Работа во угостителски објект

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.593
Драги Кајганџии,

Фирма со светско реноме, од неодамна присутна и на нашиот пазар бара позитивни, млади, енергични, ведри, амбициозни лица за работа (подготовка и послужување на храна). Потребно е да имате:
-волја за работа,
-тимски дух,
-минимум 18 години и да сте пријавени во АВРМ како невработено лице,
-да не ви претставува проблем динамична работа во мултиетничка средина каде различностите се ценат,
-вашето образование и работно искуство не играат голема улога заради специфичноста на работата.
Доколку го поседувате сето ова, и сакате да бидете дел од извонреден тим на млади луѓе, притоа учествувајќи во натпревар со нив за издигнување на повисоко скалило во компаниската хиерархија, не се двоумете и испратете кратка биографија на адресата: zlatko_mb@yahoo.com, со назнака „Апликација за работа“. Ќе бидете повикани на разговор на кој ќе ги дознаете деталите. Доколку ве интересира нешто повеќе за вашата апликација, слободно контактирајте ме во приватна порака.

Секогаш ваш,
Zlatikevichius
;)
 
Член од
26 мај 2015
Мислења
458
Поени од реакции
253
Rabotev vo ugostelski obijekt vo Skopje sega rabotam vo Rudnik so zelezo moram da priznaam deka se raduvam sto ne sum vo ugostitelstvo poveke :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ме интерсира зошто не е наведено името на фирмата со светско реноме?

И не е наведена платата....
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Истото и мене ми е чудно ниту го пишува името на фирмата ниту па во кој град се наоѓа, ова ептен ти е ту гуд ту би тру.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Ме интерсира зошто не е наведено името на фирмата со светско реноме?

И не е наведена платата....
Ни работното време, регион, вкупниот број на работни часови, број на места кој трева да се пополнат, распоред на работно време, образование,вештини, обуки... ништо нема. Интересното е ...не се двоумете и испратете кратка биографија на адресата:... со назнака „Апликација за работа“. Ќе бидете повикани на разговор на кој ќе ги дознаете деталите. Доколку ве интересира нешто повеќе за вашата апликација, слободно контактирајте ме во приватна порака.....

Па во Интерпол вработуваат со јавен оглас и со отворени карти а не па во ,,фирмава со светско реноме".
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Да живеев во Скопје ич не се мислев, вака ми е далеку.:cautious:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.593
Кој навистина се интересира, ќе дознае сѐ. Тие што се сомневаат, нека останат да си се сомневаат. ;)
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Не знам како не ви се познати условите однапред, 5 дена во неделата, почеток на работно време имаш ама крај немаш, додека да се заврши. Плата 10 000+ со можност за повеќе т.е 12к. Кафе и храна може да има а може и да нема. Ископлексирани луѓе на високи позиции коку сакаш. Тоа е угостителството во МК.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Т

Триптико

Гостин
@Zlatikevichius само типот е од Македонски Брод или и објектот е таму?
Или mail-от е твој? :)
 
Последно уредено од модератор:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Кој навистина се интересира, ќе дознае сѐ. Тие што се сомневаат, нека останат да си се сомневаат. ;)
Со закон не смееш оглас без плата да пишеш ако не се лажам.

П.С Нема потреба од дискреција инаку многу нормално дека кој го интересира ќе дознае. Ама со оглед на тоа дека имаш потреба да криеш/изоставуваш информации за работа од најнизок ранг и со нула искуство...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.593
@Zlatikevichius само типот е од Македонски Брод или и објектот е таму?
Или mail-от е твој? :)
Објектот е во Скопје, mail-от е мој. ;)[DOUBLEPOST=1436658125][/DOUBLEPOST]
Со закон не смееш оглас без плата да пишеш ако не се лажам.

П.С Нема потреба од дискреција инаку многу нормално дека кој го интересира ќе дознае. Ама со оглед на тоа дека имаш потреба да криеш/изоставуваш информации за работа од најнизок ранг и со нула искуство...
Со закон не смееш оглас да објавиш без плата да пишеш во АВРМ. Таму има оглас, и на огласот има плата. Ова е форум, не АВРМ, и со отварањето на темава сакам да помогнам на некој (или некои) форумџија, но очигледно е дека кај нас може и да те линчуваат ако сакаш да помогнеш некому. ;)

ОК, останете да се сомневате со здравје. Се надевам дека сомнежот ќе ви донесе пари и работа.

Модераторите може да ја затворат темава, и онака никаде не води.
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Објектот е во Скопје, mail-от е мој. ;)[DOUBLEPOST=1436658125][/DOUBLEPOST]
Со закон не смееш оглас да објавиш без плата да пишеш во АВРМ. Таму има оглас, и на огласот има плата. Ова е форум, не АВРМ, и со отварањето на темава сакам да помогнам на некој (или некои) форумџија, но очигледно е дека кај нас може и да те линчуваат ако сакаш да помогнеш некому. ;)

ОК, останете да се сомневате со здравје. Се надевам дека сомнежот ќе ви донесе пари и работа.

Модераторите може да ја затворат темава, и онака никаде не води.
Океј е бе друже па и ти какви зборови употребуваш „линчување“?
Колку станале осетливи денес луѓево чудо.:(

П.С Се работи за оглас за работа за најнизок ранг не дека нешто може сериозно некој да се зафркне. Најлоша ситуација ќе иде да работи некаде еден месец за без плата.

Освен тоа не е тука муабетот дали огласот е вистински барем јас не гледам простор за некаква далавера тука.

Проблемот и коментарите се за следново.

1.Фирма со светско реноме, не пишуваш име(доколку е навистина така нема смисла да го изоставиш освен ако си заборавил)
2.Во врска со платата си можел да барем да дека пишеш варира во зависност од позиција и искуство.
и трето
3. Ова искрено не е ништо погрешно туку мене лично ми пречи, користиш Амерички што би рекол Џорџ Карлин булшит речник еве ќе те цитирам
„ позитивни, млади, енергични, ведри, амбициозни лица
-волја за работа,
-тимски дух,

„за работа (подготовка и послужување на храна)“

покрај ова се на крај велиш...
-вашето образование и работно искуство не играат голема улога заради специфичноста на работата.

Што во превод значи доколку имате искуство нема да ви платиме повеќе плус го користиш „најбулшит“ терминот од сите „специфичност“.

Еве корегирај ме ако грешам ама дали постои професија каде работното искуство и образованието не се битни(со исклучок на мекдоналдс)?
И кои би биле параметрите за еве те цитирам „издигнување на повисоко скалило во компаниската хиерархија“ ако не образование и искуство?

Понатаму продолжуваш со уште амерички булшит термини за искачување по некаква си скала, а сите знаеме до каде можеш во фирма во Македонија да стигнеш со послужување храна.

П.С Ова е само моја анализа на твојов пост кој дали сам си го напишал или во име на пријател не е битно муабетот ми е не си ги земај зборовите при срце и не знам дали е толку неочекувано на јавен форум некој да упати критика па дури и за најбанални нешта.
 
Еве, по ред:
-Нема шанси некој да не биде исплатен, макар работел и еден ден, тоа гарантирам!
-Името намерно го изоставив, зашто сепак ова не е официјален оглас од нивна страна.
-Ако толку сте се запнале за платата, како тоа да е најважното нешто, еве ви: околу 18 000 бруто + додаток за работниот стаж (ако не се лажам, законски е 0,5% од година стаж) + други додатоци.
-Најискрено, ама баш такви лица какви што ги опишав требаат. Ако дојде некој намрштен на разговор и да биде ко со клешта да му ги вадиш зборовите од уста, ништо од бизнисот.
-работата е во голема мера слична со McDonald's, затоа - грешиш. ;)
-Единствен параметар за издигнување на повисоко ниво е неговата работа. Ако се покаже - ќе оди нагоре, ако не - ќе тапка во место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom