Тешко е навистина...и болно и мачно да се справуваш со смртта на својот татко.Не знам во какви односи си била,но за мене тоа претставуваше загуба на оној кој ме водеше низ животот и ми помагаше при созревањето.На некој начин загубив голем дел од самата себе.
Нормално е смртта да влијае на твоите емоции но најважно од се е да ја прифатиш болката и фактот дека нема да бидеш иста после загубата на твојот татко-тоа е најнормална појава.
Добро си постапила што си побарала мислење на форум,ти препорачувам што е можно поотворено да разговараш за ова и со твоите најблиски и пријатели.Тие знаат дека ова за тебе е тежок период и споделувањето на емоции ќе ти помогне многу верувај ми.Битно не се заклучувај во себе,плачи,тагувај,зборувај за тоа...имаш целосно право на тоа...
Сигурно и е тешко и на твојата мајка.Како што тебе ти треба поддршка истото важи и за неа.Доколку си сама(немаш браќа или сестри) сега е моментот кога треба да бидеш најблиску до твојата мајка и да знаете дека си се имате една со друга и дека заедно ќе го пребродите ова.
Доколку имаш повеќе потешкотии и едноставно не можеш да го прифатиш фактот дека си го изгубила својот татко( не е фер знам,и мене ми недостига премногу и не поминува ден да не помислам на него,но ете...има нешто посилно од нас,нешто на кое не можев ниту јас,ниту ти да влијаеме) побарај професионална помош.Не е срамота,најнормално е и може многу да ти помогне и да ти влијае на начинот на кој ќе размислуваш понатаму за смртта на своите најблиски.
Споменот за твојот татко секогаш ќе остане.Зборувај за тоа колку бил прекрасен човек(знам дека сега е тешко,но со тек на време ќе можеш послободно да зборуваш и да се потрудиш да ги сочуваш најубавите спомени со него).
Како што поминува времето начинот на којшто ја изразуваш тагата ќе се промени,за на крај да остане она топло чувство во срцето секогаш кога и да помислиш на него или кога ќе видиш негова слика во албумот.
Знај дека секогаш си била и ќе останеш дете на својот татко за кој не се сомневам дека те сакал премногу и иако го нема верувај ми дека сепак останувате поврзани и секогаш ќе го чувствуваш во себе каде и да одиш,што и да правиш....тој е со тебе.Дозволи им на другите да дознаат од тебе колку прекрасен човек бил твојот татко и сподели ги убавите спомени со него и со другите.
За крај Бог нека го прости,нека му е лесна земјата и знај дека додека твоето срце чука и се сеќава на него и тој сеуште живее.
Ти посакувам се најубаво.