Сипаници

Riste123

RISTE
Член од
7 октомври 2009
Мислења
100
Поени од реакции
3
Тие денови ме фати сипаница па ако има некој по искусен да објасни како се лечи и како остануват белези ?
 
I

Iblis

Гостин

Не се лечи на посебен начин. Сами поминуваат после недела до две. Мачкај ги со течна пудра, не ги чешај ако не сакаш да останат белези и бањање до млака вода.
П.С. за секој случај.
Ако некој друг дома ги нема прележано, ќе имаш кој да ти прави друштво. Исто така не шетај наоколу, доколку не си дома, сипаниците се заразна болест, почекај да ги прележиш
 
Riste123

RISTE
Член од
7 октомври 2009
Мислења
100
Поени од реакции
3
Ги мачкам со течна пудра 3 пати дневно, само незнам дали е доволно ?
 
В

влијателен

Гостин
Ги мачкам со течна пудра 3 пати дневно, само незнам дали е доволно ?
Мачкај ги само ако те чешаат многу. Инаку не се препорачува течна пудра. Се препорачува често туширање.
 
Riste123

RISTE
Член од
7 октомври 2009
Мислења
100
Поени од реакции
3
Благодарам на сите совети сега преостанува уште да ја прележам :)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Ајде да ја активирам повторно темата . Ми треба некој стручен што да ми одговори на мојата дилема. Имено на факултет учевме за историја на домородците во Америка, каде што се вели дека индијанците кога дошле во допир со Европјаните биле инфицирани со вирусот на вариола што довело до нагло ширење на болеста и драматичен пад на домородната популација. Мене она што ме буни е како може да се умре од сипаница ?? Дали се работи за истиот вид на сипаници кои ние денес ги прележуваме или за нешто друго ? Како деца скоро сите сме имале сипаници, крупни и ситни, па фала богу ништо не ни фали, ниту имаме некакви последици . А не се сеќавам дека сме биле вакцинирани против сипаници, па ајде тоа да биде некаков "изговор" зошто денес сипаницата не е смртоносна а пред неколку века луѓето од неа умирале и била практично неизлечлива болест.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

(Мое мислење)
Неповолни услови за прележување на сипаниците....... зголемена температура, немале туш со млака и чиста вода да се избањаат, немале течна пудра..........., башка тогаш постоеле и други болести од кои заболувале, а не ги знаеле....... тоа се префрлало од човек на човек........, а и не биле информирани што е тоа и како се лекува :)
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Да прашам сега нешто... Имам 16 години ме фати едрата сипаница. Првите брунки ми излегоа во вторникот на 17.12 и сега се плашам за тоа дали ке ми помине до нова година, и ме интерсира до кога сум заразлив, до кога може некој да се зарази од мене
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177

Периодот на инкубација трае од 7-21 ден. Се шири со кивање, кашлање или при допир со облека, постелнина...Треба да мируваш, да не излегуваш, да пиеш многу вода и да јадеш храна со витамини (овошје - зеленчук). Секој ден туширај се со млака вода (иако кај нас важи едно старовремско правило дека не треба да се бањаш кое е многу погрешно).
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.344
Поени од реакции
79.170
Ајде да ја активирам повторно темата . Ми треба некој стручен што да ми одговори на мојата дилема. Имено на факултет учевме за историја на домородците во Америка, каде што се вели дека индијанците кога дошле во допир со Европјаните биле инфицирани со вирусот на вариола што довело до нагло ширење на болеста и драматичен пад на домородната популација. Мене она што ме буни е како може да се умре од сипаница ?? Дали се работи за истиот вид на сипаници кои ние денес ги прележуваме или за нешто друго ? Како деца скоро сите сме имале сипаници, крупни и ситни, па фала богу ништо не ни фали, ниту имаме некакви последици . А не се сеќавам дека сме биле вакцинирани против сипаници, па ајде тоа да биде некаков "изговор" зошто денес сипаницата не е смртоносна а пред неколку века луѓето од неа умирале и била практично неизлечлива болест.
Истово можеше и да го прашаш за настинката. Настинките исто така имаат потепано еден куп домородно население во Јужна и Средна Америка, за време на конквистата.
Не е до настинките и сипаниците, туку до различниот имунолошки систем, кој со илјадници години се развивал во различни услови, тука во Европа и таму.
Од друга страна некои венерични болести кои потекнуваат од таму, далеку подеструктивно делувале врз конквистадорите, отколку врз домаќините.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom