Слободната воља и религиите!

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.531
Поени од реакции
1.088
Така, човекот е должен да ја усогласи својата волја со Божјата, за да тие две волји (Божјата и човечката) станат слични, а самиот човек да стане сличен на Бога.
Не си веќе верник во синот божји?

Вака како што пишуваш , цитирам..самиот човек да стане сличен на Бога....завршен цитат..нема посредник во твојте зборови!
Еден е посредник помеѓу човек и бог, нели?

п.с.
Најдобар пример за слободна волја е Ное.Тој изградил арка без кормило, а сите други со "слободна" волја се удавиле, кога дошол потопот.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.793
Поени од реакции
3.993

Ако напишав „...сличен на Бога...„, не напишав „..ист со Бога...„.

Разликата е огромна.

Посредник меѓу родот човечки и меѓу Бога Отецот е Синот Божји и никој друг. Ако Синот Божји стана и Човек, стана и човек за да биде сличен на нас, освен во порочноста, односно ние да станеме слични со Него, освен во Божјата природа.
 
Добро, но на посредникот не треба толкаво обожавање да му се прави.
Целата слава треба на бога да му се даде,а не на посредникот.

Еве што вика Исус...
Кој верува во Мене, не во Мене верува, а во Оној, Кој што Ме пратил,
45. и кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној, што Ме пратил.

Пат е пат и нема друг.
Но, поплочен пат (обожаван)со злато е јасен показател дека не е тоа што проповедал Исус.

Затоа уште еднаш твојте два поста.
1.самиот човек да стане сличен на Бога..
2.ние да станеме слични со Него(Исус)

Човек на кого сличен треба да стане?
 
Па токму посредникот е Еден од ликовите од Троичноста Божја, а тоа е Синот Божји, симнат од Небесата во овој свет, отелотворен преку човекот Исус.

Токму Он (Господ Исус Христос) ги наведува речениците кои ги посочуваш.

Човекот треба да стане сличен на Бога (поточно, на посредникот Христос), за да стане достоен, за да биде примнен, да биде оддесно на Синот.

Ништо нечисто Бог не прима во Својата близина...
 
Исус е патот, посредник, лебот...., но ако не е човек привлечен од бог или дадено од бог , Исус не го прима.

А Исус ќе ги прими оние кој....

Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене;
25. зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде:

Разбирам дека во христијанството се верува дека Исус е бог, нели отецот и синот се едно и во тој контекс ти е и одговорот.Но, зборовите на Исус не велат за негово обожавање, прославување и величење како услов некој да стане достоен и примен, туку вели кој сака да врви по мене ,нека се одрече од себе.Тоа е тоа со кое човек станува сличен на бог и го оди патот на Исус.
Тоа е таа волја за која велиш....

човекот е должен да ја усогласи својата волја со Божјата,
А тоа го дава бог...а не Исус.
„Затоа ви зборувам – дека никој не може да дојде при Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.”
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.718
Поени од реакции
11.785

Вие се фативте за посредници, како да боговите постојат и ете некој ви е посредник до богот и тоа е ете најголемиот проблем во вашиот живот... што ќе барате до богот всушност? Зошто до него и кој ви рече дека сте задолжени да бидете или трагате по боговите? Самите богови? Што ви фали помеѓу луѓето? Љубов, живот, разбирање? Што? :)

Значи во христијанството нема слободна волја, бидејќи ако не е дадено од богот, ако не е одредено од богот, вие немате слободна волја, а и ако мислите дека имате, од самата идеја за грев, вие сте ограничени и немате право на слободна волја, бидејќи за гревот постои казна, откако ќе умрете... тука на Земјата.

За каква слободна волја зборувате? Еднаква или во правец на божествената, но ако и само ако е дадена од богот?
Или ќе има сега превртувања и зборување дека имаш право да правиш како ти е волја, но ... следува тоа големо но... :)

Стариот еон е опасна работа и за духот и за умот... а и за телото, зависи!
 
Ја пропушти првата реченица..

Исус е патот, посредник, лебот...., но ако не е човек привлечен од бог или дадено од бог , Исус не го прима.
Целиот текст што го напиша е воден од само еден збор "даде" и вадиш заклучоци на основа од еден збор.

Искористи го другиот збор..
44. Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Отецот

Тој збор е поблизок до твојата филозофија.

Кажав на почетокот дека приказната за Ное е пример за слободна волја онаа која е идентична со божјата.

Да изгради човек арка (ум) кој не е воден од ниту една света книга, било каков закон , филозофија или догма, тоа е таа слободна волја.Арка без кормило.

За таков ум, човек треба да биде привлечен ИЛИ да му биде даден од бог.
 
Последно уредено:

Во целата библија се зборува за сезнајно битие, оној што го знае крајот на сите нешта.
Штом се знае крајот, небитно е што се прави и како се дејствува помеѓу една до друга точка. Исходот е исти.

Не ја знаеш мојата философија затоа мислеш дека старите релнигии се блиску до мојата философија.
Кога ќе го тргнете гревот, посебно наследниот грев и ќе прифатите дека верувате и проповедате површно разбирање на еврејските учења од кои произлегуваат исламот и христијанство, тогаш ќе бидете барем малку подобри во однос на разбирање на слободната волја и дека во исламот и христијанството нема слободна волја, бидејќи која е таа слободна волја ако постои казна и пекол, по смртта на физичкото тело? :)

Ное е пример за други работи, треба да читаш еврејска философија, не тоа ти што мислиш дека е.... доста ми толкуваш еврејски свети книги како ти мислиш дека означуваат нештата... ное изградил арка, умот...

абе гледај си тамо патот, не туку се губи по темите... не требало да следи човек свети книги, ме умираш тука по темите со коментирање на христијанската света книга, бидејќи не знаеш ниту една друга света книга... ослободи се од Библијата и потребата да ја толкуваш како сите други секти кои излегоа од стариот еон поврзани со Библијата и ќе гледам на твоитге зборувања многу посериозно од ова... бидјеќи едно зборуваш, а друго правеш! Зборовите и делата не ти се поклопуваат - лажеш!

Тоа што си нововерец или по некоја твоја потреба оддалечен од христијанската религија (а упорно се водиш според библијата христијанска) е ок, но господ ти одредил да си таков, не ти самиот... веруваш во зборовите од христијанската библија: ти немаш слободна волја, ти имаш наследен грев кој ќе го пренесеш на твоето наследство ако не престанеш со библијата и ако не се отргнеш од тие пранги: самоволното толкување твое на библијата е исто така дел од тоа да мислиш дека правиш нешто по твоја волја: не правиш, одредено ти е така бидејќи веруваш од а до ш во таа книга дека нештата постојат и се такви какви што мислиш дека се...

и приказната за Ное започнува со тоа како еврејскиот бог му вели оди прави брод и јас ќе те спасам. Се знае дека Ное ќе биде спасен, се знае дека на боговите им треба човештвото за да бидат обожувани, со зборови и дела :) Се знае дека ќе има потоп (кој што го има и во постари записи од чоевковата историја и некои велат дека тоа означува ова или она)...

Во старите религии нема слободна волја... нема ништо од тоа: има грев, награда и казна! Толку. Робови!
Такво беше времето: и не може сега со слободно толкување да го менувате стариот еон и да ги продолжувате старите учења да важат и денес или јас што велам: не може да ја вратите Византија!
Ќе гори светот заради тоа... луѓето знаат што е слобода, а во старите свети книги има само калап во кој сите мора да влезат и осакатат, а не слободна волја и секој да прави како му е волја и да живее максимум овде на Земјата!
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.327
Поени од реакции
4.671

...вољата е празен синоним,нешто што по наше гледање и појмување на нештата ни дава чувство на исправност и слобода
...затоа никој нема право да ја какактеризира како универзална и севажечка
...а тоа те чини и тебе @Хептаграм XI некомпетентен да го фаворизираш своето убедување како универзално и вистинито, а она од твоите неистомисленици да го етикетираш како лажно
...незнам зошто имаш потреба да напаѓаш некого на таков начин, можеби и ќе ми објасниш
 
Тоа што за тебе е празен синоним волјата е твоја работа. Тоа е твое гледање, не наше (каде со множина одиш?)
Немам ниту волја ниту право да ти менувам мислење, имаш пат за одење, за искуство - така да тоа ќе си го решиш самиот, до кај ти е можноста и што искуство си имал низ вечноста! Твоја работа... секако си подобар си од оние кои велат има слободна волја во старите религии, ама има и грев и ќе гориш.

И од друга страна пак истите велат ако се израмниш со божјата волја тогаш е се ок... кој фактор е било кој на Земјата, човек или бог, да одлучува чија волја е во правец или таман во однос на божествената?
Како може и да има слободна волја во старите религии кога ти вели дека имаш грев?

Не етикетирам неистомисленици за лажно, коментирам религии кои проповедаат слобода и љубов и се останато, а од друга страна проповедаат смрт и казна ако не е како што ти велам - небитен си ми ти или било кој тука на форумов, јас зборувам за религиите. Не знам зошто лично си го сфаќате тоа...

Догма не дава слобода, нуди калап - ќе се сместиш и ќе молчиш или „богот“ и другите ќе те осудат :)

Научете си ги религиите или научете религии за да ми коментирате и да ми кажувате што смеам што не смеам... кога некој ми проповеда ропство (раба твој, како што велат нели во старите религии - имаат и убаво спакувано објаснување што тоа значи, демек фино е ок е) - не можам да не критикувам.
До смрт ќе го правам тоа, и нема лек за тоа :) Затоа наместо да ми кажуваш што смеам што не, пробај да научиш тро поеќе зошто си на Земјата и умри кога ќе ти дојде времето како човек, исполнет до максимум така што си разбрал зошто си, со кој си и за каде патуваш, не тука роматнизам да ми шиткаш на теми за религии...

Тоа смеме не смееме само во стариот еон, кога не можеше да се писне. Сега ќе мора да учете и малку да ве боли главата околу христијанство и ислам, и да си ја најдете нишката за кај сте! Старите религии или ќе одстапат и ќе разберат дека не оди така како што мислат или ќе направат да има огромно крвопролевање... ако не ја научат историјата, која за жал се повторува!

Човекот кога ќе насети слобода, посебно слобода во однос на бесконечноста - другото е небитно. Нема смее не смее...

П.С. Што јас фаворизирам? Ако смеам да прашам? :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.793
Поени од реакции
3.993
Исус е патот, посредник, лебот...., но ако не е човек привлечен од бог или дадено од бог , Исус не го прима.

А Исус ќе ги прими оние кој....

Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене;
25. зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде:

Разбирам дека во христијанството се верува дека Исус е бог, нели отецот и синот се едно и во тој контекс ти е и одговорот.Но, зборовите на Исус не велат за негово обожавање, прославување и величење како услов некој да стане достоен и примен, туку вели кој сака да врви по мене ,нека се одрече од себе.Тоа е тоа со кое човек станува сличен на бог и го оди патот на Исус.
Тоа е таа волја за која велиш....

А тоа го дава бог...а не Исус.
„Затоа ви зборувам – дека никој не може да дојде при Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.”
Младиќу,

од твоиве дописи, дури и ако се повикуваш на стихови од Светото Писмо, се‘ уште не ти е јасно кој Е Исус и со каква задача Он беше пратен на Земјава од Неговиот Отец Небесен.

Туку, кога сме кај стуховите, ај најди го и стихот во кој Он му вели на Филипа дека кој Го видел Него (Исуса...), Го видел и Отецот Небесен.

За да ти станат рабојќето троа појасни, нели...
Автоматски споено мислење:

П.С. Што јас фаворизирам? Ако смеам да прашам? :)
Фаворизираш модерно толкување на поимот „слобода„, кој е толку многу толкуван, што стана непрепознатлив и пак и пак се враќаме на почетното прашање...што е „слободата„?

Од премногу слобода, станавме робови...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.718
Поени од реакции
11.785
Фаворизираш модерно толкување на поимот „слобода„, кој е толку многу толкуван, што стана непрепознатлив и пак и пак се враќаме на почетното прашање...што е „слободата„?

Од премногу слобода, станавме робови...
Од крајот!

Не постои „малку“ или „многу“ слобода. Не постои ваква или онаква волја исто така... треба да се прави разлика од волјата и од исполнување желби, кои секогаш се краткотрајни, дури и да го зафаќаат целото постоење на Земјата, пак е временско... условено!
Мора да се размислува и да се гледа човекот надвор од оковите на нацијата, месото, крвта, религијата која постои каде што е роден или во кое семејство е роден... сето тоа мора да биде под, не над човекот на Земјата!

Се што условува, нема волја. Се што не дава начин како до исполнување на својата волја е само тепање празна слама и ширење догма...

За првото: да, премногу толкувачи на поимот слобода станува непрепознатливо, но не и неодгатливо за оние кои знаат дека слободата пред се, потоа другото!

Нема ништо ако нема слобода!
Првиот зрак од законот на Телема е токму тоа: Liberty - Слобода!

"IT IS OF LIBERTY that I would first write unto you, for except ye be free to act, ye cannot act. Yet all four gifts of the Law must in some degree be exercised, seeing that these four are one. But for the Aspirant that cometh unto the Master, the first need is freedom.

The great bond of all bonds is ignorance. How shall a man be free to act if he know not his own purpose? You must therefore first of all discover which star of all the stars you are, your relation to the other stars about you, and your relation to, and identity with, the Whole."
- Liber CL, De Lege Libellum
 
како си залетан со твоево поимање на рабојќево, кај да е‘, ќе станеш бог...мислим...и тоа онака, сам од себе, без никој да ти помогне „од страна„.

Ако слободата или волјата се такви како што ти ги „исповедаш„, тогаш Бог ептен згрешил што ни го задал Неговите Заповеди.

А целта од Заповедите е проста-да не допушти своеволие кај отпаднатите и огревовени луѓе, да не западнат во демонско фантазирање за својата (не)моќ, да не станат демонолики, да ја претпочитаат волјата Божја а не својата...и така натаму.
 
Бидејќи те пали тоа некој немој да стане бог и постојано мастурбираш за тоа, пак ќе дадам цитат кој што го повторувам постојано:

„Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.“
- Книгата на Рамнотежа

Заповедите постојат кај евреите, не кај тебе како христијанин. Кога сакам да се консултирам со Тората, не одам да ја читам библијата на христијаните, туку одам кај евреите и нивните коментари на Законот, бидејќи сето тоа доаѓа од еврејските рабини - кабалисти кои ја склопија таа книга и за која имаат уште мал тон коментари за да се практикува помеѓу евреите. Така треба и ти да правиш за да ги разбереш другите и да разбереш за волјата и слободата, и да видиш дали реално имаш слободна волја или веќе си огревовен и твојата волја е небитна на Земјата, ниту за луѓето ниту за боговите!

И од друга света книга стои ова, во врска со предавањето на Законот:

„Аум! Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку...“
- Liber AL vel Legis

НЕма слобода ако има условеност, нема слобода ако имаш поим за грев, наследен од друга религија која не признаваш дека е вистинска!
Не признаваш ништо, не разбираш различност, проповедаш зло - собери се... никаде не одиме вака.

Не може универзалната волја која го турка универзумот да не биде твоја, да не е во тебе, да не бидеш бог и дел од бог... ако ја откриеш таа твоја волја која лежи во човекот, ти немаш право да правиш ништо друго, толку е - живееш по тоа и не ти е грижа Агатангел, ајтолахот од не знам каде, комшијата или било кој друг сака да те распне или запнал да ти стои на патот... еднотавно туркаш, а зад тебе стои што? Или во тебе? Тоа ти е далечен концепт, затоа и вака проповедаш... не може да сатанизираш некој што вели дека има слободна волја кај човекот и таа постои кај секој - и таа волја мора да биде откриена и да се знае зошто човекот Е на Земјата!
Не постои бог на Земјата која ќе може да ја промени таа волја или пак „не дај боже“ човек да застане... тоа е апсолутното зло кое постои во самиот универзум, хиерархијата која стои зад целиот механизам! ДАли ме разбираш?

Или тебе фалусот те боли да ме разбереш, ти само фрлаш крстови и можеби некој ќе се погоди да го земе и да го носи твојот крст и да смета дека тоа е тоа - волјата е тоа, слободата е тоа на духот, внатрешната сила на човекот тука, помеѓу луѓето?

Тоа со огревовени, демони и останато - е големото зло што го проповедаат обични мирјани на старите религии и не разбираат дека со такво проповедање само предизвикуваат раздор со нивното негативно врескање кон другите и нивната слобода да бидат што им е волја и да живеат како им е волја!
Уште малку ќе проповедате и смрт на "демонизираните" луѓе, знаеш оние „сатанистите“ кои ете не сакаат заради ништо во светот да бидат православни христијани!
Присоберете се со сатанизирањето - тоа дома или во црквите, тука меѓу луѓето, не е добро бидејќи наместо да критикуваме и дискутираме позитивно, ете мене ме предизвикуваш да ти коментирам негативно, заради твојата христијанска негативност кон сите други кои за жал ги сметаш за робови, демонизирани и огревовени...

Тоа може за себе да го мислеш, но не може таа слика да ја проектираш врз други кои имаат слобода и волја да бидат сосема нешто друго во нивниот живот, наместо христијани - како тебе!
 
Последно уредено:

ovs

Член од
4 јануари 2021
Мислења
303
Поени од реакции
440
Дали божествено насочената слободната воља е своеволие или туѓоволие?дали туѓоволието да го прифатиме како своја слободна воља?Божји заповеди морални вредности патот поблиску до бога а уствари многу изопачености,позирање посветеност ама суштински слабо,ништо од тоа што демек проповедаат црквите.Некако многу перверзии како ѓаолот да работи преку посветените свештеници а црквата негова продолжена рака.
UŽASNO SILOVANJE KOD KOVINA: Pop obljubio devojčicu (13), pa joj DAO BLAGOSLOV!

- Unuka mi je ispričala da ju je pop terao i da ga oralno zadovolji. Govorio joj je: "Šta si se stegla, treba da se opustiš" kao i da bi ona trebalo da kupi kondome. I on je neki sveštenik. Veronauku je deci držao u školi - rekla je baka Regina.

Дали е ова таа божествено насочена слободна воља за која некој проповеда?
А црквата?... глувонема дозволува вакви предатори да позираат свештеници и да уништуваат животи на деца и цели семејства.
Можеби и тоа е впрочем божјата воља,црквата преку нејзините попови да злоставува мали дечиња.
хм верници,големи верници попови свештеници кои не само што не веруваат туку се тотално спротивно од она кое го презентираат пред нивната публика која е впрочем иста како нив,се препознаваат и продолжуваат со шоуто.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom