СП Хрватска 2009 - Македонија : Германија (17:30h)

Кој ќе победи на натпреварот?

  • Македонија

    Гласови: 63 79,7%
  • нерешено

    Гласови: 1 1,3%
  • Германија

    Гласови: 15 19,0%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Aјде бе... Дојде време и првиот тим во светов да игра против Македонија и да бара помош за победа од судиите. Па како што ја сметаа Германија за фаворит во мечов, требаше уште во прво полувреме да не тепаат, а не да чекаат да ни исклучат двајца играчи, и да му дадат црвен на најдобриот играч. После исклучувањето на Кире Лазаров Германија се одлепи на 5 гола, пред тоа добро се одржуваше дистанцата од 1-2 гола. Ни преостанува уште утре Русија да ги победиме, и секако да стигнеме до толкупосакуваното 3-место.
Баш така, се виде дека гриземе како лавови се бориме како нив и дека без респект влеговме на натпреварот и некое гомно мораше сеето тоа да го уништи. Се надевам дека се свесни и германците и сите што го гледаат натпреварот колку тиа нацистички срања бедно и изнемоштено изгледаа првото полувреме и колку очајно им требаше помош од чеките курви.

Ете ви го кирил лазаров колку ја сака макеоднија се покажа на дело, намерно го удри играчот со лакт и ја остави макеоднија на цедило. Ете се виде која е германија светски првак и народ со победничк иментлаитет кој има повеќе квалитетни играчи кој даваат голови. Ова е спуштање на земја највише за навијачите кои летаат во облаци дека ќе сме биел светски шампиони. Но исто таак и за играчите спуштање на земја а најмногу за селекторо кој си мисли дека е стручњак а не го зима раде стојанович за ова уткамица го остава да седи на треибини.
Ти бе другар кажи ми кој си што си од каде си? Имам желба да те частам и частам и частам. Значи се гледа дека не си спортувал, дека врска немаш како е на терен, дека публика и се друго ставаш на ignore и дека кога играш за репрезентација е нешто најмнопгу што еден играч може да достигне, дека е гордост и чест да настапуваш на едно светско во боите на Македонија и сите да те гледаат и ред други работи за кои очигледно си премногу слеп да ги видиш и разбереш.
П.С. Ако ти треба стручна помош за твоето ментално, психичко и не знам уште какво растројство слободно отвори тема ќе ти помогнеме ние кајганџиите.

браво МОМЦИ изигравте машки алал да ви е, МАШКА игра :oeoeoe::oeoeoe: Единствено нешто што не ми е јасно е зошто Темелковски упорно форсираше фластер на Паскал Хенс, коа Гландорф (најголем ШВАБА од сите и по фаца и по понашање :pos: :pos:) не изрешета, зошто во ниту еден момент не проба да изигра на него фластер и да го остави Хенс. и како можеа и Филип Лазаров и Миркуловски толку да грешат. голема штета што се повреди Алушевски, Макалоски не му е достојна замена..
Не се играше фластер на Паскал барем по мое мислење зашто ако се разиграше и почнеше да шутира мислам дека и два голмани мале ќе се, играч од врвен калибар али не за во ваков тим. Филип Лазаров тука дојде само на грбот на брат му ништо друго, за Миркуловски да бев селектор освен клупа после 3-4 грешка ништо друго немаше да го грее.

Ај мрш од форумов, до крај на светско. Ја пореметуваш македонската аура.

Ти си нашол бе да збориш колку ја сака некој Македонија. Па уште за Кире.
Безрбетно суштество, цел форум те знае кој кењатор си против Македонија и Македонците. Не заслужуваш да го носиш нашето знаме на аватар, па затоа ти го бришам.

Толку.

Браво за играчите, уа за судиите, IHF мафијаши.


Дај утре да ги победиме Русите, па у полуфинале да им покажеме на Германците како требаше да изгледа конечниот резултат.
Баш она што сакав да го побарам, да се исфрли ZOTE од овој форум не ни требаат такви кењатори. Се гледа дека човек кој знае како е да се игра ракомет и како е да се суди ќе го рече горе болдираното.

Не е така. Со исклучување на најдобриот играч, моралот кај сите играчи паѓа од 9 паѓа на -10. Се знае дека поразот е неминовен. Не се ни трудеа да фатат резултатски приклучок... А и да сакаш, едноставно нема да „иде“.

Ајде, ќе видиме како ќе биде утре :)
Едноставно се откажаа а не дека не се трудеа.

ВЕЛКО МАРКОСКИ :zver: :zver: како само го зачука Швабата :vozbud::vozbud:
Па и на него му пукна филмот па и тоа исклучување се занеше дека нема ништо да смени па голем работа, камо и другите да беа малце подрски.

А најмизерно беше на крај што се радуваа Швабиве. А Марковски ѕвер со потегот. Среќа што се пензионира одамна Манасков зашто е тогаш ке имаше тепачка.
Тоа е најтрагичното, толкава радост како да освоиле и светско и европско у еден ден. Море и да беше Манасков тука не ќе беше на одмет како што му чука и на него сигурно на некој од судиите ќе му ја здрвеше една.
да да и Мојсо беше дупка, ама Мојсо за разлика од овие уште од старт виде дека не му оди и не форсираше ни шут ниту направи милион пробивања или промаши два милиони зицери како Миркуловски ниту пак им ја даваше во раце топката како Филип Лазаров
Тоа е, самиот играч може да види дека кога не иде не иде и не треба да форсира и шут и соло напади. Може да изигра да развлече да асистира но ова што го направи Миркуловски и Филип Лазаров беше се со цел да се покажат како играчи а уствари уште толку си расипаа углед и слика.

Смеат... Нема ни да ја погледнат :)
Ама, лошата оценка од делегатот (која сигурно ќе ја добијат ако ги оцени објективно) ќе им значи многу во кариерата. Значи, не очекувајте да ги видите на европско или светско во блиска иднина. Делегатот оценува еден куп работи, меѓу кои и атмосферата во играта, на трибините, реакциите на тимовите во однос на судењето и тн...
Да, ама што е тоа важно? И да се прашаме дали целата реалност и сето случување ќе биде пренесено од страна на делегатот? Дали ќе биде во целост објективен околу натпреварот?

едно време имав надеж,си реков “ее денес има да го јадат како во '1945’’:).
Не го напаѓајте толку Зоте,јасно е дека нешто дебело не е во ред со него,ама има јака поента кога го спомнува “победнички менталитет’’,психата е битна работа а ние никогаш не ја завладеавме.Затоа секој пораз е “крај на свет’’ и секоја победа ’шампиони’’.
Не ширете бедови и не кукајте не можам да ве читам.Судиите ништо нарочито не ни беа криви,излегувањето на Лазаров и психичкиот пад ни пресудија.
Другар и ти ќе паднеш, не извини ќе се посереш ако паднеш психички кога од сите страни ќе те дупат и нема да можеш ништо да направиш.

мислам дека не се знае дали ќе игра. ако се сеќавате Металург коа играше лани, Димовски мислам дека доби црвен картон и на следната утакмица немаше право да игра :toe: и нели ние ги имаме Марјан и Драган Начевски делегати се (не се делегирани на ова Светско), нели они можат нешто да направат во врска со евентуална санкција??
Што се Драган и Марјан Начевски? Ништо не можат да направат освен една жалба од страна на РФМ до IHF за евентуална санкција против судиите ама тешко дека ќе биде прифатена.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Ме нервирате веќе
значи со големи букви

КИРЕ ЛАЗАРОВ ЌЕ ИГРА УТРЕ, сосема нормално како што играше денеска и до денеска

Нема врска ни остар старт ни дал црвен добил у последна минута...има 60 мин у ракометот ако добиеш црвен 2 мин без играч ти без право на настап ДО КРАЈОТ на ТОЈ натпревар на КОЈ СИ ДОБИЛ ЦРВЕН КАРТОН

Јасно ви е сега?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Искрено, ме разочараа нашиве со играта, не знам зошто толку плукате по судиите, ја освен шо го исклучија Ќире ништо друго не би им замерил, наметнаа некој чуден критеруим уште во прво полувреме, мислам дека се обидуваа да останат доследни на истиот ама дали од неквалитет дали намерно сето тоа изгледаше како судење со намера контра нас.
Не знам како може да очекувате победа, со двајца играчи не се победува светски шампион, во случајот Ќире и Темелков, особено сум изненаден од вториот, ептен беше на ниво денес, и напад и одбрана.
Другите тапа, со ваква бековска линија какво и да е судењето ќе изгубевме, кога од вкупно 6 само двајца функционираат веројатно ќе го тепаме Алжир, не и Германија.
Ни фалеше квалиетет и концентрација да тепаме денес, особено ова второто, кога со двајца играчи повеќе не даваш гол нешто не чини... лоша игра во целина.

Во одбрана бевме доста подобри отколку во напад, едно време попуштивме кога променивме во 5-1 зона, али не траеше тоа многу, брзо се вративме на 6-0 која е многу поефикасна против швабите, Темелков добро го неутрализираше Хенс со фластерот, да не се повредеше Алушевски веројатно истото ќе го правеше и он со Гландорф, и Ѓорѓоновски добро му излегуваше на Клаин во средина, се на се добар концепт имаше смислено Темелковски, али ете, не се поклопија работите како што се надевавме.

И Стојановиќ мислам дека е сеуште повреден, не гледам друга причина зошто не би играл.
Генерално добро си го оценил натпреварот, само не и нашата игра.
Стојановиќ лечи потешка повреда и затоа не игра, може да заигра во втор круг каде и тоа како ќе биде потребен но сега за сега тоа е тоа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.351
Поени од реакции
58.014
Ете ви го кирил лазаров колку ја сака макеоднија се покажа на дело, намерно го удри играчот со лакт и ја остави макеоднија на цедило. Ете се виде која е германија светски првак и народ со победничк иментлаитет кој има повеќе квалитетни играчи кој даваат голови. Ова е спуштање на земја највише за навијачите кои летаат во облаци дека ќе сме биел светски шампиони. Но исто таак и за играчите спуштање на земја а најмногу за селекторо кој си мисли дека е стручњак а не го зима раде стојанович за ова уткамица го остава да седи на треибини.
Раде е повреден а Кире ја сака Македонија многу повеќе од тебе.

Оди на психијатар, што побрзо тоа подобро.

Има ли админи на темава?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ај мрш од форумов, до крај на светско. Ја пореметуваш македонската аура.

Ти си нашол бе да збориш колку ја сака некој Македонија. Па уште за Кире.
Безрбетно суштество, цел форум те знае кој кењатор си против Македонија и Македонците. Не заслужуваш да го носиш нашето знаме на аватар, па затоа ти го бришам.

Толку.

Браво за играчите, уа за судиите, IHF мафијаши.

Дај утре да ги победиме Русите, па у полуфинале да им покажеме на Германците како требаше да изгледа конечниот резултат.
Нека важи ова за сите кои шират негативна енергија!


бтв.. ова беше актуелниот СВЕТСКИ првак? :nesvest:


Утре против Русија ќе се избориме за следното коло.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Штета шо изгубивме...нас не пуштија од школо и се собравме на плоштад гледавме...да ти ебам судијата да ти ебам!
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Македонија - Германија = СРАМ за ЕХФ

Германската репрезентација со огромна помош на судиите успеа да ја совлада нашата селекција во рамките од четвртото коло од групата Ц на Светското првенство во ракомет за Мажи кое се одржува во Хрватска.​

Првиот дел од натпреварот беше во наша полза со дисциплинирана игра и со трпеливо градени напади ја решетевме германска мрежа каде пред се тука се издвојува Кире, нашиот капитен кој одлично не воведе во натпреварот. Со машка игра имавме доминација низ целиот прв период и за тоа крајниот епилог од првото полувреме беше 14-13 за нас.

Со стартот на вториот дел стартуваше и шоуто на судиите, исклучувања па двојни исклучувања за обични допири на противничките играчи, кои резултираа со гневни испади на нашата репрезентација, на чело со нашиот селектор Илија Темелковски, кој со право протестираше кај записничката маса, која не сакаше да реагира кон судиите, и оставаше континуирано да се судат необјасливи исклучувања, или седмерци.

Клучен момент 45-та минута, црвен картон за Кире Лазаров кои беше грубо фаулиран од 3 противнички играчи кои и по фаулот и свирежот од судиите сеуште го држеа нашиот капитен, во знак на револт и во обид да се одтргне од противничкиот играч, Кире, ги крева рацете при што го удри германскиот репрезентативец, но сосема на намерно и за ова тој добива директен црвен картон. Картон кој претставуваше кулминација на гневот како на македонските репрезентативци така и на македонските навивачи кои ги подреја нашите играчи низ целиот натпревар.

После овој момент не може да се искоментира паѓањето на играчкиот дух кај нашите играчи, и тоталната тишина од страна на македонските навивачи, кои разочарани со свирежи ја отпоздравуваа судиската тројка од Чешка. И самиот тој епилог донесе до резултат од 23:33 за репрезентацијата на Германија.

Сепак, нашата репрезентација заслужи позитивна критика за играта која ја покажа, на чело со нашиот Кире Лазаров, кој иако исклучен во 45.минута постигна 9 гола, од кои 8 во првото полувреме. Искра надеж ни останува натпреварот со Русија, кој доколку ни донесе 2 бода, односно доколку издвојуваме победа, би значело пласман во вториот круг од натпреварувањето.

Мое видување на натпреварот
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
ок. мое видување.
секоја чест за кире, но во моменти кога резултатот беше 1 разлика за германија капитенот не смее да си дозволи лакт. не го обвинувам, но сепак мислам дека можеше поинаку да реагира. ова го велам бидејќи после ударот несвесно се држеше за лакт, без да размисли дека со тоа само јасно става до знаење дека убаво го закачи швабата :) и после само неколку секудни се стрча да се извини.. но беше доцна. црвен картон добиен сосема заслужено

останатите играчи добија шанса да покажат дека и без кире можеме да постигнуваме голови, имав впечаток дека ќе бидат охрабрени од тоа, бидејќи секој поединчено превезема многу поголема одговорност кога главата на тимот ја нема. испадна обратно. зицери промашување како никогаш. играме добро ...ама кога бродот тоне никогаш не знаеме за спас. никогаш!!!

страшно лош ден за малиот лазаров, мојсовски.. а и ништо не очекував од нив, бидејќи онака неподвижни, ниски, и без шутер во тимот (со исклучок на кире) што може да се очекува од специјалисти за одбрана 6-0? чисти блокади имаа минимум 10. како на одбојка :)

грешките се неизбежни кај нас секој пат. замислете, во првиот дел на средина ние 10 грешки, германицте 2, а водиме со 3!? чудо. криво ми е зошто еднаш за секогаш не ги елиминраме тие недостатоци па наместо 3 разлика, поштено да водиме со 7-8.

одбраната ни беше слаба, не доволно агресивна и подвижна како со појлаците и.. тоа е тоа. без кире на крајот.. испуштивме супер шанса да си обезбедиме пласман уште денеска. вака утре со русија. не сакам да кобам ама дојде ли момент - да се биде или не - ... хм....ајде да преќутам :)

среќно утре! и како што рече кире, боље учество на наредното европско, него 6ти на светско.
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Германија треба да се засрами и да се чукнат во тоа главите дека не личат на актуелни светски шампиони.Ама затоа се име.И затоа се судиите за нив.Не е дека ние сме нај јаките нај слините и најдобрите дека промашивме мал милион шанси кои требаше да се реализираат сигурно мегутоа така не беше.Не знам што му беше на Мојсовски.Крај на крај сакам да им честитам на момците дека докажаа дека играат со срце за Македонија и беа достоен противник на актуелниот светски шампион, кој патем не ни заслужува да го носи тој епитет.Момци утре сме повторно со вас.Има надеж, Русија едвај го победила Алжир.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
148
Поени од реакции
3
ок,беше што беше .. да тепаме утре да не мислиме на денес веќе ова што беше .. битно сме таму,на местото на злосторството .. покажавме дека не бидува .. Македонија -русија утре 5 за нас..
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
385
Поени од реакции
16
Можеме некако да оди во другата фаза ?
 
S

SSS-Stolica

Гостин
http://www.sportnet.hr/Vijest.aspx?ID=371321
Гомна смрдливи швапски и ЕХФ, значи штом губат големите, ако треба ќе го уништиме и НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ на светското првенство до сега, само за тие да добијат а не една малечка Македонија!!!
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Срамови ке беа да тепавме или па да НИ ИЗВАДЕА нерешено. Затоа се тука судиите, само тие можеа да не сопрат :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom