Кога потпишувате Договор за сместување и го потпишувате истиот, верувам дека сте свесни за содржината на истиот. Депозит во установата која што ја спомнувате, НЕ ПОСТОИ, се плаќа престој. Приучени луѓе во споменатата установа НЕМА, сестрите се лиценцирани, а ангажиран е доктор како НАДВОРЕШЕН соработник (читај, НЕ Е ВРАБОТЕН на полно работно време).
Во однос на повратот на средствата, иако имате член во Договорот во кој стои дека парите не се враќаат, дел од уплатените средства Ви беа вратени 7 дена (на 18.02.2019) откако почина Вашата мајка, која беше во исклучително тешка здравствена состојба, со декубити, длабоки како тунел и последици од евидентна запуштеност. Дали запуштеноста доаѓа од КАРИЛ или од домашни услови, не сакам да калкулирам. Вие си знаете најдобро, а јас многу добро Ве помнам. Состојбата на мајка ви при приемот, па уште подобро.
Би Ве замолила за во иднина, пред да продолжите да пишувате постови со паушална проценка и без конкретни факти, добро да размислите за содржината на истите. Зборувајте/пишувајте со факти, а не да се расфрлате со празна слама во ветер. Толку.