Светски Македонски Конгрес: ОМД прави штета меѓу Македонците во светот

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
15 јули 2013 година,
Скопје, Македонија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) посакува дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија под државното име, како и со целиот свет, меѓутоа за неприфатливо го смета мешањето на здружението “Обединета македонска дијаспора“ (ОМД), (едно од петстотините македонски организации во светот), во внатрешните работи на Македонската заедница во Австралија.

За СМК контра-продуктивна е наградата на ОМД на актуелниот австралиски министер за надворешни работи сенаторот Боб Кар, во време кога тој пред грчката заедница во Австралија потврди дека нема да го смени ставот кон обраќањето БЈРМ.

СМК истовремено потсетува на наградата на ОМД во 2011 година за животно дело на поранешниот претседател Киро Глигоров кој ги подели Македонците во светот во 1992 година со формирањето на таканаречениот “Втор Светски Македонски Конгрес“ заради промена на името и знамето, обединет со првиот СМК во еден и единствен Светски Македонски Конгрес од 1997 година.

СМК ја поддржува Македонската заедница во Австралија во децениските напори за австралиско признавање на Македонија под нејзиното државно име, како и на идентитетот на македонската заедница во австралиското општество, но за крајно неодговорно го смета однесувањето на здружението ОМД кое во обидите за самопрогласување за лидер во македонските работи прави повеќе штети меѓу Македонците во светот, отколку што придонесува за унапредување на нивната положба и права.

СМК ги информира Македонците и македонските заедници во светот дека досега нема никаква соработка, координација и размена на мислења и искуства со здружението ОМД, ниту неговите активности ги прифаќа за релевантни и покрај неколкуте безуспешни понуди до нив тоа да се случи.

СМК не полага монопол или ексклузивно право врз македонските работи и врз Македонците во светот, но го отфрла создавањето на паралелна меѓународна невладина организација која освен поддршката од американската амбасада во Скопје не бележи значителен интерес меѓу Македонците во светот поради грешките коишто од незнаење или под инструкции ги мултиплицира.

СМК го смета здружението ОМД за наменска инсталација со цел супститут на СМК, ама го оценува за неуспешен обид, како што беше “Вториот Светски Македонски Конгрес“ на Киро Глигоров, иако е за очекување да создава заблуди и поделби.

СМК потсетува дека здружението ОМД е формирано во САД со поддршка од американската администрација во предвечерието на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа на 7 ноември 2004 година, кога САД ја признаа Македонија со претседателската алиби-изјава: .

“Ја признавме Македонија под нејзиното државно име за да ги спречиме националистите во организацијата на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа.“ Иако, референдумот беше успешен!

СМК изразува жалење за македонското неединство во земјата и во светот, поради партиски интереси, неоврховистите и колаборационистите, и вмешаност на странски разузнувачки служби, меѓутоа од Владата, министерството за надворешни работи и од претседателот на Републиката бара да ја ограничат сервилноста кон ексклузивната промоција на здружението ОМД како супститут на СМК меѓу Македонците во светот, бидејќи ОМД не е ниту влијателна, ниту прифатена од Македонците и македонските заедници во светот.

СМК од Владата и од претседателот на Републиката бара да престанат да ја стават дипломатската мрежа и државната администрација на Македонија во функција на една наменска инсталација во која интерес имаат американските служби поради влијание и контрола врз Македонците во светот.

СМК, истовремено, очекува непристрасност од провладините медиуми во промоцијата на здружението ОМД како “највлијателна организација меѓу Македонците во светот“ иако тоа воопшто не е, со цел манипулација на домашното јавно мислење и епилог кој допрва следи.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
На кого се однесува твојот коментар?
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
На целиот Македонски народ и Националното НЕединство.

Ама нели е очигледно дека тука Бугарија е замешана длабоко и тоа не само во ОМД.

Всушност и тоа е веќе причина плус за будење на Македонците од Дијаспората да не потпаѓаат под влијание на низа организации кои имаат врховистички бекграунд.

Голема пара троши софија за ова почнувајќи од Белгија и Брисел па се до САД,Канада и Австралија дури и во ЈАР.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ама нели е очигледно дека тука Бугарија е замешана длабоко и тоа не само во ОМД.

Всушност и тоа е веќе причина плус за будење на Македонците од Дијаспората да не потпаѓаат под влијание на низа организации кои имаат врховистички бекграунд.

Голема пара троши софија за ова почнувајќи од Белгија и Брисел па се до САД,Канада и Австралија дури и во ЈАР.
Ти кажав, кога се нема национално единство и национална стратегија ништо не се прави. Тапа ми се и едните и другите излегуваат со повеќе од смешни нелогични изјави.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Не мислам дека Бугарија има било каква врска со ОМД.

Друго вели Тодор Петров, дека пред се САД, а потоа и македонската влада, се позади ваква организација.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
А пак СМК на Тодор Петров се залага демек за националните интереси? - Абе и таа е исполитизирана, така да нека не :гомце: многу Т. П.
 
Член од
3 април 2013
Мислења
175
Поени од реакции
75
Цела реакција може да се сведе на два збора „завист“ и „проклетие“ - еве зошто не работат како бавча и еве зошто сме недефинирана нација се уште. Испадна дека сите културни работници од 45 навака биле кодоши и го ебеле у здрав мозок народов - нивните деца растени во нивните богатства добиени со привилегирани кодошки услуги денеска се тие кои знаат се и се „непокајници“. Тажно ама вистинито.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Што се не прочитав... Цел живот кривицата ја бараме во другите... овој,оној не угнетува ние сме цвеќиња за мирисање... Едно нешто ќе ви кажам.. Таму каде лежи голема пара не очекувајте единство на македонците ! Овие организации имаат фонд каде се чуваат пари.. Секогаш имало вакви заебанции и ќе има и во иднина..

Не стои ни бугарска, ни грчка , ни албанска, ни турска власт позади ова... ВМРО обично ги дава наредбите за организациите бидејќи сега тие се на власт... Само македончето одсекогаш ради ваквите работи било со стапот во раце на крајот ;)
--- надополнето: 16 јули 2013 во 15:31 ---
Ама нели е очигледно дека тука Бугарија е замешана длабоко и тоа не само во ОМД.

Всушност и тоа е веќе причина плус за будење на Македонците од Дијаспората да не потпаѓаат под влијание на низа организации кои имаат врховистички бекграунд.

Голема пара троши софија за ова почнувајќи од Белгија и Брисел па се до САД,Канада и Австралија дури и во ЈАР.


Не ни се тие криви уживај :) Мој роднина ја водеше заедницата во Австралија... Што се ми немаше кажувано за "нашите" патриоти... Пари лежат во овие организации не за џабе и постојат... Единствено тело коешто е замешано во политиките таму и нивната организација, раководство, гласање е партијата на ВМРО.. Никој друг..

Неможе цел живот нас некој да не угнетува... Не сме ние жртвени јагниња ... Само лошо е што заради поединци добиваме лоша слика за сите таму... 100 души ќе работат за без пари, ќе волонтираат, ќе праќаат пари а 1 човек е само потребен све тоа да го испоебе и да го искраде...
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Сакаш да кажеш дека ова е уште еден обид за разнебитување или поточно контрола на дијаспората од тука?

Значи нашата влада оди против СМК де факто и де јуре слично како што сакаше и Југославија да ја контролира дијаспората??
 
Член од
3 април 2013
Мислења
175
Поени од реакции
75
Сакаш да кажеш дека ова е уште еден обид за разнебитување или поточно контрола на дијаспората од тука?

Значи нашата влада оди против СМК де факто и де јуре слично како што сакаше и Југославија да ја контролира дијаспората??

не бе деца се работи за завист дека некој добро работи подобро од другиот знаете како Зора секретарката што ја мрзи Трпана чистачката у фабрика бидејќи оваа ем работи ем студира и еден ден ќе ја порасне. Станува збор да му умре кравата на комшијата. Се работи за проклетството на предавството кое изгледа кај нас Македонците е генетски веќе наследно. Тоа е на чика Тошо Петров му смета шо некое дете Мето Колоски собира пари од македонската дијаспора и добро ги троши во Вашингтон, Камбера и Брисел во интерес на Македонија се разбира.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Сакаш да кажеш дека ова е уште еден обид за разнебитување или поточно контрола на дијаспората од тука?

Значи нашата влада оди против СМК де факто и де јуре слично како што сакаше и Југославија да ја контролира дијаспората??

Убаво ти пиша членот подоле... За жал не сака, туку ја контролира дијаспората... Кога се бирале пратеници или раководство не ме фаќај за збор не памтам убаво, од тука од Македонија праќаат луѓе, кои абер немаат од политика и без согласност од здруженијата таму биле ставани на функција... За жал важи тука поговорката да му умре козата на комшијата..

Јас ве уверувам, доколку сите наши здруженија ширум светот се самостални и нашава влада колку толку ги користи парите за доброто на целиот народ ( нели затоа се праќаат парите ) Државава ќе стане ЛАС ВЕГАС !

Нормално е дека власта ова ќе го користи... Огромни суми на пари се во прашање изразени во долари, не денари ! :) ( Барем кога знам дека нашиве имаат на неколку наврати крадено, и моите роднини се повлекле од овие гомнарии, зошто јас да давам пари за доброволни цели кога тоа сето е отидено во курац )

Прочитај го убаво текстот... СМК бара само да има единство... Па затоа и служат здруженијата мајко му стара а не да се перат пари :facepalm: Никој не ни е крив..
--- надополнето: 16 јули 2013 во 18:40 ---
Многу од дијаспората беа стари ВМРОВЦИ... Кои ја сакаат земјава како својата фамилија... Праќаа пари 1991, праќаа пари до сега.. Но по случувањата последниве 10тина години многу од нив се откажаа од ваквите заебанции... Гледаат дека не е ова старото ВМРО, гледаат што се живо и диво се случи нема зошто да се замараат... Еве гледаме дека ипак постои толпа на луѓе покрај сите гомнарии што водат некои напори ама од сите страни се притискани... Де од различните дијаспори а највеќе од својот народ ! :(
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Сакаш да кажеш дека ова е уште еден обид за разнебитување или поточно контрола на дијаспората од тука?

Значи нашата влада оди против СМК де факто и де јуре слично како што сакаше и Југославија да ја контролира дијаспората??
Владата е “неутрална“ спрема СМК. Не го напаѓа Петров, но не би рекол дека тој баш има отворена врата таму.

И не се работи за завист, тоа го гарантирам. Инаку Мето Колоски ги започна своите активности во Светскиот Младински Македонски Конгрес. Оттаму не би требало да има несогласувања...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom