- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 1.115
- Поени од реакции
- 1.370
Здраво на сите,
Видов дека нема никаква тема поврзана со Рагби на форумов па решив да отворам и да напишам што е можно повеќе информации околу овој спорт.
Сосема накратко, рагбито е еден од најстарите спортови кој потекнува од Англија каде што се развива паралелно со фудбалот во почетоците на 19ти век. Рагбито е екипен спорт кој се игра со овална топка. Еден тим се состои од 15 играчи на терен. Рагбито се игра и во друга форма - рагби 7ки кое е исто олимписка дисциплина но со многу побрза игра поради тоа што се помалку играчи на терен.
Поради малкуте преводи ви ги испраќам позициите на англиски јазик.
Како што можете да забележите еден тим е поделен на Forwards (Напаѓачи) и Backs (Бекови) кои во својата природа се поделени најчесто поради физичките предиспозиции. Најчесто напаѓачите се поголеми и покрупни а бековите се послаби и побрзи играчи.
Топката не смее да се подаде напред, туку само латерално или назад, но смее да биде шутната напред.
Најчесто улогата на позициите од 1-8 е да ја земат топката и да освојат метри низ контакт, а додека бековите играат пас игра со цел да ги претрчаат противничките играчи и да освојат што повеќе метри и да поентираат.
Поените се постигнуваат на неколку начини-
- Доколку се стигне во крајната зона на противничкиот тим и се спушти топката на земја се постигнуваат 5 поени. Тоа се нарекува (Try)
- По постигнување на Try, играчот има можност да ја шутира топката помеѓу двете стативи, и доколку успее тоа се +2 дополнителни поени (односно 5 од try + 2 дополнителни од конверзија)
- Шутирање за време на игра помеѓу стативите и доколку топката помине помеѓу двете стативи се постигнуваат 3 поени.
- Пенал - слободно шутирање слично на претходното само од прекин и се постигнуваат 3 поени.
Еден натпревар има 2 полувремиња - по 40 минути и слично на фудбалот, нема прекини.
Секако ова не е се, во продолжение ви испраќам и уште една слика со повеќето важни и основни работи околу рагбито
Околу рагбито на Балканот, Србија е една од посериозните земји кои имаат првенство и играат компетитивно рагби, за разлика од другите земји каде што се по неколку тимови.
Македонија беше една од неколку земји во светот каде што не се играше рагби се до 2018 година каде што група на фанови на овој спорт кај нас и неколку странци кои живеат во Македонија решаваат да го создадат првиот клуб во Скопје - Скопје Диви Вепри Рагби Клуб - Skopje Wild Boars Rugby Club, кој моментално е единствениот активен клуб составен од сениори кој игра компетитивно рагби.
Fun Fact - во Пробиштип е креиран првиот рагби клуб во Македонија - РФК Рудар, но веќе не се активни како клуб.
Skopje Wild Boars како што напоменав е единствениот клуб кој моментално се натпреварува со тимови од соседните држави и е дел од Јужно-Балканската Рагби лига со екипите на Тирана, Солун, Приштина и Пеќ. Целта е да се оформи рагби федерација и првиот национален тим кој ќе ја претставува Македонија на интернационалната сцена.
Клубот моментално брои 25+ активни играчи.
Тренинзите моментално се одржуваат на теренот во Бардовци и се на прилично аматерско ниво така што се погодни за сите без разлика на физичките предиспозиции, години, став, религија и слично. Секој еден има место на една од 15те позиции.
Доколку сакате да спортувате но мислите дека сте веќе возрасни/стари за да почнете, еве можност да пробате нешто ново, нешто што се гради сеуште па зошто да не бидете и првите што ќе го облечат националниот дрес
Во продолжение ви испраќам и линкови каде што можете да погледнете слики, видеа и слично од сите досегашни активности.

Skopje Wild Boars Rugby Club | Skopje
Skopje Wild Boars Rugby Club, Skopje. 1,761 likes. Rugby Union team in Skopje, Macedonia.
www.facebook.com
Macedonian Rugby | Facebook
Macedonian Rugby Association @skopjewildboars @rfkvardar @rudar.rugby @strugawolves.
www.facebook.com
Skopje Wild Boars RFC (@skopjewildboars) • Instagram photos and videos
586 Followers, 5 Following, 86 Posts - See Instagram photos and videos from Skopje Wild Boars RFC (@skopjewildboars)
www.instagram.com
„Повеќе од игра, повеќе од спорт“ - Рагби клуб Диви свињи/Вепри Скопје
Рагби клубот „Диви свињи/Вепри - Скопје“ е единствениот активен рагби клуб во Македонија. Триесетина момци од Македонија, Англија, Франција, Африка и Шпанија...
www.youtube.com
Рагби клубот Диви свињи/Вепри-Скопје е единствен активен рагби клуб во Македонија
Follow Sitel Televizija on...• WEB: http://sitel.com.mk/• FB: https://smarturl.it/sitelFB• IG: https://smarturl.it/SitelInstagram• Tw: https://smarturl.it/Si...
www.youtube.com
Skopje Wild Boars ја пишува рагби историјата
Капитенот на рагби клубот „Skopje Wild Boars“, 27 годишниот Димитар Нарашанов сподели дека, по неколку неуспешни обиди за основање на рагби клуб, пресреќен е...
www.youtube.com
Македонци играат рагби: Планираме национален тим - Reporter.mk
Вчера во Скопје,за се играше за прв пат рагби турнир меѓу клубовите ,,Skopje Wild Boars” и “Pristina Bears“. На натрпеварот присуствуваа околу 200 гледачи . По … Македонци играат рагби: Планираме национален тим Прочитај повеќе »
reporter.mk
Рагбито во Македонија станува сѐ попопуларно - Нова Македонија
Постои интерес за овој спорт, радува фактот што во клубот имаме и четири-пет деца, што е мошне значаен показател, а следна цел за популаризација на рагбито ќе ни биде посета на училиштата. Јас сум голем оптимист што се однесува до иднината на овој спорт во Македонија, вели Нарашанов, капитенот...
novamakedonija.com.mk