- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 506
- Поени од реакции
- 25
Владимир Путин и Вен Ѓијабао на една страна,Западот преку Руперт Мардок на друга страна.Во Давос годинава претставници на дури 50 земји,двојно повеќе од стандардната бројка.Главна цел и минимален оптимизам е охрабрување за послободна економија и поповолни кредити за микро и макро зделките.Кина како главен фактор на Американската Економија најавува високи 8% раст.Почнаа да се отвораат картите..
До пред некој месец ретко кој можеше да ја предвиди шемата (најголеми губитници,профитирања,смена на улогите..) на Кризата,ама веќе се јавуваат профитерите.Банкарите бележат висока заработувачка,над 18 милијарди долари,меѓутоа признаваат дека треба поголема државна контрола (воглавно се мисли на Америка).
Давос останува само подготовка и прова за престојниот Светски Финансиски Самит кој треба да се одржи за два месеца во Њујорк.
До пред некој месец ретко кој можеше да ја предвиди шемата (најголеми губитници,профитирања,смена на улогите..) на Кризата,ама веќе се јавуваат профитерите.Банкарите бележат висока заработувачка,над 18 милијарди долари,меѓутоа признаваат дека треба поголема државна контрола (воглавно се мисли на Америка).
Давос останува само подготовка и прова за престојниот Светски Финансиски Самит кој треба да се одржи за два месеца во Њујорк.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,3983684,00.htmlДавос, шанса и предизвик
Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Давос
Во Давос почна Светскиот економски форум 2009. Рускиот премиер, Путин и неговиот кинески колега, Ѓијабао, во своите говори јасно кажаа, дека никој нема да остане поштеден од кризата. Самокритични се и некои од банкарите.
Давос е познат по чистиот воздух. Порано, ова мало место во швајцарските Алпи го посетувале луѓе кои имале проблеми со белите дробови, за да си ја повратат силата. Сега пациентот се вика: светска економија. Состојбата на болниот, според мислењето на многумина експерти кои учествуваат на Светскиот економски форум, загрижува. Џорџ Сорос, познатиот американски инвеститор, кој е постојан гостин во Давос ситуацијата ја означува како „шокантна“. Според него, проблемите се многу поголеми, отколку при економската кризата во 30. години на минатиот век. Трошоците за таа да се надмине се проценуваат на околу 1,5 билиони американски долари.
Малку оптимизам во кризни времиња
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Клаус ШвабДомаќинот, Клаус Шваб, годинешниот економски форум го оддржува под мотото „Обликување на светот по криза“. Еден од првите, кој годинава во Давос одржа говор е рускиот премиер Владимир Путин. Тој, притоа, побара корекција на курсот. „Оваа криза има многу причинители: колапсот на глобалниот финансиски систем, лош менаџмент и премала контрола од страна на државата.“, смета Путин.
Кинескиот премиер, Вен Ѓијабао, пак, подвлече дека неговата земја ќе и се спротивстави на кризата, економијата во Кина треба да забележи пораст од осум проценти. Почеток по мерка на домаќинот Клаус Шваб. Од годинешниот форум, на кој учествуваат 50 шефови на држави и влади (двојно повеќе од вообичаеното), треба да произлезе барем малку отимизам во овие тешки времиња.
Можност за дебата за финансискиот систем
Дека Давос овојпат е поинаков, смета и економистот, Стивен Роуч од американската банка Морган Стенли. „Средбите во Давос се секогаш посебни, но годинава е поинаку, се наоѓаме среде светска економска криза и тоа за учесниците е голем предизвик.“ смета Роуч.
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Курсот да се смени во нагорен тренд Сега, би можело дури и да се каже дека за прват по долги години средбата е неопходна и може да претставува нешто повеќе отколку само негување на добрите контакти и необрзувачка размената на идеи. Речиси два месеца пред Светскиот финансиски самит во Њујорк, политичарите, заедно со концерните и банкарите имаат можност да дебатираат, како во иднина треба да изгледа финансискиот систем.
Според почетокот, се чини дека дебатите ќе бидат интересни. На првите тркалезни маси, некои банкари ја признаа вината и бараат поголема државна контрола. Но, од друга страна австралискиот медиумски магнат, Руперт Мардок, потсетува: „Не смееме да изгубиме од предвид, што е она што создава благосостојба. Тоа се слободните пазари и капитализмот. Секогаш одново, кога ќе се споредат најслободните пазари во светот, со најмалку слободните, се докажува дека победуваат слободните.“ порача Мардок.
М. Витцел и М.Гетцке