Семинарски, состави, есеи, задачи

Член од
5 декември 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ми треба семинарска или есеј за алгоритми ... може за сортирање ... хеширање ... било што .... помоооооош :pipi:
 
Член од
3 октомври 2009
Мислења
36
Поени од реакции
2
  1. Санкцијата како регулатор на однесувањето на прекршителот на диспозицијата;
  2. Улогата на обичаите како систем на општествени норми во функционирањето на правниот систем на РМ;
  3. Облици на државно уредување-споредбена анализа на федерација и унитарна држава;
  4. Предности и слабости на посредната демократија, од една страна и предности и слабости на непосредната демократија, од друга страна;
  5. Сличности и разлики во постапката за донесување, содржината и формата на уставот, од една страна и законот, од друга страна;

  1. Дали на Република Македонија и треба поголем степен на (де)централизација и зошто?

mi trebaat esei so ovie naslovi po voved vo pravo za praven fakultet
 

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
дечки ќе можете ли некој до вечер да ми напише некој есеј:
од ваков тип...
"како го поминувам моето слободно време"
"како го поминав мојот летен одмор"
.... треба да бидат максимум 15 реченици а не ме бидува ич за пишување не сум ич креативен, а ми треба за утре по италијански...
напишете го на македонски јас ќе го преведам :wink:
многу ќе ви бидам благодарен :smir:
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Ке може некој да ми даде семинарска по економија. Ми требаат повеќе семинарски па кој може нека прати. :smir:
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
79
Поени од реакции
0
есеј/семинарска за било што за економија, по можност инфлација, дефлација..такви работи

и ако може без webfilehost.com зашто никако не можам да симнам ништо од странава

позз-ка
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Да не има некој семинарска на тема C++, една за покажувачи, а друга по слободен избор. Ми требаат итно. Благодарам однапред.
 
Член од
1 мај 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
дали некој има семинарска за асинхрони или синхрони машини..ми треба брзо за да ми пиша у индекс 6:)))))))
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
....

ako nekoj saka nekoja seminarska da mu se prevede od angliski ili germanski...slobodno moze da me kontaktirate:)
pozdrav do site!
P.S. se naplakja ama sitno!:):vozbud:
 

DejanB.

Се залетувам...
Член од
20 декември 2009
Мислења
506
Поени од реакции
14
Ми треба лектирата Гилгамеж ве молам помагајтееееее вечерва ми е последниот ден за читање
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ми треба лектирата Гилгамеж ве молам помагајтееееее вечерва ми е последниот ден за читање
па не дреми на форум, читај...до сеа ке ја прочиташе, знаеш од кога бараш раскажано!
 

DejanB.

Се залетувам...
Член од
20 декември 2009
Мислења
506
Поени од реакции
14
па кај ке ја прочитам кој ја немам затоа ја барам на нет ако знаеш пиши линк
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
па кај ке ја прочитам кој ја немам затоа ја барам на нет ако знаеш пиши линк
не верувам дека ја има на нет...
да не звучам ко твоите дома ама, да си се заангажирал ке си ја нашол у библиотека.
 

DejanB.

Се залетувам...
Член од
20 декември 2009
Мислења
506
Поени од реакции
14
брат неможев кога почнавмо во средата во школо одма лектира ни дадоа,во петокот пофторно,утре исто така и во петок имамо пак лектира во библиотека ја немаше а ни во школската библиотека ја немаше
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
брат неможев кога почнавмо во средата во школо одма лектира ни дадоа,во петокот пофторно,утре исто така и во петок имамо пак лектира во библиотека ја немаше а ни во школската библиотека ја немаше
фотокопир :wink:
најдов нешто за Гилјамеш се надевам дека не е доцна и дека ќе ти помогне
Структура и содржина на епот

Како литературен вид, епот е најдолгата раскажувачка структура во стих. Така, и „Епот за Гилгамеш“ е пишуван во стихови, поделени во дванаесет пеења, напишани на дванаесет плочи, кои пак, може да се поделат на два дела: првиот дел е во првите седум пеења (херојството на Гилгамеш и Енкиду); вториот дел од осмото до дванаесеттото пеење (страдањата на Гилгамеш). Епот започнува со пролог, вовед (од современ аспект), во кој се запознаваме со Гилгамеш. Во ова прво пеење, има опис на ликот на Гилгамеш (поконкретно за описот во следните точки), се зборува за раѓањето (создавањето) на неговиот ’соперник’ Енкиду, како и за влегувањето на Енкиду во Урук. Во второто пеење се зборува за запознавањето на Гилгамеш и Енкиду, меѓусебното испитување на силите, збратимувањето и подготвувањето за борба против Хумбаба.
Во третото пеење се сретнуваме со сонот како точно предвидување на она што се случува подоцна. Енкиду сонува лош сон, а Гилгамеш прави ритуал (составен дел од митолошкиот начин на живот), за да го спречи лошото пророштво на сонот. Четвртото пеење е карактеристично по тоа што се сретнуваме со јуначки подвиг на јунаците (главна карактеристика на јуначки еп). Тие го убиваат чуварот на гората на Хумбаба. Важно е да се спомене и тоа што боговите се вклучуваат во борбата помагајќи им на јунаците (подоцна ова е често во митовите на поновите цивилизации).
Петтата плоча зборува за уште еден сон на Енкиду. Гилгамеш го толкува како позитивен. Сонот се исполнува: по борбата со Хумбаба, тие излегуваат победници и се враќаат во Урук со неговата глава. Во шестата плоча Гилгамеш ја отфрла љубовта на Иштар, а таа му праќа небесен бик да го убие. Гилгамеш ја потврдува својата сила и го убива бикот, со што го навлекува гневот на божицата Иштар. Седмото пеење е сонот на Енкиду, кој предвидува смрт. Сонот се исполнува; Енкиду легнува болен и умира.
Во осмото пеење се сретнуваме со тажењето како посебен жанр во народната традиција. Гилгамеш е исполнет со тага за загубениот другар и брат и тагува над неговото тело. Деветтата плоча претставува пресврт во фабулата. Гилгамеш, соочен со смртта на Енкиду, си го поставува прашањето за сопствената смрт. Неможејќи да се помири со својата смртност, решава да бара можност за бесмртност. Десеттата плоча зборува за потрагата на Гилгамеш, напуштањето на домот, патувањата. Дознава за дрвото на животот и се упатува кон Утнапиштим.
Единаесеттата плоча е мошне значајна, затоа што зборува за митот за потопот, што е извор (во пишана форма) на идејата за крајот на светот. Оваа епизода можеме да ја сретнеме во многу религии, некаде целосно пресликана, некаде разработена, изменета. Утнапиштим е тој што ја раскажува приказната за потопот и му кажува на Гилгамеш како да стигне до билката. Кога Гилгамеш ја наоѓа, змијата е таа што му го краде ’вечниот живот’.
Во дванаесеттото пеење се сретнуваме со уште еден митолошки мотив, кој го сретнуваме и во старогрчката митологија и на други места – слегувањето во подземјето. Од оваа епизода ја гледаме идејата на Сумерите за подземниот свет; животот по смртта; контактот со мртвите; комуникацијата со нив итн.
[уреди]Ликот на Гилгамеш

Во овој јуначки еп, Гилгамеш е претставен како типичен јунак, херој заштитник на градот, силен храбар, почитуван. Уште во првото пеење се сретнуваме со опис за него: „Гилгамеш, победоносниот јунак, ѕидишта околу Урук изгради...“ [1], понатаму: „По убавина и снага никаде не му беа виделе рамен. Лавот тој од лежиштето го брка ... дивиот бик го лови со брзина и сила на својот лак...“[2].
Најкарактеристично за Гилагамеш е неговата природа. Тој е една третина човек, а две третини бог, што веднаш му дава натприродни особини и го сместува во редот на силните, храбрите. Гилгамеш е типичен лик – јунак за митолошките приказни, кој со својата моќ го чува принципот на доброто од силите на злото. Таквите свои атрибути ги покажал низ многубројните битки со животни, џинови, натприродни суштества што боговите му ги праќаат. Како културен херој градител на град, кај него, освен храброста, јунаштвото, силата, како епитет ја сретнуваме и строгоста (суровоста) кон своите сограѓани кога треба да му се покорат:
„ За него... мораа да работат и старите и младите, и силните и слабите... Ден и ноќ тој пирува со нив. Нивните лелеци допираат до великите богови.[3] “

Од психолошка гледна точка, можеме да ја издвоиме чувствителноста како негова особина (оплакувањето на својот побратим, кој како лик е изграден идентично како него, како негов пандан: „Енкиду, пријателе млад, кај сила ти остана, а гласот, каде?“[4]). Сепак, најважната особина на Гилгамеш е исклучителната несебичност - тој сака билката на животот да ја донесе во Урук, да ја сподели со своите; ја чува, не ја користи само за себе. Оваа особина, оваа постапка, потсетува на Прометеј од грчката митологија, кој сакал да им го даде огнот на луѓето.
Божествената природа на Гилгамеш пак, потсетува на Херкул, исто така од грчката митологија. Уште еден лик во овој еп, го сретнуваме и на многу други места во светските религии. Тоа е ликот на Утнапиштим, кој во нашата религија одговара на ликот на Ное.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom