Пури во Македонија

Член од
23 декември 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
По 6 години во Англија, конечно се враќам во саканата Македонија и добро се снаоѓам но едно нешто ме мачи. Пофалете се обожаватели на пури, каде ги купувате своите драгоцени пури? Каде има кај нас во Скопје, продавница за пури? Размислувам да нарачам преку некои страници од кои нарачував но ме мачат царинските постапки. Дали некој знае какви се царинските постапки за увоз на пури за строго лична а не комерцијална употреба? Колкави се давачките и слично?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Веро Тафталиџе
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
По 6 години во Англија, конечно се враќам во саканата Македонија и добро се снаоѓам но едно нешто ме мачи. Пофалете се обожаватели на пури, каде ги купувате своите драгоцени пури? Каде има кај нас во Скопје, продавница за пури? Размислувам да нарачам преку некои страници од кои нарачував но ме мачат царинските постапки. Дали некој знае какви се царинските постапки за увоз на пури за строго лична а не комерцијална употреба? Колкави се давачките и слично?
Ако има некое Тобако, ама Тобако во права смисла на зборот тогаш таму мораш да имаш избор. Тука во Струмица има едно и девојка ми работи таму, имаат преку 20 различни вида пури.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Овие долу на сликата ги имаш во Струмица по цена од 320 или 360 ден. една пура, не сум сигурен точно за цената. Инаку оригинал Кубански пури се, едни од најдобрите,

 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Во подобро снабдени тобако маркети низ цела македонија :) :)
 
Член од
22 август 2012
Мислења
100
Поени од реакции
388
По 6 години во Англија, конечно се враќам во саканата Македонија и добро се снаоѓам но едно нешто ме мачи. Пофалете се обожаватели на пури, каде ги купувате своите драгоцени пури? Каде има кај нас во Скопје, продавница за пури? Размислувам да нарачам преку некои страници од кои нарачував но ме мачат царинските постапки. Дали некој знае какви се царинските постапки за увоз на пури за строго лична а не комерцијална употреба? Колкави се давачките и слично?
Сигар Шоп, во Веро Тафталиџе.

А, кога сме веќе кај пурите, ме интересираат неколку работи:

1. Колку време пушиш пури?
2. Колку пури пушиш дневно? (или ако не дневно, неделно, месечно...)
3. Дали предизвикуваат зависност како цигарите?

Фала и поздрав.
 
Член од
23 декември 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Не знаев дека има во Тобако ама се сомневам дека се рачно изработени што значи дека се машински направени цигари а тие често се пресушени. Доколку успеам да најдам Romeo y Julieta, како оние на сликата погоре веднаш ќе се снабдам со едно 30 кутии :D
Инаку пушам пури веќе 10 години и дневно знам по две да испушам. Истотака кога сум излезен, забави, дискотеки обавезно две имам во мене и едната сигурно ќе ја испушам.
Инаку не предизвикуваат зависност како цигарите, цигари никогаш не сум ни пушел ама не ме тера самата пура туку навика е да ја запалам а и добро иде со виски :D
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421
Пурата не е завист, пурата е задовослто :)
 
Член од
22 август 2012
Мислења
100
Поени од реакции
388
Не знаев дека има во Тобако ама се сомневам дека се рачно изработени што значи дека се машински направени цигари а тие често се пресушени. Доколку успеам да најдам Romeo y Julieta, како оние на сликата погоре веднаш ќе се снабдам со едно 30 кутии :D
Инаку пушам пури веќе 10 години и дневно знам по две да испушам. Истотака кога сум излезен, забави, дискотеки обавезно две имам во мене и едната сигурно ќе ја испушам.
Инаку не предизвикуваат зависност како цигарите, цигари никогаш не сум ни пушел ама не ме тера самата пура туку навика е да ја запалам а и добро иде со виски :D
Јас баш пред некое време почнав да се интересирам за ова и многу би сакал да пробам, само не сакав да си создадам зависност, па затоа те прашав и фала за одговорите:) Па сега претпоставувам правец во Веро, да си купам неколку :)
 
Член од
23 декември 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Баш како што рече Жан, пурата е задоволство. Одвои си 1-2 часа првите неколку недели за по една пура. Купи си убав секач и долги ќибритчиња или запалка што работи на бутан и немаш гајле. А доколку веќе палиш со запалка на плин или бензин, нешто како Зипо, одкако ќе ја запалиш цигарата дувни нанадвор еднаш и само еднаш!! И полека. Ова во случај да примил тутунот некој мирис од плинот или бензинот. На почетокот се филмав и ги палев пурите со долги ќибритчиња или чибритчиња од кедар кои се многу скапи ама се осеќа разлика. Пробај различно и ќе видиш :) Ако земеш нешто пури деновиве, пиши овде што брендови имало и цени.. Ако јас одам во Веро пред тебе и јас ќе пишам :)
 
Член од
23 декември 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Бев во Тобакото кај Триумфалната Порта ама не сум задоволен од пурите... премногу се суви и не вредат за тоа колку чинат. Јас ако нарачувам пури планирам да бидат околу 20-25 во кутија во вредност од 250-300 долари. Е сега знам дека царинската стапка за пури е 30%, акцизата е 1.35 денари од парче и 18% ДДВ. Им звонам во царина да ми објаснат поубаво, не ми се јавуваат. Меил им пратив, не ми враќаат... Е сега дали значи дека ќе платам 30% од вредноста на пакетот или парче по парче ќе царинат по 1.35 денари?? Знае некој да ми објасни?
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Kако идат овие со коњак и чоколадо..мммм



Сум побарал низ Тетово ама нема од овие, у Скопје на некој да не му паднале во очи?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom