Продавам - Купувам

Член од
19 февруари 2010
Мислења
144
Поени од реакции
0
Еве јас ќе ти одговорам наместо него,да Хачико е куче од расата Акита ину (наскоро ќе се родат мали Хачиковци) инаку овие кучиња не се баш евтини и во Македонија има само неколку примероци од оваа раса.
Инаку ова ќе биде прво легло во Македонија од Акита ину.
Dobro,ali kolku bi cinelo odprilika?
 
L

Lu

Гостин
Dobro,ali kolku bi cinelo odprilika?
За ниедна раса нема „отприлика„ цена.
Секоја раса може да се најде од 50евра па се до 5000евра (ако не и повеќе)
Има случаи каде што луѓе даваат по 5000/6000 евра за Тибетски мастив (колку една нова кола кошта тоа куче)

А конкретно за Акита ину најдобро да го прашаш Toya-akita сепак тој ќе ги продава и тој ќе одреди цена во зависност од тоа колку ќе биде квалитетно леглото,но јас мислам дека ќе се движат отприлика 500/600 евра
 
Член од
19 февруари 2010
Мислења
144
Поени од реакции
0
uf,sepak taa cena e preskapa za moite uslovi.Dali mozebi znaes nekoj sto podaruva ili pak za povolna cena prodava chau chau?
 
L

Lu

Гостин
uf,sepak taa cena e preskapa za moite uslovi.Dali mozebi znaes nekoj sto podaruva ili pak za povolna cena prodava chau chau?
Вака сега, куче што е РАСА никој не подарува, да ти подари некој расно куче треба или да ти е роднина или многу близок пријател.
Чау чау исто така е скапа раса и неможеш да најдеш испод 400 евра а мислам дека нема ни легла моментално во Македонија.

А да те прашам нешто,
Зошто ако немаш пари да купиш расно куче не посвоиш некое од стационарот ?
Или мора да е расно само заради тоа да шеташ РАСА ?
Штом толку сакаш расно,а немаш пари за скапа раса тогаш одбери некоја поевтина раса (тоест куче што приближно личи на одредена раса,бидејќи евтините не ни личат тоест ги немаат правите карактеристики на расата )
На пример имаш Лабрадор ретривери за 50 евра погоре,само неколку поста погоре.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.862
Поени од реакции
24.328
^Брат гледам дека ептен се разбираш у кучигња и такви ствари.

Ќе можеш да ми кажеш за колку пари можам да најдам РАСА куче Хаска со педигре со такви работи, а колку пари е Хаска без педигре, дека заинтересиран сум да зимам после матура па да видам цени што како.
 
Toya-akita

akita inu
Член од
10 јуни 2010
Мислења
26
Поени од реакции
2
убаво мислиш, одприлика таа ќе биде цената, поздрав.
 
Неможам да бидам брат бидејќи сум женско :helou:

Сибирски Хаски без педигре се наоѓа за 50тина евра,а додека со педигре коштаат поскапо 300/400 евра.
Скоро имаше легло од Сибирски Хаски во најдобрата одгледувачница за Сибирски Хаски во Македонија „Inner Vision„ само незнам дали има уште слободни кутриња.

http://innervision.com.mk/englisch/dogs/female/blue.html
http://innervision.com.mk/englisch/dogs/male/leo.html

Toya-akita

akita inu
Член од
10 јуни 2010
Мислења
26
Поени од реакции
2
За ниедна раса нема „отприлика„ цена.
Секоја раса може да се најде од 50евра па се до 5000евра (ако не и повеќе)
Има случаи каде што луѓе даваат по 5000/6000 евра за Тибетски мастив (колку една нова кола кошта тоа куче)

А конкретно за Акита ину најдобро да го прашаш Toya-akita сепак тој ќе ги продава и тој ќе одреди цена во зависност од тоа колку ќе биде квалитетно леглото,но јас мислам дека ќе се движат отприлика 500/600 евра
убаво мислиш, одприлика таа ќе биде цената, поздрав.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.862
Поени од реакции
24.328
Неможам да бидам брат бидејќи сум женско :helou:

Сибирски Хаски без педигре се наоѓа за 50тина евра,а додека со педигре коштаат поскапо 300/400 евра.
Скоро имаше легло од Сибирски Хаски во најдобрата одгледувачница за Сибирски Хаски во Македонија „Inner Vision„ само незнам дали има уште слободни кутриња.

http://innervision.com.mk/englisch/dogs/female/blue.html
http://innervision.com.mk/englisch/dogs/male/leo.html

Длабоко се извинувам, мислев дека си машко затоа извини уште еднаш и фала ти на информацииве.

Исто така сакав да те прашам дали има некоја разлика помегу со педигре или без педигре, уствари дали се на некој начин исплати да се земе куче со педигра или исто е дали ке биде со педигре или не.

ПС: Извини ако те замарам со вакви глупи прашања, али стварно не се разбирам ич во кучиња, а многу сакам Хаска да чувам.
 
Ич без гајле биди, многу луѓе видоа дека одлично се разбирам од кучиња и секој ден сум бомбардирана со разни пораки и прашања во врска со кучињата.
И не си ти единствен што мислиш дека сум машко,просто не им се верува како може женско толку да се разбира од кучиња,демек кучињата се машка работа :pos2:

Па пред се зависи колку пари можеш да издвоиш за да купиш.Колку поскапо толку поквалитетно и поубаво.
За било која раса секогаш е подобро да има педигре,пред се ќе го знаеш потеклото на кучето,од која крвна линија е и кои му се родители.Исто така ако сакаш да го/ја париш по педигрето се гледа дали се во сродство,а ако се во сродство несмеат да се парат.

Тие што се без педигре всушност се понеквалитетни и кога ќе порасне возрасно нема да изгледа исто како и тоа што е со педигре.
Моја препорака е да земеш со педигре,а твое е што ќе одлучиш и колку пари ќе издвоиш.

Еве ќе ти направам споредба со слика измеѓу куче со педигре и без педигре.

На првава слика е без педигре и се гледа дека длаката му е покуса и како сплескана/впиена за телото,тоа куче е без педигре и е понеквалитетно.

Додека на вторава слика,кучето е со педигре и е одличен претставник на расата,мислам дека нема потреба да коментирам,разликата е воочлива од авион,а ти избери какво сакаш да чуваш.

Член од
26 јануари 2010
Мислења
908
Поени од реакции
185
Може ли да најдам на подарок расно куче или не многу скапо :)
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Лу немора да значи куче со педигре дека ќе биде подобро отколку куче без педигре.

Родовник или педигре за кучиња е исто како и извод од матична книга за луѓето. Значи да разјасниме,човек со извод од матична книга немора да значи дека ќе биде поубав или попаметен од еве да кажеме некој што нема.

Така доаѓа и за кучињата. Споредбата не ти чини горе.Првото куче се гледа во какви услови е чувано за разлика од второто.Нормално е дека ќе има разлика,кое каква храна јаде,каде спие,дали е бањато,витамини....

Педигре е за тие луѓе што сакаат да влезат во правиот спорт,изложби,специјалки,што сакаат да имаат кучиња-шампиони.Меѓутоа немора да значи дека кучето со педигре е подобро од она што нема педигре.

american-staffordshire-terrier2.jpg

3414555_1.jpg

Еве едно куче со педигре,друго без педигре.
 
L

Lu

Гостин
Ама Димитри сега немој да ми правиш споредба со куче што е признато од FCI и што поседува педигре (Американскиот стафордски териер) и куче што не е признато од FCI и неможе да има педигре па колку сака нека е убаво (Американскиот пит бул териер).
Не иде оваа споредба со овие 2 раси.
Јас зборам за признати раси од FCI еве на пример Сибирски самојед.
Доколку е со педигре,(ама не било какво педигре колку да се каже дека е со педигре),туку доколку е стварно квалитетно кутрето тоа во секој смисол ќе изгледа подобро отколку тоа што е без педигре.
Педигрето е гаранција дека купуваш чиста раса и дека ќе изгледа онака како што е пропишано во стандардот,а додека без педигре немаш гаранција дека кога ќе порасне ќе изгледа убаво и прописно по стандардот.
Е сега има и случаи каде што некои луѓе замаат и плаќаат голема цена за куче со врвно педигре,но потоа ќе го запуштат и џабе му е педигрето ако не се одржува кучето.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Лу стафорд и пит бул се една иста раса.FCI го признава пит булот како раса но под друго име,Американски стафордски териер.

И ако одиме по таа логика на гаранција дека кучето ќе изгледа по стандард ќе можам да се сложам само за три раси,Доберман,Волчјак и Ротвајлер. Нареди 10 Добермани сите се исти,тоа е таа раса што се бара.

Еве и Кане Корсо е признато од страна на FCI ама секое кане корсо е различно.

И за гордоста наша можеме да правиме муабет.Шаркото го губи својот идентитет.Погледни ги урбаните шарпанинци со тие изворните.Шарковците што ги има низ градовите се многу поразлични од тие на Бистра или Шара.Атипични,бернандинец нијанси(виснати образи).

После идеме со стафордскиот териер,заедно со пит булот. Настанати се од стариот англиски бул дог,за прв пат се донесени во Америка со доселениците од Англија.Има многу големи познавачи на оваа раса, кои тврдат дека пит бул и стафорд неможеш да ги распознаеш, и се оди на принцип на тоа кој има педигре е стафорд. Класичната поделба е направена 1976,и до ден денес уште неможе да се разликуваат.

Да сумираме,педигрето ти дава гаранција дека кучето ќе изгледа како во стандардот само за Доберман,Германски офчар и може до негде Ротвајлер(мада сега што ги имаше по светските изложби не беше тоа тоа).
Различна големина кај доберман нема,стандардна глава,став,нозе.Додека шарко може да биде и 90 цм и пак е шарпланинец иако стандардот налага друго.
 
L

Lu

Гостин
Тоа ти се вика отстапка од стандард и тие кучиња што отстапуваат од стандардот се дисквалификуваат.
Инаку не се согласувам дека само за тие 3 раси (Доберман,Германски овчар и Ротвајлер) важи стандардот,бидејќи ако е така тогаш другите кучиња немаше да имаат педигреа и немаше да има стандард за нив.
Секоја раса се знае како треба да изгледа,а тоа што во Македонија неретко парат кучиња во роднинска врска,комшиски кучиња и не внимаваат на крвните линии и испаѓаат фалични кучињата тоа е друга работа.
Се знае како треба да изгледа еден АСТ, а тоа за Питбулот дека е иста раса со АСТ и јас тоа го знам,но АСТ е признат и се знае како треба да изгледа и си има стандард за него,додека Питот има многу крвни линии и затоа што многу отстапува од стандардот затоа не е признат.

Како и да е,ние ептем забегавме од темата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom