Наједноставните системи од тој карактер не доведуваат до потреба за ладење на водата, ако ти е за бањање. Бојлерот со ладна вода ќе има цевка која ќе ја носи ладната вода до колекторот кој ќе има свој бојлер и ќе ја загрева таа во истиот, а потоа со друга цевка ќе ја носи водата до чешма. Од друга страна, првиот бојлер со ладна вода ќе има посебна цевка за носење на ладната вода до чешмата. Ти само ќе си комбинираш колку од ладната/топлата ќе пушташ за да се бањаш. Тоа е наједноставниот директен систем што бара минимални познавања и можеш дома сам да го напраиш.
Иначе готови такви системи со опција за контрола на температурата до која сакаш да ти се загрева итн.. итн... се продаваат и можеш да ги земеш од интернет.
За ова со шишињата, мислам дека е неисплатливо, сем ако не стаиш два резервоара, во едниот да ја истураш загреаната вода од шишињата, а во другиот цело време да има ладна вода и пак да ги комбинираш. Додатен систем за ладење не мора.