Случајот со хакерот Gary McKinnon ( НЛО )

Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Досега, нема цврст доказ дека има вонземјани во хуманоидна или слична форма. Ама, ако броиме дека и на Земјата се почнало од бактерии, тогаш е идиотски да се каже дека нема живот низ вселената нели? Доказ за тоа се сите оние пронајдени бактерии, микроби...што живеат на нашата планета во екстремни услови (под мраз на половите, во пустини каде што со векови нема вода, во врели извори). Некои од тие бактерии би можеле да живеат и во услови какви што има на Марс. Се смета дека има течна вода на Марс, сателитот Европа исто така има голем океан под површината...Животот, барем како што ние го сваќаме, започнува со присуство на вода
Се мислев дали да го преведам. Сепак подобро е во оригинал

"The biggest conspiracy has always been that there's no conspiracy. Nobody's out to get you. Nobody gives a **** whether you live or die. There, you feel better now?" -Dennis Miller
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
А зошто би не поробиле ? Нели е тоа малку примитивно за една меѓу-галактичка цивилизација ?
Примитивно ли е тоа што го правиме со планетава, со животните и растенијата? :)
Еве ти една слика да ме разбереш за што лафам....ова е само еден пример од милијарда.
Па и ние сме една цивилизација да речеме, така.....или не е така?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Имаше на project camelot eдно видео, кој сака да го види може да си побара.
 

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Примитивно ли е тоа што го правиме со планетава, со животните и растенијата? :)
Еве ти една слика да ме разбереш за што лафам....ова е само еден пример од милијарда.
Па и ние сме една цивилизација да речеме, така.....или не е така?
А каде ние тука поробуваме друга цивилизација ? :)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Океј, чим не сакаш да дискутираш ко човек на темава, идеш на игнор :). Ако ти е глупава темата, не мораш да дискутираш за неа. Потсмев, сеир и слично лично не толерирам за вакви теми. Темата е во подфорум Мистерии, ако може да пројдат гатачки теми и толкување соништа, не гледам зошто тема од овој тип не заслужува колку-толку почит. Поздрав.
Извини.Ме интересира дали за сите овие вонземјани се верува дека постојат и дали се унифицирани под една теорија или сите спаѓаат во различни теории на заговор?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
А каде ние тука поробуваме друга цивилизација ? :)
Аха, штом не се живите битија карактеризирани како цивилизација можеме да си играме курташак со нив(y)
Ако сметаш дека ние тоа што го правиме е исправно тогаш не си за на земјава....можеби за под земја, со црви и кртови.
 

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Аха, штом не се живите битија карактеризирани како цивилизација можеме да си играме курташак со нив(y)
Ако сметаш дека ние тоа што го правиме е исправно тогаш не си за на земјава....можеби за под земја, со црви и кртови.
Од онакви слики а и во живо мачење на животни дали за храна дали за забава ми е одвратно, ама сепак јадам месо, премногу жал ми паѓа кога ќе се потсетам како се добива месото, НО, светот вака функционирал отсекогаш и дали јас ќе сменам нешто ако се бунам ? Ај сега окарактеризирај ме, ипак заслужувам да ме видиш умрен под земја или...?
Иначе, не ми е јасно како стоката ја сметаш за "цивилизација", мислам дека тоа не беше дефиницијата :).
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Од онакви слики а и во живо мачење на животни дали за храна дали за забава ми е одвратно, ама сепак јадам месо, премногу жал ми паѓа кога ќе се потсетам како се добива месото, НО, светот вака функционирал отсекогаш и дали јас ќе сменам нешто ако се бунам ? Ај сега окарактеризирај ме, ипак заслужувам да ме видиш умрен под земја или...?
Иначе, не ми е јасно како стоката ја сметаш за "цивилизација", мислам дека тоа не беше дефиницијата :).
Не мислев на умрен, туку друго....како и да е.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Извини.Ме интересира дали за сите овие вонземјани се верува дека постојат и дали се унифицирани под една теорија или сите спаѓаат во различни теории на заговор?
Сите се посебни случаи, некои се од ист извор, други не се. Некои од различни извори се повторуваат (дава малку повеќе кредибилитет). Дека постои унифицирана теорија - Да.

Двете теории кои постојат денес, и кои се подржувани освен од сериозни истражувачи со академска позадина, туку и од сериозни научни имиња во глобално ниво се:

* Extraterrestrial Hypothesis

* Ancient Astronaut Theory

Првата е таа која ја бараш, во однос на различни случаи на вонземски посети денес. Некои ја подржуваат едната или другата, некои и двете (пример јас). Не се взаемно некомпатибилни теории.

И двете се зајакнати од случаи, како на пример Сателитот Црн Витез, за кој имам говорено претходно. Се уште нерешена мистерија. Може да се објасни и со едната и со другата, па и двете теории заедно.

Како што ти пишав претходно - многу работи може да ти звучат смешно. Ако ти е за зезање, нема потреба да дискутираме јас и ти на темава.

Ако имаш аргумент против Гери, пиши, да видиме колку е издржан.
--- надополнето: 16 октомври 2013 во 21:45 ---
Досега, нема цврст доказ дека има вонземјани во хуманоидна или слична форма.
Еден од бауплановите кои ги создала природата е и хуманоидниот. Сите кои барем паушално влегуваат во овој бауплан егзибираат интелигентни карактеристики. Не е неразумно да се теоретизира дека и на други планети би имало хуманоидни форми на живот. Како што гледаме дека морксите баупланови ги има во слична форма која се повторува, бидејќи за таа средина тие се "најидеални", и кај летачите. На планета каде доминира водата веројатно нема да никне хуманоидна форма на живот, или на планета која е повеќе гас и водена пареа него ли како било што друго. Сензорните органи по некоја логика би требало да бидат поблизу до аналогот на нервен систем кој би го имале вонземјаните за конзервација на енергија, времетраење, и поради ефикасност. Не мора да е тој случајот, може баш напротив, мнозинството форми да немаат таква распределба, ама дека ќе наидеме на слични примери, сигурно.

Имаме и нешто наречено конвергентна еволуција. Знам дека сум досаден со примерот за џуџестите Мадагаскарски лемури ама ме мрзи во моментов да барам во моите енциклопедии други биолошки примери како референци или по интернет, кога примеров треба да е доволен. Се работи за 6 видови на џуџести tree-dwelling лемури, сите 6 видови од кои живеат само на Мадагаскар. Покрај класификацијата на 6 различни видови, сите лемурски врсти изгледаат исто, се однесуваат исто, буквално и живеат на ист начин. Како да се клонови еден од друг. Само преку ДНК анализа фатените/испитаните лемури се знае на кој вид од тие 6 припаѓаат. До толку е тешко да се разликуваат еден од друг. Уште еден fun fact - лемуриве не се парат едни меѓу други, научиле да се игнорираат, бидејќи нема да произведат потомство ако се парат со еден од другите 5 вида. Имаат доста различна генетска композиција, затоа. Исти од надвор, различни од внатре. Кога ова се случува на еден остров на планетава (а има и примери во склоп на глобално ниво), не гледам зошто истово не би важело и на едно макро-ниво, во вселенски рамки?

Само затоа што опишаните вонземјани посетители, голем број очевидци (дали контактирани, дали киднапирани, дали инсајдери) ги опишуваат како луѓе не толку различни од мене и тебе на пример, не значи дека се работи за луѓе кои страдаат од халуцинации или психички проблеми, или луѓе кои се склони кон измислување фантастични приказни, или луѓе кои се крајно искрени, но измамени од трета страна (луѓе кои позираат како вонземјани, користејќи напредна човечка технологија недостапна за глобалниот јавен сектор). Секако, зависи дали и која верзија од овие три објасненија ќе ја посвоиш. Јас сосема друга - дека голем дел од ваквите случаи се вистините. Зошто, како, што - тоа во друга тема ќе се дообјаснуваме. Според горенапишаното, може да се земе и за можно, дека хуманоидни битија, можат да пројдат како човечки битија, заради нивниот сличен изглед, а различен внатрешен состав генетски. Нивната камуфлажа може додатно да се доусоврши преку софистицирана биокозметичка технологија. Со ова ни се објаснило и тоа зошто боговите во најстари времиња биле повеќето животни или природни појави, а со тек на времето, сите заземаат почовечки изглед.

Има доста архивирани податоци за контакти меѓу други битија од таков тип со нашиот вид. Во зависност од ерата во која се документирани, се евидентирани како контакт богови-луѓе, божествени битија-луѓе, чудни луѓе-обични луѓе, и вонземјани-луѓе, во денешно време. Се е исто, само како биле сметани и со кој епитет, е разликата. Ова зборам за човеколики посетители од други планети, за останатите, во друг наврат.

Сега, како ова се поврзува со тврдењата на Гери, и останатите кои направиле слични изјави? Тоа што Гери тврди дека во таа вселенска флота која ја имаме, има и "non-human" членови на персонал. Официјалниот назив ете не е вонземјани, но како ќе го категоризираш тоа е твое. Терминот е тој кој е искористен. Идентични термини "non-human personnel" има и во наводни извештаи на инсајдери во однос на проекти на кои работеле или во подземни бази и инсталации на истражување итн. Не е како некој вработен во воена или каква и да е база, има време да го листа интернетот да бара сличности меѓу некои изјави и да ги пополни со свои, за да продаде некоја приказна. Прашање е и ние колку време ќе имаме за да направиме еден таков елабориран hoax-tale не па они. That's my whole point.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ако имаш аргумент против Гери, пиши, да видиме колку е издржан.
Сеуште не ми е јасно зошто видови кои имаат развиено техонологија за патување помеѓу ѕвездени системи (најблиската ѕвезда до сонцето е оддалечена ~4 светлосни години и со моментална позната технологија би траело околу 80.000 години) да се занимаваат со „малограѓанштина“ и да склучуваат договори со влади на Земјата и да се кријат од сите.Ете да речеме дека пирамидите се изградени од вонземјани, не верувам дека во тоа време се криеле од некој.Зошто би се криеле денес и во последните 3000 години?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Сеуште не ми е јасно зошто видови кои имаат развиено техонологија за патување помеѓу ѕвездени системи (најблиската ѕвезда до сонцето е оддалечена ~4 светлосни години и со моментална позната технологија би траело околу 80.000 години) да се занимаваат со „малограѓанштина“ и да склучуваат договори со влади на Земјата и да се кријат од сите.
Затоа што споредуваме полжави со полжави од друга планета. Не ме сфати со полжавската перспектива што сакав да кажам претходно, нели?

Договорот е за нас, не за нив. Реакција на инертна социолошка патерна на однесување и резонирање на домородниот вид. Кога влегуваш во територија на Волк, треба да си свесен за правилата. Територија на горили, свесен за нивните правила. Кога некој комуницира со горилите прифаќа нивни патерни на однесување за да не предизвика несакани провокации со тоа што се однесува поинаку. Нас ни се чини дека вонземјаните трпат наши културни навики, и учествуваат во истите, демек ради взаемна логика, кога истата ја нема.

Playing pretends, tends to adopt native trends, and avoid conflict events :D.

Ете да речеме дека пирамидите се изградени од вонземјани, не верувам дека во тоа време се криеле од некој.Зошто би се криеле денес и во последните 3000 години?
Ја научиле лекцијата. Поминаа времињата на боговите, денес како такви никој нема да ги прифати. А може да е во реалност и некое сосема друго, покомплексно објаснение зошто е тоа така.
 
Член од
16 октомври 2013
Мислења
80
Поени од реакции
58
Кога тука на Земјата има живот зошто би немало на други планети, не мора тоа да се во Сончевиот систем. Како што рече (скорпион мислам) погоре некои бактерии издржуваат во екстремни услови на земјата, има и такви кои не се откриени. Што сме ние посебни па да бидеме единствени тука во вселенава. Логички. Може не се во хумаидна форма да, може се троглави животни. Може живеат ко неандарталци или може имаат технологија за која ние можеме само да сонуваме. Се е можно..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom