Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.990
Имавме една наставничка која ни предаваше граѓанско, со вакво однесуваше ќе и опалеше шамар и имаше уште да брои ѕвезди. Не ПиСи родители кои не знаат да си ги воспитаат децата, не педагошки кадри кои не знаат ништо повеќе "веќе така не", не инситуции кои немаат интерес и волја за решавање на меѓуврсничкото насилство во училиштата, не медиумите кои ќе направат сензација еден ден и ќе ја заборават веста, не политичари кои само ќе се сликаат и не форумџии кои имаат фенси методи за воспитување. Се знае кој е надреден, а кој е подреден во односот меѓу родителот и детето. Не мора да има воена дисциплина, ама мора да има елементарна дисциплина. Ако не знаеш да си го воспиташ детето, ќе ти го воспита друг. Училиштето е воспитно-образовна установа.
Човекот се разбира од збор, за стоката само стап. Половина од времето наставниците поминуваат во смирување на невоспитаната багра. Кој нема волја да учи, нека се фати за лопата. Не може сите да завршуваат средно и 80% да се запишуваат на факс, а притоа квалитетот на образованието да ни опаѓа. Ни требат поостри критериуми.
И камерите во училниците би биле одлична реформска мерка. Така ќе се намали и уништувањето на инвентарот. Кога почнав средно, ни ставија нови клупи, скапана иверица, ама беа нови, за две години ги немаше! Постепено се вратија старите!