- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.587
Дека на образованието му треба реформа не е спорно. Мојата генерација и уште една или две после нас бевме последни кои барем во основно го затекнавме стариот образовен систем затекнат од Југославија. Далеку од совршен беше тој систем, се учеа купишта непотребни работи и премалку се применуваше интерактивна настава.
Сега работите се многу променети, за жал на полошо. Образованието е целосно девалвирано, до тој степен што да дипломираш или магистрираш во Македонија веќе не значи ништо пошто секој може да се запише на факултет и да го заврши. Да не зборам па дека косата ми се крева кога ќе видам кои се’ станаа наставници и професори.
Но, реформите треба да бидат многу внимателно спроведени. Никако да не бидат тоа само козметички промени или воведување системи кои кај нас ниту се применливи, ниту се корисни. Ова денес беше само нафрлано, нема конкретни решенија, па не би можел детално да коментирам. Она што сепак се врти во јавноста нормално дека ич не ми се допаѓа.
Точно дека и историјата и географијата се општествени науки, ама никако не би смеело да се фузираат во еден предмет. Тоа се две скроз различни области, а и двете имаат голема важност за секојдневниот живот. И како би учеле, час историја, па час географија? Денес наставникот ќе предава за планетите во Сончевиот систем, а утре за Сталинградската битка? Не гледам како правење ваква каша-попара ќе им го привлече интересот на учениците за овие предмети. Слично е и со природните науки. Физика и хемија се две различни работи и нема зошто да се изучуваат мешано.