Произведен мал апарат за дијализа

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Една американска компанија произведе мал, пренослив апарат за дијализа кој може да се носи околу појасот и им овозможува на пациентите да живеат речиси нормално, објави парискиот весник „Фигаро“

Сега, како што истакнува францускиот весник, потребно е да се соберат пари со цел успешно да се спроведат последните испитувања на уредот.
Досегашните испитувања на дејствата на новиот апарат тежок пет килограми и опремен со батерија од девет волти, а кој функционира на ист принцип како и класичниот апарат за хемодијализа, дале позитивни резултати.

Најновите испитувања покажаа дека техничките перформанси на уредот се доволни да се понуди како алтернатива за класичната хемодијализа.

Новиот уред, според експертите, е вистинско решение за пациентите на дијализа, бидејќи би им овозможило извршување на секојдневните работи додека нивните бубрези непречено се прочистуваат.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=31504
 
K

Kicky

Гостин
Добар потег, браво, уште еден доказ дека медицината напредува во позитивна насока!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom