Што поточно те интересира за Тиграта ? Мој близок другар има две тигри 1.4 и 1.6, а и јас имав 1.4 90кс до пред 4 месеци, така да горе доле запознаен сум со тигрите
Потрошња, од 8 па се до 11-13 на 100км. Имам извадено и под 8, ама сајлата за гас беше разлабавена(намерно) за да не прима веднаш(за помала потрошувачка), мада верувај првите 2-3 месеца, па и подолго, нема да можеш да и извадиш под 10, барем јас не можев. Ниско поставено седење, купе,лесно возило, едноставно само те тера да ја стискаш гаста. Ако е мало возило воопшто не е прегледно, не знам дали имаш седнато во неа да приметиш колку лошо се поставени ретровизорите, ми требаше 1 месец и нов браник за да се навикнам
Ставив плин, уред со дизни, и трошеше од прилика 9-10. Уредот работи така што пали на бензин, кога ќе постигне 32степени се префрла на плин. Зимно време неделно ставав по минимум 300 денари бензин.
Мани што ги има тиграта што ги приметив, мноооогу мнооогу осетлива боја(лак). Многу лесно се оштетува од камчиња, измет од птици(ако не го исчистиш веднаш). Моторот до 2000 обрати е некако мртов,тек на 2500-3000 се буди и повлекува како што доликува на спортско купе,а ако го форсираш ќе трпиш на џеб.11-12 литри на 100. Позади иако има 2 места воошто нема простор, а и премногу е трвдо,како на дрвена клупа да седиш. Од друга страна одржувањето е ефтино,делови има колку сакаш. Да не го тупам, прашај ме што те интересира. Заборавив доста работи, ама нема да ми замериш полу заспан сум
Поздрав