Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Најбољи hairstyle ви е Bald (Болд) + шеширче ... :cool::ROFLMAO:
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.582
Поени од реакции
5.505
Da spodelam iskustvo, eve vekje mesec dena koristam samo Bioxsine shampon, kupen od apteka 320 denari(200-300gr sisulce), go koristam skoro sekoj den, i mozam da kazam deka znacajno mi se namale padot na kosata, porano ko ke ja fatev kosava na raka ke mi ostanea 3-4 vlakna sho sega toa ne e slucaj, samo zaprimetiv ako ne go koristam 3 do 4 dena, pak pocvit po nekoe vlakno da pagja, znachi ocigledno treba kontinuirano koristejne, @Psyside https://www.iherb.com/pr/Life-Extension-Two-Per-Day-Tablets-60-Tablets/71781 Planiram dopolnitelno da gi poracham i ovie, se nadevam na ushte podobar efekt.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Доколку се работи за наследна ќелавост т.е класична алопеција тогаш во тој случај и не остануваат многу опции на располагање.
Индустријата за производство на препарати кои се наменети за третман за наследна ќелавост тежи милијарди. Веројатно затоа и нив не му е баш од интерест да го пронајдат лекот за ќелавост. Ако се реши овој проблем еднаш засекогаш оваа индустрија ќе колабира. Слично е и со лекарствата за некои други болести.
Се настојува ќелавоста да се гледа како естетски проблем отколку како болест. И навистина, во денешно време кога луѓето се повеќе се ценат по физичкиот изглед звучи поразително кога некој се соочува со овој проблем, уште повеќе доколку се работи за млада личност знае многу негативно да се одрази врз самодовербата, што е разбирливо.
Многумина се обидуваат да го игнорираат овој проблем, што од срам, што од страв да не бидат осудувани од околината.

Кај третманот на алопеција или ќелавост постојат мал милион препарати кои тврдат дека го имаат решението но многу мал дел од нив се навистина ефикасни.
Доколку сакате да преземете нешто во врска со овој проблем клучно е тоа да го направите штом ги забележите првите симтоми на губење на косата.
Причините можат да варираат но сепак причина број еден останува наследната ќелавост. Доколку не сте сигурни пожелно е да посетите дерматолог и да ги направите неопходните испитувања.
Наследната ќелавост во суштина и не тешко да се утврди. Доколку вашиот татко, брат, дедо се соочуваат со овој проблем тогаш постои голема веројатност и вие да се соочите со истиот во даден момент од вашиот живот.
Некаде се споменува дека шансите за ќелавост експоненцијално се зголемуваат доколку машките членови на фамилијата од страна на вашата мајка страдаат од овој проблем.
Краен заклучок е дека алопецијата или ќелавоста е проблем кој во скоро 95% од случаите е генетски, односно наследен проблем.

Ќелавоста претставува голем проблем и во нашата држава скоро и да не постојат стручни лица кои ќе ве посоветуваат и ќе ви помогнат со третманот.

На почетокот за многумина најголем проблем претставува изборот на третман. Голем дел се обидуваат проблемот да го решат преку народната медицина, преку разни чаеви и намази. Резултатите во најголем дел се минимални и оние среќници кои изнашле решение на ваков начин, голема е веројатноста причините за ќелавост да немаат врска со наследната ќелавост туку се поврзани со некој друг вид на медицинска состојба.

Шампоните против ќелавост најчесто се првиот избор кои го прават најголемиот дел од луѓето кои се соочуваат со овој проблем. Меѓутоа искуството говори дека во најголем дел од третманите шампонот како средство во борбата против ќелавост сам по себе не е доволен.
Постојат различни степени на агресивност со која алопецијата го напаѓа коренот на влакното. Друг фактор е и во кој стадиум се наоѓа вашата алопеција, односно колкав степен од скалпот е зафатен и колкав е обемот на опаѓање. Затоа од круцијална важност е навременото откривање и третирање на алопецијата.
Шампоните против опаѓање најчесто се со делумна ефикасност и најдобро реагираат оние индивидуи кои се соочуваат со ниско ниво на агресивност на алопецијата и степенот на губење на косата е мал.
Сепак треба да се има на ум дека во даден момент ќе биде потребен и поагресивен пристап во борбата, внесување на нов третман, затоа што со текот на времето ќелавоста има прогресивна тенденција и станува се посериозна.
Затоа шампоните против опаѓање најчесто се користат како придружен елемент во борбата против ќелавоста, заедно со останатите препарати.
Во суштина нивната улога се сведува на одржување на чист и здрав скалп кој доведува до поголема ефикасност на другите третмани.

Друг третман најчесто застапен во борбата со ќелавоста се разните лосиони од кој најпознат е minoxidil кој доаѓа во различни јачини: 2% е претежно за жени, 5% најчесто е наменет за мажи. Исто така се јавува во посилни форми со поголема процентуална јачина но не сум сигурен до крај за нивната ефикасност и дали воопшто ги има кај нас.
Инаку minoxidil - от е еден од 3-те тестирани и одобрени третмани од страна на американската FDA, федералната асоцијација за лекови и е означен како еден од третманите за кои е потврдено дека се ефикасни во борбата против ќелавост.
Во САД е застапен под брендот Rogaine и доаѓа во раствор во вид на пена која се нанесува на скалпот и се остава неколку минути да се абсорбира. Најголем дел од препаратот може да се најде во течна форма. Негативна страна на ваквиот тип на раствор е што ја прави косата да изгледа мрсна и поради присуството на алкохол во препаратот истиот го суши скалпот и создава луштење, како првут. Миноксидилот во форма на пена наводно го решава овој проблем но затоа е и поскапа верзија на истиот. Кај нас миноксидил од брендот Rogaine не може да се најде во продажба. Мислам дека може да се нарача преку интернет и тоа Amazon и eBay, неколку паковања кои се доволни за неколку месеци. Едно паковање обично трае околу еден месец, се нанесува наутро и навечер еден час пред спиење околу 1ml на местата кои се зафатени.
Тестирањата кои биле направени во најголемиот дел биле направени на задниот дел од главата, во пределот на темето. За предниот дел не постојат податоци но голем дел од корисниците тврдат дека постигнале одреден степен на резултати во третирањето и на тој дел од скалпот.
Инаку minoxidil - от бил откриен сосема случајно. Се користел орално, како лек против висок крвен притисок кога кај некои пациенти се јавила зголемена влакнатост. Всушност и ден денес не е до крај откриено на кој начин лекот функционира и овозможува раст на косата. Се тврди дека истиот овозможува зголемен проток на крв во скалпот кој го храни коренот на влакното и овозможува раст на поцврсти и поздрави влакна.
Негативни ефекти: Кај овој третман не се откриени некои посериозни негативни ефекти. Пред да го користите пожелно е да се консултирате со лекар. Кај некои корисници се јавила зголемена влакнатост по целото тело. Други пријавиле нагло намалување на крвниот притисок. Некои пак тврдат дека препаратот ги прави да изгледаат уморно, со подочници и постаро, дека препаратот прави задршка на вода во нивното лице. Сепак овие тврдења се од мал број на корисници и се непотврдени.

Во Македонија minixidil -от може да се најде исклучиво во течна форма, во 2 и 5% јачина, во сите поголеми аптеки кај нас. Најчесто е застапен од брендот Pilfud на Bosnaljek. Неговата цена се движи околу 700 денари и доаѓа во паковање од 60 ml.

За останатите третмани ќе прокоментирам во некој друг пост подетално, засега мислам оти е повеќе од доволно. Голем дел од работиве се спомнати во други постови па мислам оти е добро да ги сумирам моите сознанија за овој деликатен проблем во неколку постови.
За оние што сакаат да дознат повеќе добро е да следат и странски форуми наменети исклучиво за овој проблем. Има доста добри совети.
Еден од поактивните е HairLossTalk. Можете да го изгуглате и да прочитате нешто.

Поздрав :)
 
Imam chueno za Minixidilot, i vistina pomaga, samo problemot e kaj nego sho treba da go koristish do krajot na zhivotot.
 
Точно! Заборавив тоа да го спомнам. Многу луѓе веднаш штом ќе започнат со некаков третман и ги забележат првите резултати брзо се откажуваат. Тоа е огромна грешка!
Алопецијата е прогресивна состојба, не запира. Влакната на главата кои се генетски предодредени на паднат порано или подоцна ќе паднат, уствари сигурно ќе паднат доколку прекинете со третманот. Целиот бенефит и напредок кој се го постигнале во текот на времето додека сте го користеле третманот против опаѓање на коса ќе исчезне.
Ова е многу важно! Засега не постои траен лек и трајно решение за третман на ќелавост.
Во најава се некои нови продукти за кои се тврди дека ќе бидат доста поефикасни од досегашните но сите тие сеуште се во тест период и се чека одобрување за производство, а целата процедура е скапа и долга.
Затоа доколку имате успех со некој третман држете се до него, не прекинувајте.

За жал истиот проблем е и со миноксидилот. По извесен период косата станува зависна од него, корисниците поминуваат низ константни периоди на опаѓање и повторно враќање на косата.
Се зависи од индивидуата која го користи, каков респондер ќе биде.
Некои реагираат на третманот одлично, имаат нов раст на коса и успеваат да ја задржат со години. Некои пак воопшто не реагираат. Доколку за 3 до 6 месеци не забележите резултати тогаш треба да пробате со некој друг третман. Во резултати спаѓа и доколку опаѓањето значително запре, иако нема нов раст на коса, т.е нови влакна и тоа е успех и тоа голем! А уште повеќе доколку сте започнале со третманот на почетокот кога прв пат сте забележале опаѓање на косата.

Исто така многу битно кај третманот со миноксидил е и што првиот месец кај повеќето корисници се регистрира зголемено опаѓање. Тоа се тие светли и тенки влакна кои и онака се предодредени да паднат.
Тука голем број на корисници се откажуваат уште на почетокот и тоа е грешка бидејќи на местото на паднатите влакна ќе започнат да растат нови и поцврсти.
Првите резултати се очекуваат после 3 месеци континуирана употреба.

Третманот сам по себе нема во целост да ви ја врати изгубената коса која што сте ја имале пред да настане опаѓањето. Затоа не очекувајте магични резултати и афро фризура. Како што напомнав, секој реагира различно на третманот.
Потребно е трпение со било кој третман, константно мониторирање на состојбата.
Косата не опаѓа преку ноќ, тоа е континуиран процес кој трае подолго време, битно е да преземете нешто пред да биде доцна.
Истото се однесува на третманите, потребно е време и доста посветеност за да се видат резултати.[DOUBLEPOST=1505858111][/DOUBLEPOST]
ne ste tokmu breee....da ima lek brus vilis bi imal kosaaaaaaa
Хехе, вистина! :D Ама пак на Брус Вилис му стои да биде ќелав, има добра тиква. Исто со Статам и сите други ќелавици. Кога си богат и славен братче женските че те гледаат ко да имаш афро фризура.
Ретки се тие кои имаат добра анатомска структура на главата за го мавнат бричот. Во тој случај подобро решение од тоа нема, верувај :D.

Макар што доста луѓе сакаат да ја имаат таа опција да мењаваат фризури. Кога имаш коса лесно можеш да транзитираш низ модните косечки стилови. Кога си ќелав имаш само еден стил, што ако ти здосади? :D

Затоа не се базирајте на славните, лесно е за нив. Тешко е за млад човек со фриз на католички свештеник и форма на глава како истишана топка :ROFLMAO:.

Не е лошо секој да проба, се што е безбедно, да не се оди до екстеми затоа што крај краева за коса се работи, не треба до толку да се очајува :)
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Imam chueno za Minixidilot, i vistina pomaga, samo problemot e kaj nego sho treba da go koristish do krajot na zhivotot.
Камо среќа Миноксидилот да има ефект цел живот, добро би било тогаш.
Неговото дејство просечно е околу 3/4 години, има случаеви кај кои има ефект и по 10 години, но се поретки. Подолго може да трае во комбинација со Финастерид, таа комбинација е одлична за задржување на косата долг временски период, но не и препорачлива заради честите негативни ефекти.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Доколку се работи за наследна ќелавост т.е класична алопеција тогаш во тој случај и не остануваат многу опции на располагање.
Индустријата за производство на препарати кои се наменети за третман за наследна ќелавост тежи милијарди. Веројатно затоа и нив не му е баш од интерест да го пронајдат лекот за ќелавост. Ако се реши овој проблем еднаш засекогаш оваа индустрија ќе колабира. Слично е и со лекарствата за некои други болести.
Се настојува ќелавоста да се гледа како естетски проблем отколку како болест. И навистина, во денешно време кога луѓето се повеќе се ценат по физичкиот изглед звучи поразително кога некој се соочува со овој проблем, уште повеќе доколку се работи за млада личност знае многу негативно да се одрази врз самодовербата, што е разбирливо.
Многумина се обидуваат да го игнорираат овој проблем, што од срам, што од страв да не бидат осудувани од околината.

Кај третманот на алопеција или ќелавост постојат мал милион препарати кои тврдат дека го имаат решението но многу мал дел од нив се навистина ефикасни.
Доколку сакате да преземете нешто во врска со овој проблем клучно е тоа да го направите штом ги забележите првите симтоми на губење на косата.
Причините можат да варираат но сепак причина број еден останува наследната ќелавост. Доколку не сте сигурни пожелно е да посетите дерматолог и да ги направите неопходните испитувања.
Наследната ќелавост во суштина и не тешко да се утврди. Доколку вашиот татко, брат, дедо се соочуваат со овој проблем тогаш постои голема веројатност и вие да се соочите со истиот во даден момент од вашиот живот.
Некаде се споменува дека шансите за ќелавост експоненцијално се зголемуваат доколку машките членови на фамилијата од страна на вашата мајка страдаат од овој проблем.
Краен заклучок е дека алопецијата или ќелавоста е проблем кој во скоро 95% од случаите е генетски, односно наследен проблем.

Ќелавоста претставува голем проблем и во нашата држава скоро и да не постојат стручни лица кои ќе ве посоветуваат и ќе ви помогнат со третманот.

На почетокот за многумина најголем проблем претставува изборот на третман. Голем дел се обидуваат проблемот да го решат преку народната медицина, преку разни чаеви и намази. Резултатите во најголем дел се минимални и оние среќници кои изнашле решение на ваков начин, голема е веројатноста причините за ќелавост да немаат врска со наследната ќелавост туку се поврзани со некој друг вид на медицинска состојба.

Шампоните против ќелавост најчесто се првиот избор кои го прават најголемиот дел од луѓето кои се соочуваат со овој проблем. Меѓутоа искуството говори дека во најголем дел од третманите шампонот како средство во борбата против ќелавост сам по себе не е доволен.
Постојат различни степени на агресивност со која алопецијата го напаѓа коренот на влакното. Друг фактор е и во кој стадиум се наоѓа вашата алопеција, односно колкав степен од скалпот е зафатен и колкав е обемот на опаѓање. Затоа од круцијална важност е навременото откривање и третирање на алопецијата.
Шампоните против опаѓање најчесто се со делумна ефикасност и најдобро реагираат оние индивидуи кои се соочуваат со ниско ниво на агресивност на алопецијата и степенот на губење на косата е мал.
Сепак треба да се има на ум дека во даден момент ќе биде потребен и поагресивен пристап во борбата, внесување на нов третман, затоа што со текот на времето ќелавоста има прогресивна тенденција и станува се посериозна.
Затоа шампоните против опаѓање најчесто се користат како придружен елемент во борбата против ќелавоста, заедно со останатите препарати.
Во суштина нивната улога се сведува на одржување на чист и здрав скалп кој доведува до поголема ефикасност на другите третмани.

Друг третман најчесто застапен во борбата со ќелавоста се разните лосиони од кој најпознат е minoxidil кој доаѓа во различни јачини: 2% е претежно за жени, 5% најчесто е наменет за мажи. Исто така се јавува во посилни форми со поголема процентуална јачина но не сум сигурен до крај за нивната ефикасност и дали воопшто ги има кај нас.
Инаку minoxidil - от е еден од 3-те тестирани и одобрени третмани од страна на американската FDA, федералната асоцијација за лекови и е означен како еден од третманите за кои е потврдено дека се ефикасни во борбата против ќелавост.
Во САД е застапен под брендот Rogaine и доаѓа во раствор во вид на пена која се нанесува на скалпот и се остава неколку минути да се абсорбира. Најголем дел од препаратот може да се најде во течна форма. Негативна страна на ваквиот тип на раствор е што ја прави косата да изгледа мрсна и поради присуството на алкохол во препаратот истиот го суши скалпот и создава луштење, како првут. Миноксидилот во форма на пена наводно го решава овој проблем но затоа е и поскапа верзија на истиот. Кај нас миноксидил од брендот Rogaine не може да се најде во продажба. Мислам дека може да се нарача преку интернет и тоа Amazon и eBay, неколку паковања кои се доволни за неколку месеци. Едно паковање обично трае околу еден месец, се нанесува наутро и навечер еден час пред спиење околу 1ml на местата кои се зафатени.
Тестирањата кои биле направени во најголемиот дел биле направени на задниот дел од главата, во пределот на темето. За предниот дел не постојат податоци но голем дел од корисниците тврдат дека постигнале одреден степен на резултати во третирањето и на тој дел од скалпот.
Инаку minoxidil - от бил откриен сосема случајно. Се користел орално, како лек против висок крвен притисок кога кај некои пациенти се јавила зголемена влакнатост. Всушност и ден денес не е до крај откриено на кој начин лекот функционира и овозможува раст на косата. Се тврди дека истиот овозможува зголемен проток на крв во скалпот кој го храни коренот на влакното и овозможува раст на поцврсти и поздрави влакна.
Негативни ефекти: Кај овој третман не се откриени некои посериозни негативни ефекти. Пред да го користите пожелно е да се консултирате со лекар. Кај некои корисници се јавила зголемена влакнатост по целото тело. Други пријавиле нагло намалување на крвниот притисок. Некои пак тврдат дека препаратот ги прави да изгледаат уморно, со подочници и постаро, дека препаратот прави задршка на вода во нивното лице. Сепак овие тврдења се од мал број на корисници и се непотврдени.

Во Македонија minixidil -от може да се најде исклучиво во течна форма, во 2 и 5% јачина, во сите поголеми аптеки кај нас. Најчесто е застапен од брендот Pilfud на Bosnaljek. Неговата цена се движи околу 700 денари и доаѓа во паковање од 60 ml.

За останатите третмани ќе прокоментирам во некој друг пост подетално, засега мислам оти е повеќе од доволно. Голем дел од работиве се спомнати во други постови па мислам оти е добро да ги сумирам моите сознанија за овој деликатен проблем во неколку постови.
За оние што сакаат да дознат повеќе добро е да следат и странски форуми наменети исклучиво за овој проблем. Има доста добри совети.
Еден од поактивните е HairLossTalk. Можете да го изгуглате и да прочитате нешто.

Поздрав :)
Браво се на место.[DOUBLEPOST=1505868603][/DOUBLEPOST]

Браво се на место.[DOUBLEPOST=1505868810][/DOUBLEPOST]

@Joe Dalton
1. Здрава исхрана
2. Здрав живот, не алхохол, не цигари итн
3. Физичка активност, кардио
4. Редовно спиење..
5. Не стрес
6. Анти оксиданси
7. Миноксидил
8. Витамин Б, меланин, сонце..
9. Капсицин во исхрана, може и локално
10. Семки од тиква, масло..
11. Чај зелен..
12. Дневна масажа на темето
13. Четкање, Чешлање..
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ќелавоста претставува голем проблем и во нашата држава скоро и да не постојат стручни лица кои ќе ве посоветуваат и ќе ви помогнат со третманот.
Ова убаво си го напишал. Дури и тие кои си ја лепат етикетата стручни трихолози се доста далеку од стручни и професионални.

Иначе низ се што поминав за косава/ќелавоста, сфатив дека единственото решение е трансплантација на коса.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Да се надоврзам на мојот предходен пост како што ветив. Знам дека повеќето од работите се спомнати во некои предходни постови од други корисници но сепак можеби некој ќе најде време да прочита нешто и од моите сознанија и се надевам дека ќе бидат од корист.
За оние кои се повеќе запознати со проблематиката ќе ги замолам да ги споделат затоа што и јас сум заинтересиран.
Доколку испуштам нешто или пак податоците не се точни, не се согласувате со напишаното, слободно може да ме корегирате.

Инаку, моментално најпопуларната комбинација од препарати за третирање на наследна ќелавост или доколку сакате преку стручниот назив androgenic alopecia, во англиската терминологија се користи уште и називот male pattern baldness е таканаречената "голема тројка" или "Big three".
Истата се состои од три препарати за третман на наследна ќелавост кај мажи. За првиот подетално пишував во предходните неколку постови, тоа е minoxidil растворот кој доаѓа во форма на пена или спреј и е за надворешна употреба. Се нанесува по областа која е зафатена од ќелавост т.е пределот на скалпот на главата.
Повеќе детали можете да прочитате во предходните постови.

Останатите два препарати кои се користат во третманот против ќелавост се:

  1. Ketoconazole шампонот и;
  2. Propecia
За почеток ќе обрнам повеќе внимани на Кетоконазол шампонот и неговите својства онолку колку што сум запознаен.
Тој е дел од т.н Голема тројка, кои се сметаат за едни од најефикасните третмани во борбата против машката наследна ќелавост, заедно со миноксидилот и Пропецијата.
Во суштина сите овие три третмани се надополнуваат еден со друг и заедно ги засилуваат нивните својства кои водат до максимални резултати.
Minoxidil - от спаѓа во групата на стимулатори на раст. Тој не го решава проблемот директно во изворот, значи не се меша никако со вашите гени и хормони туку делува локално, на површината на главата и многу мал дел може да стигне низ крвотокот, посебно доколку се употребува во поголеми количини од препорачаните.

Кетоконазол шампонот или во САД уште познат под брендот Nizoral е всушност медицински шампон кои се користи во борбата против кожните заболувања на кожата на главата, како што се себореата или првутот, габични инфекции и.т.н.
Како повеќето третмани и тој бил откриен сосема случајно, кога кај корисниците се јавил зголемен раст на коса. Биле спроведени експерименти и било утврдено дека препаратот кај некои пациенти има одреден степен на ефикасност во борбата против ќелавост. Од тогаш шампонот се користи како неизбежен дел од третманот против ќелавост кај милиони пациенти ширум светот.
Истиот може да се најде во две форми на јачина. 1% и 2% раствор. Се препорачува да се користи 1% раствор бидејќи сепак се работи за медицински шампон и се избегнува долготрајната употреба заради некои несакани ефекти.
Во САД 1% раствор се продава како шампон и лесно може да се набави. Инаку како што напоменав се продава под брендот Nizoral кој кај нас не може да се најде. За 2% раствор од шампонот кај нив е потребен рецепт од доктор и не може да се набави во слободна употреба.
Кај нас кетоконазолот може да се најде како медицински шампон за борба против првут во повеќето аптеки и тоа посилната верзија, 2% раствор.
Неговата цена се движи некаде околу 230-240 денари за шишенце од 100 ml од брендот Кетоконазол на Алкалоид, во црвено-бело пакување.
Пред употребата да се прочита упатството. Повеќето корисници шампонот го користат 2-3 пати неделно. Не е препорачливо да се користи повеќе пати и во поголеми количини. Доволно е едно измивање на косата со него на секои 2 до 3 дена. Го оставате да отстои во времетрање од едно туширање, за да му дадете време на производот да се апсорбира после тоа темелно се измива. Треба да се внимава да не се нанесува преголема количина. Шампонот на алкалоид има црвена боја и нема некој лош мирис.

Имено, се смета дека Кетоконазол шампонот по неговите својства и јачина е еквивалентен на Minoxidil од 2%. Во основа се користи како надополнување во третманот со Миноксидил препаратот. Миноксидилот ја замастува косата и скалпот, создава првут а во некои случаеви може да дојде до црвенило и зголемено чешање. Затоа Кетоконазол шампонот помага во одржувањето на чист скалп и го зајакнува дејството на Миноксидилот, му овозможува полесно да пенетрира во кожата на главата.
После искористувањето на првото шишенце од Кетоконазол шампонот пожелно е да се направи мала пауза од неколку недели пред повторно да се почне со користење.

Кетоконазолот спаѓа во групата на андрогени блокатори кои дејствуваат топикално, или само на одреден регион, во случајот на скалпот и ги блокира процесите кои се одвиваат во коренот на влакното, кога хормонот DHT Dihydrotestosterone преку процесите кои се одвиваат во коренот на влакното се формира преку хемиска реакција на хормонот тестостерон со ензимот 5-alpha-reductase (5-AR) и тестостеронот се разградува и се формира во многу повеќе потентниот андроген хормон, DHT.
Значи сето ова претставува хемиска реакција која се одвива во нашето тело и е поврзана исклучиво со наследни фактори. Всушност ова е "грешка" која се случува во организмот на оние кои страдаат од наследна ќелавост. Хормонот кој се формира при ваквата хемиска реакција ги препознава фоликулите во коренот на нашата коса како туѓи тела и ги напаѓа, всушност ги "убива" оние влакна кои се генетски предиспонирани, ги уништува фоликулите во коренот на косата кои се одговорни за да генерираат силна и здрава коса. Напротив, во тој случај фоликулите ќе генерираат се потенки и послаби влакна со секој циклус на опаѓање и раст на нови влакна низ кои сезонски поминува секое влакно низ неговиот животен циклус, се до оној момент кога фоликулите комплетно ќе изумрат и нема да бидат способни за создавање на нови влакна, тогаш е крајот.

Кетоконазолот се верува дека функционира на начин на кој до одреден степен, локално, во коренот на влакното ги запира овие хемиски процеси. Затоа и спаѓа во групата на андрогени блокатори. Додека пак миноксидилот генерира и поттикнува нов раст во коренот на влакното на начин на кој доведува до зголемен проток на крв која ги шири фоликулите и носи со себе повеќе хранливи материи неопходни за раст на нова и здрава коса.

Затоа пушењето понекогаш често се поврзува со губењето на косата. Чадот од цигарите кои го вдишуваме доведува до намалена циркулација и проток на крв низ целото тело, со тоа и во скалпот и коренот на влакното не стигнува доволно крв и хранливи материи неопходни за раст на здрава и убава коса. Пушењето можеби не е директно одговорно за губењето на косата но кога се соочувате со овој проблем може да служи и како забрзувач во опаѓањето.

За наредните третмани во нареден пост ;)
 
Не гледам некои резултати од Кетоконазол. Напротив имам чувство дека има контра ефект и дека е многу силен, како да ги гори.
Плус не полагам многу надеж во шампон - што може да смени течност што ја ставаш 5 минути на глава пред да ја измиеш? Еднаш неделно. Исто се сомневам во составот на нашиве производители..

Еден друг природен и здрав "шампон" е миење на коса со разреден со вода, органски јаболков оцет, е од тоа мислам дека има некој позитивен ефект, а и не е воопшто агресивен на косата и природните масла во неа, додека работи против себумот. Плус ги нема сите гомца што ги редат во шампоните парфеми, сапонификатори, филери, бои...

Повремено ја мијам со силен чај од коприва.
Исто кој како може многу добро е повремено да се прави маска од пасиран свеж кромид, да постои. Поради еден куп хранливи состојки и сулфурот. И од тоа гледам дека има супер ефект, али малку е незгодно за употреба..
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom