Роса Плавева

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
препис...од Сузана Јовановска
(интересна сторија, и сигурно нема тема за ова отворено)
Rosa I Nakie,skopskite Roza Luksemburg i Klara Cetkin

Кои биле Роса и Накие?

Роса Плавева била напредна активистка, солцијалистка. Во нејзината куќа постојано се случувале собири на кои се активирало прашањето за симнување на фереџето кај муслиманските жени и нивно одбулувањето. На еден од собирите присуствува и Турчинката Накие Бајрам, жената на Ферит учителот. Овој настан се случува речиси во исто време со одржувањето на Првата меѓународна конференција на социјалистките во 1907 во Штутгард. Кои биле Роса и Накие?
„Јунак Роса” или „Дели Роса” како што ја нарекувле Турците, живеела повеќе од еден век. Последните генерации ја паметат како енергична сува старица која во својот говор била луцидна, духовита и брза. Секогаш облечена во бела машка кошула, црвена вратоврска и темносин костим, со Илинденска споменица на реверот, таа била постојано во движење и љубопитна за нови сознанија.
На собирот во нејзината куќа биле присутни околу 50 жени на офицери во османлиската војска. Тие се подготвувале, на денот на отпочнувањето на Младотурската револуција, јавно да излезат и да бараат право на одбулување на мулсиманската жена. За таа прилика подготвиле и знамиња со слоганот: "Доста веќе црнила на очите, треба да живееме како и сите други жени на светот". За жал градските власти, дознаваат за собирот. Роса Плавева е уапсена и мачена. Јавното излегување на жените сепак се случува но без успех. Многу од жените кои се појавиле немале храброст целосно да се одбулат.
Од разговорот со внукот на Накие Бајрам, Газанфер, уметничката Иваноска дознава дека таа потекнува од едуцирано семејство каде што женската страна се истакнува со решителност и храброст. Строга но правична, таа се обидувала да не ги повреди сите морални кодекси на однесување, оние запишани во Куранот и оние наметнати од средината.
Накие Бајрам е вклучена во процесот на одбулување од 1947 година. Била вклучена и во аналфабетските курсеви за описменување на муслиманската жена.
Во книгата на Вера Весковиќ - Вангели "Жената во вителот на антагонизмот на традицијата" објавена во 1999, Иваноска дознава дека законот за забрана носење зар и фереџе е донесен на 12 јануари 1951 година. Со овој закон требало да се забрза процесот на еманципација на муслиманската жена во социјалистичка Македонија. Според пишувањата на оваа историчарка, муслиманската популација овој закон го сфати како насилнички акт против семејниот и личниот интегритет на муслиманската жена. Таа тоа го доживува како фрустрација и се повлекува. Аналфабетските курсеви доживуваат фијаско, а зарот и фереџето се заменети со мантил и шамија.
Уметничката Иваноска, на крајот на своето истражување дознала дека неисполнета желба на Роса Плавева била една аптека во Скопје да го носи нејзиното име. Причината за тоа е што во далечната 1920 година таа се залагала за отворање на бесплатна аптека и се изборила работниците два пати неделно да добиваат бесплатен преглед, во што и успеала.
Во текот на својот живот Плавева имала можност да се запознае и соработува со едни од најзначајните личности на ХХ век, Роза Луксембург и Мустафа Кемал Ататурк.
Меѓу останатите социјалисти Роса Плавева била нарекувана и Роза Луксембург ИИ. Во 1919 година, водачот на Независната социјалистичка партија на Германија заедно со нејзиниот соработник, Карл Либкнехт, се заробени, мачени и убиени во затвор во Германија. Луксембург, во едно од нејзините последни писма напишано на руски јазик, лично и го дава ова име на Плавева. Според нејзините сеќавања, контактот со Роза Луксембург е воспоставен после 1917 година. Кога таа заедно со нејзиниот соработник е уапсена од тогашните германски власти, Роса Плавева заедно со нејзиниот сопруг, социјалистот Илија Плавев, почнуваат да собираат и испраќаат потписи за нејзиното ослободување.
Роса, која одлично зборувала Турски, во почетокот на ХХ век, два месеца го криеле во својата куќа во Скопје основачот на Турската Република и нејзиниот прв претседател, Мустафа Кемал Ататурк. Оваа случка од својот живот Ататурк ја запишал и во својот личен дневник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom