Ќе Ве замолам за совет што да правам,кај да одам бидејќи на големи маки сум со левата рака? Поточно ланската година некаде пред Нова Година го извиткав показалецот на левата шака и од тогаш прстот константно секој ден ме боли така што веќе се навикнав на болката,но раката поради прстот ми е ослабната и на најмало виткање,истегнување или било каква активност болката ми се враќа и е подеднакво интезивна исто како на почетокот. Мислев дека со тек на време месец,два-три евентуално ќе исчезне болката но еве веќе половина година си трае. Веќе бев кај Таир и во Драчево кај еден човек што работи исто како Таир но ништо од третманите,само приметив дека и кај двајцата кога ми го вртеа,тегнеа прстот раката во делот над прстите ми отекуваше.