Распукани Воиславци - домашна игра

Играва е...


  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
367
Поени од реакции
152
2D игра трето лице пукање за Windows

Играта е римејк или пародија на стара аркадна игра
од јапонската компанија SNK "Ikari Warriors" излезена 1986 година. За името прво мислев дека е печатна грешка, потоа мислев дека е шега а сега знам дека Ikari е село во Јапонија, за оние што не знаат Воиславци е радовишко. Аватарот во играта изгледа како Рамбо, затоа што во тоа време Рамбо II станал многу популарен филм.
Оригиналната јапонска верзија се играла со специјални вртливи џојстици, но американците ја прилагодиле за своите аркадни машини - тоа е верзијата што се играше овде. Играта почнав да ја правам додека учев програмирање и бев упорен да ја завршам до некаде. Сеуште е во бета фаза, кодот е валкан и тежок за одржување и поправање, го запоставувам. Се надевам ќе ви биде доволно интересна да ја завршите до крај, можете а ја симнете овде http://maco.sitey.me/downloads.

Очекувам прашања, пофалби и поплаки во продолжение.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Како си ме погодил со играва... :)

Ја немам играно твојава, ама ако е сличана имаш 5.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Браво, не е лошо. Направив 100 и нешто илјади поени. Не е закон играва, ама не е ни ѓубре, поготово што си ја правел сам.
Моите забелешки се:

1. На почеток по default треба да биде активирано тоа "контролирај го маусот на двете оски" или така нешто.. Кога не е ова активирано нишанењето е многу чудно и тешко, поготово кога треба да нишаниш зад тебе.
2. Позгодно би било контролите за движење да бидат на WASD наместо на стрелките. Исто така логично е примарниот пук да биде на лев клик, а бомби да се фрлаат со десен клик. На почеток по навика сакав да пукам со лев клик и пола бомби ги истрошив за џабе.
3. Главниот тенк (босот) умре од само една бомба. Би било убаво да има поголема енергија и различни напади, инаку освен по изглед не се разликува по ништо друго од малите обични тенкови.
4. Животите треба или да се ресетираат после завршување на секоја стаза, или да има дропови како што има за муниција, гориво итн..
5. И за крај најбитната забелешка е тоа дека играта треба да биде побрза, пофлуидна за да го направи самото играње позабавно.
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
367
Поени од реакции
152
Штотуку прикачив нова верзија од играта. Додадени се звучните ефекти за 64-битни машини и поправени се некои багови.
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
367
Поени од реакции
152
Уште неколку поправки и крпеници за подобар изглед и gameplay. Веројатно и последни. Симнете ја најновата верзија ако ви се допаѓа играва.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom