вардар и по текот на реката Серава. По изградбата на железничката станица од десната страна на р. Вардар, градот Скопје се шири кон неа сe до подножјето на Водно, односно кон Каршијакот. Тој дел постепено станувал средиште на градот и се развивал во модерен европски град, додека левата страна сe повеќе добивала карактеристики на вистински турски-источен град.
Иако градот Скопје не бил секогаш главен трговски центар, тој со својата географска поставеност долго време бил главна точка каде што се судирале патиштата кои воделе низ средиштето на Балканскиот Полуостров. Така на пример, низ Скопје минувале главните комуникациски линии од Приморјето до Цариград, од Белград до Солун, потоа од Скопје до Сараево, т.н. “Босански пат”, Скопје-Солун, Скопје-Ниш итн. Покрај овие, постоеле и локални патишта, “Кумановски” од Скопје до Куманово, “Тетовски” од Скопје до Тетово, “Штипски” од Скопје до Штип итн. Географската положба на градот Скопје имале огромен удел во неговиот историски развој.
ИЗВОР | http://www.staroskopje.vestel.com.mk

Првата железничка станица во Скопје. Изградена 1873 година со возни линии до Солун и Белград. Подоцна уништена од Србите кои изградиле нова моденрна желеничка во 1930-тите, која пак подоцна е уништена за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година.


Градскиот парк во турско време, нарекуван Ислахана. На сликата е истотака Кермес, легендарниот Скопски ресторан од 19-тиот век, уништен за време земојотресот во 1963 година.

Џамијата која ги преживеа сите земјотреси, војни, владетели. Изградена во 1492 година. Постои и денес како активна џамија посетувана од муслиманското население.

Саат кула, втората најубава џамија во Скопје која преживеала се. Денес сеуште постои но не е толку атрактивна колку што заслужува.

Џамија која повеќе непостои. Срушена за време на Србите кои на тоа место изградиле Офицерски дом кој подоцна бил жртва на земјотресот во 1963 година.

Офицерскиот дом

Српскиот крал во посета на Скопје.

Куќата на Српскиот крал во Скопје.

Скопскиот плоштад во 30-сетите.

Воена болница

Скопскиот Универзитет, уништен за време на земјотресот 1963 година.

Соборната црква Св. Богородица
Црквата била градена од делкан камен од скопската околина. Иако надворешноста на храмот била скромна, внатрешноста била складна и убава со богат иконостас од мермер и ореово дрво со длабока резба на Светите Двери и богат архиерејски стол. За време на Втората светска војна, црквата била запалена од страна на бугарските окупатори и не биле најдени остатоци од богатиот црковен инвентар-иконостасот, олтарот и др.
ИЗВОР: http://www.staroskopje.vestel.com.mk

Стариот Скопски театар изграден во првата половина 20-сетите, уништен од земјотресот во 1963 година.
Скопски театар 1926 година

Скопски театар 1960 годнина

Дефинитивно најубавите куќи се наоѓале во Еврејското маало. Во Втората светска војна голем ден од еврејското население било депортирано во нацистичкиот логор Треблинка, Полска и погубено. Денес во Еврејското маало е изграден Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Народната банка, уште една жртва на земјотресот во 1963 година.


50-сетите

Скопје и понатаму се гради, а каква иднина му престои…за повеќе слики >>> http://www.divianarts.com/?p=9086
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ееее има веќе ваква тема. Или ќе ти ја спојат или ќе ти ја кикнат.

Патем некој знае каде отишле овие споменици? Или ја посетиле Железара..
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Ееее има веќе ваква тема. Или ќе ти ја спојат или ќе ти ја кикнат.

Патем некој знае каде отишле овие споменици? Или ја посетиле Железара..
една баба ми има кажано дека се у бугарија е сеа шо како зашто стварно незнам
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
бтв баш би сакал да видам како изгледало скопјево пред земјотресот како се живеело ...:)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
една баба ми има кажано дека се у бугарија е сеа шо како зашто стварно незнам
Затоа што Бугарите, за време на 2-ра Светска војна, кога ја „ослободиле“ Македонија ги тргнале од плоштад. Веројатно ги имаат уништено или однесено кај нив.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Затоа што Бугарите, за време на 2-ра Светска војна, кога ја „ослободиле“ Македонија ги тргнале од плоштад. Веројатно ги имаат уништено или однесено кај нив.
стварно незнам шо е муабетот треба некој постар да прашам ова само памтам онака дека биле во бугарија една баба ми кажа е сеа зошто како поима неам веројатно е нешо така у 2ра светска или подоцна коа ни го вратиле гоце o_O
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Кеј
208asl27fl5ei.jpg

Камени Мост 1920 год
1920 god... Kameni Most.jpg

Кермес, Градски Парк во 20тите
Gradski park vo 20 tite, del od poranesen Kermes.jpg

ул. Македонија
Korzo, ul. Makedonija.jpg

Плоштад слобода, сега тука е гимназијата Јосип Броз Тито
Plostad Sloboda.jpg

Гравура од Скопје 1594год
Skopje1594.JPG

Вардар и Калето
Vardar, gore Kale, 1903 god.jpg

Свечената сала во Офицерскиот Дом
Vnatreshiot del na Oficerski dom... Svecena Sala.. 1941 god.jpg

Театарот
Внатре во стариот театар.jpg

Поплавата во 1962 година, ул. Македонија кај книжарницата Култура
Поплавата во 1962 година, денешна ул. Македонија кај книжарницата Култура.jpg

Скопје, разгледница
Разгледница од Скопје.jpg

Ставање калдрма на Камени Мост
Се става калдрма на Камени мост.jpg
--- надополнето: 9 февруари 2012 во 16:45 ---
Денешен Тренд
n719572107_1223741_9275.jpg
n719572107_1223745_445.jpg

Првата Shell бензиска во Скопје
Првата Shell бензиска во Скопје....jpg

Скопје, Буњаковец
Скопје, Буњаковец.jpg

Изградба на Новата Железничка станица
Текот на изградба на Новата Железничка станица.jpg

Хот. Бристол
хот. Бристол.jpg
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Picture 095.jpg
Сликано од тврдината Кале - Еврејското маало
во преден план куќите, урнати за време на земјотресот 63 г.
Стариот театар во средината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom