Старец Паисиј Светогорски

Член од
3 септември 2010
Мислења
5.753
Поени од реакции
7.945
Еден христијанин патуваше со својата кола од областа Термис кон Солун. По пат го запре еден монах и му рече:"Jунак, ќе ме земеш ли до Солун?". "Се разбира. Ајде". Oтецот седна до него и му рече:"Kоста (иако не го познаваше, го нарече по име), имаш рак на белите дробови. Отиди во болница и ќе го спречиш". И веднаш исчезна. Човекот беше потресен од тоа што го слушна. Веднаш се јави по телефон на неколку свои пријатели и раскажа што му се случило. Му донесоа неколку снимки од монаси помеѓу кои го позна монахот што му се јави - тоа беше Старецот Пајсиј од Света Гора, починат пред неколку години.
Откако го послуша неговиот совет и отиде во болница со голема возбуда и загриженост. Лекарите направија испитувања и му открија рак на белите дробови во сосема почетен стадиум, иако тој не чувствуваше апсолутно ништо.

Една госпоѓа беше отишла да се поклони на гробот на отец Пајсиј во Сурот. Клечејќи, како што се поклонуваше, се подлизна и се потпре на гробот со раката. Откако отиде во хотелот забележа дека на лактот има земја. Се зарадува бидејќи го сметаше тоа како благослов од гробот на Старецот Пајсиј. Ја собра таа земја и ја стави во една кутија којашто ја носеше со себе. Потоа си легна и заспа. Утредента кога се рзабуди, на големо изненадување виде дека од земјата во кутијата изникнал еден крин. Кој ли го засадил, кој ли го полеал...
 
Последно уредено:

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057
Еден христијанин патуваше со својата кола од областа Термис кон Солун. По пат го запре еден монах и му рече:"Jунак, ќе ме земеш ли до Солун?". "Се разбира. Ајде". Oтецот седна до него и му рече:"Kоста (иако не го познаваше, го нарече по име), имаш рак на белите дробови. Отиди во болница и ќе го спречиш". И веднаш исчезна. Човекот беше потресен од тоа што го слушна. Веднаш се јави по телефон на неколку свои пријатели и раскажа што му се случило. Му донесоа неколку снимки од монаси помеѓу кои го позна монахот што му се јави - тоа беше Старецот Пајсиј од Света Гора, починат пред неколку години.
Откако го послуша неговиот совет и отиде во болница со голема возбуда и загриженост. Лекарите направија испитувања и му открија рак на белите дробови во сосема почетен стадиум, иако тој не чувствуваше апсолутно ништо.
па зошто не го земале стаорецот да работи како дијагностичар на онкологија?
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704

Испитување на самиот себе

Во војска, како радио-везист, имавме мрежа за следење и таблица за идентификација. Следевме и знаевме која станица е туѓа, а која наша, затоа што понекогаш се мешаа туѓи станици. Така и човекот треба да ги следи своите помисли и постапки за да види дали се во склад со заповедите во Евангелието, да се фаќа во гревовите и да се бори да ги исправи. Бидејќи, ако дозволи макар еден единствен грев да помине незабележливо, или кога некој друг му сврти внимание на некоја негова мана и не седне да размисли за тоа, не може духовно да напредува.

Испитувањето на самиот себе е нејкорисно од сите дела. Може некој да изучува многу книги, но ако не се испитува самиот себе, залудно е сé што чита. Наспроти тоа, ако човек се испитува самиот себеси и размислува за тоа, а покрај тоа ги изучува по малку и книгите, од тоа има голема добросостојба. Тогаш и однесувањето во секое дело му станува попрефинето. Ако тоа не го чини, прави груби грешки и не ги забележува. Тоа го забележувам во Колибата: ме гледаат како влечкам трупци* од едниот крај на дворот до другиот, за тие да седнат, а кога станат да си одат, никој не се ни прашува кој ќе ги врати пак на место. Или гледаат како носам еден трупец и гледаат дека нема повеќе, па чекаат да им донесам уште трупци за да седнат. Кога малку би размислиле, би рекле: „Па добро, ние сме пет-шест души, зарем самиот да влечка толкави трупци дури од другата страна на дворот?“ И за миг би ги пренеле.

- Старче, ме праша една млада сестра: „Зарем старецот, кога бил сосема млад монах, немал падови во својата духовна борба? Зарем никогаш не му се проврела ниту една лоша помисла? Зарем никогаш не расудувал лошо?

- Кога нешто ќе појдеше наопаку во мојата борба или кога некој ќе ми речеше нешто, не минував преку тоа „без свој данок“.

- Што значи тоа „без данок“?

- Тоа значи дека некој минува ранодушно преку своите согрешенија, а тие не го погодуваат, минуваат покрај него. Како што во земјата, кога ќе се стврдне, колку и да падне дожд, водата не може да продре, така се случува и во случајот да се исуши нивата на срцето и што и да му кажат, што и да се случи, не го допира човекот до толку за да ја почувствува својата вина и да се покае. Што се однесува до мене, ако некој, на пример, ми речеше дека сум лицемер, не би рекол: „Проклет да е оној што тоа го рекол“, туку барав да го пронајдам она што го натерло тој човек да каже нешто такво. „Нешто се случува“, велев, „не е тој виновен. Не бев доволно внимателен, сум дал некаков повод и моето однесување е погрешно протолкувано. Не можел тоа да го рече без никаква причина. Да бев повнимателен, да постапев со расудливост, не би ме разбрал погрешно. Нанесов штета на друг и ќе одговарам пред Бога (за тоа)“. Веднаш се обидував да пронајдам што сум згрешил и тоа да го исправам. Значи, не испитував како оној другиот го рекол тоа, дали тоа го рекол од завист, од зла намера или нешто чул од некој друг, па погрешно разбрал. Не се занимавав со тоа. И сега во сите ситуации го правам истото. Ако, на пример, некој ми каже некоја замерка, не можам ниту да спијам. И, ако е така како што тој вели, ќе се разжалостам и ќе се трудам тоа да го исправам. А ако не е така, исто така ќе се разжалостам, затоа што мислам дека јас нешто сум згрешил. Нешто не сум внимавал, па така го наведов на тоа. Не го префрлам бремето на вината на другиот. Испитувам како ќе суди Бог за тоа што сум го направил, а не како ќе гледаат луѓето на мене.

Ако човек не го испитува она што се случува на таков начн, нема корист од ништо. Заради тоа, често за некој велиме: „Тој изгуби контрола“ . Знаете ли кога човек губи контрола? Кога не се испитува самиот себе. Кога некој се разболи во мозокот, го губи раумот и не е во состојба да се испитува, поблаго му се суди. Но, човек со здрав ум, кој не ги испитува своите постапки, затоа што не се испитува самиот себе, нема олеснување.

*Старецот во Колибата Панагуда примаше посети во дворот, освен за време на зимските месеци, каде за седење користеше трупци кои, според потребата, ги преместуваше.

Да стекнувaме искуство од своите согрешенија

Кога се самоиспитувате (се испитувате себеси), многу помага повеќе пати да поминете по ред низ целиот живот, од детството, за да видите каде сте се наоѓале, каде сега се наоѓате и каде би требало да се наоѓате. Ако не го споредувате минатото со сегашноста, не разбирате дека можеби сте минале голем пат, но не сте таму каде што би требало да бидете и го жалостите Бога. Кога некој е млад и духовно не е баш на најдобар пат, тоа може да се оправда. Но кога остари, а се наоѓа на исто место или само малку се поправил, тоа со ништо не може да се оправда.

Како минуваат годините, така човекот духовно создрева и, ако умее да извлече поука од минатото, напредува посигурно и посмирено. Често и искачувањата и падовите во духовната борба помагаат во позитивно и стабилно движење нагоре.

Кога мало дете само што проодело, разбирливо е таму и ваму да заработи по некоја модрица на скалите, да ја удри главата во оградата, да се качи на столица, па да падне. Не разбира дека ако се качи на столицата и застане на работ ќе се преврти. Како што станува постаро и поголемо, стекнува искуство, созрева и учи да внимава. „Минатиот пат“, си мисли, „се качив таму горе и паднав. Нема веќе да се качувам“. Така е и во нашата духовна борба. Кога внимаваме на сé и тоа го користиме за добро, стекнуваме искуство кое, ако знаеме да го примениме, многу ни помага.

Се сеќавам дека дома, во Коница, имавме шест мали и големи коњи. Еден ден, кога требаше со нив да минеме низ мостот направен од дрвени трупци поврзани со коноп, еден трул трупец се одвои и ногата на најмалиот коњ, кој имаше четири години, се заглави во отворот меѓу трупците. Од тогаш, дури и кога направив поголем мост и употребив силно дрво, кога и да дојдевме до таму, коњчето застануваше и се здрвуваше, мавтајќи со главата таму-ваму, или ги кинеше уздите и бегаше, или пак, ќе се заинаетеше и ќе прескокнеше на другата страна. Ако бесловесното суштество од четири години, кое е бесловесно, значи, го користи своето искуство и не сака со ногата веќе да стапне на мостот, колку повеќе човекот мора да го користи искуството од своите coгрешенија!

Треба да го најдеме непријателот и да удриме на него

- Јас, старче, сеуште не го имам возљубено смирението, пожртвуваноста и сеуште не сум подготвена да ја прифатам неправдата

- Не е сосема точно тоа што го велиш. Јас не се вознемирувам заради тоа, затоа што гледам дека во тебе постои позитивна вознемиреност (немир). Ти многу брзо ќе се ослободиш од страстите, затоа што веќе си почнала себеси да се фаќаш во гревовите. Тоа многу повеќе помага, отколку каква било духовна борба од друг вид. Оној кој е во состојба да го почувствува она што кај него не е добро, полека го напушта стариот човек во себе и чекори на правилниот духовен пат. Стариот човек во нас го краде од нас она што новиот човек го прави. Кога ќе научиме да го фаќаме во тоа, во состојба сме да ги фатиме сите крадци кои од нас ги крадат благата со кои нас Бог нé дарува, па така нашето духовно богатство останува неоштетено.

- Старче, кога се растажувам многу заради некој свој грев, на пример затоа што нешто лошо сум рекла на некоја сестра, дали тоа ми помага?

- Помага, секако, но треба да внимаваш да не претераш. Треба да се разжалостиш, но исто така треба и да се радуваш, бидејќи ти се пружила прилика да ја исцелиш својата болест, зашто така излегла на видело. Треба да помислиш: „За да речам нешто лошо и за така да се однесувам, мора да постои некоја страст во мене, и ете, се укажа прилика да се покаже, да ја видам и тоа да го поправам“. Секако, ќе побараш, покрај тоа, и прошка од сестрата. Падовите ти помагаат да се познаеш самата себе. Сé излегува на површина и малку по малку од тоа бива добра духовна делотворност. Гледаш, и лекарите понекогаш на болните им даваат разни средства за да се покажат симптомите на болеста и за да можат да постават правилна дијагноза. Им даваат, на пример, шеќер, па потоа ја анализираат крвта за да видат дали е покачено нивото на шеќерот во крвта.

Во духовната борба е потребно да ги означиме слабите точки на својот карактер, своите мани, и потоа да се трудиме токму таму да удриме. И во војна, кога вршиме извидување на една област, ги бележиме точките на кои се наоѓа непријателот, или од каде може да нападне, и тоа постојано го имаме на ум. Бидејќи кога прецизно ги знаеш местата на кои се наоѓа непријателот, можеш со сигурност да се движиш. Ја рашируваш мапата и велиш: „Непријателот се наоѓа овде и овде. Ние мора да стигнеме овде и да ги завземеме тие и тие коти. Од таму ќе бараме засилување, а одовде ни е потребно ова оружје“ итн. Значи, можеш и ти да направиш план. Но, за да дознаеш каде се наоѓа непријателот, треба да се грижиш и да истражуваш, не смееш да спиеш.

- Старче, дали е подобро некој сам да ги пронајде своите мани или подобро е на нив да му укажат другите?

- Добро е човек сам да ги бара и најде своите мани, но и кога другите му укажат на нив, да не се противи, туку со радост да ги прифаќа. Може, имено, да се случи човек да мисли дека се гледа самиот себе, а всушност, тој себе се гледа онаков каков што би сакал да биде, а не каков што навистина е.

- Дали другите подобро ме гледаат, старче?

- Секој човек може сам, ако сака, подобро да се види себеси. Значи, може подобро да открие на што се противи, полесно да најде каде му е гревот и да пронајде каде лежи причината за тоа, а другите извлекуваат заклучоци од претпоставките.

- Дали е можно, старче, некој да се обидува да се познае самиот себе онаков каков што е, а да не успее во тоа?

- Можно е ако во тој напор има малку гордост, тој да не може да се познае самиот себе онаков каков што навистина е.

Треба дa се огледуваме во другите

Човек подобро се гледа самиот себе ако се огледува во другите. Бог секој човек го дарува со оној дар кој му е неопходен, за да му биде од помош, без обзир на тоa дали тој ќе го искористи или не. Ако човек успее тоа да го искористи, ќе достигне совршенство. Но, мааните се наши: без разлика дали сме ги стекнале со своето невнимание или само сме ги наследиле од своите родители, секој од нас мора на соодветен начин да се бори за да се ослободи од нив. Сé додека не се ослободиме, мораме да се огледуваме во мааните на другиот човек и да се преиспитуваме каде ние се наоѓаме. Ако видиме, на пример, кај другиот некоја маана, веднаш треба да речеме: „Да видам, можеби и јас ја имам?“ И, ако ја имаме истата маана, треба да се бориме да ја отсечеме.

- Старче, а ако помислата ми вели дека ја немам таа маана, што да речам тогаш?

- Треба да речеш: „Јас имам други, поголеми маани. Оваа е мала во споредба со моите маани“, затоа што понекогаш твоите маани можат да бидат помали, но ти да се наоѓаш во подобри околности. Ако човек на ваков начин се преиспитува себеси, ќе види дека тој самиот има поголеми маани од другиот. Но, ги гледа и доблестите на другиот човек: „Да видам“, вели, „постои ли кај мене оваа доблест? Не постои. Уф, колку сум далеку од она каков би требало да бидам!“ Оној кој постапува така, сé му помага, тој се менува во добра смисла и се усовршува. Му помагаат светителите, му помагаат подвижниците, му помагаат дури и луѓето од светот. Зашто, ако види некој световен човек, на пример, кој не гледа на себе, туку се жртвува, ќе рече: „Ја имам ли јас оваа доблест? Ја немам, а јас сум духовен човек!“ Така се труди да се угледа на него. Сите ние, луѓето, пред себе имаме голема работа. Сето тоа мудро го уредил добриот Бог за наше добро.

Оној кој точно се спознал самиот себе, има смирение

- Гордоста, старче, обично ја откривам подоцна, откако ќе паднам.

- Целта е да ја почувствуваш пред да паднеш. Кога некој ќе ти рече дека си направила нешто добро, не треба да чувствуваш задоволство, за да не се фати, да не се залепи пофалбата за тебе.

- Што помага во тоа?

- Може да ти помогне само тоа добро да се спознаеш самата себе. Ако човек се спознае себе, тоа е сé. Пофалбите потоа се како туѓи тела, не се фаќаат за тебе. Кога некој, на пример, знае дека е сиромашен, за него не може да се закачи помислата дека е крал. А ти, ако мислиш дека си принцеза, тогаш нема да си читава.

- А ако од порано сум подготвена да не прифаќам пофалби, зарем тоа нема да ми помогне?

- Така би требало да биде, но еднаш ќе бидеш подготвена, а другпат – нема. Целта е да се спознаеш самата себе. Ако човек не го спознае стариот човек во себе, тој не се смирува и не може да дојде до духовно кинење на атомите на неговото битие за да излезе во духовната орбита, така што тој останува во световната орбита.

- Може ли да се случи, старче, погрешно да се спознаам самата себеси?

- Ама сега не зборуваме за заблудата. Оној кој правилно (соодветно) се спознае самиот себе, има смирение. А кога човек ќе се смири, сосема сигурно на него ќе се спушти Божјата благодат.
Оној кој прави сé што е потребно за да се спознае самиот себе, личи на оној кој копа длабоко, за да пронајде руда во длабочините на земјата. Колку подлабоко продира во спознавањето на самиот себе, толку повеќе себеси се гледа понизок и се смирува, но Божјата рака непрестајно го вознесува. А кога веќе се спознал самиот себе, неговото смирение станува постојана состојба и во него се вселува Божјата благодат, а тогаш веќе нема опасност од гордост. Од друга страна, оној кој не копа во своите длабочини, непрестајно го прикрива своето ѓубре, расте во своите очи, накратко ќе биде на тие висини заедно со својата гордост, а потоа потонува.

Да ја спознаеме својата болест

- Старче, често ги гледам мааните на другите и ги осудувам.

- Ја знаеш ли ти својата болест?

- Не.

- Но затоа ги знаеш болестите на другите. Да ја знаеш својата болест, не би ги знаела болестите на другите. Не велам дека не сочувствуваш со болката на другите луѓе, туку не треба да се бавиш со нивните гревови. Ако човек не се занимава со самиот себе, ѓаволот ќе му измисли работа да се занимава со другите. Ако, меѓутоа, работи на себе, тогаш се познава самиот себе, а го познава и другиот. Инаку, врз основа на погрешните заклучоци кои ги извлекол за самиот себе, тој погрешно суди и за другите.

- Старче, што најмногу помага за човек да се поправи?

- Пред сé, волјата. Волјата, на извесен начин, е добра појдовна точка. А потоа човек треба да сфати дека е болен и да почне да ги применува соодветните лекови. Бидејќи, ако е болен, па ја крие својата болест, еднаш изненадно ќе се сруши, а нема тоа ниту да го забележи и ниту еден лекар нема веќе да може да му помогне. На пример, некој знае дека е туберколозен и затоа е страшно слаб и нема волја за храна. Му велат: „Зошто не јадеш?“, а тој одговара: „Не ми се допаѓа ова јадење“! После има грчеви и не може нормално да оди. „Зошто одиш така?“, го прашуваат. „Ми се допаѓа да одам полека. Зошто? Да трчам како луд?“ Не кажува дека има грчеви и дека не може да оди. Потоа кашла. „Зошто кашлаш?“, повторно го прашуваат. „Ех, од алергијата“, вели! Не кажува дека белите дробови му се заболени. Во меѓувреме почнува да плука крв. „Што е тоа?“, го прашуваат. „Ми се надразни грлото!“

- И сето тоа затоа што, старче, не сака да открие дека има туберколоза?

- Да, затоа што ја крие. Ја крие и тогаш добива галопирачка туберколоза. Му пропаѓаат белите дробови, се полнат садовите за крв, паѓа во кревет и на крај неговата болест се открива, но тешко дека му има помош.

Меѓутоа, ако признае дека симптомите кои ги има се од туберколоза и прими соодветна терапија, сосема ќе оздрави. Сакам да кажам дека и во духовниот живот, оној кој ги оправдува своите страсти, на крајот паѓа под влијание на демоните и не може да се сокрие. Знаеш ли што значи тоа човек да падне под влијание на демоните? Подивува, станува ѕвер, се оттргнува, зборува грдо и бесрамно и од никој не прифаќа помош.

Заради тоа основно е човек прво да ги познае своите страсти и да се радува кога ќе ги спознае. Од тој момент треба да се зафати со лечење, соодветни лекови и да чувствува благодарност кон исцелителот – својот духовник или старецот – а не отпор и противење. Ете, друг човек подготвено ја дава раката да му дадат трансфузија. Го бодат со игла, го боли, но прифаќа, бидејќи тоа ќе му помогне. Колку е мачна секоја операција! Но, човек ја прифаќа за да му биде подобро.

- Кога знам, старче, дека ќе ми помогне, на пример, една строга забелешка, зошто тогаш не ја прифаќам со благодарност?

- Внимавај, можеш да не ја прифатиш со благодарност, но, дали ти е барем јасно дека тоа не е во ред?

- Тоа ми е јасно.

- Е, ако ти е тоа јасно, и тоа е нешто. Гледаш, болниот зема таблета која е горка, но подрага му е од бомбоната, бидејќи разбира дека ќе му користи. Ако не прифати горчлив лек, нема да биде исцелен. Секој треба да ја спознае својата слабост, да прими лекови, за Христос потоа да му подари сила.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Ручекот со старец Паисиј

Мислам дека вториот пат, кога појдов кај старец Паисиј, бев мал, имав 18 години, и тој ме задржа кај него – тогаш за прв пат останав кај него – и ми рече: „Сега ќе јадеме!“ Го прашав што ќе јадеме, а тој ми одговори: „Ќе ти приготвам голема трпеза, нели имам гости!“ Тој се шегуваше со мене: „Имам риба, бакалар, ќе направиме голема трпеза!“ И, ајде да јадеме. Тој немаше маса. Излеговме надвор, на полјаната, каде имаше еден камен. Тој рече: „Тука ќе јадеме. Само една минутка, да ја поставам масата!“ И појде и донесе една покривка, на која имаше нацртано различни работи – банани, грозје, дињи. Тој рече: „Оваа покривка ја постилам само кога имам официјални гости, а не секој ден.“ И што имаше? Ништо немаше, имаше сув леб. Ме праша: „Сакаш ли чај?“ Јас ниту тогаш, а и ниту сега не пијам чај, и му реков: „Сполајти, не сакам!“ Тој извади свеж лук – имаше засадено пет-шест главички – и една марула. Јадевме маслинки, лук и марула. Околу нас беше празно, но никогаш нема да го заборавам тоа дека, пред да почнеме да јадеме, тој рече: „Сега да се помолиме.“ Станавме да се помолиме. Тој ги крена рацете и рече: „Оче наш, Кој Си на небесата…“. Како да ви кажам, навистина Бог беше таму! После јадењето ја кажа и благодарствената молитва. А што јадевме? Ништо – стар сув леб, кој во друг случај, дури и да ми платат, немаше да го изедам, една главичка сув лук и една марула. Но, никогаш нема да го заборавам тој момент, тоа беше најскапото јадење во целиот мој живот. + + + Така и вие кои имате семејства, во вашите домови, научете се едноставно пред да седнете и да јадете, да станете и да ја кажете молитвата „Оче наш“, а по јадењето, таа убава молитва после јадење: „Ти благодариме, Христе Боже, за земните блага со кои нè насити. Те молиме, не лишувај нè и од Твоето небесно царство!“
Извор: http://agapi.mk/rucekot-so-starec-paisij/
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Старец Паисиј Светогорец- Направете си го животот поедноставен

Ако луѓето се оддалечуваат од природниот, едноставен начин на живот, стремејќи се кон удобностите, така ја зголемуваат напнатоста и не наоѓаат мир. „Пријатниот живот“, поминат во духот на овој свет и неговата среќа, раѓа светска напнатост. Надворешното образование, кое ја растројува човечката душа, секојдневно води стотици луѓе на психоанализа кај психијатар. (Душевните болници се во пораст, психијатрите завршуваат разни специјализации, но повеќето од нив не веруваат во Бога, ниту го прифаќаат постоењето на душата. Како тогаш ќе можат таквите луѓе да му помогнат некому, кога и самите тие се преполни со напнатост?)



Кога човекот ќе ја сфати подлабоко смислата на животот, напнатоста отстапува. Кога ќе видиме човек, кој и покрај тоа што има сѐ, напнат, загрижен и тажен, знаеме дека му недостига Бог. На крајот на краиштата, богатството само по себе ги мачи луѓето, бидејќи материјалните работи не ја исполнуваат душата – тоа е двојна мака. Сласта која со себе ја носи едноставноста, луѓето сѐ уште не ја вкусиле.

Едноставноста одмора!

Наместо да ги поедноставувате работите, за да не губите време, вие вложувате во „многувременото“, сакате сѐ да биде совршено и се измачувате со тоа. Би требало да барате совршенство во духовните работи. Не ги трошете своите сили на надворешната убавина. Разубавете ја својата душа!

Убавите и привлечни работи не ги успокојуваат луѓето, затоа што сето тоа еден ден ќе се претвори во прав. Душата вреди повеќе од целиот свет.

Христос ќе нѐ праша како духовно сме му помогнале на светот и какво духовно дело сме направиле, а не какви ѕидови сме изѕидале. Нив нема ни да ги спомне. Не велам дека не треба да се гради, но тоа треба да се прави како што треба, зашто прво треба да биде духовното дело, а по него сѐ останато.

Луѓето кои се светски настроени, велат: „Блазе на оние што живеат во палати и имаат удобност“. Но вистински се блажени оние што успеале да го поедностават животот, да се ослободат од стапицата на светскиот напредок и така да се спасат од ужасната напнатост на нашето време. Ако човекот не го направи животот едноставен, многу ќе се мачи.

Сега на сите ви нагласувам, и на монасите и на мирјаните, едноставноста е многу важна. Многу од тоа што го прават луѓето не е неопходно, затоа и ги јаде напнатоста. И повеќето разводи потекнуваат од премногуте обврски, од кои може да те заболи глава. Двајцата работат, и таткото и мајката. Децата остануваат сами во домот. Заморот, нервозата, мали проблеми, големи расправии, и автоматски настапува разводот.

На денешниот човек потполно му е туѓа радоста на монашкиот живот. Не размислува дека треба од нешто да се одрече, дека треба малку да се помачи. Мисли само за тоа како другиот е успешен и направил две висококатници, третиот научил пет јазици, а тој ништо. Ќе купи подобар автомобил, но повторно ќе биде незадоволен, затоа што некој друг ќе има уште подобар. На таквата мака ѝ нема крај!

Неблагодарноста и алчноста се големи зла! Човекот е обземен со материјалните работи и секогаш е обземен со грижи и напнатост…

Подлабоко размислувајте за смислата на животот. „Најнапред барајте го небесното Царство.“ Оттаму потекнува едноставноста и правилното поставување на сѐ.

 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
За младите

Младите луѓе имаат чудно однесување, тие сакаат да учат, без да бидат присутни во училиште ... сакаат да добијат висок степен, без да се трудат сериозно, и сакаат дипломите да им бидат донесени во кафулињата каде седат и се забавуваат.Мислите и целиот нивен труд се насочени кон тоа "како да живеат подобро, со повеќе погодности и со помалку труд". Како резултат на таков лесен живот од овој "добар материјал" излегува "мувлосан леб" за ништо неупотреблив.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Едни зборуваат, зашто поседуваат дар слово. Други пак имаат дарба да молчат. Целта на секој е да го освети и следи оној дар што му е даден од Бог.

Умиление е внатрешна промена која се случува со човекот за време на молитва. Ние мора јасно да го чувствуваме присуството Божјо. Тогаш чувствуваме кон него благодарност, зашто се согледува тоа како дар од Господ.

Многу често нашето самооправдување расипува сè - тоа ја одбива од нас Божествената Благодат. Ако престанеме да се самооправдаваме и се смириме, Благодатта повторно ќе се врати кај нас.

Оној кој греши, но прифаќа забелешка, се поправа. А кој се самооправдава - запаѓа во прелест.

Кога човек пости со смирение, тој е достоен за Божествената благодат. Но ако пости со помисла «ќе се угледам на пророкот Мојсеј» или «ќе направам така, како оној светител» - трудот му е дрзкост. Кога егоизмот го движи човекот, Божјата Благодат се оддалечува од него. Телесните подвизи се корисни кога се вршат со љбочестие и смирение.

Смирниот човек веднаш заборава стореното од него добро, а секоја услуга кога некој му направи ја смета за најголемо благодејание. Тој никогаш не заборава помошта која му е дадена, и се чувствува благодарен пред својот добротвор.

Вистинското духовно напредување доаѓа тогаш кога човек не се сеќава стореното од него добро. Тој носи во себе една духовна деликатес: не се сеќава извршените од него добрини и смета дека не направил ништо добро.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Природно, нечистиот дух не ги изнесува на видело добродетелите на луѓето, туку нивните слабости. Оние пак, што се ослободени од своите страсти, бидејќи немаат злоба, злото со добрина го поправаат. Ако видат некаде малку нечистотија која не се чисти, ја покриваат со плоча, за да не се згрози некој друг, ако ја види. А пак, оние што чепкаат по ѓубрето, личат на кокошки… Не е искрен и доблесен оној што ја кажува вистината в лице, ниту оној што ја обзнанува, туку оној што има љубов и вистински живот, што зборува со расудување кога има потреба, и го кажува потребното во соодветен час.

Старец Паисиј Светогорец

Оние пак, што ја оправдуваат својата злоба со божемно поправање на другите, а не на самите себеси, или со тоа што на светот му ги објавуваат црковните состојби и нешта, што не е во ред да ги обзнануваат, барајќи оправдување во она “Кажи ѝ на Црквата” (Мт. 17, 18) најпрво нека си ја уредат својата мала Црква - своето семејство или братство. Тогаш нека ја срамотат и Мајката Црква. Добрите деца никогаш не ја обвинуваат својата мајка. За жал, многумина од оние што се плиткоумни им даваат неисцрпен воен материјал на еретиците, така што цели православни градови и села ги заземаат јеховините сведоци и го шират своето мисионерско дело.Дури ни сo макитe на крстoт Гoспoд Исус нe ги oсудил грeшницитe туку гo изнeл прeд Свoјoт Oтeц извинувањeтo за нивниoт грeв, вeлeјќи: “Нe знаат штo прават!” И ниe да нe судимe никoгo за да нe бидeмe oсудeни. Бидeјќи никoј нe e сигурeн дeка и тoј дo смртта нeма да гo направи oнoј ист грeв за кoј гo oсудува свoјoт брат

Старец Паисиј Светогорец
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Луѓето можат условно да се поделат во две категории. Едните се слични на муви. За мувите е карактеристично секогаш да се запираат на нечистотијата, одминувајќи миризливо цвеќе. Така и луѓето слични на муви се навикнати да бараат само лошото, без да забележуваме доброто.
Другата категорија на луѓе личи на пчелата. Пчелата пак го открива убавото и најсладкото и на него се запира, така го одминува нечистото. Овие луѓе имаат добри мисли, гледаат нешто и мислат само за него. На сите кои имаат обичај да ги обвинуваат другите, јас предлагам да проценат кон која категорија би сакале да припаѓаат и соодветно да утврдат ситуацијата на луѓето кои обвинуваат.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
КОГА ИМА ЕДНОСТАВНОСТ СЕ ЧУВСТВУВАШ ЛЕСНО

- Оче, јас мислам дека едноставноста е кога човек дејствува така како чувства. Правилно ли е?

- Во зависност од тоа каде живее. За да дејствува едноставно, човек мора да најде соодветната средина. Во светот, особено современиот, треба да се дејствува акуратно. Но, во манастирот или во семејството треба да живееме во едноставноста. Многу е заморно, кога во односите меѓу луѓето нема едноставност и доверба! Тогаш, за да кажеш нешто на човекот е потребно Предговор, епилог, појаснувања ... Така животот станува мака. А кога има едноставност, можеш да кажеш на човекот "седи", и тој седнува, или "сега си ми потребен, дојди", и тој доаѓа, а во тебе нема страв дека нема да те разбере правилно. Кога има едноставност тоа се чувствувате лесно, а кога не - тешко.

- Оче, што значи: "стекнување слобода во својот живот, за да се ослободиш од бурите" (св. Исак Сирин)

- Стекнување едноставност во општењето со другите, за да не ти се преполниш со помисли и глава да не ти се збунува. Кога човек изјаснува само она што чувствува, тогаш сам се чувствува слободен и олеснува животот на другите.

Еднаш патував за Атина во автомобилот на еден познаник, со нас беше и уште еден човек. Јас го поднесував тешко патувањето и возачот го отвори прозорецот. Беше свежо. "На вас не ви е ли е ладно?" -ги прашав останатите. "Не, не" - одговорија тие. Но по некое време забележав дека сопатникот ми трепери од студ и си посегна по палтото. Тогаш реков: "Ако не сакате некој од вас да се разболи, тогаш говорете отворено кога ви е студено, а јас ќе ти кажам, ако одеднаш се почувствувам лошо." И на тој начин никој од нас не чувствуваше нервоза. Но, ако јас се чувствував лошо и молчев или пак другиот мрзнеше и исто молчеше, тогаш сигурно некој од нас требаше да пристигне болен во Атина. Вие исто така комуницирајте едни со други едноставно. Инаку цело време ќе се грижиш дали не сте навредиле или огорчиле со нешто другиот. А тогаш цело време човек се возбудува, доживува немир и започнува де се држи неприродно.

- Оче, пред другите луѓе не можам да направам дури и најпознатите едноставни нешта. Тоа стеснување ли е или гордост?

- Понекогаш Бог дава на човекот зголемена срамежливост, како сопирачка за да не се случи со него нешто лошо. Бидејќи кој знае ако не беше оваа срам колку далеку би скршнале човек од вистинскиот пат! Потребно е да си повнимателен и да се оставиш на Божјата волја. Не вреди да си стегнат и да се мачиш себе. Во оваа цврстина има и одредена доза егоизам. Гледај ме мене, јас се однесувам природно, без да вложувам напор. Понекогаш се однесувам како дедо, понекогаш како татко, како поголем брат, а понекогаш како дете. Нели така?

- Цело време се плашам, како човекот ќе се однесе спрема она што зборувам и се плашам дека нема да ме разберат правилно.

Ти се затвораш во тоа, зашто во тебе нема едноставност. Потруди се да придобиеш едноставност на срцето, за да имаш духовно напредување. Прифаќај ги забелешките кои ти прават и труди се, да се исправиш, молејќи за Божја помош. На пример, може да ти кажат дека си постапила нерзумно. Другиот пат во слична ситуација, ти треба да помислиш: "Тогаш ми рекоа дека постапив неправилно, сега треба да дејствувам со разум." На овој начин ќе се добие искуство, поправајќи се, ќе се развиваш и духовно ќе напредуваш. Така и другиот човек добива известување и ти самата чувствуваш во душата мир.

Едноставноста во соединение со љубочестен подвиг и надеж во Бога носат внатрешен мир и радост и душата се исполнува со надеж и утеха.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
"Деструкција кај човекот доаѓа од изобилството на материјални добра, бидејќи тоа му пречи да го почувствува Божјото присуство и да ја оцени Неговата благост. Ако сакате да оддалечите некого од Бога, дајте му изобилство од материјални добра и тој ќе Го заборави засекогаш "

"Колку повеќе луѓето се оддалечуваат од природниот, едноставен живот и напредуваат во раскош, толку повеќе се зголемува кај нив Душевниот стрес. И колку повеќе се шири световната учтивост, толку повеќе се губи едноставноста, радоста и природната човечка насмевка "

"Вие не може да избегате од светот", но "насочете ги сите свои сили кон тоа добро што можете да извршите во светот".

"Ако не можеме да се подвизуваме многу или воопшто, барем смирено да се молиме и да ја бараме Божјата милост". Бог заради смирението ни, ќе нè заштити од правење на зло ...

Земете "малку од касата на трпението" и живејте во "духот на непрестано славословие и благодарност, бидејќи најголемиот грев што се испоставува неблагодарност, а најголемиот грешник - неблагодарниот човек".

"Да веруваме во Бога и имаме доверба во Неговата татковска грижа за нас ... да знаеме дека Бог ги познава сите наши потреби и се грижи за проблемите ни ... Кога ја имаме таа вера и тоа внатрешно чувство, ние ќе можеме да ги видиме Божјите чуда - Самиот Бог, Кој е блиску до нас во сите околности. Но за да се случи тоа, мора да ја отфрлиме секоја помош која доаѓа од светот ... и со чисто срце, непоколебливо и доверливо да си го предоставуме умот на Бога ".
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Слава Богу, денес старецот Пајсиј Светогорски е канонизиран за светец!

http://www.pravoslavie.ru/news/76482.htm
Слава на Бога во височините.Алелуја Алелуја Алелуја![DOUBLEPOST=1421257534][/DOUBLEPOST]Духовниот завет

"Јас, монахот Паисиј,откако се испитав себе, видов дека сум ги прекршил сите заповеди на Господа,ги извршив сите гревови. Не е важно, дали некои се извршени во полесна степен, немам никакво оправдување, зашто Господ многу ми се смили . Молете се Христос да ме помилува. Простете ми и простени бидете сите кои мислите дека сте ме огорчиле. Благодарам многу и пак: молете се.
Монах Пајсиј "

 
Последно уредено:

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.673
Поени од реакции
11.719
Лесно е да дробиш ладна попара и да зборуваш за едноставност кога ќе избегнеш да се соочиш со општество затворен во манастир.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom