Рокери с Мораву

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
22.jpg

Основана: 1977 година
Жанр: Фолк (народна)
Активен период: 1977 - 2007
Продуцентски куќи: Југотон, Београд Диск
Ангажман: Славујка, ББ Шоу
Членови: Борис Бизетиќ, Звонко Миленковиќ, Бранислав Анѓеловиќ, Бранко Јанковиќ

Рокери с Мораву биле југословенски музички состав од четири членови, кои изведувале хумористични песни од народен карактер. Групата е основана 1977 година и била активна се до 1991 година. Во 2007 година групата е повторно обновена, но не за долго. Во 2008 година по смртта на еден од членовите на бендот (Звонко Миленковиќ), Рокери с Мораву дефинитивно престануваат со работа.

На сцена се појавувале во шумадијски народни капи, шајкачи, а јавноста ги познавала по нивните псевдоними.
Борис Бизетиќ бил познат како Вељко Б. Ужичанин - Боца, Бранко Јанковиќ како Јанкула, Звонко Миленковиќ како Сисоје, а Бранислав Анѓеловиќ се претставувал како Ќора.
Рокери с Мораву забележале преку 2000 настапи, а особена популарност имале во Југославија.
Со своите оригинални текстови, аранжмани и начинот на кои истите ги изведуваат стекнале култна популарност која никој не успеал да ја достигне. Едноставно создале свој жанр во музиката во кој биле единствени и недопирливи.

Рокери с Мораву, на музичката сцена се појавиле во 1977 година со синглот "Стојадинка овце шиша". Публиката реагирала одлично, за до тогаш непознат жанр. Дебитантскиот сингл се продава во голем тираж и станува апсолутен хит, што преставувала влез за врвот на музичката сцена кое Рокери с Мораву без проблем го сочувале.
Во првиот период од кариерата (од основањето, па се до крајот на 1982 година), албумите на Рокери с Мораву биле вистински хитови, слушани кај најшироката публика од сите старосни групи. Групата имале почитувачи и од оние кои слушале фолк музика, а и од оние кои биле љубители на рок музиката.

После смртта на Бранко Јанковиќ - Јанкула, групата престанува да настапува како квартет, па продолжуваат како трио. Со тоа почнува вториот дел од нивната кариера кој траел од 1983 година па се до средината на 1988 година.
Во текот на другиот дел од нивната кариера, групата сигурно чекорела по веќе изградените патеки на успехот, потврдувајќи ја својата популарност. Албумите од тој период по квалитетот малку заостанувале од оние од првата фаза на нивната кариера, но сепак тоа не влијаело на нивните тиражи и концертната активност.

Во средината на 1988 година, своеволно групата ја напушта Бранислав Анѓеловиќ, па групата продолжува со работа како дует. Со ова почнала третата етапа на нивната кариера.
После големите успеси Рокери с Мораву имале мал креативен пад кон крајот на 80тите. Се почувствувал замор во работата, така што лидерот на групата, Борис Бизетиќ одлучил да се повлечат од сцената.

Рокери с Мораву престанале со работа во 1991 година.

После 16 години пауза, Рокери с Мораву во почетокот на 2007 година издаваат албум под назив "Пројекат". Во песните се обработуваат актуелните проблеми како што се СМС, силикони, спортски обложувалници и слично. Групата била истата како и онаа кога престанале со работа во 1991 година (Борис Бизетиќ и Звонко Миленковиќ). Автор на сите песни бил Борис Бизетиќ, но сега под псевдонимот Стојко. Албумот предизвикал внимание кај публиката, како и радост кај фановите поради враќањето на нивната омилена група на сцена. Но за жал, смртта на Звонко Миленковиќ во 2008 година и дефинитивно значела крај за Рокери с Мораву.

- Албуми
Стојадинка овце шиша 1978.
Дрма, дрма пловак 1979.
Кркензи кикирики евери деј 1980.
Кес, кесе 1981.
Ја Тарзан, а ти Џејн 1982.
Кобац јури мале 'тице 1983.
Поморавац 1984.
Династија 1984.
Цицо, вештицо 1985.
Међународни пољопривредни ансамбл 1986.
Рокери с Мораву певу у глас 1987.
Рокери с Мораву певу по кућама 1987.
Југословенска плоча 1988.
Тајна вечера 1989.
Помози боже 1990.
Србија се умирит не може 1990.
Нинџа корњаче 1991.
Пројекат 2007.

- Компилации

Хитсови 1979
Највери бест 1982
Сабрана недела 2005
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Јас само овие две песни им ги имам слушано пред долго време. Ама првиот пат кога ги слушнав :pos:
Доволно е само насловите да ги прочиташ :D
Bol Boluje Zikina Kobila
Stojadinka Ovce Sisa
Udao Sam Tastu U Bajinu Bastu
Sajkaca Mi Preko Oci Pala
Ladne Sarme Na Plitkom Tanjiru
Zika Kisobranac
Brisem Suze S Rolnu Toalet Papira
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Море добро му текна. Ставај уште , супер се.
Камо почесто да отварате теми за овие групи од 70 години (ама и од 60,тите.)
-------
Мислам дека Борис Бизетиќ прво пееше забавно како пеач сам не во група.
Ако најдеш нешто од тоа пушти,имаше некоја популарна песна да се потсетам.
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Море добро му текна. Ставај уште , супер се.
Камо почесто да отварате теми за овие групи од 70 години (ама и од 60,тите.)
-------
Мислам дека Борис Бизетиќ прво пееше забавно како пеач сам не во група.
Ако најдеш нешто од тоа пушти,имаше некоја популарна песна да се потсетам.

Инаку Борис Бизетиќ компонирал музика и пишувал текстови за 40тина поп пејачи од поранешна Југославија. Компонирал и филмска музика. Во неколку филмови се има појавено и како актер. Бил автор и водител на неколку ТВ и радио емисии. Објавил 5 книги со поезија, пишувал и колкумни за неколку весници...


Сите членови од групата биле големи уметници кои добро ја познавале и поп, рок, блуз, џез музиката...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Во денешно време многу глупо ми звучат и изгледаат ама како детиште сум ги слушал и им ги имам купувано нивните лп плочи а уште ги чувам некаде во некој подрум ама за жал немам на што да ги слушам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.341
Поени од реакции
29.807
Фала. Многу фала, што ми ги обнови ноќните мори. :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom