1.Ти одговори и членот погоре, логиката доаѓа од ова:
БМВ, МЕРЦЕДЕС, VW, моделите наведени погоре имаат стартна цена од 25-30к со основна опрема, а стандард македонски менталитет е да се затрча на кожа и фул опрема, возило што од овие компании во салон било преку 40к евра.
2, Кашкаи, Киа, Хјундаи санта фе, их35, дастер, аутлендерот на митсутбиши, хонда цр-в, витара и слични модели не надминуваат 25к со фул опрема во салон.
Значи човекот има 8000евра, овие од точка 1 ќе бидат постари и повеќе возени за таа цена, од овие од точка 2, тоа е првичната теза, понатаму се вклучуваат факторите „издржлив мотор“,„нашминкана“, „пазарење“, „возена од баба“, „ланче е нема каиш, ланче во мкд не се менува, тоа го прават само западњаците“, „надвор возена 300к е подобра од 80к во мкд“, „брат итно ја продавам, да ми излези бугарскио одам за странција“, „земи си механичар да ја слушни како работи (голем дел и механичарите ги уткаат на прв поглед, познавам механичар, сам си зеде голф 5 од бугарија, па му рикна турбината после 1000км, а демек тој ги разбира) и слични комбинации на овие глупости.
Таа е логиката другар, јас кога си ја носев колата видов што купуваат од надвор, проматарите што беа во истото такси со мене ги зедоа колите кои јас не планирав ни да ги погледнам, после хемиско чистење и малку шминка се се продава....ама пустите се расипуваат после тоа и чадат како шторе од 60та, али што ќе плати тоа и ќе му стои во гаража, ако сака да вози ќе си ги пушти нозете до каде што му е чергата за да му останат пари и за одржување и гориво.