Решение за спорот со името (правно зацементирано)

Член од
24 март 2009
Мислења
17
Поени од реакции
6
Моево правно средство, што детално го образложив е најсоодветно за оваа ситуација и во висок процент ја респектира реалноста. Тужбата за ништавност не е ни храбро, ни кукавичко дејствие. Тоа е средство со кое што се отстрануваат од правниот промет правни дела што не смеат да постојат, што значи дека ова дејствие е во интерес на НАТО и ЕУ. Ако е во интерес, тогаш не може да биде сфатен како непријателски акт. Грција, се разбира, ќе го доживее како непријателски акт, бидејќи со прогласување на Привремената спогодба за ништавна, Грција ги губи сите придобивки од неа. Македонија не мора да преговара за името. Македонија врз основа на поволна пресуда на Меѓународниот суд на правдата мора да биде примена под името Република Македонија. Македонија може да ги врати во Уставот нормите за грижа за своето малцинство надвор од Македонија. Македонија може да си го врати старото знаме.

Автор: Марјан Попески
Пресудата на Меѓународниот суд на правда ќе биде како светилник | Марјан Попески
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Мое гледиште за изходот од тужбата во Хаг - дел од митовите околу името

Мит 3

"ГРЦИЈА НЕ СТАВИ ВЕТО ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, ТУКУ САМО ГЛАСАШЕ ПРОТИВ ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ТУЖБАТА ВО ХАГ НЕМА ДА ЈА ДОБИЕМЕ"

Грчки претставници неколкупати најавуваа вето пред Букурешт, а после Букурешт и експлицитно кажаа дека Грција ставила вето. Сега како одбрана за тужбата во Хаг велат дека воопшто не ставиле вето туку дека само гласале против. Но дури и ако прифатиме дека Грција не ставила вето, во времената спогодба која е потпишана од Македонија и Грција никаде не стои дека Грција се обврзува да не става вето, туку стои дека Грција не треба да го попречува зачленувањето на Македонија во меѓународни организации! Еве извадок од времената спогодба во врска со тоа.

1. Upon entry into force of this Interim Accord, The Party of the First Part agrees not to object to the application by or the membership of the Party of the Second Part in international, multilateral and regional organizations and institutions of which the Party of the First Part is a member;​
Според ова Грција ја прекршува времената спогодба не само ако ставила вето туку ако на било кој начин не попречила (гласала против) да се зачлениме во меѓународна организација!
 
Член од
24 март 2009
Мислења
17
Поени од реакции
6
Eddie малку ги измеша брзините ама мислам ќе се врати кога ќе го прочита фељтонот.
Г-дин Попески докажува НИШТАВНОСТ на привремената спогодба. Од што следи дека која било тековна постапка (тужба) која е базирана на спопгодбата е ИРЕЛЕВАНТНА.
Дообјаснување: со утврдување на спогодбата за ништавна, преку тужбата на Попески (а не онаа која е веќе поднесена), Македонија веќе слободна на себе ќе се претставува како со името, така и со старото знаме!
 

spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
C C C C

--- надополнето ---

Abe sramota e za imeto da se otvaraat prasanja be alooo !!! Nema nikakvi diskusii za imeto ! Znaete li deka to e svetost isto kolku i familija !
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
55
Поени од реакции
0
Бидејќи билатералниот спор на Р.Македонија со Р. Грција перманентно го оптоварува секојдневието и активно придонесува во назадувањето на нашата земја, а по повод ближењето на 8 ми Септември – денот на нашата независност, би сакал да дадам еден осврт,по мое видување, на целиот случај и можеби да дадам некаков придонес за побрзо разрешување на овој спор.
Ретроспектива
По крвавиот распад на поранешната СФРЈ, сите нејзини федеративни членки продолжија да постојат како независни единки односно прогласувајќи независност постанаа независни држави, кои една по една беа признаванаи од Обединетите Нации. Македонија како дел од таа Федеративна заедница исто како и другите членки на 8 Септамври 1991 год. со референдумско изјаснување прогласи независност и со тоа ги раскина врските со СФРЈ и постана самостојна држава. Како нова држава Македонија сега според новиот Устав - Република Македонија како нова суверена демократска држава, претседателот на Републиката со писмо датирано на 30 Јули 1992 год, од Генералниот Секретар побара членство во ОН.
На 22 Јануари 1993 според процедуралното правило 135 на Главното Собрание, Генералниот секретар го испраќа писмото апликација до сите членки на ОН кое е од чисто информативен карактер,како и според правилото 59 за постапување на Советот на Безбедност се одража информативна седница по барање на Генералниот Секретар на ОН во врска со подобноста на Р Македонија за членство во ОН.
На 25 Јануари 1993 Министерот за надворешни работи на Р Грција со писмо до Генералниот Секретар изјавувајќи силно негодување во врска со Македонската апликација, нагласувајќи дека мора да има претходен договор заради стабилноста и добрососедските односи во регионот.
Тука се појавува и проблемот за Македонија, имено иако како земја кандидат,според Советот за Безбедност а со тоа се согласува и Р Грција, ги исполнува сите услови од Повелбата на ОН односно од чл.4 ст.1 во кој е пропишано земјата кандидат треба: да биде мирољубива држава, ги прифаќа обврските кои произлегуваат од Повелбата и да поседува капацитет и волја да ги исполнува прифатените обврски, од страна на Советот за безбедност кој според ст2. од истиот член 4 мора да даде препорака до генералното собрание на ОН дали една земја ги исполнува горенаведените услови или не е направен, според мене, преседан со тоа што на Р.Македонија дополнително и се наложени услови односно замена на името со референца и упатување на разговори под покровителство на ОН за разрешување на разликите околу името.
Плашејќи се за својата безбедност и (претпоставувам) мислеќи дека брзо ќе го разреши овој сега веќе 15 годишен билатерален спор – Р Македонија се согласува на дополнителните услови и потпишува договор со Р.Грција во кој се обврзува дека ќе разговара околу проблемот со името и ќе одржува добрососедски односи а Р. Грција се обврзува дека нема да го попречува интегрирањето на Македонија во евро – атланските структури и во други меѓународни организации.
Правен парадокс?
Дали Р.Македонија ги исполнува условите за членство во ОН односно дали е мирољубива земја? Ако претставува закана за територијалниот интегритет односно има територијални претензии кон Р Грција (како што тврди таа) тогаш таа не е мирољубива држава и неможе да ги исполнува условите за членство во ОН во смисла на чл.4 ст.1 од Повелбата на ОН.
Грција која како членка на ОН е повикана да се изјасни со гласање на Генералното Собрание,НАМА ПРАВО, да поставува дополнителни услови односно да го условува своето гласање со дополнителни услови за прием на нови членки. Доколку има забелешки таа треба својот случај да го изнесе пред Советот за Безбедност и таму да побара да биде заштитен нејзиниот интегритет. А тоа, доколку се утврди дека е така, би резултирало со одбивање на кандидатурата за членство на Македонија и никако поинаку, затоа што или ги исполнуваш условите за членство или не.
Втората работа е што Советот за Безбедност прифајќајќи ги забелешките на Грција фактички и го прави преседанот наметнувајќи и на Македонија привремена референца и наложувајќи и разговори со Грција во врска со името. Односно со резулуцијата бр.817 на Советот за Безбедост и со резолуцијата бр.47/225 на Генералното Собрание на Р Македонија и се ускратува правото на самоопределување кое е содржано во Повелбата на ОН во чл.1 ст.2, како и правото на членство како рамноправен член во ОН како што е пропишано во чл.4. Уште повеќе што Меѓународниот суд на правдата веќе се има негативно изјаснето во своето советодавно мислење во врска со членот 4 и со наметнувањето на дополнителните услови за членство во ОН (1948 I.C.J. 57).
Што требаше да сториме тогаш?
Иако Македонија испрати протесно писмо, мое мислење е дека кога увиде дека ќе треба да води правна битка за членство во ОН, требаше да бара да присуствува на 3196 тиот состанок на Советот за Безбедност одржан на 7 Април 1993 кога се разгледуваше нејзината апликација и кога се донесе резолуцијата бр.817, според чл.32 од Повелбата има право на учество во седницата на советот кога се расправа за прашања во кои е инволвирана но нема право на глас при одлучувањето, таму таа да го изнесе својот случај и фактите кои идат во нејзина корист а кои по мое мислење се извртени и необјективно прикажани од страна на Грција. Исто така можеше да побара преку земја пријател членка на советот, Советот за Безбедност да формира комисија за утврдување на фактите, затоа што со чл.29 од Повелбата на ОН Советот за Безбедност има ингеренции да формира тела кои ќе му овозможат да ги извршува своите функции по темелно и по праведно.
Доколку Македонија активно преземаше правни мерки со цел да биде примена во ОН под своето уставно име, политичките притисоци не ќе имаа толкаво влијание и по мое мислење немаше да дојде до срамните резолуции со кои Генералното Собрание и Советот за Безбедност не замрзнаа во времето.
Што треба да сториме сега?
По мое мислење битката за нашето уставно име треба да се води во Генералното Собрание на ОН и во Советот за Безбедност, затоа што таму и настана нашата голгота. Македонија како членка на ОН треба да се обрати до Советот за Безбедност и да бара носење на нова резолуција во која Советот ќе му препорача на Генералното собрание да ја признае Р. Македонија под нејзиното уставно име. Овој пат, да бара да учествува на расправата на Советот и да ги изнесе своите факти:
-Република Македонија да бара толкување од Меѓународниот суд на Правдата на резолуцијата бр.817 на Советот за Безбедност односно нејзината спротивност со чл.4 а во врска со веќе искажаното советодавно мислење на судот со истоимениот член (1948 I.C.J. 57). Добиеното мислење да го изнесе пред Советот за Безбедност при ОН и со тоа да докаже дека донесената резолуција не е во согласност со Повелбата на ОН.
-резолуцијата бр.817 е во спротивност со чл.1 ст.2 од Повелбата на ОН, односно на принципот за правото на самоопределување
-резолуцијата бр.817 има обратен ефект, односно наместо приближување на ставовите, таа направи уште поголем раздор и недоверба помеѓу двете земји.
-резолуцијата бр.817 е извор на нестабилност како за земјата, така и за регионот пошироко и активно допринесува за уназадување на демократските и економските можности и капацитети.
Заклучок
За да не се биде во заблуда. Правдата секогаш не се извојува само со правни средства, иако правдата е на страната на Македонија и со правно релевантни факти таа може да го докаже тоа, политичките и економските интереси на помоќните повеќето пати преминуваат преку Меѓународното право за да остварат свои политички или економски цели. Р Грција ја искористи својата позиција за да ја натера неискусната Македонија да потпише договор со кој ќе се обврзе да разговара и да ги надминува разликите со Грција за своето име и и остави адут за манипулирање и широко и необјективно толкување на ставовите од меѓусебниот договор кои постојано ги користи за уценување и притисок се до оној момент додека Македонија не колабрира и се сложи самоволно да си го промени името за сестрана употреба.
Да се обжалува овој договор пред Меѓународниот Суд на Правдата е можеби добар потег и доколку се успее да се докаже дека и покрај големите отстапки на Македонија ( промена на Уставот и промена на националното знаме), Грција иако се обврзала дека нема, активно го попречува Македонското членство во ЕУ и НАТО и со тоа не го исполнува својот дел од договорот, судот да го поништи договорот сепак на крајот пак останува резолуцијата бр.817 на С.Б која повторно како препорака до Генералното Собрание на ОН ќе упатува на привремено име (референца) и разговори со Грција за нивниот проблем со името на Македонија.
Македонија мора да изнајде начини во институциите на ОН да издејствува нова резолуција која ќе биде донесена врз принципите и начелата на Повелбата на Обединетите Нации и да биде признаена со нејзиното Уставно име за да може да биде рамноправен член и да ги ужива правата како и да ги исполнува обврските кои и следуваат како член на заедницата на народите.
 
Член од
2 ноември 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
Не ми е јасно birowsky зашто ти како горд македонец наместо НИШТОВНОСТ пишуваш НИШТАВНОСТ?! Тоа говори многу за тебе и за суштината на твоите... упс... тезите на татко ти(кои упорно ги промовираш). Стратегијата од правен апект е речиси совршена. Но дека нема да доживее своја политичка реализација тоа му е јасно на секој со здрав разум. За жал така е! Грчката дипломатија е неспоредливо посилна од нашата и пресудата на Меѓународниот суд ќе нема никакво значење. Тоа да си го вратиме знамето и како и влезот како Р.Македонија уште не ми е јасно како ќе се изведе. Зарем досега не можевме тоа да го направиме?!!!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не ми е јасно birowsky зашто ти како горд македонец наместо НИШТОВНОСТ пишуваш НИШТАВНОСТ?! Тоа говори многу за тебе и за суштината на твоите... упс... тезите на татко ти(кои упорно ги промовираш). Стратегијата од правен апект е речиси совршена. Но дека нема да доживее своја политичка реализација тоа му е јасно на секој со здрав разум. За жал така е! Грчката дипломатија е неспоредливо посилна од нашата и пресудата на Меѓународниот суд ќе нема никакво значење. Тоа да си го вратиме знамето и како и влезот како Р.Македонија уште не ми е јасно како ќе се изведе. Зарем досега не можевме тоа да го направиме?!!!
На мене не ми е јасно зошто ти како испровоциран од постот на Бировски си зачленил само со цел да го - обесхрабриш?

Како што ни е познато дека никогаш нема да победиме на Светско Првенство во фудбал, но сепак се натпреваруваме, така и во останатите животни искуства и предизвици ќе се обидуваме да направиме резултат со кој ќе се гордееме.

Доколку не ни учествуваме нема ни да добиеме таква шанса, макар паѓале и станувале, во тоа е поентата на животот, да се бориш, а не да се помируваш со ситуацијата кога губиш.

Тоа е разликата меѓу оние со home-building менталност и оние со home-breaking.

Наместо да не убедуваш дека веќе се’ било изгубено, подобро прошетај на чист воздух.
 
Член од
2 ноември 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
Ти изгледа си помешал СПОР и СПОРТ!!! Јас кажувам дека тужбата е изгубена битка. А тоа е воедно и трошење многу пари, кои можат да се искористат попаметно. Изгубена е битката и да добиеме позитивна пресуда (тоа го знаат и поднесувачите на тужбата). Тоа парче хартија нема ништо да им значи на 30% сиромашни МАКЕДОНЦИ!!! Тие пари и енергија може да се искористат во дипломатија со цел да извлечеме подобро решение од овој спор. Или пак да ги прекинеме преговорите па да чекаме подобри времиња.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Едно интермецо само.....


КОЈ СИ ПА ТИ ДА КАЖУВАШ?
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Ти изгледа си помешал СПОР и СПОРТ!!! Јас кажувам дека тужбата е изгубена битка. А тоа е воедно и трошење многу пари, кои можат да се искористат попаметно. Изгубена е битката и да добиеме позитивна пресуда (тоа го знаат и поднесувачите на тужбата). Тоа парче хартија нема ништо да им значи на 30% сиромашни МАКЕДОНЦИ!!! Тие пари и енергија може да се искористат во дипломатија со цел да извлечеме подобро решение од овој спор. Или пак да ги прекинеме преговорите па да чекаме подобри времиња.
А што викаш ти за тоа да го фатиме за гуша тој што ни го смести овој спор и што го осиромаши народот со приватизацијата,па да му израчунаме пари и енергија за сите овие “привремени“ 20 години трошкови и енергија за преговарање и нема да му рачунаме камата,важи???
 
Член од
2 ноември 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
Prvo "bratot" секој има право на свое мислење. А тоа ако некој мисли поинаку од тебе не би требало да те боли толку! Очигледно немаш факти...

А "GORAZDS" точно е дека треба да одговара тој што ни го смести. Тој што ни го смести си доби пресуда од народот. Ама проблемот останува. Некако ќе мора да се реши. А и прекинувањето на преговорите е решение...( да не ме сфатите погрешно)
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
29
PING PONG SI IGRAME AL AKO NAROD NEK SE LAZE BRASNA I ZEJTINI NEK SE DELAT PRED IZBORI SELJACI NEK SE RADUVAAT ALI AKO NEGD DO KRAJOT NA VEKOT KE BIDE I OVA
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Ми треба вакво несто за семинарска поточно темата ми е Македонија и евроинтеграциите, па сметам дека семинарската треба да содржи и дел за спорот за името. Ке ве молам несто повеќе за ова доколку може.
Благодарам,
Поздрав !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom