Проектирање на објекти за станбено домување(куќа, стан, деловен објект...)

Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Поради неможноста да најдам соодветна тема за изработка на проект за куќа ја отварам темава и сите дискусии во врска со проектирањето можеме да ги водиме овде.
Потребен ми е проект за куќа (околу 100 м2 ), односно потребни ми се 4-те фази :
- Архитектура
- Статика
- Водовод
- Електрика
Проектот ми е потребен за аплицирање за дозвола за градба и треба да е соодветно изработен со сите правилници, прописи, закони...........
Се сретнав со 3-4 проектантски бироа што изработуваат проекти и ме изненади разликата во цена. Едни земаа по 10 евра/м2, други 5 евра/м2, трети од ѓутура 300-400евра цел проект сите фази. И сега ме интересираат искуства и предлози зашто толку се разликуваат цените и колку е реална цена за проектирање на куќа од 100-тина м2.
Доколку имате одредени предлози од фирми и познаници кои работат во оваа дејност пишете овде или во ПП.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
кажи ми каде планираш да градиш ( би ти препорачал проектантско биро кое се занимава со проектирање и најчеста клиентела им се оние во живеат вон градско подрачје )
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Поради неможноста да најдам соодветна тема за изработка на проект за куќа ја отварам темава и сите дискусии во врска со проектирањето можеме да ги водиме овде.
Потребен ми е проект за куќа (околу 100 м2 ), односно потребни ми се 4-те фази :
- Архитектура
- Статика
- Водовод
- Електрика
Проектот ми е потребен за аплицирање за дозвола за градба и треба да е соодветно изработен со сите правилници, прописи, закони...........
Се сретнав со 3-4 проектантски бироа што изработуваат проекти и ме изненади разликата во цена. Едни земаа по 10 евра/м2, други 5 евра/м2, трети од ѓутура 300-400евра цел проект сите фази. И сега ме интересираат искуства и предлози зашто толку се разликуваат цените и колку е реална цена за проектирање на куќа од 100-тина м2.
Доколку имате одредени предлози од фирми и познаници кои работат во оваа дејност пишете овде или во ПП.
Нема правилник за цени, тоа е проблемот. Цената од 10 евра е некаква рамка за Скопје за отприлика квадратурата која ја бараш. Инаку се пресметува по бруто површина. Тие што ќе ти го изработат проектот за 3 евра генерално се педери, затоа што сами си ја сечат гранката на која што седат. Во светски услови не се цени проектот по квадрат, туку по инвестиционата вредност на објектот се одредува процент по кој ти (од ѓутуре ќе ти кажам) за таа квадратура ќе треба да платиш едно 10 до 15 000 евра за проект за таа квадратура, ама ти ќе поминеш со некој 700-800 ако те бива за ценкање, а архитектите ќе се селат од државава, ќе работат нешто друго исл.
Да не филозофирам многу - многу зависи од твоите барања. Сериозен проект со специфични конструктивни детаљи никој нема да ти направи за 300-400 евра, туку ќе добиеш куп хартии со кои се добива дозвола. Мој совет е да најдеш коректни инжинери кои ќе ти сработат проект за да живееш со кеиф во куќата, да е и инжинерски и обликовно добро сработено.....сепак не се работи за разлики од 100 до 50000 евра....
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
Јас пред извесно време го имав истиот „проблем“ како тебе. На крај се решив за проектант кој ми наплати нешто над 8 евра од квадрат. Инаку, не знам дали знаеш дека сега проектантските бироа си ја бркаат целата постапка до добивање на одобрение за градба, и се е по електронски пат, па така - ти му даваш пари на рака и документацијата која ќе му ја побараат од општина (обично бараат копии од Имотен лист, Извод од план и Хидротехнички услови) и после не се замараш се додека не ти го дадат Одобрението за градба на рака. ;) Не е како порано кога се трчало од општина до катастар и обратно по 100 пати.
 
во брзо време, општините нема да бараат повеќе имотни листови туку истите ќе бидат во можност сами да ги вадат, исто така ќе биде и со изводот од план каде ќе иде по електронски пат ... хидротехнички сега за сега остануваат на хартија.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Нема правилник за цени, тоа е проблемот. Цената од 10 евра е некаква рамка за Скопје за отприлика квадратурата која ја бараш. Инаку се пресметува по бруто површина. Тие што ќе ти го изработат проектот за 3 евра генерално се педери, затоа што сами си ја сечат гранката на која што седат. Во светски услови не се цени проектот по квадрат, туку по инвестиционата вредност на објектот се одредува процент по кој ти (од ѓутуре ќе ти кажам) за таа квадратура ќе треба да платиш едно 10 до 15 000 евра за проект за таа квадратура, ама ти ќе поминеш со некој 700-800 ако те бива за ценкање, а архитектите ќе се селат од државава, ќе работат нешто друго исл.
Да не филозофирам многу - многу зависи од твоите барања. Сериозен проект со специфични конструктивни детаљи никој нема да ти направи за 300-400 евра, туку ќе добиеш куп хартии со кои се добива дозвола. Мој совет е да најдеш коректни инжинери кои ќе ти сработат проект за да живееш со кеиф во куќата, да е и инжинерски и обликовно добро сработено.....сепак не се работи за разлики од 100 до 50000 евра....
Мене јасно ми е како е на запад, ама да бидеме реални ние за сме далеку од запад сеуште. Ама ме нервира што и добри фирми не значи дека ќе изработат добар квалитетен проект. Пак ќе му го дадат да го изработи некој студент или тазе вработен и ќе ти го наплатат 3-пати повеќе.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
А инаку, имаше едно проектантско биро, само не се сеќавам на името на фирмата - и мене ми побараа 300 евра од метар квадратен за проектите. Што е многу, многу е, нели?
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Мене јасно ми е како е на запад, ама да бидеме реални ние за сме далеку од запад сеуште. Ама ме нервира што и добри фирми не значи дека ќе изработат добар квалитетен проект. Пак ќе му го дадат да го изработи некој студент или тазе вработен и ќе ти го наплатат 3-пати повеќе.

Од тоа нема бегање, ама реално болен чоек во земјава треба на лекар да отиде - Бог да му е на помош....со самото тоа што никој не е доволно платен, не се ни залага доволно...
Сум пишувал и претходно на темава. Скопје 2014 е испроектиран за смешни пари, освен зградата на Водовод каде што беше направен јавен грабеж и Водовод плати 200 000 евра за проект - тоа во однос на 40 000 евра за филхармонијата е лоповлук, а овие 40 илјадарки се п****н дим за проект со акустика и специјални техники, во Германија само тој би чинел 3-4 милиони. Паторската влада со своите фамозни инвестиции во градежништвото не само што стилски им се покака на архитектите, туку им е*а мајка со цената. Проектирањето е супер-неплатена професија, затоа маса колеги се во Виена, Берлин, Црна Гора, кој каде фатил. Тешка работа е, а не се цени. Ете со таа мала куќа ќе треба да се бават 4 инжинери, кои плаќаат придонеси, струи, води, овластувањата и лиценците чинат многу и како наоѓаат есап со такви цени само тие си знаат....во другиве градови низ Македонија цените се уште поутепани. Тешки времиња преживува професијава, од големите проектантски фирми останат е пепел.....ќе дојде време нема да има инжинери што ќе проектираат.
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
Zdravo, bi sakal da prasam dali nekoj znae kako odi procentualno zamena na gradezno zemjiste za stan , da receme za 500 m2 kolku kvadrati bi se dobile izgradena povrsina. Vi blagodram odnapred.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Zdravo, bi sakal da prasam dali nekoj znae kako odi procentualno zamena na gradezno zemjiste za stan , da receme za 500 m2 kolku kvadrati bi se dobile izgradena povrsina. Vi blagodram odnapred.
Имаш барака, стара куќа, само земјиште? Подетално објасни малку
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
Se izvinuvam , se raboti za gradzeno zemjiste, vo reon kade spored DUP treba da se gradat zgradi, del od placot e pod zgrada del pod parking za zgrada.
--- надополнето: 1 февруари 2014 во 12:23 ---
A da , zaboraviv i ova , spored DUP na placot treba treba da ima i transformator za struja za zgradite koi ke se gradat , bidejki spored planot predvideno e poveke zgradi vo okolinata , odnosno vo toj reon.
 
Ова е многу комплицирана и лоша игра кај нас. Имаш дел врз кој што ќе се гради - значи дека без тебе не може да се оформи урбанистичка парцела?
Можам да ти кажам за ситуација во која имаш постоечки објект дека отприлика е 25-30% (ретко минимално над 30%). Секогаш е долга напорна игра во која обично инвеститорите се повеќе во ќар затоа и се нафаќаат да праат таква комбинација. Процентот паѓа со големината на новопланираниот објект. Треба да ја имаш на ум пазарната вредност на земјиштето во реонот (не знам каде е). Мои пријатели ја дадоа куќата за кеш затоа што така им требаше, ама се убија од чекање и барање инвеститор, други ја дадоа за поврат-станови, живеат две години под кирија и никој не знае кога ќе се вселат во становите кои им следуваат (затоа што инвеститорот се бори за измена на ДУП со која ќе добие кат вишок кој нема да го дели со родниниве - мизерија)....најнов пример е еден објект кај мене во соседството каде луѓето (кои сега живеат во ќенефи) бараа нереални 50% од згради П+9+Пк - затоа само тие останаа во ќенефите, а се' околу нив се изгради...глупо правило е дека кога му исплаќаат кеш на сопственикот на земјиштето му се исплаќа помалку - тоа е веројатно пошо нема пари во оптек во земјава.
Мој совет е секогаш да ја имаш на ум цената за градење целата зграда, пазарната цена на зградата (становите кога би се продавале) и да бараш коректен процент во рамки на условите (кои вака без локација, урбанистички услови, постоечка состојба не можам да ти кажам)...а главен совет е да си составиш некаква понуда и да ја нудиш на повеќе инвеститори, т.е да собираш понуди од нив за да си ги видиш можностите. Се зборува за некаков пад на цени на станови, раст на цени на градежни материјали - тешко се фаќа некаква логика...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom