Хмм, услуги на приватна болница не сум користел до сега, пошто велат доста скапо е.
Освен заболекар, ако се важи за приватна болница. Само имаш заболекари и заболекари. Оние кај што одам, да земаат пари за секоја услуга, ама цените им се според некоја државно одредена тарифа, па релативно евтино е.
Сум одел и на државен заболекар. Ми оставија кариес под пломба, па потоа кога отидов на приватен заболекар, тој се фати за клешта, и еве сега немам заб
Да, сум лежел во државна болница. Само доста време пројде од тогаш, бев дете. Дали, пред 20 години лекарите беа поарни, па ме лечеа како умееја. Да речам имаше некој квалитет, и да, државно здравство беше, парите за моето лечење преку мајка ми и татко ми одеа, или како и да беше тоа.
Само дали дека бев дете па некако искуството беше како од хорор филм, ако те зачукаат со 5 старци во иста соба...
Не би седел пак, ради тоа хорор чуство. Ама и да бидеш болен за било што е во главно непријатно, па затоа подобро да не ти треба лекарски услуги.
Да, си постоеја тие врскаџиските муабети и тогаш, познаници на лекарот да добијат предност, и така. И моите носеа пијалак на лекарите, као демек за добра услуга.
Остаток од Југославија?!
На приватни плаќаш 2000 евра наместо пијалак?
Денес, државно не знам дали е сменето. Според гласини слушам, доста на мито се иде, особено ако е албански лекар, или ова за лечење во Косово ми го кажаа... не знам, гласини се.
Мислам е 1600 денари месечно за да си платиш државно здравство сам, притоа приходите од минатата година треба да надминуваат одредена вредност, дали беше 160000 не се сеќавам. Ако имаш приходи под таа вредност, ондак имаш право на „бесплатно“ државно здравство, плави картони ли (се уште ли се користат)?!
Знам здравствените картички не се користат, само да ги чуваме, велат по шалтерите.
Во главно, дали да одам на лечење во државна или приватна, на тоа гледам како на хорор искуство, затоа не би одел, ни таму ни таму. Да не ти требаат лекарски услуги по можност, тоа е најдобро.