Рамна Земја?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.699
Поени од реакции
35.095
читав уште на времето на ехЈу, имало некој заеднички проект меѓу Сфрј и и Грција и при усогласување на картите е најдено отстапување од 800 метри ??
Не сум го сретнал податоков со оваа бројка, реално секогаш се наоѓаат разлики поради различни причини кои ги наведов погоре, дури и во тригонометриските и нивелманските мрежи имаш разлики, а не во картографијата.[DOUBLEPOST=1454711096][/DOUBLEPOST]
И месечината била рамна само место хоризинтално е вертикално поставена :pos:
Ако ги разбрав стручњациве таа е нацртана на небото, заедно со ѕвездите, и има еден запчаник на средина што го врти сводот (нешто слично како на планетариум кога ќе отидеш). Па како ја врти така и слики ти менува со разни големини на месечината и ние гледаме во суштина филм, ама ова ти е една иста епизода, нешто слично ко ова :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
@ZOTE, за да не те влече секоја будала за нос, одговори зошто се повикуваат на стихови од Стариот Завет за да ја поткрепат својата налудничава теорија, а немаат поим од преведување.

1. Знаеш ли дека библискиот хебрејски јазик има многу ограничен вокабулар? Нема ни 10 000 (со букви: десет илјади) зборови што се користат во целиот Стар Завет. Од друга страна, современиот англиски има помеѓу 500 000 и 1 000 000 зборови.

Спореди:

http://www.heraldmag.org/olb/contents/dictionaries/SHebrew.pdf

http://hypertextbook.com/facts/2001/JohnnyLing.shtml

Оттука произлегува дека секој оној кој има барем ЕЛЕМЕНТАРНИ познавања, ќе знае дека еден збор од хебрејскиот јазик НЕИЗБЕЖНО МОРА да има многу повеќе значења отколку што има еден збор во англискиот јазик (кој и покрај обемниот вокабулар, сепак има поприличен број хомоними).

Па така ако англискиот со милион зборови во својот вокабулар има збор како spring кој може да означува пролет, извор, пружина и скок, зборови толку различни по своето значење, размисли тогаш колку хомоними има јазик кој нема ни 10 000 зборови во својот вокабулар.

2. Размисли зошто лунарниот терминатор (тоа е линијата што го одделува денот oд ноќта на Месечината) не е права линија. Земи подобар двоглед и насочи го кон оваа линија и гледај неколку ноќи по ред.

3. Ако си од Скопје, отиди до Скопското астрономско друштво и побарај да ги видиш Месечината, Венера (ќе се изненадиш кога ќе ја погледнеш преку телескоп) и сателитите на Јупитер.
Со логика до вистината. Ако земјата би била рамна тогаш не би можело човекот да го оделиме од религијата и од духовноста, тогаш не би можеле да се воведе новиот светски поредок со една влада, еден владетел и една нивна религија.

Денешните владетели на светот мораа да го тргнат религискиот поглед на свет за да можат да го воведат материјализмот како нова религија на почетокот на новото индустриско доба. Затоа човекот стана помалку божествен а повеќе зрно прашина. Тешко ќе успееа во ова ако земјата беше рамна каде не постои универзум, каде се се врти околу човекот, и постоењето на Господ, креатор, е единственото објаснување кое доаѓа само по себе.

Сите научници кои денес не учат се членови на тајни друштва, Масони.

bandicam 2016-02-03 16-28-16-937.jpg
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.699
Поени од реакции
35.095
Со логика до вистината. Ако земјата би била рамна тогаш не би можело човекот да го оделиме од религијата и од духовноста, тогаш не би можеле да се воведе новиот светски поредок со една влада, еден владетел и една нивна религија.

Денешните владетели на светот мораа да го тргнат религискиот поглед на свет за да можат да го воведат материјализмот како нова религија на почетокот на новото индустриско доба. Затоа човекот стана помалку божествен а повеќе зрно прашина. Тешко ќе успееа во ова ако земјата беше рамна каде не постои универзум, каде се се врти околу човекот, и постоењето на Господ, креатор, е единственото објаснување кое доаѓа само по себе.

Сите научници кои денес не учат се членови на тајни друштва, Масони.

Прегледај го приврзокот 138415
Зоте ако до толку е заебана работата од народот и госпо е толку моќен, зошто не дојди на земјава, па да не просветли сите и да си ја обнови верата пак. Јас не сум религиозен и сметам дека тие религиските буквари се прикаски за перење мозок и контрола над народот, за разлика од букварите што се напишани од научниците кои на било кој начин (точни или неточни не дискутирам во моментов) го подобрија животот и ја однесоа во напредок планетава.

Оној кој ја има моќта и власта во свои раце и ја покажува, па ако постоеше тој твојот госпо со такви моќи сигурно ќе не опраеше или ќе не уништеше сите освен верните слуги (читај тебе и твоите другарчиња со исти размислувања и ставови) па ќе си живеевте тука среќно, со исполнето срце и душа.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Дечки... модератори... дајте бе бришете темава.. аман заман...

и дај веќе еднаш перманентен бан на типови као ЗОТЕ и остали..

не глеам шо има тука да се дискутира уопште..
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Ја као мал се сретнав со Флеш Гордон, он беше многу стар, ама памтењето го држеше и он ми кажа дека Земјата не е рамна туку е топка што се врти. Но лошиот Минг на сите ни вградил чипови кои не спречуваат да го согледаме тоа. Според Флеш единствен начин да се неутрализира (привремено) чипот на Минг и да се согледа вистината е да внесете поголема количина C2H5OH. Само вака може да ја искусите сферичноста на Земјата и нејзината ротација.
 
Член од
12 јануари 2016
Мислења
43
Поени од реакции
57
Дечки... модератори... дајте бе бришете темава.. аман заман...

и дај веќе еднаш перманентен бан на типови као ЗОТЕ и остали..

не глеам шо има тука да се дискутира уопште..
Зошто да ја бришат темата и зошто бан на типови ко ЗОТЕ? 5626247 години си на кајгана и уште не си сконтал како функционираат правилата. Да не сакаш рестрикција на лични ставови специјално за тебе да се воведе на кајгана? Ќе се дозволуваат луѓе со мислења на кои ТИ големиот Медл, ќе дадеш амин, ебате хипстерот пинк флојдашки.

Луѓе не се банираат поради поседување на различни ставови од некој друг и теми кои се посетени и актуелни не се бришат, посебно ако темите не се навредливи и повлекуваат муабет, колку и да му изгледаат глупи на некој.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Зоте ако до толку е заебана работата од народот и госпо е толку моќен, зошто не дојди на земјава, па да не просветли сите и да си ја обнови верата пак. Јас не сум религиозен и сметам дека тие религиските буквари се прикаски за перење мозок и контрола над народот, за разлика од букварите што се напишани од научниците кои на било кој начин (точни или неточни не дискутирам во моментов) го подобрија животот и ја однесоа во напредок планетава.

Оној кој ја има моќта и власта во свои раце и ја покажува, па ако постоеше тој твојот госпо со такви моќи сигурно ќе не опраеше или ќе не уништеше сите освен верните слуги (читај тебе и твоите другарчиња со исти размислувања и ставови) па ќе си живеевте тука среќно, со исполнето срце и душа.
Прва и основна цел е, еднаш засекогаш да се победи злото. Второ, ако се дојде прерано тогаш им се скратува можноста на некој луѓе да се преобратат и да се освестат и да тргнат по вистинскиот пат. Затоа е Господ трпелив. Но тој ја покажа својата моќ, дојде и даде евангелие, упаства како да се оди по вистинскиот пат и да не се промаши целта.

Господ не научи за вистината. Тајните друштва, масоните, кои се слуги на злото не научија лаги. Гледаш дека сите научници кои не научиле лажно и ги учиме во школо се масони. Тие не учат на лага за да не контролираат.

Но ете, вистината е посилна од лагата и излезе на виделина дека земјата е рамна. Јас за ова вистина дознав пред неколку дена. Се шокирав кога дознав дека нема сателити, дека нема меѓународна вселенска станица, дека не сме биле на месечината. Сето тоа е лага која служи да ни створи лажна перцепција каде живееме, зашто сме тука, и која е нашата цел.

Значи само тие тајни друштва ја знаат вистината, за нив нема теорија дали е рамна или округла.

Мене сега ми се отворија очите. Јас сега тие слики - цртани фотошопирани, ги гледам дека се лага. Гледам дека нема оргинална слика, фотографија од нашата планета од вселената, сето тоа е фотошоп. Јас се шокирав кога видов колку е голема лагата. Но прочитав и изјава на Јозеф Гебелс, Колку поголема лага, толку полесно ќе веруваат. Затоа денес е тешко одредени луѓе сето ова да го прифатат и да ја препознаат лагата.


CZBdWV1UwAAp656.png

CZBdVrdUwAAZsCy.png

CZBdUl4UsAA9PVN.png

CZBdQXBU0AABYwe.png
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Значи само тие тајни друштва ја знаат вистината, за нив нема теорија дали е рамна или округла.
Така е Зоте. Сега откако не разоткри, ќе мора салфетки да собираме..... Зоте мори душманке, леле катилке!:place:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Така е Зоте. Сега откако не разоткри, ќе мора салфетки да собираме..... Зоте мори душманке, леле катилке!:place:
Еве ти изјасни се, ова е вистина или фотошоп?

CZBZKSHUEAAKmTY.png
CZBZJzvVAAEaHQq.png
CZBZJ5aU0AAavKy.png
CZBZGHGUwAAx7iL.png

Ова е официјално сликано од НАСА од меѓународната вселенска стнаица за која видовме дека е лага.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Еве ти изјасни се, ова е вистина или фотошоп?

Прегледај го приврзокот 138431
Прегледај го приврзокот 138432
Прегледај го приврзокот 138433
Прегледај го приврзокот 138434

Ова е официјално сликано од НАСА од меѓународната вселенска стнаица за која видовме дека е лага.
Ти постирав линк на кој се што треба е да напишеш Македонија во делот кај што се бара земја и скопје (доколку си од скопје, во спротивно градот кај што се наоѓаш) и имаш распоред во колку часот, колку минути и колку секунди над тебе ќе помине меѓународната вселенска станица! Значи нит слики, нит фотошопи нит бутур! Со голо око можеш да ја видиш, земи обичен телескоп и ќе ја видиш уште појасно. Сум пробал, сум видел, пробај и ти. Се ова што го постираш како "доказ" ти е побиено од повеќе извори. Но ако си толкав мазохист и уживаш да правиш будала од себе, повели.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
А кој гарантира дека тоа не е некој метеоролoшки балон кој намерно го праќа НАСА?:)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ти постирав линк на кој се што треба е да напишеш Македонија во делот кај што се бара земја и скопје (доколку си од скопје, во спротивно градот кај што се наоѓаш) и имаш распоред во колку часот, колку минути и колку секунди над тебе ќе помине меѓународната вселенска станица! Значи нит слики, нит фотошопи нит бутур! Со голо око можеш да ја видиш, земи обичен телескоп и ќе ја видиш уште појасно. Сум пробал, сум видел, пробај и ти. Се ова што го постираш како "доказ" ти е побиено од повеќе извори. Но ако си толкав мазохист и уживаш да правиш будала од себе, повели.
Еве дај ми сателит да видам со телескоп. За вселенска станица постои нешто што изгледа како холограм таму. Еве ви видео со сите фалинки на таканаречената меѓународна станица.


Јас го гледав цело видео од еден час траење. Но најубедливо ми беше гостувањето на астронаутот со брковите во едно америчко шоу. Па говорот на телото го открива дека е слаб глумец. А одгворот што го даде кога го прашаа за хигената таму како ја одржуваат кога се наоѓат повеќе месеци во бестежинска состојба каде нема перење и бањање, каде изметот го собирале и го чувале во фиоки. Погледнете те од 45.00 минута. Таков смешен одговор даде што и мало дете не би му поверувало.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Можеби не е директно поврзан со темава, но во секој случај текст што ја доловува поентата колку е тешко, дури и невозможно да се одржи завера која треба да трае долг период и во која се вклучени голем број луѓе:

Колку луѓето треба да бидат дел од заговор кога климатските промени би биле измама, а колку кога тоа би било случај со вакцинациите?

Ново, штотуку објавено истражување покажува дека кога се во прашање заговорите мнозинството големината никако не е предност. Др. Дејвид Грајмс од Оксфорд направил равенка која покажува во која мера бројот на заговорници ја намалува нивната способност за чување на тајната.

Грајмс бил мотивиран од раширеноста на теориите на заговори со тема за науките, како што е движењето против вакцинацијата, или т.н. „климатски скептицизам‟. Како што вели, наместо априори да ги отфрли, тој решил да провери колку овие теории на заговори се можни – преку статистиката.

Замислил равенка која покажува веројатност на кој било заговор да пропадне, било случајно или намерно. Равенката вклучува чинители како што се бројот на заговорниците и должината на траењето, но и проценка на шансите било кој заговорник да го обелодени.

За потребите на оваа проценка користени се три историски примери на шепкачи, вклучувајќи го и познатиот случај со Едвард Сноуден. Овие примери се претворени во бројки, преку познати параметри како што се должината на траењето на заговорот пред обелоденување, како и рамковен број на учесниците. Резултатот е статистички пресметан број кој покажува колку брзо, во просек, би се распаднал некој заговор во зависност од бројот на заговорниците.

За да ја промени својата математичка пресмртка на постоечка „теорија на заговор‟, Дејвид Грајмс проценил колку луѓе морале да бидат вклучени во неа. Некои од бројките се следниве: 405.000 заговорници би биле потребни ако климатските промени се измама, додека за потребите за криење на „вистината за вакцинацијата‟ би биле потребни 736.000 луѓе.

Применувајќи ја равенката, Грајмс проценил дека првиот заговор би бил откриен за три години и девет месеци, а вториот за три години и два месеца. Со други зборови, на двата заговори одамна би им било крај. Тој уште се надева дека знаењето за тоа колку овие теории на заговори се неверојатни, ќе ги убеди некои луѓе што веруваат во нив, да се предомислат.

Од друга страна, со својата пресметка понудил водич за нивно успешно одржување. Равенката на Грајмс вели дека, за заговор кој треба да трае пет години, бројот на заговорници не треба да е поголем од 2521. Ако заговорот треба да трае подолго од десет години, тој број треба да биде помал од илјада; подолг од еден век, бројот треба да е помал од 125. Во спротивно, заговорот (веројатно) ќе пропадне.

Link[DOUBLEPOST=1454753231][/DOUBLEPOST]
Еве дај ми сателит да видам со телескоп. За вселенска станица постои нешто што изгледа како холограм таму. Еве ви видео со сите фалинки на таканаречената меѓународна станица.


Јас го гледав цело видео од еден час траење. Но најубедливо ми беше гостувањето на астронаутот со брковите во едно америчко шоу. Па говорот на телото го открива дека е слаб глумец. А одгворот што го даде кога го прашаа за хигената таму како ја одржуваат кога се наоѓат повеќе месеци во бестежинска состојба каде нема перење и бањање, каде изметот го собирале и го чувале во фиоки. Погледнете те од 45.00 минута. Таков смешен одговор даде што и мало дете не би му поверувало.
Значи јас ти кажувам дека со голо око можеш да ја видиш, со телескоп кристално јасно се гледа, ти клипчиња од јутјуб ми постираш како доказ?! :tapp::facepalm: Холограм било.....:pos: Значи на сопствените очи не им веруваш, на видеава што се одамна побиени веруваш....[DOUBLEPOST=1454753977][/DOUBLEPOST]
Еве дај ми сателит да видам со телескоп.
Еве ти: http://www.n2yo.com/ На сајтов можеш да видиш кога над тебе поминува сателит, и можеш да го видиш со свои очи.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom