Се бара крвна група Б (-) НЕГАТИВ или Б (+) ПОЗИТИВ за спасување на животот на Маја!

Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Па тоа и мене ме чуди, нема шанси да се бараат крвни групи од два различни фактори :S
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772

Се јавив сабајлево за да донирам, затоа што баш сабајлево една доста квалификувана личност ми кажа дека можам да донирам и нема врска тоа што ми збореле. И ми се јави една девојка, ми рече дека Маја починала пред 2-3 дена..
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Жалосно......нека и е лесна земјата :cry:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
RIP Maja, иако не е баш тоа што нема врска што сме збореле, но секој со знаењата.
 
Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
Сваќаш ли дека тие доктори се некоординирани и дека најлесно им е на родителите да им речат обезбедете крв ?? еве ти што велат од трансфузологија

НЕКООРДИНИРАНост
Кружат апели за крводарување, а крв има доволно

Има доволно резерви крв и непотребни се апелите до крводарителите кои деновиве се појавија во медиумите, тврдат во Републичкиот завод за трансфузиологија.

Семејствата кои биле принудени да обезбедат драгоцена течност за своите најблиски се револтирани кога дознале дека имало доволно единици од крвта која тие итно морале да ја најдат.

- Лекарите ни рекоа што е можно побрзо да обезбедиме неколку шишиња крв, во спротивно пациентот нема да може да се оперира. Веднаш упативме апел на една телевизија оти не знаевме дека имало крв во Заводот - револтирани се блиски роднини на еден пациент.

Во Заводот велат дека станува збор за недоразбирање.

- Хирурзите им велат на пациентите да обезбедат крв, а тие одат прво да дадат апел во некој медиум, а потоа доаѓаат во Заводот. Семејствата мора да се обратат прво кај нас за да проверат дали има крв од крвната група што се бара, а потоа да даваат апели во медиумите. Ако бараме крв и тогаш кога ја има доволно, може да се случи дарителите да не ни веруваат кога таа навистина ќе ни треба. А апел треба да дава овластена институција- објаснува директорот д-р Кочо Димитровски, кој реагирал до Управата на Клиничкиот центар.

За потребите на пациентите на скопските клиники просечно требаат по 100 единици крв дневно. На секој апел за вонредни крводарителски акции се јавувале најмалку по 5-6 граѓани.
Епа кога почнаа повеќе да ги контролираат после неколку пријави од граѓани, нормално дека сега така ке зборат.

Така е на трансфузиологија со години, да не дојде ред човек таму да се моли. Пред неколку години на мои роднини им кажаа дека ќе треба сами да си најдат крв, затоа што во заводот немале. Кога роднините почнале да се туфкаат, затоа што е ретка крвна група, еден од докторите им кажал дека крв има, но ке ги чини по 300 евра од кеса, ама затоа што требале 4 кеси, можело и по 25- евра од кеса.

И не може никој да ме убеди дека крв има секогаш, а и ти DOBRO POZNAT,
не биди наивен, ја знаеш поговорката, НЕ ПИТАЈ СТАРИЛО, ПИТАЈ ПАТИЛО

Се надевам дека ми ја разбра поентата

Жално за девојчето
 
Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
Епа кога почнаа повеќе да ги контролираат после неколку пријави од граѓани, нормално дека сега така ке зборат.

Така е на трансфузиологија со години, да не дојде ред човек таму да се моли. Пред неколку години на мои роднини им кажаа дека ќе треба сами да си најдат крв, затоа што во заводот немале. Кога роднините почнале да се туфкаат, затоа што е ретка крвна група, еден од докторите им кажал дека крв има, но ке ги чини по 300 евра од кеса, ама затоа што требале 4 кеси, можело и по 250 евра од кеса.

И не може никој да ме убеди дека крв има секогаш, а и ти DOBRO POZNAT,
не биди наивен, ја знаеш поговорката, НЕ ПИТАЈ СТАРИЛО, ПИТАЈ ПАТИЛО

Се надевам дека ми ја разбра поентата

Жално за девојчето
250 евра за кеса...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom