Тешка група, ама задача на ракометарите е да се спремаат максимално, а не да мислат уште од сега дека сме аутсајдери. Реално освен групата А, сите други се прилично силни така да немаше да биде преголема разлика и да бевме во Б или Д. Иако Полска е вицешампион мислам дека нема толку квалитетни поединци, Русија одигра исклучително слабо на претходното првенство, Алжир мора да се победи, Тунис може да биде незгоден ама мислам дека ќе го победиме и него.
Мора да го имаме во предвид и тоа што го поминавме Исланд кој на последните 2 - 3 шампионати постојано беше во 1/4 финале што значи дека имаме капацитет. Важно е да се одигра без страв затоа што немаме што да изгубиме.