Сериски убијци - Апсолутни рекордери

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.689
Поени од реакции
4.823
Освен тоа со буквите , повеќето се последно-родени деца или после 5-6 дете они стигнале.

Друго заедничко им е : мочање у кревет после 12 година , повеќето малтретирале животни као помали,пиромани - ова е златната тројка.

Главна мотивација кај сите : сексуално задоволство.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Освен тоа со буквите , повеќето се последно-родени деца или после 5-6 дете они стигнале.

Друго заедничко им е : мочање у кревет после 12 година , повеќето малтретирале животни као помали,пиромани - ова е златната тројка.

Главна мотивација кај сите : сексуално задоволство.
:pos: Фалинка: Мама не ме сака. :D

Некои од нив уште од рана возраст си почнале кариера. Еве една листа на зли деца.

Брајан и Дејвид Фриман


Брајан (17) и Дејвид (16) Фриман, кои што си ги избричиле и истетовирале главите како симбол на нивните неонацистички верувања, биле првите осомничени кога нивните родител и помладиот брат биле пронајдени претепани до смрт во нивниот дом во Салисбери Тауншип, Пенсилванија. Момчињата го тероризирале своето семејство и воопшто целиот град. Како што изјавила полицијата, тројното убиство кое што се случило во Салисбери Тауншип таа недела било кошмар за секој родител –долгата расправија помеѓу Денис и Бренда Фриман и нивните недоделкани и насилни деца завршила не само со тоа што децата кренале рака на своите родители, туку и со незамисливото – кобен крај за самите родители.

Едмунд Кемпер



Во 1964 година кога Едмунд Кемпер имал петнаесет години ги застрелал своите баба и дедо, убивајќи ги и двајцата. Тој подолго време го планирал овој ужасен чин и за тоа подоцна не покажал никакво каење. Од страна калифорнискиот оддел за малолетничко правосудство тој бил затворен во поправен дом со цел да го подложат на ригорозна серија тестови водени од психијатар. Бидејќи резултатите покажале дека тој бил психотичен параноид, бил испратен во Атаскадеро Стејт Хоспитал на лекување. Таму тој осознал што мислат другите за неговото злосторство и здраво се потрудил лекарите да му поверуваат дека тој оздравел. При се што бил сметан за социопат, тој работел во лабораторијата како помошник при тестирањето на други пациенти. За време на тој процес Кемпер научил многу за девијантните прекршители. Кемпер бил ослободен по пет години при што останал под надзор на надлежните. Неговите доктори препорачале тој да не се враќа под грижа на неговата мајка, но надлежните од одделот за малолетничко правосудство го игнорирале тоа. Откако Кемпер потоа убил и распарчил осум жени во текот на наредните пет години, истите тие доктори ја поддржале неговата одбрана врз основ на непресметливост и лудило. Всушност, во времето кога тој разнесувал делови од телата на неговите жртви наоколу, група психијатри процениле дека тој не претставува никаква закана за општеството.

Вили Боскет



Вили Боскет, роден на 9 декември 1962 година, е осуден убиец, чиишто убиства кои што тој ги извршил додека се уште бил малолетен, довеле до промена на закон во државата Њујорк, при што било донесено решение децата од тринаесетгодишна возраст па нагоре да можат да бидат судени за убиство, и да можат да се соочат со соодветните казни. На 19 март 1978 Вили Боскет, кој што тогаш имал петнаесет години со огнено оружје го усмртил Ноел Перез во нујоршкото метро при обид да украде пари и часовник. Осум дена подоцна Боскет застрелал уште еден човек, Мосес Перез (кој што не бил во никаква роднинска врска со претходната жртва) при уште еден обид за грабеж. Боскет бил суден и осуден во Њујоршкиот семеен суд каде што бил осуден на пет години затвор (максималната казна за малолетник). Малата казна на Боскет предизвикала јавно негодување, што довело до тоа Њујоршкото државно законодавство да го изгласа законот малолетни престапници од 1978. Според тој закон, децата најрано од тринаесетгодишна возраст можат да бидат изведени пред суд за возрасни за злосторства како убиство, и да им бидат изречени казни како на возрасни. Њујорк била првата американска држава која што донела закон од ваква природа; многу други законодавства се соочиле со тужба. Боскет на крајот бил пуштен од затвор, но потоа бил осуден за бројни други престапи, за кои што добил извесен број на доживотни пресуди. Во моментот тој се наоѓа во затвор во истата држава.

Бренда Ан Спенсер



Понеделникот на 29 јануари во 1979 година, шеснаесетгодишната Бренда Ан Спенсер употребувајќи пушка ранила осум деца и еден полицаец во основното училиште Кливленд во Сан Диего и ги убила директорот Бартон Враг и чуварот Мајк Сакар. Училиштето се наоѓало веднаш спроти нејзината куќа на другата страна од улицата. Таа ја употребила пушката која што неодамна и била подарена за Божиќ од страна на нејзиниот татко. Кога шестчасовниот инцидент завршил и убавата тинејџерка била прашана зошто го сторила злосторството, таа слегнала со рамениците и одговорила: „Не ги сакам понеделниците. Ова го живна денот.“Таа исто така кажала: „Немав некоја особена причина за тоа, и едноставно тоа ми беше многу забавно. Беше исто како да стрелаш патки на езеро. Децата изгледаа како стадо крави стоејќи наоколу. Беа навистина лесна цел“. Тоа што таа не покажувала никакво каење како и неспособноста да обезбеди сериозно објаснување за нејзиното дело при нејзиното заробување било инспирација за песната „I Don’t Like Mondays” од The Boomtown Rats, а напишана од Боб Гелдоф. Нејзиниот цитат „I Don’t Like Mondays” исто така се појавил и напишан на ѕид во филмот ,,The Breakfast Club”.

Џон Венаблс и Роберт Томпсон



Џон Венаблс и Роберт Томпсон (и двајцата десетгодишници) краделе цел ден во трговскиот центар – слатки, трол кукла, неколку батерии, лименка со сина боја и други ситници. Но зошто се решиле да го украдат двегодишниот Џемс Балгер? Дали тоа било планирано, или пак ненадеен, спонтан порив? Штом веќе се нашол во нивните раце, тие не знаеле што да прават со него. Можеле едноставно да го пуштат, оставајќи го крај некоја продавница каде што некој лесно ќе го забележал детето во плач. Но Џон и Роберт, како децата кои што попрво би ги уништиле нештата кои што им припаѓаат одошто да ги дадат на некој друг, го убиле малото момченце. Родителите на Џемс никогаш повторно нема да го видат нивното дете живо. Видео камерите во трговскиот снимиле неколку слики на Џемс во рацете на неговите убијци, замрзнати во времето. Тој бил одведен на долга, бесцелна прошетка, при што попат бил безмилосно измачуван. Џемс бесчувствено бил тепан до смрт од страна на неговите десетгодишни киднапери, кои што без никаква грижа на совест го оставиле на некоја пруга.

Џеси Померој



Џеси Померој имал четиринаесет години кога бил уапсен во 1874 година за ужасното убиство на четиригодишно момче. Набргу му бил даден прекар ,,The Boston Boy Friend”. Неговиот злобен пат започнал три години порано со сексуалното злоставување на три други момчиња. Поради тие злосторства Померој бил осуден на престој во детското реформско училиште, но бил пуштен порано. Не многу подоцна, тој осакатил и убил десетгодишно девојче кое што влегло во дуќанот на неговата мајка. Месец потоа, тој го киднапирал десетгодишниот Хорас Мјулен, го одвел во мочуриштето надвор од градот и го искасапил со нож толку дивјачки што безмалку го обезглавил. Поради неговиот чуден изглед (едното око му било млечно бело) и поради неговото поранешно гнасно однесување, тој веднаш бил првиот осомничен. Кога му било покажано телото и кога бил запрашан дали тој го направил тоа, тој одговорил ноншалантно, „Изгледа дека јас го направив“. Потоа го нашле и девојчето закопано во подрумот на неговата мајка, и тој го признал и тоа убиство. Бил обвинет и осуден на смрт. Како резултат на јавно негодување поради изрекувањето смртни казни на деца, неговата казна била изменета на четириесет години во самица.

Училишни престрелки



Бројот на училишните престрелки бележи вртоглав пораст во текот на изминатите петнаесет години, и се уште многу луѓе се прашуваат, зошто? Повеќето од децата учесници во овие немили случувања на еден или друг начин биле исмевани од нивните училишни другари, но исто така и дома од членови на нивното семејство. Овие убиствени деца се снабдиле со огнено оружје, во повеќето случаи со голем калибар; иако во други случаи биле употребени и ножови, пиштоли кои што ги донеле со себе на училиште, и со кои што причиниле не помало зло. Наставници, ученици и студенти ги губат своите животи секоја година на овој начин секогаш кога ќе се случи вакво нешто.



Еве само неколку примери на вакви инциденти:
24 мај 1998 – Ендрју Голден (11) и Мичел Џонсон (13) застрелале 15 луѓе во Westside Middle School во Арканзас.
24 мај 1998 – Ерик Харис (18) и Дилан Клеболд (17), Columbine High School – 13 мртви, 25 повредени.
15 ноември 1995 – Џејми Роуз (17), Richland School Tennessee – 4 повредени, 2 мртви.
2 февруари, 1996 – Бери Лаукаитис (14) Moses Lake, Washington School – 3 мртви, 2 повредени.
21 мај 1998 – Кипланд Кинкл (14), Springfield Oregon – 3 мртви, вклучувајќи и родители, 8 повредени.
Во април 2002 година во Виненден, Германија биле убиени 17 лица по што напаѓачот се самоубил.

А тоа се само дел од нападите кои што постојано се случуваат по училиштата во светот.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.689
Поени од реакции
4.823
24 мај 1998 – Ерик Харис (18) и Дилан Клеболд (17), Columbine High School – 13 мртви, 25 повредени.

А тоа се само дел од нападите кои што постојано се случуваат по училиштата во светот.
За Ерик и Дилан па и други вакви случаеви во САД , тоа државата им дала право после 18г да купуваат автоматско и полу-автоматско оружје , па после кој им е крив.Така и го набавиле арсеналот , преку некој другар .., отишол на саем за оружје и ајде масакр праиме.

Коинциденција истиот ден кога го извршија масакрот , НАТО неколку часа предходно бомбардираше школо во Србија.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
За Ерик и Дилан па и други вакви случаеви во САД , тоа државата им дала право после 18г да купуваат автоматско и полу-автоматско оружје , па после кој им е крив.Така и го набавиле арсеналот , преку некој другар .., отишол на саем за оружје и ајде масакр праиме.

Коинциденција истиот ден кога го извршија масакрот , НАТО неколку часа предходно бомбардираше школо во Србија.
Карма. :icon_lol:
Инаку професор ги видел како убиваат дете во дворот и алармирал во бифето каде што појадувале останатите.
Прво поставиле бомба, ама не експлодирала.
Завршиле со автоматско оружје и си пресудиле самите.

Не ми текнува името на еден студент кој што слично има направено, само со поголем број на убиени студенти.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.689
Поени од реакции
4.823
Карма. :icon_lol:
Инаку професор ги видел како убиваат дете во дворот и алармирал во бифето каде што појадувале останатите.
Прво поставиле бомба, ама не експлодирала.
Завршиле со автоматско оружје и си пресудиле самите.

Не ми текнува името на еден студент кој што слично има направено, само со поголем број на убиени студенти.
Eве добар докуметарец за целиот случај.Кој го занима нека ги изгледа деловите.
Не експлодирала , сакале у кафетеријата да направат хаос , па коа ќе настане стампедо и сите ќе бараат чаре низ врата , овие требало да ги стрелаат , така бил планот.

http://en.wikipedia.org/wiki/Virginia_Tech_massacre

Овој е рекордерот , 32-ца скина.Студентски масакр , најфатален средношколски масакр е тој од Колумбајн.

 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Eве добар докуметарец за целиот случај.Кој го занима нека ги изгледа деловите.
Не експлодирала , сакале у кафетеријата да направат хаос , па коа ќе настане стампедо и сите ќе бараат чаре низ врата , овие требало да ги стрелаат , така бил планот.

http://en.wikipedia.org/wiki/Virginia_Tech_massacre

Овој е рекордерот , 32-ца скина.Студентски масакр , најфатален средношколски масакр е тој од Колумбајн.

Дап. Тој е. :D
Го гледав јас документарецот за овој. Дечко кој што преживеал и е инвалид раскажува како во предавалната каде што пукал останал жив со неколкумина колеги.
Чоекот изгледа немал среќа со индексот. :pos:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.689
Поени од реакции
4.823
Дап. Тој е. :D
Го гледав јас документарецот за овој. Дечко кој што преживеал и е инвалид раскажува како во предавалната каде што пукал останал жив со неколкумина колеги.
Чоекот изгледа немал среќа со индексот. :pos:
:pos:

Ќе немаат среќа и во иднина , ако им дозволуваат сеуште да купуваат оружје као мастики.:coffee:
Мајкл Мур го сними http://www.imdb.com/title/tt0310793/,барем да го погледнеа филмов , тоа кликерот да им проработеше.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Овој Денис Рејдер

Овој Денис Рејдер као да му е брат на Џек Николсон...истата психопатска фаца ја имаат :)

А да и кога сме кај сериските убијци , Квентин Тарантино кога отишол на психијатар му рекле дека ако не станел режисер најверојатно би бил еден од овие луѓе што ги наведуваме тука .

Kurtwood Smith од лудите 70-ти уште повеќе си личи со него :)
И лудите Јапонци се во игра: Issei Sagawa
Тука е и инспирацијата за оскар Aileen Wuornos
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Секачот од Ростов

После три поврзани убиства, Мајор Фетисов организирал формација од 10 мажи да започнат агресивна полновременска истрага. Имал намера да ја открие мистеријата, и да го сопре манијакот кој убивал голем број на жени од областа.

Помеѓу регрутираните мажи бил и Виктор Бураков, 37. Тој бил најдобриот човек кој го имале, и добро ги владеел анализите на физичите докази како отпечатоци од прсти, стапала и други докази кои ги наоѓале на местото на злосторот. Тој бил експерт и за полициска наука, а познавал и неколку боречки вештини. Со еден збор, во споредба со останатите мажи од тимот бил непобедлив. Поради неговата посветеност и лојалност на силите, бил примен во Дивизијата за особено сериозен криминал во јануари 1983 година.

Бураков тогаш започнал игра на мачка и глушец со најпознатиот сериски убиец на Русија. Кога конечно го нашол осомничениот Андреј Чикатило, го задржал 10 дена во притвор, бидејќи без цврсти докази, тоа бил максималниот временски период кој може необвинет граѓанин да го помине во притвор.

Револуционерниот потег на Бураков бил што на деветтиот ден од престојот во притвор на Чикатилов, тој донел брилијантен психотерапевт, кој успеал да извлече признание од осомничениот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom