Смртоносната ебола надоаѓа и во Европа?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кој бизнис во Африка жити се. Еве ја да би имал нешто такво би го пуштил во Јапан или западна европа. Ќе се дигне паника и богатиот народ ќе купува лекови. Тоа е бизнис.

Што бизнис со африканциве. Ќе си испоумрат неколку илјади и ништо.

А па една депопулација со вирус што не се шири преку воздух туку само преку контакт со телесна течност више што да ти кажам.
Неможе да почнат од Азија, Европа или Америка оти тоа население често патува и постои 100% ризик дека ќе избега од контрола. Со Африка е бизнис зошто се користат како „плашило“. На нив се тестира вирус и во исто време се создаваат вакцини. Потоа тие вакцини се продаваат преку сзо во сите земји, каде прво се полира теренот со страв и можна епидемија. Така земјите купуваат вакцини, народот од паника ги прима вакцините и парата се создава. Тоа е кругот на создавање пари.

Последен пример беше свинскиот грип каде РМ набави милион вакцини за да речеме милион евра, 90% ги уништи но парите ги плати. На крај се испостави дека секој грип мутира и смртноста е иста кај сите. Али паниката си вроди со добра наплата. Со пумпање на страв во развиените и земјите во развој продажбата оди одлично на овие вакцини.

(мое мислење е ова)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.834
Фармацијата, и не само вакцините, е голем бизнис.
Здравството воопшто, е голем бизнис.

Целта не е здрава популација, туку популација зависна од услугите и лековите на здравствената индустрија.
Затоа толку малку се работи на превентива, или кај болните -на отклонување на причините за болеста. Напротив, се третираат последиците и се оди на третмани кои пациентот би ги примал што подолго а по можност и доживотно.

Вакцините, се посебна приказна.
Се воведуваат задолжителни вакцини за се и сешто, од стомачни вируси па до настинки. Плус ваквите плашила како свинскиот грип и еболата... одлични продавачи на вакцини (и други лекови).

Не дека опасноста не е вистинска, ако работите им се одтргнат од контрола и ако некоја од заразиве им избега од местата како Африка.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Како си ги третираат африканцине како заморчиња. Не оти ги сакам, али бе не е људски ова што се дешава. Наеднаш им укрцаваат болести и тие болести случајно пациент/два/три ќе прелета накај Европа и Сад и оп вакцинчиња. Читав по ова сајтовиве веќе имаат спремено од Ноември 2014 ќе им пратат една тура да видат дали делува. Среќа голема што не почнале кај нас да си играат со вакцинчиња и апчиња, ептен сме блиску до еу иначе тест глувци.

Некако како да ми се гади од Светов. Пазари со војна се отвараат, се измислуваат „непријатели“, мафија тестира се живо и диво во сиромашни земји. Она да му се згади на човек во какво време живееме, каде човечкиот живот не вреди ни 5 денари се е чист интерес.
Така функционира либералниот капитализам,неговото височество профитот е пред се и над се!
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.255
Поени од реакции
36.008
Неможе да почнат од Азија, Европа или Америка оти тоа население често патува и постои 100% ризик дека ќе избега од контрола. Со Африка е бизнис зошто се користат како „плашило“. На нив се тестира вирус и во исто време се создаваат вакцини. Потоа тие вакцини се продаваат преку сзо во сите земји, каде прво се полира теренот со страв и можна епидемија. Така земјите купуваат вакцини, народот од паника ги прима вакцините и парата се создава. Тоа е кругот на создавање пари.

Последен пример беше свинскиот грип каде РМ набави милион вакцини за да речеме милион евра, 90% ги уништи но парите ги плати. На крај се испостави дека секој грип мутира и смртноста е иста кај сите. Али паниката си вроди со добра наплата. Со пумпање на страв во развиените и земјите во развој продажбата оди одлично на овие вакцини.

(мое мислење е ова)
Па да до негде се сложувам. Паниката беше претерана и многу пари отидоа за лекови во тие моменти, пред се поради "препораките" на СЗО.

Но до негде ја разбирам и зголемената паника во однос на смртоносен грип. Пред се за разлика од еболата грипот се пренесува преку воздух дури и пред да покаже лицето симптоми дека е болно. Второ еболата е посмртоносна но не се пренесува толку лесно како грипот.

Е сеа грипот лесно е подложен и на мутации, и главната паника е доколку настане смртоносен грип. Во тој случај имаме грип кој лесно убива и кој брзо се пренесува, што би било фатално по човештвото.

Ние со откривањето на пеницилинот, сме ги решиле генерално бактериите, но за вируси ние секогаш ги лечиме само симптомите (покачена температура, главоболка итн.) и чекаме нашиот имун систем да го порази вирусот.

Сума сумарум, западот не се чувствува нешто посебно загрозен како со грипот пред се поради тоа што еболата не е толку лесно пренослива, и доколку дојде во Европа такви жаришта лесно ќе се контролираат.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.834
Ќе видиме дали сеуште така ќе мислиш ако (скраја да е) имаш прилика да заглавиш во такво „жариште„ на заразата. Цели градови во карантин и под полициски час со целосна забрана за движење.
Најлошото ќе биде тек кога ќе престанат да функционираат органите на власта.

Препорака за гледање кој не го гледал, едукативен материјал:
Contagion (2011)
(клик за онлајн гледање)
 
Таа паника е причина да се истиснат парите од земји како нас сиромашни, кон богатите земји кои не спасуваат со вакцини и разно разни лекарства. И најинтересниот детал е што веднаш успеваат да пронајдат лек. За разлика од болести како ракот за кој им треба 50 години и сеуште немаат најдено решение.
На крајот останува само дека тоа било грип, како и сите претходни грипови кои сме ги имале само со нова бројка-мутација. Луѓе умираат од грип секој ден, али со паниката ни умираат и парите.

Еболата случајно долетува со по еден пациент, бидејќи Африка ја чуваат во карантин. Ќе починат десет души во Европа и Сад и онака на никого не му е гајле за човечкиот живот и веднаш ќе се среди се тоа фино со лекарства и после една година се ќе се заборави. Нешто налик исис што убива 10 недолжни лица пред камера. Колатерална штета.

Така функционира либералниот капитализам,неговото височество профитот е пред се и над се!
Најгнасен систем во однос на човекот досега применет. Нула вредност на живот со некаква измислена демократија. Таква ни била среќата :)
 
I

izotop

Гостин
Таа паника е причина да се истиснат парите од земји како нас сиромашни, кон богатите земји кои не спасуваат со вакцини и разно разни лекарства. И најинтересниот детал е што веднаш успеваат да пронајдат лек. За разлика од болести како ракот за кој им треба 50 години и сеуште немаат најдено решение.
На крајот останува само дека тоа било грип, како и сите претходни грипови кои сме ги имале само со нова бројка-мутација. Луѓе умираат од грип секој ден, али со паниката ни умираат и парите.

Еболата случајно долетува со по еден пациент, бидејќи Африка ја чуваат во карантин. Ќе починат десет души во Европа и Сад и онака на никого не му е гајле за човечкиот живот и веднаш ќе се среди се тоа фино со лекарства и после една година се ќе се заборави. Нешто налик исис што убива 10 недолжни лица пред камера. Колатерална штета.

Најгнасен систем во однос на човекот досега применет. Нула вредност на живот со некаква измислена демократија. Таква ни била среќата :)
Panikite ne se za da se istisnat pari. Tesko na bogatasite ako cekaa pari od paraspuri kako nas. Osven toa vakcinite se eftin proizvod, a efektiven. Nikoj ne ni brani sami da gi proizveduvame ako znaeme kako.
Panikata e zaradi vakvi raboti eve procitaj
http://en.wikipedia.org/wiki/1918_flu_pandemic
Zaradi mutacija na virusot na grip vo 1918 godina umrele povekje lugje od grip negoli vo cela prva svetska vojna sto imalo zrtvi. Togas mutacijata bila takva da virusot se sirel efektivno i imal poseriozni simptomi nego obicen grip zatoa i umirale. Vo toa vreme nemale lekovi i vakcini. Zatoa treba da se razvivaat tie lekovi za eden den da ne poginime site od grip. Ne e nikakov zagovor, daleku od toa.[DOUBLEPOST=1413036245][/DOUBLEPOST]
Ќе видиме дали сеуште така ќе мислиш ако (скраја да е) имаш прилика да заглавиш во такво „жариште„ на заразата. Цели градови во карантин и под полициски час со целосна забрана за движење.
Најлошото ќе биде тек кога ќе престанат да функционираат органите на власта.

Препорака за гледање кој не го гледал, едукативен материјал:
Contagion (2011)
(клик за онлајн гледање)
Isto taka dosta edukativen film e filmot Variola vera. Vo nego glumi Rade Serbedzija i e sniman vo Jugoslavija. Se raboti za poslednata epidemija na Variola vo svetot koja bila bas vo jugoslavija. JAsnio karantin i seto toa e prikazano kako izgleda.
Nekolku godini posle toa sledi eradikacija na taa stara bolest.
 
Последно уредено од модератор:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.834
Дап го имам гледано Вариола вера, го имам и некаде на хард диск... Aко некој сака да го гледа филмот, нека ми пише ПП.

Најгнасен систем во однос на човекот досега применет. Нула вредност на живот со некаква измислена демократија. Таква ни била среќата :)
Системот не е толку лош, колку што е лошо тоа што некои не играат според правилата на системот.
Едноставно правилата не се почитуваат, или не се исти за сите. Еден пример: Како тоа ако јас или ти се обидиме да направиме пирамидална или Понзи шема, веднаш ќе не уапсат и ќе ни го конфискуваат целиот имот... но кога државата го прави тоа (или луѓе од врвот на државата), тогаш тоа е сосема легално?
Всушност што се „економски меури од сапуница„ (како градежниот бум/меур) ако не Понзи/пирамидални шеми на највисоко ниво??
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Panikite ne se za da se istisnat pari. Tesko na bogatasite ako cekaa pari od paraspuri kako nas. Osven toa vakcinite se eftin proizvod, a efektiven. Nikoj ne ni brani sami da gi proizveduvame ako znaeme kako.
Panikata e zaradi vakvi raboti eve procitaj
http://en.wikipedia.org/wiki/1918_flu_pandemic
Zaradi mutacija na virusot na grip vo 1918 godina umrele povekje lugje od grip negoli vo cela prva svetska vojna sto imalo zrtvi. Togas mutacijata bila takva da virusot se sirel efektivno i imal poseriozni simptomi nego obicen grip zatoa i umirale. Vo toa vreme nemale lekovi i vakcini. Zatoa treba da se razvivaat tie lekovi za eden den da ne poginime site od grip. Ne e nikakov zagovor, daleku od toa.[DOUBLEPOST=1413036245][/DOUBLEPOST]
Isto taka dosta edukativen film e filmot Variola vera. Vo nego glumi Rade Serbedzija i e sniman vo Jugoslavija. Se raboti za poslednata epidemija na Variola vo svetot koja bila bas vo jugoslavija. JAsnio karantin i seto toa e prikazano kako izgleda.
Nekolku godini posle toa sledi eradikacija na taa stara bolest.
Не се разбирам од медицина може си во право, незнам. Се разбирам од правење пари и од целиот круг на создавање пари. Развиените земји не зависат од нашите пари, зависат од + и + од нашите пари. Пример за да ме сфатиш зависат од милион вакцини Македонија, 6 милиони Србија, 69 милиони Украина, 8 милиони Бугарија, 4 милиони Албанија, 8 милиони Грција итн. На тоа кога ќе го додадеме исплашеното население од самите еу развиени држави математиката е во плус. Голем плус.

Умирале во 1918 исто како денес што умираат од рак, исто како што во 90те умираа од сида. Заговор постои онаму каде вакцина или лек се наоѓа истата секунда заедно со болеста. Со еболава за следна недела од понеделник Канада и Германија се најавија со нови вакцини. Излегува прашањето, многу брзо сите земји најдоа вакцини?[DOUBLEPOST=1413069568][/DOUBLEPOST]
Дап го имам гледано Вариола вера, го имам и некаде на хард диск... Aко некој сака да го гледа филмот, нека ми пише ПП.

Системот не е толку лош, колку што е лошо тоа што некои не играат според правилата на системот.
Едноставно правилата не се почитуваат, или не се исти за сите. Еден пример: Како тоа ако јас или ти се обидиме да направиме пирамидална или Понзи шема, веднаш ќе не уапсат и ќе ни го конфискуваат целиот имот... но кога државата го прави тоа (или луѓе од врвот на државата), тогаш тоа е сосема легално?
Всушност што се „економски меури од сапуница„ (како градежниот бум/меур) ако не Понзи/пирамидални шеми на највисоко ниво??

Системот е лош. Системот ги создал тие правила. Тие правила добро се читаат од страна на власта. Пример економската криза од 2009 започна со продавање на долгови. Економијата досега не познава релација каде продажба на долг носи профит. Тој ланец беше дозволен во САД. Зарем таму се неписмени и незнаат како завршува препродажба на долг? Напротив, капитализмот е рај за власта и луѓе блиски на власт. Пирамидите царуваат во капитализмот, јас немам видено некој проект кој наклапал милиони а да не е пирамида. Пирамидата е наспроти сите економски закони и на крајот секогаш пропаѓа. А никој не ја спречува зошто во брз временски период се испумпуваат средства нагоре. Капитализмот е создаден за власта. Додека ширум народот се свести ќе биде касно.
 
Последно уредено:
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Не се разбирам од медицина може си во право, незнам. Се разбирам од правење пари и од целиот круг на создавање пари. Развиените земји не зависат од нашите пари, зависат од + и + од нашите пари. Пример за да ме сфатиш зависат од милион вакцини Македонија, 6 милиони Србија, 69 милиони Украина, 8 милиони Бугарија, 4 милиони Албанија, 8 милиони Грција итн. На тоа кога ќе го додадеме исплашеното население од самите еу развиени држави математиката е во плус. Голем плус.

Умирале во 1918 исто како денес што умираат од рак, исто како што во 90те умираа од сида. Заговор постои онаму каде вакцина или лек се наоѓа истата секунда заедно со болеста. Со еболава за следна недела од понеделник Канада и Германија се најавија со нови вакцини. Излегува прашањето, многу брзо сите земји најдоа вакцини?
Еболата во тие региони не е измислена од вчера. Постои многу време и во главно се пренесува од животни на луѓе. Проблемот во тие средини е тоа што хигиената и општо животниот стандард се на многу ниско ниво па условите за ширење на зарази се многу погодни.
Кога во таква средина ќе се појави некоја опасна болест, во случајов еболата, ситуацијата станува прилично заебана и регионот во кој се појавила треба веднаш да се изолира. Е кога таа изолација нема да биде навремена и ќе се дозволи болеста од некое мало селце да стигне во голем град тогаш ситуацијата станува опасно заебана.
Еболата не е шега и може да направи сериозни проблеми доколку не се реагира навремено ( за среќа се реагира ). Зарем мислиш дека е непотребно да се превземаат овие мерки? Подобро е да се дозволи да се прошири болеста па дури тогаш да се превземе нешто?
Реакцијата на институциите во врска со случајот кај нас беше во ред иако навидум беше претерана. Мали беа шансите британецот да починал од ебола, но сепак подобро 2 дена карантин отколку веројатноста дека можеби си пуштил ~40 лица заразени со ебола да шетаат низ Скопје.
А рекцијата на медиумите е нешто сосем друго. Јасно е дека сакаат да филуваат и дека пишуваат огромни глупости, но тоа е секојдневие.Погледни ги само насловите на весниците и веб-сајтовите и ќе помислиш дека живееме во хорор филм или во светот на бајките (во зависност од сајтот/весникот кој ќе го гледаш)
 
Не ги пратам нашите само овде на кајгана што читам се информирам. Нема ни што да читам се согласуваме. За Африка немав поим што се дешава замислував луѓе кои ги лазат муви, она што го имаме ние на тв. Среќа запознав луѓе од Африка кои не ги лазеле муви и на секоја моја најн реакција добро ми објаснуваа што се дешава кај нив. Африка е голем континент, Европа е мала за нив. Нели си има држави итн. И сега поделбата се дели на градови и села. Оние слики што ние ги гледаме на тв се некои делови од држави каде пиле не прелетува. Таму самата држава нема власт, зошто немаат капацитет. Во остатокот функционира како кај нас. Исто како ние што настрана се браниме еј во макдеонија не не лазат муви! Не ме потценувај! Исто се замисли. На факултет си одат луѓе кои имаат пари, имаат веце и вода и се останато и доседеленици кои сакаат исто во градот да се вклучат оти во свирипичино немаат канализација.

Е сега ебола имаат да речеме покрај милион разни зарази кои им кружат поради клима и неразвиеност. И земаат нашиве европејци цел град таму во некој неразвиен центар и го ставаат во карантин. Таму нема ни вода ни бутур, све живо и диво се заразува. Затоа ако се сеќавате на почеток на ебола луѓето бегаа од карантин им се здосади едноставно. Секоја година ги ставаат во карантин поради х болест.

Мој впечаток е дека на Африка со години уназад не и се дозволува напредок, за да служи за што и е денес. Класичен резерват за тест. Владите во државите се со дипломи од европа имаат илјадници програми за школување, имаат кадри да направат држави. Ресурси итн. Али не иде. Мнозинство е неписмено и племенски организирано. Затоа Африка се држи испод појас, да служи за заебанции од овој тип.

Да, ебола имало пред десет години. Зарем мислиш дека тогаш не најдоа вакцини и лек?
 
Точно дека не секаде во Африка луѓето живеат во беда како на телевизијата. Меѓутоа вакви болести се јавуваат точно на такви места. Но тие кои живеат во богатите ( или нормалните ) делови во државата не се имуни на еболата, па ако некој заразен со ебола некако дојде во контакт со нив тогаш имаме голем проблем. Баш така и се прошири еболата овој пат.

Оваа епидемија на ебола е досега најголемата. Повеќе од 8000 заразени за разлика од досегашните епидемии кои биле во просек со околу 300-400 заразени. Главната причина за волкавиот број на заразени е тоа што овој пат се појави во регион во кој досега немало ебола ( Гвинеја ) и во почетокот била грешно дијагностицирана. Резултат на таквата неспремност е тоа што го гледаме денес, а во тие региони сигурно ќе стане и полошо.

За жал лек засега нема, па се лекуваат само симптомите, а медицината не е така наивна наука па се да биде плукни залепи. Креирањето на вакцина е тежок процес особено кога станува збор за вака тежок вирус.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кој е според тебе идеалниот систем?
Нема досега идеален систем затоа се менувале. Незнам ќе мора да размислам на некоја комбинација од сите системи досега, некоја мешавина.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.834
Кој е според тебе идеалниот систем?
Идеален систем е тој во кој ќе се почитуваат зададените правила, и каде моќта на елитата од 0.001% (од популацијата) нема да биде апсолутна.

Системот е лош. Системот ги создал тие правила. Тие правила добро се читаат од страна на власта. Пример економската криза од 2009 започна со продавање на долгови. Економијата досега не познава релација каде продажба на долг носи профит. Тој ланец беше дозволен во САД. Зарем таму се неписмени и незнаат како завршува препродажба на долг? Напротив, капитализмот е рај за власта и луѓе блиски на власт. Пирамидите царуваат во капитализмот, јас немам видено некој проект кој наклапал милиони а да не е пирамида. Пирамидата е наспроти сите економски закони и на крајот секогаш пропаѓа. А никој не ја спречува зошто во брз временски период се испумпуваат средства нагоре. Капитализмот е создаден за власта. Додека ширум народот се свести ќе биде касно.
Муабетот ми беше дека проблемот е во елитата, олигарсите, кои ги виткаат правилата на системот онака како што им одговара.

Социјализмот/комунизмот е добар е систем, на хартија. Во пракса?
Во пракса, пак има елита која не ги почитува правилата на сопствениот систем.

Капитализмот исто не е толку лош систем, на хартија. На хартија тој систем се повикува на еднаквост на сите, во шансите да успеат во некој бизнис. Во пракса?
Во пракса, правилата не се почитуваат и моќта на елитата е апсолутна.

Излегува дека сите системи денес, се само декларативен параван од правила кои елитата на власт не ги почитува, и владее апсолутно. Единствена разлика меѓу поразвиените и понеразвиените држави е тоа што во поразвиените држави страњата се случуваат на највисоко ниво (и со тоа не се толку видливи за обичната раја) а во понеразвиените држави корупцијата е присутна и на најниско ниво (и со тоа е апла видлива за сите).

Значи не е проблемот во систимите (поточно нивните декларации на правила), туку проблемот е во преголемата моќ која е акумулирана во елитата, во тие 0.001% од популацијата кои ги прават скоро сите страња во светот... сето со цел да останат на власт.
Болестиве како еболата, и парите од вакцините се само капка во морето од несреќа кои елитата ги предизвикува. Сите војни, срушени авиони полни со патници, сите несреќи, сиромаштија, страдања... сето тоа е предизвикувано од елитата која ќе направи СЕ само за да остане на власт.
Во меѓувреме, како што кажа и сама, обичниот народ е заспан и заглупен со разни дистракции како разни шпански/турски/ватевер серии/филмови, интернет/фејсбук/ватевер социјални мрежи, разни игрици или што и да е... се е добро се додека простата раја за грижи само за набавка на некој нов геџет или телефон, и какви игри со садење на виртуелни ниви да игра на него... наместо да се свести и да ја разбере реалноста што ни се случува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom