Производи со отворени кутии. И додатоци кои фалат, a фабрички доаѓаат со нив

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Има еден феномен, кој претежно се случува во продавници за потрошувачка електроника кај нас и кој страшно ме нервира и секогаш ме пишмани да купам производ. И самите производители напоменуваат да не се купува производот ако лентата на кутијата е скината и кутијата е отворена.

Но, како е кај нас?

Случка 1: Во реномиран ланец продавници за мобилни си купив нов телефон. И супер се, ама некој си ја џопнал мемориската од 1 гига која доаѓа фабрички со телефонот, а тоа го забележав дури дома. Наредниот ден отидов да реагирам, ме убедуваат дека мемориска не доаѓа со мобилниот. Те прават будала при здрав разум кога знаеш дека во цел свет мобилниот се испорачува со картичка од 1 гига, ама треба да те извозат дека баш во нивната продавница доаѓа без картичка. Откако видоа дека лагата не поминува, си признаа дека ги вадат картичките и ги продаваат посебно и ми дадоа картичка.

Случка 2: Поучен од претходно искуство, лани го прошетав цел град да најдам продавница кај што можам да си купам мобилен кој ќе биде во неотворена кутија, како што треба. Онака, продавачите уште гневни, демек извољевам и глумам лудило што нејќам да го купам тој од рафт што го штракале 200 луѓе дневно. Откако го свртев цел град, моето патешествие заврши во еден од салоните на мобилните оператори. Конечно најдов телефон во кутија која не е отворена.

Случка од денес: Одлучив да си купам мини камкордерче. Влегувам во продавницата спремен за купување и оп - ај океј кутијата отворена, ќе проголтам некако пошто бев загреан ептен за камерчето, ама кога видов дека фали HDMI кабелчето кое доаѓа фабрички со камерчето во оргиналното пакување се напнав и не го купив. Го најдов истиот модел на камкордерот во друга продавница на друга фирма - и таму истиот случај. И, не го купив ни таму.

Може изгледа вака наивно практикава, демек абе едно кабелче извадиле, ама со проста логика се доаѓа до големи бројки. 1.000 картички х 500 денари=500.000 денари. 1.000 HDMI кабелчиња х 200 денари=200.000 денари. Може многу убави суми на годишно ниво да се завртат од вакви лешперски финти.

Баш ме интересира за кабелчето од камерата, дали го извадиле од пакувањето од продавницата, или увозникот пред да им ги дистрибуира си ги отвара кутиите и си ги вади на купче. Ми текна сега дека од кутијата за камкордерот фалеше и мини триподчето (троножец).

Кога купувате вакви производи, инсистирајте на неотворени кутии. Чесно купувате, барајте чесен однос и од трговците и не прифаќајте отворени производи.

Има некој слични искуства?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да исто кога го купував телефонот пред некоја година исто од салонот на еден оператор сакаа да ми го дадат без мемориска, ми викаа ама девојче се доплаќа. Аха, се доплаќало, го напнав тој да ја отвори официјалната страна на SE да види дека телефонот оди со картичка и виде, па после се извади со познатото „Чекај колегава баш да го прашам“ и потоа со другото „Извини, грешка сум бил“ и со актерско смешкање.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Имав такво искуство со Nokia 3310... кога го гледав во каталог беше светло плав, ми продадоа темно плав. И се изнервирав. Зошто продаваат еден телефон а друг е во каталог? Маска, маска, го сакам како на сликата ист...

Исто така кога го купував W705-ката, требаше да има 4 GB мемориска со него која во тогашно време чинеше 2000 денари (а телефонот на претплата го зедов за 5000 денари). Требаше да се обратам до кај познаник за да ја добијам картичката која со телефонот доаѓа стандард.

Во право сте до некаде. Поштено плаќаме. Ако напишеле цена од 1000 денари повеќе немаше никој да се буни. Зошто не ги испорачуваат пакетите онака како што треба да се спакувани фабрички? И ова претпоставувам дека само кај нас се прави, бидејќи една е Македонштината...
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
газдите си ги отпакуваат и продаваат на делови, не верувам дека е тоа смислено од вработените... нив им е само наредено да прават будали од муштериите.

за среќа тука е Амазон :wink:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.379
Ништо нема да се промени доколку имињата на продавниците не се објавуваат јавно со цел да се предупредат купувачите, доколку не се испратат жалби до агенција за заштита на потрошувачи (yeah right, ко божем ова ќе помогне...) и доколку не се испрати барем едно мејлче до дирекцијата (под претпоставка дека станува збор за синџир на продавници кои имаат дирекција). Случки вакви има еден куп. Речиси и не се случило да купам нешто што е фабрички спакувано (освен еден лаптоп од T), па скоро секаде мора да го има она: "Извини дечко, само момент, да ги ставам батериите / каблите во кутија".

--- надополнето ---

газдите си ги отпакуваат и продаваат на делови, не верувам дека е тоа смислено од вработените... нив им е само наредено да прават будали од муштериите.

за среќа тука е Амазон :wink:
Ќе се зачудиш од тоа колку идиотчиња работат во продавниците за електронска опрема. Не е баш секогаш оваа пракса одлука на газдите.
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Ништо нема да се промени доколку имињата на продавниците не се објавуваат јавно со цел да се предупредат купувачите, доколку не се испратат жалби до агенција за заштита на потрошувачи (yeah right, ко божем ова ќе помогне...) и доколку не се испрати барем едно мејлче до дирекцијата (под претпоставка дека станува збор за синџир на продавници кои имаат дирекција). Случки вакви има еден куп. Речиси и не се случило да купам нешто што е фабрички спакувано (освен еден лаптоп од T), па скоро секаде мора да го има она: "Извини дечко, само момент, да ги ставам батериите / каблите во кутија".

--- надополнето ---


Ќе се зачудиш од тоа колку идиотчиња работат во продавниците за електронска опрема. Не е баш секогаш оваа пракса одлука на газдите.
До пред некое време само оние на мало го практикуваа тоа, а сеа почнаа и оние кој се декларираат како водечки на пазарот... водечки со непрофесионален однос, тоа ти е исто ко газда на фабрика под стечај.

Јас не ги оправдувам нив, и они знаат да бидат тешки гадови, па работат на штета и на компанијата и на муштериите... по изразен е во услужниот бизнис.
и тие сиромашките се угнетувани па бараат начин на профит плус.
Македонија, ништо ново.

п.с. проработеа известувањата, изглеа сандачето правело проблем, кое крцало од препунетост :kesa:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Единствен купен апарат кој не беше отворен ми е IPod - от од Apple. Ганц нов, неотворен. Се` останато, било веќе или на полица, или во отворена кутија. Интересна тема, зашто овие работи ни се секојдневно пред нос, ама пак не ги забележуваме оти сме пасивно навикнати на „дај шта даш“. Токму тој момент го искористуваат ситните трговци, зашто знаат дека купувачот на технологиски помагала е возбуден во моментот кога конечно собрал пари да си го купи она што го сакал. Во тие моменти, едноставно не мислиш на ова - а е многу битно. Кога ги давам моите пари на нешто кое го купувам на ново, сакам ново и да ми биде испорачано, а не веќе отворено и којзнае низ какви се` не процедури поминато.

Еве, сега констатирам дека со мобилниот телефон, не ми дадоа усб кабел за да можам да си префрлувам мултимедија од компјутер и обратно. Да одам во салон сега, гарант ќе ми наплати бар петстотче, заради моето невнимание... Ако, за ум.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Кога сме кај идиоти вработени... од Сет компјутери купив Cooler Master V8. Се јавив на трите телефони што ги имаат наведено на веб сајтот, излезе дека таков кулер имаат само во ГТЦ. Кога отидов да го земам, вработениот ми вика нема дечко таков. Е како нема ко се јавив и ми рекоа дека има. На крај излезе дека тој им бил единствен (и црквен и мрквен) па го извадиле на излог... Па ја бараа кутијата, и го пакуваа пред мене.

Ебати продавниците во државава...
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Самсунгот s8000 кога го земав по проспект на нет треба да содржи и 8 гига мемориска - кур.
Штета што беше преку фирма - газда плаќа па не моеш да се буниш.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
мене ми дадоа (купив) стар телефон наместо нов, спакуван во кутија (отворена предходно се разбира), наизглед се супер .. пакетот го земав на претплата .. од космофон поодамна
но после некое време одкако го расчепкав најдов на него аудио запис .. името на записот беше автоматски генериран датум :) а снименото беше некој приватен муабет на германски (не ни разбрав шо зборуваа)... така и познав дека е стар телефонот ..
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Еве, сега констатирам дека со мобилниот телефон, не ми дадоа усб кабел за да можам да си префрлувам мултимедија од компјутер и обратно. Да одам во салон сега, гарант ќе ми наплати бар петстотче, заради моето невнимание... Ако, за ум.
Дали воопшто има купувач на мобилен телефон што добил usb кабел? :)

Навистина колку се тие криви толку сме и ние, ако повеќе обрнуваме внимание и се спротиставуваме во моментот кога го купуваме производот сигурно дека ќе го добиеме тоа што треба. Ама убаво ја долови поентата, речиси и да немам што да додадам.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.023
И на форумов имаше случај еден подаруваше оригинални игри што оделе со графичката ....му останале 50 одпоќе ...Ова само кај нас го има :) И кога ке им речиш зашо го отвориле пакетчето ке ти речат проверувавме дали работи производот :)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Уште да почнаат веќе и смоките и струмката да ми ја отвараат.
Озбилно, што и да сум купил, бела техника, електроника инт мора да има по некој недостаток (нема батерија, usb кабел, футрола, мемориска картичка инт.)
И да, газдите се свесни и намерно го прават тоа поради остварување на поголем профит а не се свесни дека може да загубат многу муштерии.
 
Член од
12 декември 2009
Мислења
137
Поени од реакции
31
Дали воопшто има купувач на мобилен телефон што добил usb кабел? :)

Навистина колку се тие криви толку сме и ние, ако повеќе обрнуваме внимание и се спротиставуваме во моментот кога го купуваме производот сигурно дека ќе го добиеме тоа што треба. Ама убаво ја долови поентата, речиси и да немам што да додадам.
Изгледа јас сум one of a kind :pos2:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Ја пред некој месец решив да земам плазма. Бев во најголемата продажна куќа. Споредував на лице место кој ќе ми даде најдобра слика и таман ќе се решев за еден ќе ми речат овој ни е последен, а не фала, после решив да земам дури и поскап телевизор кога пак иститот одговор тој ни е последен. Епа фала ви многу ајт чао. Идам кај најголемиот конкурент истата прича. На крај испадна да земам телевизор од една забутана продавница у Беверли каде дечкото имаше лагер + ми даде гратис двд.

А што се тиче мобилни ја се изненадив кога земав мобилен во Белград, беше ЛГ и покрај цела допунска опрема идеше и резервна батерија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom