Помош. Централното за колата одеднаш не ми работи, подигнувачот и спуштачот за стакла од возачкото место не работи. Сабајлето спушташе и подигнуваше прозор одвај. Сега попладнево прво не заклучуваше (ќе заклучи и одма самото ќе се отклучи), сега веќе воопшто ни заклучува ни отклучува освен со клуч. Единствено што работи е копчето за прозор кај совозачкото седиште и внатрешното централно заклучување. Порано при отворање возачка врата зуеше (веројатно поврзано со централното), сега не слушам таков звук.
Сервис некој да не знаете за вакви поправки, ако има од центар, Карпош, Влае...тие делови накај Ѓорче уште подобро оти до Новус или Дог секјурити натаму страв ми е уште нешто да не откаже