Ај јас сега малце
Според римо-католичката црква гралот постои . Ил бар постоел . Последна референца кон него има кон 14 век откако му се губи трагата ... Да де му се губи трагата на еден од 14 те објекти кои се декларирани дека се гралот .
Значи Света Елена мајката на Константин ( и познат собирач на старудии ) се враќа од ерусалем со 5 клучни реликти според црковни извори : Делови од вистинскиот крст , убризот на вероника ( крпа со која било избришано лицето исусово додека го носел крстот ) , главата на јован крстител ( вистинска глава ) , Копјето на Лонгивинус ( сега стана познато како Копје на судбината ) и дотичната чашка . Сите овие биле за кратко во царските трезори и покасно го добива црквата.
Изгубен е кога црквата палела една кетаутска тврдина во франциа поради ерес ... Наводно кетаутите го изнесле од тврдината по некое тајно патче . А пак нив им го дава на чување како поклон за нивната побожност еден век порано точно црквата . Ова приказна за самиот предмет мене ми е нај веродостојна пошто е ватиканска верзиа .
Ама ова е само една од 14 те можни приказни за самиот предмет ...
Има пример еден во Саламанка чуван од редот на светото срце , има еден во франциа во некое мало градче низ прованса негде . Еден се знаи дека бил во Германиа до 2 ра светска војна .
И за кој од тие 14 предмети збораме крајно ??? То е поважно прашање си викам .
А за на Ден Браун приказната . Па гледано реално , ако исус имал право да проповеда во храмот значи мора да имал титула на Рави ... ако имал титула на рави мора да бил женет . Ако бил женет најверојатно жена му била најчесто спомуваната жена во новиот завет после мајкаму ... Па секој со малце познавање од историа и еврејска рабинска традициа ова можи да го заклучи . Заправо фактот дека бил женет е толку очевиден шо нема накаде ... Мислам дури и догматски гледано знаиме дека на Јован крстител не му било дозволено да проповеда во храмот бидејки не бил женет .
Е сега дали имал деца и дали на нив е референцата со светиот грал ... Тоа треба да ја прашате женаму .
МАкар да има референци на неколку места за девојче по име Сара која ја носи светата крв , сепак то дете можи и да е од некое од другите деца на Јосиф и Мариа .