Соновите, барем мислам, дека се слики на подсвеста. Нешто што ни се случило во текот на денот или мнгу одамна и сме го потиснале длабоко во мозокот и речиси сме го заборавиле.
Кога мозокот нема доволно "материјал" да "обработува", нема теми на кои да размислува и бидејки кога спиеме речиси ништо не се случува, тој ги зема оние скриените, потиснатите моменти и ги проживува уште еднаш.
Можеби, навистина не е секогаш вака, понекогаш го сонуваме она од кое се плашиме, тие сонови , нели, ги викаме кошмари, понекогаш сонуваме како летаме или паѓаме за овие сонови стварно немам конкретнбо објаснување. Но, не викам дека нема и онакви кои предвидуваат работи во соновите бидејки не сум никој фактор да им судам и да им кажам што е точно а што не зошто ни самата знезнам што е навистина така.
Соновите ретко кога ги памтиме, како што слушнав траеле само по 8 секунди и исто толку време се сеќаваме на нив одкога ќе се разбудиме( тоа не е така во случај сонот да ни остави голем впечаток и да се напрегнеме да го запомниме).
Последен пат не ми текнува што сонував, но се сеќавам дека многу пати го имам сонувано оној кој го сакам-последната тема која ја "обработував" во мозокот пред да заспијам.