Глупости во боја...
УДБа успевала да натера брат брата и сопружници да се кодошат и цинкарат, и да имала технички можности како што има денеска би ги прислушкувала буквално сите.
Ајде понастрана од дневната политика и глупостите на бившите удбаши, ајде повеќе за темата од историски аспект.
Од купот дефетистички будалаштини што си ги навел, оваа е најголема и нај лажна.
Редно е кон крајот на 2016 г. да се поднаучат барем основни работи за Македонија во ВСВ.
Бог да чува...
До кога бе со глупостиве на Колишев-ИЧ и компанија?
Шарло е тој што ПРВ издал прогласи дека Македонија и Македонците се повторно окупирани од Германци, Бугари, Италијанци.
Ајде по којзнае кој пат, делови од прогласот пишуван и раширен од Шарло во април-мај 1941 г. со наслов „Писмо до Стојана“:
И никаква забрана за собирање на оружје не издал Шарло!
Таквата лага си ја надополнуваа уште и со тоа дека наводно наредувал и да се предава оружјето.
Баш напротив, не само што во ПК имал одредено човек за собирање на оружје, туку и собирале пари и купувале оружје од „Арнаутите“.
На набедувањата на КПЈ за што е сменет од местото секретар на ПК во Македонија, Шарло поднесува извештај до Коминтерната на 16 септември 1941 г.:
„Директива за несобирање на оружје не сме давале. За оружјето кое веќе беше собрано и складирано исто така не сме давале директива да се предава. За тоа можете да се информирате кај одговорниот другар во Скопје, одговорен во ПК за собирање оружје. Ние тоа оружје го набавивме купувајќи го нарочно кај Арнаутите.“
ДАРМ, Фонд НОБ 1941-1944, к.1, док. 5019.
Антун Колендиќ, еден од членовите на скопскиот партизански одред (прв во Македонија формиран токму од Шарло) за истово:
„Никогаш немам слушнато за директива дека оружјето мора да се предаде, нити сум слушнал дека некој од другарите го предал оружјето на непријателот.“
Антун Колендиќ „Услови тек и значење на НОБ во Скопје 1941“, Скопје во НОВ 1941, Скопје, 1973, стр. 151.
Ако на некого нешто не му е јасно околу Шарло нека повели
ТУКА
Ајде, глупо е на стари членови да им укажувам што и како треба да се дискутира на подфорумов за историја.
Си има тема, држете се до неа.
За се' друго си има други места.
.