Роди ме мајко во Швајцарија!

Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
1.Norveska
2.Danska
3.Svajcarija
4.Avstralija
5.Svedska

20. USA

149. Makedonija
posledno D.R. Kongo
 
Член од
11 февруари 2013
Мислења
156
Поени од реакции
241
Убава земја, културен народ, едино дијалектот не им го можам, мислам на тие што се од германско говорно подрачје. Иако солидно го разбирам и ''говорам'' германскиот јазик, швајцарскиот германски ми e ептен неразбирлив, а и германци ми го потврдиле ова. :))
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Чичко ми Атанас или Тане Смокот како шо го викаа в мала на времето бил сиромав чоек. И го испуштиле од работа некоја дубара напрал па преку биро пред триес години во Швицарска му средиле да ој. Работел во некоја си фарбика за шо ти ја знам шо нешто со железа. И после некое време работа за мала пара вика му текнало дека прос и наивен народ живеј таму. Германски не знаел ни збор. Видел прилика и со уште двајца бараби од брачава срби му влегле на никелот во магацините. Вика 2 години им требаа да не фатат мамата му плакавме на никелот. И некој други бизниси мутел, ама ова му е главно. Му дале некоја казна, ама ништо не било то во споредба со то тој шо праел. По протерувањето некаде во девеести години си се врати назад со порше одма крена куќа на 3 спрата на најуба локација, донесе жена Београџанка и отвори кафана. Кафанава вика колку за занимација му е, инаку уште леб јајт од никелот.

И сега шо е за тебе напредок. Тане Смокот напредна од сиромаштија во газда се издигна. Имаш и офци демек нешто образовани ово оно шо се асимилирет па Гутен таг Данке се то знает ама се никој и ништо и после долги години. И пензија ќе им дадат како захвала.

Треби кликер то сакам да кажам.
и после се чудиме зошто сакаат да ни ги вратат визите? ова не било од сега,ова изгледа е ментална карактеристика на балканците, да се крадело и покрај тоа што имаш добра плата.
бтв,тука на работа имаме 3ца колеги германци од кои едниот ми беше во тим. работиме 12 саати во смена. еднаш се заборавивме на дожд и ветер,едвај завршивме задачата,влагаме да се стоплиме и за 5 минути германецов вика:одиме на следната задача. јас се бунев и португалците(јужњаците) германецов и холанѓаните продолжија со работа,а не не исцинкаа на супервизорот.
нашиов менталитет(тука спаѓаат и грци,италјанци,шпанци и португалци) со северно-европскиот менталитет се незамисливо и неспоредливо различни.
јужна европа-лежи лебу да те јадам,и да се направи некоја `комбинација`
северна европа-се знае што треба да се направи и се завршува и не се пишува роман за тоа.
значи Тане битно се снашол да се врати во родното село како газда,а тоа што оставил legacy за многу Македонци после него што неможе да го опраат,тоа никому ништо.
од главата си патиме.
--- надополнето: Dec 16, 2013 5:12 AM ---
Лошо размислување. Јазикот можеби е важен, но не секогаш. Тие што во 40 години научиле 100 збора (а некои само 10) не значи дека не се вклопиле. Едноставно немало потреба да го научат јазикот. На работа не им требел јазикот во работата, заработувале сосема ок сума, во слободно време си пиеле ракија со своите и немало никаква потреба да учат јазик. Тоа е губење време и пари во тој случај.
И што значи некој да е вклопен и да не е вклопен или снајден според тебе?

Инаку се согласувам со тебе во делот за преквалификација. Во тој случај некое основно познавање на јазикот е корисно.
истово сеа примени го за албанците во јавна администрација кога ги пцуеш дека не знаат македонски јазик. речи дека не значи дека не се вклопиле само поради тривијалниот факт дека не знаат македонски.
едно збори,друго прави.
ова ме потсетува на отпорот на таксистите да научат странски јазик,како во око да им брцаш.крајно неразумно однесување.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Роди ме мајко во Швајцарија, за да си работам од ноќ до ноќ (стани си утро порано дојди си вечер подноцна)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom