Бројката е такава затоа што варира од извор до извор.
Па затоа апелирав до обвинителството да се дозволи фер судење,па кога за оние репер акциите кога ги спомна користиме официјални извори дајте да користиме официјални извори и за случајот во Дубравка.
Терористите не биле спречени од Спецназ.Имале престрелки со нив уште пред упадот.
Аха!Дојдовме до уште еден аргумент.Значи мирољубивите терористи пукале кон полицијата и тоа во средина полна со цивили.Се уште мислиш дека требало да почекаат со упадот?
А при самиот упад имале 60 минути.Иако не биле во салата...доволно било само еден од нив да активира експлозив или да испразни неколку рамки.Зошто тоа не се случило имајќи во предвид дека имале таква можност и време да го сторат тоа сеуште не е утврдено.
Утврдено е ама го превидуваш.Не можеле да го активираат експлозивот оти ниту тие ниту некој во светот не очекуваше употреба на таков гас.Тие што биле распоредени вон салата немале како да го активираат,бидејќи далечински не можат заради блокаторите на полицијата,а да одат во салата неможат прво заради тоа што се под тежок оган на Спецназ кој токму заради причината што не сакаат овие да се доближат до салата упаѓаат од повеќе страни,а дури и да стасаат веројатно ке се онесвестат или ошамутат од гасот.Така да не,не е работата дека не сакале,уште помалку дека можеле,работата е дека биле спречени во тоа.
39 терористи биле.
Се сложувам.Спецназ може да се каже дека ги спречил чеченците да активираат 75 кг тротил.Кој има голема деструктивна моќ.
Утврдивме уште еден факт.
Преку пуштањето гас со што убиле меѓу 129 и 300 заложници...
Тоа е претпоставка.
Единствен заложник кој бил убиен од чеченците е некој Павел Захаров кој настрадал кога бил отворен оган по некој друг заложник кој се обидел со шише да удри еден од терористите.И една жена била тешко ранета во пукањето.
Значи стигнавме,преку твојот извор и човекот врз чие кажување ја темелиш целата твоја теза,до уште една работа која јас ја реков на почетокот од дискусијава а ти ја нарече ноторна лага,дека една од причините за упадот е тоа што терористите почнале да убиваат заложници.
И те молам сега кажи ми сега што точно мислеше со ова ,,некој Павел Захаров,, бил убиен по грешка?Дека е оправдано убиен или дека не се важи??????Дали заложник убиен по грешка не се смета за убиен заложник?Побогу Тоукатер!
Другите кои имале огнострелни рани не биле заложници.
Три лица кои влегле во театарот за време на заложничката криза.
Како овие три лица успеале да влезат во салата пробивајќи ја блокадата на Спецназ не е јасно.Еден од нив дури и го воделе како загинат терорист...
И повторно не се квалификуваат како убиени цивили,само затоа што влегле во зградата?Не можам да поверувам што читам искрено.
Инаку повторно,во една од сведочењата од оној изворот кој го стави ти,пишуваше еден режисер кој самиот рече дека и тој се обидувал да влезе кај својата керка која останала внатре бидејки некому му успеало.И што ако се ова цивили кои влегле внатре да бидат со своите деца?Како всушност ова што ти го кажа го намалува фактот дека терористите убиваат цивили/заложници?Никако.
Имаме најмалку 3 лица кои влегуваат во театарот покрај блокадата на семоќниот Спецназ.
Без да се увредиш пријателе не мислам ништо лошо,ама навистина слабо стоиш со познавањево на процедурите.Не,Спецназ не е одговорен за обезбедувањето на местото на настанот туку регуларната полиција.Работата на Спецназ како и на сите специјални сили во светот е само упадот и ликвидација на заканата.А сметај на фактот колкава е зоната на операции со оглед дека заради количината експлозив испразнет е скоро цел кварт.Па која сака полиција нека е некој ке се провлече,па уште ако и е родител чие дете е внатре нема сила која ке го запре.
Семоќниот е придавка која ја додаде ти.Јас се оградувам од такво нешто.
Пружањето отпор 1 час према тебе значи дека терористите биле супериорни на “фудбалерите“ од Перу.Можно.Но по оваа логика има и друга варијанта.Спецназ биле ботови во споредба со перуанските специјалци.Која верзија ќе ја прифатиш е лично видување...може да е и едното и другото.
Веќе ти реков еднаш па ке ти речам пак.За илустрација најде една гас маска и една димна бомба.Фрли ја димната бомба во некој улаз и трчи до трети спрат,притоа точно изброј колку скали има до горе а најди и неколкумина да те гаѓаат истовремено со тврди предмети.И сето тоа помножи го со 100 и ке имаш реална представа како им било на специјалците.Нормално кога ке стигнеш на целта обавезно одмори малку и напиј се вода.Кој трчал со гас маска ке знае.(Деца немој случајно некој да му текнело да се изглупира и да го проба навистина!!)
Инаку во перуанскиот случај со преговори се спасени преку 400 заложници,за на крај да останат 72 што значително им ја олеснало работата на тамошните специјалци при упадот.
Таму на самиот старт се ослободени половината па до 7 ден скоро сите освен 72.Оваму веќе еве по твои извори се убиени 5 заложници.Во Перу ниеден.Или повторно не е споредливо колку и да се трудиш да повлечеш паралела меѓу двете случки.
Ти ги игнорираш очигледните факти кои говорат за неуспех.
Не јас на кантар го ставам предизвикот пред кој стоеле и можните последици,па давам оценка на целата разрешница,базирано на она што го знам за таквите ситуации.
Тоа што “само“ (САМО???) 61 од заложниците тужеле што ти кажува? Дека останатите биле задоволни од акцијата???
Не,туку дека не сите го делат нивното мислење.Макар што од кога прочитав скоро се од твоите извори не најдов ниту еден кој рече дека Спецназ им ги убил блиските,уште помалку дека некој го нарекол Спецназ неспособен.
Забораваш дека најголем дел имале и имаат тешки здравствени проблеми.А тоа не е добар услов за влечење по судови со години и спор со руската држава.Можеби некои од нив не можеле да си дозволат адвокати и да се тужат со државата,што од правен аспект како што знаеш е најтешка и најспора процедура.
Хм сиромашни одат на театар?Здравствени проблеми има скоро секој кој се соочил со ситуација во која животот им е загрозен.
Заложниците ја оквалификуваа целата акција како криминална,катастрофална,убиство...а ти ја квалификуваш како успех...тоа е...
Не заложниците,61 заложник официјално го вели тоа,а јас акцијата ја оценив како најдоброто што можеше да се извлече и успешна со оглед на околностите.А самата ситуација е катастрофа уште од почетокот така да ова што ти го кажуваш,знам дека ке ти звучни нечовечно ама некој кој носи одлуки ке го нарече зборување под емоции.
Точно,изложеноста на гасот.Очекуван одговор?Не ја намалува вистинитоста на истиот.
А-а кочи!Врати се прочитај,тоа го реков како коментар на она што го рече ти,најизложнеите на гасот.Тој момент е спорен заради тоа што ме интересира како во просторија со 900 заложници со толкава големина утврди дека некои се поизложени од другите.
Гасот убил меѓу 129 и 300 луѓе.Факт.Не загинале од огнено оружје ниту од експлозив.
Не,умреле како последица на нус појави од гасот,невнимание на медицинските служби итн итн.И те молам може еден извор кој вели 300?Навистина шпекулираш со бројките.
Кои не би се сложиле...не знам...веројатно САС,Шаирет Маткал,Перуанските специјалци и многу други...
Е тоа е проблемот,што не знаеш.А јас знам дека никој од нив не оспори дека никој повеќе не можеше да направи или рече дека акцијата на Спецназ е катастрофа.Повели најди каде,јас ете ти најдов еден напис од човек кој се занимава со таква работа и кој коментираше за слична акција која е и потешка од оваа.
Иако зборот “интелигенција“ е неприкладен да се поврзе со активностите на Спецназ
Тоа е лично твое убедување.А каква основа имаш за таква констатација е друга приказна.Оние кои живеат од оваа работа нема да се согласат со тебе.Тоа ти гарантирам.
сепак некому морало или барем очекувано е да му текнало дека истиот тој гас не разликува чеченец од русин,не прави дискриминација по национална,расна и верска основа и дека делува исто на сите.
Гасот не е пуштен со намера да убие,зошто би разликувал Чеченец и Русин?Гасот е пуштен да неутрализира се.Ризикот е прифатлив.Во секое време ке го прифати било која единица во светот.
Ваквите акции се традиција на Спецназ...
При секоја нивна акција за ослободување на заложници има стотици мртви цивили и заложници кои дошле да ги спасуваат...
Успех на руски начин...
Исто така е точно дека ниту една друга единица не се соочила ниту со слична ситуација уште помалку со толкав број такви ситуации.Само во целата тендециозност некако се превидува тој факт.