Слободната воља и религиите!

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.716
Поени од реакции
11.782
„Запоставувањето на развојот на една единствена моќ може да резултира со деформација.
Колку и да изгледа тоа незначително, сепак може да доведе до фатални последици; древните адепти го поучуваа тоа преку параболата за петиците на Ахил.

Од суштинска важност за Аспирантот е да направи систематска студија на секоја можна желба, мртов ладен кон секоја од нив, и да ги распореди своите армии во борбени редови под Барјакот на неговата Волја, откако совршено ја проценил можноста на секоја единица и се осигурал во нивната лојалност, дисциплина, храброст и ефикасност. Но, тешко на оној, кој остава празнина во својот живот или една рака неподготвена да ја исполни целосно должноста во состојба, која е соодветна на неговите својствени можности.“
- Под Бајракот на Волјата

Не постои религија, учење или бог кој што некогаш застанал на патот на волјата на еден човек кој што научил кој е, што е и каде оди, на Земјата. :)
Луѓето кои не постигнале многу во однос на интелектуалното изучување, а потоа и духовното или внатрешно развивање се оние кои од некои чудни причини имаат потреба преку силување на религии и системи да се обидуваат да го сопрат движењето на оние кои знаат што прават и зошто - и немаат потреба никому да се оправдуваат или докажуваат во однос на божественото! :)

Порано беше потешко да се напредува, општеството беше само една продолжена рака на една религија и секој бил отфрлан од самиот општествен поредок, на крајот од градот или во селото да живее како знае и умее... денес има обиди сеуште тоа така да биде, но - не се даваме :)

Ние сме против народот.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.716
Поени од реакции
11.782
Можеме и правиме што ни е волја! Само луѓе во пранги кои сами си ги наметнале ги убедуваат другите дека не може.
Премногу се навикнавте на звукот од синџирите кој ви го исковаа низ вековите па сега ви звучи како да е тоа милно пеење на музите околу боговите на Олимп :)
За некои камабана има убав звук, за други не... Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон!

Токму „Прави што ти е волја“ во Телема го потенцира тоа, дека не значи да правиш што сакаш и кога сакаш и како сакаш и кому сакаш... во Телема ова е најголемото ограничување кое што нуди апсолутна слобода во бесконечноста. Парадоксално, но ако подобро се запознаете со Телема ќе најдете дека нема ништо парадоксално или нелогично во ова...

Секој мора да ја знае својата волја за да ја извршува и да биде во тек со нештата, инаку ќе греши и ќе мастурбира врз моментални желби и ќе греши повеќе и од ѓаволот на Земјата :)

Никогаш не треба да се заборава дека секој човек на Земјата е привлечен кон другиот и дека секој има патека за одење и за исполнување на својата волја. Има простор за сите, само злобните и неуките прават неред и создаваат слика околу нив дека универзумот е еден голем хаос во кој не владее хиерархија и сили кои си дејствуваат едни на други според дадени пропорции..

„Истите тие мислат дека се Сонца кои не зависат еден од друг. Забораваат дека се дел од огромна слика. Дека се привлекуваат едни со други.“
- Телема – Закон на Човештвото

И ако се дејствува вака, со разбирање и познавање на себе си, никогаш ниту човек ниту бог ќе се налути на дејствувањето (или недејствувањето) по човековата индивидуална патека помеѓу луѓето на Земјата.

„За чистата волја, неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.“

Книга на Законот, I:44
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.716
Поени од реакции
11.782
Има цела тема за ова на подфорумот и таму е зборувано кој знае колку пати за тоа што значи волја и затоа не се повторувам постојано... да не ми замерат членовите дека секаде едно та исто се зборува...

Според мене нема разлика, волјата е ЕДНА. Како некој ја разбира, тоа е сосема друга работа... не може да застанеме на исто место со некој друг за да ја видиме неговата перцепција на нештата.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.325
Поени од реакции
4.668
...како со сите концепти така и со вољата,безброј пати интерпретирана и секогаш недоискажана и непотполна :)
...како и ние луѓето, недоискажани и непотполни
...колку побрзо пронајдено помирување, толку подобро за единката и колективот
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.716
Поени од реакции
11.782
...како со сите концепти така и со вољата,безброј пати интерпретирана и секогаш недоискажана и непотполна :)
...како и ние луѓето, недоискажани и непотполни
...колку побрзо пронајдено помирување, толку подобро за единката и колективот
За какво помирување зборуваш? Помеѓу кој или помеѓу што?
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.325
Поени од реакции
4.668
...индивидуално,со себе и сопствената нецеловитост :)
 

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.153
...како со сите концепти така и со вољата,безброј пати интерпретирана и секогаш недоискажана и непотполна :)
...како и ние луѓето, недоискажани и непотполни
...колку побрзо пронајдено помирување, толку подобро за единката и колективот
Џошуа извини бац ја имам ограничен мозок и никад не сум ти ги разбирал мислите кои ги пласираш тука,премногу ми е некако високо и замрсено и ми создава ерор во главата..а пробувам со сите сили не е дека не ама џабе..
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.577
Поени од реакции
9.155
Токму „Прави што ти е волја“ во Телема го потенцира тоа, дека не значи да правиш што сакаш и кога сакаш и како сакаш и кому сакаш... во Телема ова е најголемото ограничување кое што нуди апсолутна слобода во бесконечноста.
Не знаев дека во Телема има и мудрости. Но ако е така ко што пишуваш сосема се согласувам.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.325
Поени од реакции
4.668
Џошуа извини бац ја имам ограничен мозок и никад не сум ти ги разбирал мислите кои ги пласираш тука,премногу ми е некако високо и замрсено и ми создава ерор во главата..а пробувам со сите сили не е дека не ама џабе..
...ти немаш ограничен мозок,кај луѓето во глобала тоа е така(тоа ми беше и целта на мојот коментар).Факт е дека ние луѓето сме ограничени во обработката на информациите што како инпут ни доаѓаат во нашиот мозок и како такви креираме „индивидуални„ вистини и теории кои се под силно влијание на нашите стравови,желби и социјални стандарди и предрасуди.Затоа и не сме во состојба да даваме универзални правци,насоки и начини на размислување :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.890
Поени од реакции
39.353
Вољата е слободна, бар во христијанството. Секој може што сака да прави во животот.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.788
Поени од реакции
3.979
...како со сите концепти така и со вољата,безброј пати интерпретирана и секогаш недоискажана и непотполна :)
...како и ние луѓето, недоискажани и непотполни
...колку побрзо пронајдено помирување, толку подобро за единката и колективот
А дали е „Солун наш„?...o_O
Автоматски споено мислење:

Како може вољата да е слободна кога господ контролира се?
Може...

Сам Бог им всади на луѓето „образ и подобие„, што значи „разум, слободна волја и склоност кон чинење добро„.

Да , Бог има контрола над се‘ што Он создал, но таа контрола не подразбира и насилие кон „она„ кое самиот веќе ни го дал, туку контрола за да не „излезат нештата вон контрола„, и не значи дека Бог ги предодредува сите идни настани, а човекот е само нем, пасивен и принуден да биде дел од таа предодреденост.

Така, човекот е должен да ја усогласи својата волја со Божјата, за да тие две волји (Божјата и човечката) станат слични, а самиот човек да стане сличен на Бога.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.577
Поени од реакции
9.155
Можеме и правиме што ни е волја!
Тоа не е точно. Не постои такво нешто како слободна волја... Не можеш на пример по своја волја да не спиеш со месеци, да не јадеш, да не пиеш, да имаш слободна волја да прекинеш некаков синџир на исхрана кај животните тоа не можеш итн. За повеќето нешта во животот не постои такво нешто како слободна волја. Попрво е морална обврска над се друго. Скоро се е јасно определено, однапред осмислено и создадено од креаторот.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.716
Поени од реакции
11.782
Тоа не е точно. Не постои такво нешто како слободна волја... Не можеш на пример по своја волја да не спиеш со месеци, да не јадеш, да не пиеш, да имаш слободна волја да прекинеш некаков синџир на исхрана кај животните тоа не можеш итн. За повеќето нешта во животот не постои такво нешто како слободна волја. Попрво е морална обврска над се друго. Скоро се е јасно определено, однапред осмислено и создадено од креаторот.
Ти сакаш да правиш како ќе ти текне, исполнувајќи луди идеи... Тоа води кон грешка и пропаст.
Едно е ова твоето, друго е откривање на својата волја во твојот живот и дејствувајќи според нејзе...

Не постои човек или креатор или богови или не знам што во универзумот кој ќе се дрзне да застане на патот на нечија волја, или пак да го осудува човекот заради истата..

Така да, расчисти си во умот што се желби, а што е волјата која те турка да си помеѓу живите на Земјата денес... :coffee:

П.с. на едни злобни сили им одговара човекот да мисли дека нема волја и да сонува за утре и спасување од надвор!
Автоматски споено мислење:

Скоро се е јасно определено, однапред осмислено и создадено од креаторот.
Ако веруваш во креатор (не знам во каков) тој треба да е сезнаен и таму нема „скоро“. За таков ентитет се е јасно... работата е зошто се бунтуваш ти за било што што се случува на Земјата во однос на тебе кога се е јасно определено, твое е да ја наведнеш главата и да проживееш како ти одредил некој креатор (и да умреш како одредил тој креатор), на кој што се му е јасно и се определил како да биде (без разлика како ти ќе реагираш, исходот е ист за тебе, бесцелно се мачиш да бидеш на пример подобар кога некој креатор за тебе одредил линија по која ќе се движиш и ништо нема да е ок за тебе?)

Не оди тоа така во однос на волјата, човекот и човештвото во целина како една од најтешките искушенија на се што постои :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom