Добро е што не си се одлучила да доаѓаш во Бахреин, Бахреин е скап (како Дубаи) и многу досаден, јас живеам во Манама неколку години и размислувам да си одам од тука, многу е досадно, само за Саудијци е интересно... Нема да имаш проблеми со виза во други земји од блиски исток, само ако се решиш да аплицираш за виза повторно во Бахреин, мислам дека ќе имаш помали шанси за да добиеш виза.. немаш „бан“ за виза во други гцц земји ако мислиш на тоа.. не ти препорачувам ресторан за работа, многу комплицирани луѓе работат во тој департман, ама ако си решила во ресторан, одбери да е во склоп на хотел и да е лиценциран со алкохол, а не да е независен, надвор од хотел, пошто ќе бидеш ограничена со контакти и некако ќе се осеќаш изолирано.. ти кажувам од лично искуство.. моментално сум во департман храна и пијалоци и мислам да го сменам департманот.. не е ресторан за женско, дури и хостесите се измалтретирани.. некако многу индијци идат да работат во овој департман и нон стоп е драма боливуд со нив.. преку глава ми се.. не препорачувам за женско да оди да работи во ресторан превише вербален „харасмент“.. инаку за Катар може да кажам дека периодов е многу добар за работа, платите се поголеми зашто нели Катар има Бан од другите гцц земји од Јуни годинава, па за да привлечат работници ги зголемија платите.. сместувањето во Катар е добро, бар мене ми беше добро кога бев пред 3 години во Доха.. Животот во Катар е поефтин отколку во Бахреин или Емирати.. Превозот е поефтин и храната исто така.. И има супер места да посетиш во Катар, додека во Бахреин единствени интересни места се „моловите“
За Коузон сметам дека се ок агенција, имав идено преку нив, ми земаа за обука пари, не се сеќавам колку беше, дали 4000 или 5000 така нешто, и лекарско преку НеуроМедика многу скапо беше околу 8000, и провизија мислам дека беше 15000 .. после тоа сама барав работа на catererglobal.com и најдов подобра работа со 0 трошоци од моја страна односно само лекарското си го платив и тоа за 4000 во Тоспаш клиника.. е сега за агенциите може да кажам дека тие имаат специјални договори со некои хотели само преку нив да се вработуваат па ако си конкретно заинтересирана за одредена компанија и не можеш да аплицираш директно тогаш ти препорачувам агенција.. под услов да си спремаш 500 евра за трошоци