Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
Секула Пупиновски (1955 -2011) својот живот го посвети на музиката, спортот и фамилијата. Ќе остане запаметен по ведриот дух, топлата насмевка и позитивната енергија.
Првите музички чекори ги направи уште во средношколските денови, по што почна активно да ја гради својата музичка кариера. По настапот на фестивалот „Цветници“ во 1993 година со песната „Врати се Бела Марија“ (# песма мога живота) ги истакна своите гласовни квалитети и стана еден од најпрепознатливите и најпопуларни изведувачи на македонската народна и новокомпонирана музика. Зад него остави многу познати хитови како „Моја Наде“, „За една Кристина“, „Кажи Анче“, „После многу долги години“, „Печалбарска“, „Свирете нешто тажно“ и многу други. Секула Пупиновски учествуваше на голем број македонски фестивали и концерти и беше редовен гостин на нашите иселеници во дијаспората. Острелија лајк!
Покрај музиката, Секула Пупиновски беше вљубеник и во спортот (со кој се занимаваше се до крајот на неговиот живот), па во неколку наврати беше учесник и на Охридскиот Атлетски Маратон.
Покрај тоа што беше класа музичар, Секула Пупиновски беше и посветен семеен човек, прекрасен сопруг и горд родител.
Ефто Пупиновски е роден на 2 јуни 1953 година. Со „Лихнида кајче веслаше" Ефто Пупиновски дебитански настапи на Фолк фест Валандово 1986г. и го освои првото место од жири. Оваа песна беше само пролог во неговата кариера и воедно песна која го направи едно од најпрепознатливите лица во новокомпонираната македонска народна музика. Неговата огромна желба за пеење уште од дете се остварила во професионална кариера и покрај неколкуте неуспешни обиди и одбивање на аудиции за соло пеење. Дел од неговиот музички опис во видеото:
Последно уредено: