Смртоносниот азиски стршен се појави и во Македонија

Член од
2 јули 2014
Мислења
20
Поени од реакции
7
Во последно време се повеке се читатат вести за смртионосниот инсект-Азискиот стршлен.

Инсектот со портокалова глава кој ги убива пчелите, а неговиот убод може да биде смртоносен и за човекот!!
Како што објаснуваат експертите, азискиот стршен има портокалова глава и голема црна клешта која е во состојба да направи страшни убоди кои личат на рани од куршум. Овој вид стршен е застапен во подрачја во Русија, Кина, Јапонија, Индија и Шри Ланка. Азиските стршени се едни од најсмртоносните инсекти во светот. Летаат со брзна од 60 километри на час и за еден ден може да прелетаат 100 километри.Големиот азиски стршен кој во Европа првпат се појави пред десет години, а пред две недели беше виден во Словенија, стигна до Кавадарци.
Бил забележан и во деловите на Тиквешијата,Неготинско,зошто токму таму?
Семејството Ничкови од Кавадарци неколку минути водело војна со инсектот за на крај да успеат да го совладаат.

Велат инсектот првично го забалежале по неговото чудно однесување. Се вртел во круг, па застанувал на земја какао да е зашеметен. Тоа го правел петнаесетина минути за потоа да застане врз дрвата наредени за огрев.

„Неколку минути се обидувавме да го совладаме, но беше бадијала. Изгледаше како да е од гума, повторно успеваше да летне. За среќа, на крај го собравме во пластична кутија“, раскажуваат од семејството Ничкови.

Велат дека добро ги познаваат стршените кои ги има во нашето поднебје. Според нив, овој се разликува од нашите по бојата и лесно може да се препознае, но се прашуваат како дошол до Кавадарци.

„Од почетокот на пролетта досега нема регистрирано пациенти со убод од стршен“, рекол директорот на кавадаречката болница д-р Орце Ангеловски. Тој апелира до граѓаните да бидат внимателни доколку се случи да бидат каснати од овие инсекти и веднаш да побараат лекарска
помош.
ова се дел од вестите,во весниците.
МОЛАМ АКО НЕКОЈ ЗНАЕ НЕШТО ПОВЕЌЕ НА ОВА ТЕМА ДА ДОДАДЕ!!

БЛАГОДАРАМ
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Ja go iam videno vo Veles... mislam deka beshe toa chudo. Beshe neshto kao shto e opishan.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Има случаеви и овде во Македонија од каснување на стршлен да почине некое лице.Можеби и се и повеќе лица.
Јас знам за еден случај (можеби уште бевме во Ју ) кога почина човек од пелагониските села.
Ако си пак алергичен на тој „отров“,а не си во близина на здравствена установа,изгледа нема спас. Опасна работа.
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
Да и ја на вестите го видов во Кавадарци во некое семејство се појавил.Ако се рашири насекаде лошо ке биде.:(
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
112
Поени од реакции
113
Седевме со еден другар каj него во дуканот и наеднаш влегоа 5-6 стршлени и како што кажаа погоре така стварно како зашематени беа, е сега пошто jaс знам овие нашите како изгледаат овие ми беа стварно чудни, али без да размислам во тоj момент на последиците ги испрскав со Пипс и се разлетаа и избегаа надвор срека голема што не не нападнаа, е сега се ми е jaсно, дека се азиските стршлени, а ова се деси точно пред 3 цели недели...
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Ебати медиумите, испитал ли некој за да докаже дека навистина е таков вид на стршлен, ја никаде во статијата не го прочитав тоа, може тој стршлен да бил на суплементи, ќе го молам Стеф Ангел да се изјасни на темава.
 
S

StormRage

Гостин
Има случаеви и овде во Македонија од каснување на стршлен да почине некое лице.Можеби и се и повеќе лица.
Јас знам за еден случај (можеби уште бевме во Ју ) кога почина човек од пелагониските села.
Ако си пак алергичен на тој „отров“,а не си во близина на здравствена установа,изгледа нема спас. Опасна работа.
Па ако те каснат 2-3 е страшно, мене лани 3 пати ме закачија, кога ги вадев дрвата, па успеав да им го запалам гнездото и да влезам во кола... кога стигнав до амбулантата веќе фатив да се гушам.
Али океј е, овие азиските се многу поопасни од овдешните...
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Е де ништо страшно,коа ќе прашат против комарци,ќе убацат уште еден авион со отров за стршлени и готово.Си имаме ние тајни научни лаборатории кои работат на вакви случаи.Озбилно мислевте дека Владата краде?Па тоа све се вложуе во работи кои ќе ни се најдат за вакви непогоди.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ова стршлениве, комарциве и пајациве пусти да останат....... досега потрошив 100 апаратчиња Раид, што уште да купам за да ги сотрам... :confused:

Реално ептен зезната и опасна работа е ова....., јас мислам дека туку така неможе тој да се појави кај нас, а пред тоа да го немало...., сигурно некој го донел кој сака да му наштети на народов...:)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Абе како може некој да го донесе, во пакет, со авион, брод? Не се глупирајте, не излезе само во Македонија годинава, туку во пола европа се појави стршленот. Не би претпоставил што би можело да биде, али донесен од некаде, од некој. No
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Ваљда последица на глобалното затоплување,климатски промени,дрн дрн јариња.Ништо чудно за 20-30 години по Гевгелија со камили да шетаме.И тоа хоуммејд,не увезени.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
ааааауу што добар латински назив имал овој гад- Vespa Mandarina

[DOUBLEPOST=1404323720][/DOUBLEPOST]
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.649
Поени од реакции
81.695
^

Добро човек, можеше сликата во спојлер да ја ставиш, ебати.... :unsure:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
Eве како се храни овој вид на стршлени:

Иако „информацијата„ за овие стршлени е најверојатно некоја патка, ако сепак е вистина им претстои голема опаснаност на пчелите.

Инаку еве како азиските/јапанските пчели се справуваат со тој вид на стршлен:
[DOUBLEPOST=1404335857][/DOUBLEPOST]


 
Последно уредено:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Велат дека добро ги познаваат стршените кои ги има во нашето поднебје. Според нив, овој се разликува од нашите по бојата и лесно може да се препознае, но се прашуваат како дошол до Кавадарци.

Па најверојатно викале децана по некој авион чичко пушти летки,слушнал чичкото па пуштил стршлени место летки
 

Kajgana Shop

На врв Bottom