Промовиран патниот ‘рбет Драч-Кукс

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
5.209
Премиерите на Албанија и на Турција, Сали Бериша и Реџеп Таип Ердоган, го промовираа автопатот Драч-Кукс, поточно 60-километарската делница Решен-Калимаш, која претставува најтешкиот дел од автопатот.За премиерот Бериша, ова претставува „крај на поделеноста на трупот на албанската нација“ но, исто така, и на „автопат на пријателство и соработка“.

- Националниот коридор претставува најголемо достигнување за сите Албанци каде и да се, по зачленувањето на Албанија во НАТО и независноста на Косово - рече Бериша.Според него, со изградбата на автопатот Косово доби можност за излез на море, но, исто така, тој ќе биде во служба на сите народи од регионот, вклучувајќи ја и Србија.

- Патот, мостовите и тунелите ќе бидат голем фактор за регионалната соработка - изјави Бериша.Турскиот премиер, Ердоган, откако ја искажа гордоста што вакво големо дело го гради турска компанија, вети продолжување на поддршката и помошта за стабилност и благосостојба на Албанија и на Косово. На свеченоста, иако најавен, не присуствуваше косовскиот премиер Хашим Тачи, наводно поради тоа што било планирано да патува за САД.

Автопатот од 160 километри, инвестиција вредна 1,1 милијарда евра, треба целосно да биде завршен в година. Тој го поврзува албанскиот брег со Косово и ќе ја приближи косовската граница на само два часа пат до Тирана. Го гради турско-американската фирма „Енке енд Бекчел“, а мостовите ги градеше ГП „Гранит“.
(В.Т.)
dnevnik




Бериша и Ердоган го отворија автопатот Драч-Морина


Премиерите на Албанија Сали Бериша и на Турција Реџеп Таип Ердоган, присуствуваа на свечената инаугурација на првиот дел од автопатот Драч- Кукс-Морина, именуван како “Национален пат“ кој ги обединува Албанија и Косово.
Свеченото отворање започна со концерт на влезот на првиот надвозник на овој автопат, неколку километри блиску до мостот на Фани. Премиерите Бериша и Ердоган, пешачеа по дел од патот и потоа одржаа говор на подиумот под мотото “Албанија се менува“. Тие ја оценија изградбата на овој автопат како поттикнувач на регионалниот економски развој.

Сали Бериша, премиер на Албанија
“Свечено го отвораме автопатот Решен- Калимаш, што претставува најголемо дело, по членството на Албанија во НАТО и независноста на Косово, за целата албанска нација. Националниот коридор е коридор кој и става крај на поделбата на половина на албанската нација“.

Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција
“Посакувам овој пат да служи за сите наши народи. Овој пат ќе го поврзува Косово со пристаништето во Драч. Уште повеќе сум возбуден, дека на овој пат учествуваше турската компанија ЕНКА, а овој пат ќе ги приближи уште повеќе срцата и луѓето еден со друг. Овој пат ќе влијае многу во економскиот развој на Косово, како независна држава. Балканот, значи планински венци, но иако меѓу нас има планини, ние сепак успеваме да бидеме сите заедно. Ние ги надминавме овие поделби и градејќи низ планините, сега сме заедно“.

Помеѓу заинтересираните граѓани дојдени од сите краишта на Албанија, присутни беа и членови на владиниот кабинет, претставници на албанските и меѓународни медиуми, раководители и работници на американско- турската фирма Бектел Енка, која работи на автопатот Решен- Калимаш, една од најтешките изведби, во која е вклучен и тунелот Тире- Калимаш. Работите на овој автопат, започнаа пред две години. Се работи за важна артерија, со големо влијание во понатамошниот економски развој на Албанија, но и на Косово. Драч- Кукс- Морино, ќе го скрати патот Албанија- Косово за 65 километри.


Алсат
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.021
Поени од реакции
606

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Ај дај некоја карта. :)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Ова е промоција пред избори на комуњарскиот режим на Сали Бериша, како што беше отварањето на тунелот на 31. мај. А бидејќи автопатот се уште не е завршен, ќе има уште официјални отварања.:)

Изградбата на автопатот започна во октомври 2006 год., трошокот од 450 милиони евра нарасна до 1.5 милијарда денес и се уште не се знае крајната цена.

Невидена корупција, не се ни знае големиот број на контрактори, а заради масовните кражби, Министерството за финансии мораше да земе додатен заем од неколку стотини милиони евра минатиот април.

Комуњарите на Бериша украдоа добар дел од парите (230 милиони евра ако не и повеќе). Тогашниот министер за сообраќај Лулзим Баша, кој денес е министер за надворешни (тип Фрчковски), беше кривично гонет заради местење на тендерот. Исто така беше кривично гонет Анди , шеф на правниот оддел на министерството за сообраќај за истата работа. Врховниот суд ги ослободи на “лепе очи’’.

Бериша им продава национализам на Албанците во комшии, а ги соголи до гола кожа.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.257
Поени од реакции
18.076
Ова е промоција пред избори на комуњарскиот режим на Сали Бериша, како што беше отварањето на тунелот на 31. мај. А бидејќи автопатот се уште не е завршен, ќе има уште официјални отварања.:)

Изградбата на автопатот започна во октомври 2006 год., трошокот од 450 милиони евра нарасна до 1.5 милијарда денес и се уште не се знае крајната цена.

Невидена корупција, не се ни знае големиот број на контрактори, а заради масовните кражби, Министерството за финансии мораше да земе додатен заем од неколку стотини милиони евра минатиот април.

Комуњарите на Бериша украдоа добар дел од парите (230 милиони евра ако не и повеќе). Тогашниот министер за сообраќај Лулзим Баша, кој денес е министер за надворешни (тип Фрчковски), беше кривично гонет заради местење на тендерот. Исто така беше кривично гонет Анди , шеф на правниот оддеел на министерството за сообраќај за истата работа. Врховниот суд ги ослободи на “лепе очи’’.

Бериша им продава национализам на Албанците во комшии, а ги соголи до гола кожа.
Во сите балкански држави има такви Влади кои зад превезот на национализам, лупаат тендери на кило со злоупотреби на тони.

Нема разлика дали се леви или десни сите си тераат исти тертип.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Во сите балкански држави има такви Влади кои зад превезот на национализам, лупаат тендери на кило со злоупотреби на тони.

Нема разлика дали се леви или десни сите си тераат исти тертип.
Ипак, без квалитетно асфалтирани и уредени патишта и автопати, нема ни туризам, нема ни транзитна култура, нема ни туристичка култура, нема ни држава.

Мило ми е за албанија, но и не ми мило, затоа што во Македонија тоа не е пример.
Еве како сис модераторов погоре, најде влакно во јајцето и почна да барата де лево де десно.

Кога во Македонија ќе се градат вака патишта? Затоа што, ова што денес го има, е катастрофа! Треба повеќе! Благодарение на Тито, оној на кого денес му мочат на името, денес многу градови се конектирани, затоа што како што гледаме со какво темпо се работи од '90-та па навака, мислам дека некои градови ќе останеа отсечени од таа асфалтска култура на Македонија.

П.С. Албанци по дома, не тука! Особено коа тоа е кажано од модератори!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Идејата за автопат е одлична и дај Боже нешто слично да се прави во Македонија во поглед на инфраструктурата. На овој автопат имаат направено 27 најмодерни мостови на пример.

Но јас кажав и за другата страна на медалот, за политичката помпа, т.е. националистичката демагогија која ја форсираат албанските комуњари на чело со Сали Бериша во официјалните отварања на дел од автопатот два дена пред избори, а ги покрадоа парите од овој проект.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.257
Поени од реакции
18.076
Еве како сис модераторов погоре, најде влакно во јајцето и почна да барата де лево де десно.

Абе на модераторот толку му сечи, изгледа поим нема дека Македоноска Алијанса е во коалиција со партијата на Бериша, и дека најверојатно ќе имаат пратеничко место.

Тој да си тресни нешто во одбрана на дебилината десна идеологија.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
5.209
Косово: Ке се изгради автопатот Вермица-Мердаре


Денеска министерот за транспорт и врски на владата на Република Косово Фатмир Лимај , и претставниците на американско-турската компанија “Bechktel & Enka” го потпишаа договорот за изградба на автопатот Вермица-Мердаре. (од границата со Албанија до источната граница со Србија).
Премиерот Хашим Тачи рече дека изградбата на овој пат ке отвори илјадници работни места , а изградбата ќе кошта 700 милион евра , кои ке бидат обезбедени од буџетот на Косово.
Ако све се одвива според предвиденото автопатот ке заврши за 3 години.
Овој автопат е продолжение на проектот кој беше реализиран во Албанија , автопатот Драч - Морина.

http://www.pmforum.org/BNews/2010/01-10/BN3-23-01-10.jpg
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
5.209
Албанија ќе инвестира 500 милиони долари за нови патишта

Патната инфраструктура е главниот приоритет на албанската влада во буџетот за наредната година. За таа цел планира да потроши 500 милиони долари. Најавувајќи го ова, премиерот Сали Бериша вети дека ниту една општина нема да остане неповрзана со националните патни правци.

- Наредната ќе биде посебна година за патиштата и затоа барам разбирање од институциите. Досега изградивме седум илјади километри, но 91 општина во земјава не е поврзана со асфалтирани патишта, поради што треба да изградиме уште две илјади километри - изјави Бериша.

Според него, овој приоритет е многу правичен зашто на тој начин се скратува оддалеченоста дури за 50 отсто. Приоритет ќе биде и изградбата на тунелот Елбасан - Тирана и завршувањето на автопатот Тирана - граничен премин Блато на албанско-македонската граница кај Дебар, познат како „Руга е Арбрит“. Со изградбата, овој патен правец се скусува за околу 100 километри и ќе изнесува 82 километра. (В.Т.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F7EE36BD9EE80D45BC152E183CF725BA
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Во ЈАР изградија нов автопат во 2009. Иста вредност има за мене како што има градење на било што во некоја странска земја.
Или палење. Како палењето на околу 600 цркви на Косово.
p.s. Може беа запалени за да се ослободи место за автопатот? Само Господ знае .
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.081
Поени од реакции
4.729
Албанија ќе инвестира 500 милиони долари за нови патишта
Албанија ќе инвестира 500 милиони долари во џебовите на корумпираните.

Се наоѓаат некаде на врвот на најкорумпирани земји во светот.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
5.209
Почна изградбата на автопатот Тирана-Елбасан

Почнаа работите за изградба на новиот автопат Тирана-Елбасан од 31.7 км, со два тунела, најдолгиот ќе биде 2.4км долг , ќе има 11 подземни и надземни премини, се очекува автопатот да заврши за 18 месеци, а ќе биде изграден од грчката компанија Актор.

Старата делница Тирана-Елбасан беше долга 55км , што значи ќе се скрати патот за 14км. Проектот ќе кошта 400 милиони долари.

Ќе треба да се пробие оваа планина:



Претставувањето на проектот во 2010-та.

 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Минатото лето на пат за Хрватска поминавме низ Северна Албанија.Автопатите изградени по германски стандарди.Имаше и еден тунел близу Скадар долг 7 км.Кај нас,во 20 г. никој не се реши да изгради еден автопат Гостивар-Охрид.Тоа требаше да биде приоритет во независна Македонија.Што е најстрашно никоја Влада не го најавува тој проект нити како предизборно ветување.

--- надополнето ---

Нашава Влада наместо да ги поврзува Прдејци и Свирипичино со Долно Коњари преку Долно Дупени требаше да го изгради автопатот Гостивар-Охрид.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom