Природна медицина

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
најдов ова , можеби некому ќе му користи (верувам дека не пречи што е на хрватски )
Znate li da rajčice sadrže sastojke koji poništavaju neugodan miris sumpornih spojeva i tako ublažuju loš zadah? A boli li vas glava pojedite bananu.

U novoj knjizi dr. Rob Hicks ukazuje na učinkovite metode liječenja uz pomoć svima dostupnih biljaka.

Loš zadah

Rajčice
Dvije ili tri rajčice koje pojedete tijekom dana mogu spriječiti razvoj lošeg zadaha ili halitozu. Problem izazivaju sumporni spojevi, odnosno bakterije koje ih proizvode. Ove bakterije se odlično razmnožavaju pri manjku kisika, primjerice pri korijenu jezika.

Rajčice sadrže sastojke koji poništavaju neugodan miris sumpornih spojeva.

Jogurt
Svaki dan popijte šalicu jogurta – korisne bakterije mogu nadvladati one koje izazivaju loš zadah.

Mrkva
Mislite li da imate problematičan zadah žvačite sirovu mrkvu. Loš zadah često izazivaju komadi hrane koji zapnu između zubi. Žvakanjem se stimulira proizvodnja sline, koja pomaže u uklanjaju zaostale hrane. Osim toga, vlakna mrkve djeluju kao četkica za zube i desni.

Modrice

Ocat
Umočite zavoj u ocat i ostavite na mjestu udarca 10 do 20 minuta. Modrice se javljaju zbog pucanja krvnih žila, nakon čega dolazi do curenja krvi ispod kože, oticanja, promjene boje i boli. Ocat pospješuje protok krvi pri površini kože, čime se pomaže u uklanjanju nakupljene tekućine na području udarca.

Luk
Miješajte naribani luk i malo soli pa prislonite na modricu, držite 10-ak minuta. Luk je bogat kvercetinom, biljnim pigmentom koji ima protuupalni učinak. Ovo bi trebalo smanjiti oticanje oko ozljede.

Tjelesni smrad

Rotkvice
U mikseru usitnite rotkvice, stavite na krpicu od muslina i ocijedite. Nakon tuširanja osušite pazuha i stopala pa natopljenu krpicu stavite ispod pazuha ili između prstiju. Neka se osuši. Rotkvica ima antibakterijsko djelovanje, a uništava i gljivice.

Zatvor

Aloa vera
Popijte u skladu s uputama na ambalaži. Sok ove biljke sadrži antrakinon glikozide, koji mogu ublažiti zatvor stimulirajući rad crijeva.

Krastavac
Dnevno pojedite četvrt krastavca. Bogat je tekućinom i vlaknima i ima blagu laksativni učinak, što pomaže kod lijenih crijeva.

Sladić
Pijte čaj sladića, koji je blagi laksativ.

Prehlade i kašalj


Majčina dušica
Grgljajte mlaki čaj majčine dušice, prelijte kipuću vodu po bilju i ostavite da se hladi. Vrućina pomaže u otpuštanju aktivne supstance timola, koji je snažan antiseptik.


Prhut

Kokosovo ulje
Umasirajte na tjeme i ostavite preko noći. Isperite. Ponovite ako je potrebno. Mnoge slučajeve prhuti izazovu gljivične infekcije, a kokosovo ulje sadrži kiseline koje učinkovito uklanjaju gljivice.

Proljev

Jabuke
Naribajte jabuku s korom i ostavite na tanjuru 15 do 20 minuta dok ne posmeđi, a zatim je pojedite. Pektin u jabuci učvršćuje stolicu i smanjuje upalu. Voće sadrži i kiseline koje reguliraju želučanu kiselinu.

Predmenstrualni sindrom (PMS)


Kupus
Osjetljivim grudima olakšajte stavljajući ohlađene listove kupusa u grudnjak. Bolne grčeve olakšajte postavljajući tople listove (blanširane u toploj vodi ili postavljene u mikrovalnu) na područje trbuha.

Luk
Par dana prije menstrualnog krvarenja svakodnevno pojedite pola luka. Smatra se da krom iz luka uravnotežuje hormone. Sirovi luk je najbolji izvor jer se sadržaj kroma smanjuje kuhanjem.

Stres

Klinčići
U kadu ulijte par kapi ulja klinčića. Ući će u kožu, poboljšati cirkulaciju te opustiti mišiće.

Jagode
Svakodnevno konzumiranje jagoda smanjuje rizik od srčanog i moždanog udara jer pozitivno djeluju na arterije i smanjuju razinu kolesterola. Pozitivan učinak jagoda pripisuje se kiselini koju sadrže jer ima antioksidativno djelovanje.

Glavobolje

Banane
Zgnječite koru zrele banane i stavite kao oblog na bolno mjesto do 15 minuta, ponovite koliko god treba. Osim toga pojedite jednu, bogate su magnezijem i kalijem, što opušta krvne žile.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
колку ви е познато лекувањето- т.е семенотерапијата- која ја применуваат корејците????



пример- [FONT=book antiqua, palatino]кај очните болести тие ги користат округлите семки (грашок, црн бибер), за бубрезите - бобовидните форми (семе на грав), за срцеви заболувања- трапезоидните(семе на калина, хељда и тикви). За поджелудочната жлезда -виноградните семчиња , а при заболувања на мозокот -со масажа на зоната со помош на ореви .[/FONT]
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Болки во очите
Тампони со топла вода врз нив. -15-20 мин.
 

*MajA*

I love myself...sometimes I don`t
Член од
22 април 2008
Мислења
215
Поени од реакции
8
Остајте тие бабини рецепти :icon_lol: Подобра алтернативна медицина од хомеопатијата засега не познавам :)
 
Член од
16 февруари 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
Па ако повеќе сакате да се труете со лекови, ваш избор. Факт е дека алтернативната медицина се‘ повеќе се користи, а и дава позитивни резултати. Не гледам оти сте толку скептични во однос на нејзините методики на лечење.
Здраво Гиглс, уште си тука? Гледам се повеќе никнуваат ординации за разни гранки од алтернативната медицина, во Скопје а уште повеќе во Белград. Народот е се посиромашен, ама се освестува и иднината на „секојдневната“ медицина за мене е тука. Ако имаш можност да отвориш ординација (ако имаш некој капитал) мислам дека ќе имаш успех.
Јас одам на иридодијагностика , докторката потоа ми прави смеса чаеви и се чувствувам многу подобро, а кај неа во чекална имам гледано луќе излечени од рак и деца излечени од церебрална парализа!!! Знам за човек со гангрена когошто лекарите го отпишале, а го излекувал некој продавач кинез, му дал да конзумира некои сушени бубачки и некој зачин. Една докторка, дерматолог, преживеа рак (иронично- на кожа), со звучна медицина и со регулирање на фреквенцијата на органите, и од тогаш пациентите ги третира само природно. Моја пријателка пристапи кон регулирање на фреквенцијата на органите (имаше гинеколошки проблеми) и во рок од неколку минути проблемите ги снема. Тука е мана што таа терапија повремено треба да се повторува. И како превенција, најтопло препорачувам медитација и љубов :) спокој, понизност, трпеливост и почит :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Здраво Гиглс, уште си тука? Гледам се повеќе никнуваат ординации за разни гранки од алтернативната медицина, во Скопје а уште повеќе во Белград. Народот е се посиромашен, ама се освестува и иднината на „секојдневната“ медицина за мене е тука. Ако имаш можност да отвориш ординација (ако имаш некој капитал) мислам дека ќе имаш успех.
Јас одам на иридодијагностика , докторката потоа ми прави смеса чаеви и се чувствувам многу подобро, а кај неа во чекална имам гледано луќе излечени од рак и деца излечени од церебрална парализа!!! Знам за човек со гангрена когошто лекарите го отпишале, а го излекувал некој продавач кинез, му дал да конзумира некои сушени бубачки и некој зачин. Една докторка, дерматолог, преживеа рак (иронично- на кожа), со звучна медицина и со регулирање на фреквенцијата на органите, и од тогаш пациентите ги третира само природно. Моја пријателка пристапи кон регулирање на фреквенцијата на органите (имаше гинеколошки проблеми) и во рок од неколку минути проблемите ги снема. Тука е мана што таа терапија повремено треба да се повторува. И како превенција, најтопло препорачувам медитација и љубов :) спокој, понизност, трпеливост и почит :)
kazi kade e taa doktorka ts ordinacijata?
 
Член од
16 февруари 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
Vo Belgrad e, se vika Dr. Larisa Sukanova (internist od Moskovskiot univerzitet). tel 381 11 355 3144. Naplatuva 15 evra po pregled (ako imate predhodni snimki i analizi, odnesete i). Plus okolu 10-15 evra sto ke Vi dade caevi za okolu mesec i pol dena...
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ако здравјето е најголемо богатство, сте се запрашале ли кој е изворот на добро здравје и како треба да се сочува? Одговорот е природата. Таа е моќна да ги излечи речиси сите болести. Животот во согласност со законите на природата е основа на среќа и добро здравје.
Што всушност јадеме, како со внесената храна влијаеме на нашето здравје? Кои лековити билки и плодови имаат најдобар ефект во лекување на одердена болест?

БОРОВИНКИ - најдобро е да се јадат свежи,но може и замрзнати, како сок, вино,ракија,мармалад.Содржи антицијанид,танин и пектин кои се многу корисни средства против разни воспаленија,особено на уринарниот систем.Многу е ценета како против воспалително и астригентно средство за лечење на пролив(особено детски).Комбинацијата на железо и Ц витамин е корисна за слабокрвност. Ова овошје има високи концентрации на витамин Е, витамин А и витамин К.
Од минералите изобилуваат со манган кој игра важна улога во развојот на коските, метаболизмот на протеините и метаболизмот на јаглените хидрати.
На дијабетичарите им се препорачува чај од листовите од боровинка,затоа што содржат биофлавоноид миртилин, “растителен инсулин” , кој ја олеснува регулацијата на шеќерот,таа може да дејствува и како благ лаксатив,диуретик и тоник. Помагаат во одржувањето на холестеролот под контрола и придонесуваат за здравјето на срцето. Исхраната богата со боровинки значително го подобрува менталниот капацитет при учење, ги зајакнува моторните вештини и го заштитува мозокот од стрес. Ова овошје се покажало и како мошне ефикасно во спречување на појава на рак на јајници, а кај некои жени ефикасноста била 40% заштита.

КАПИНИ - Капините се многу вкусни и корисни. Тие се богати со здрави состојки и антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетното дејсство на слободните радикали, кои може да предизвикаат најразлични заболувања, па дури и рак. Според тоа, капинките се природни антиканцерогени лекови. Исто така, разградувајќи ги мастите, капинките помагаат во превенцијата на атеросклерозата и кардиоваскуларните заболувања.Капинките содржат околу 20% суви материи, од кои 6% шеќер, 0,9% белковини, 1% масти, 9% целулоза. Во 100гр. капини има 37 калории.Содржат витамин Ц околу 24мл/100г., потоа витамини Б1, Б2...
Од минералите највеќе содржат калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Капините содржат многу поголемо количество на железо, отколку другите видови на овошје, па затоа се корисни во превенција и лекување на слабокрвноста. Плодовите од капина го подобруваат варењето во желудникот и го јакнат слабиот желудник.

МАЛИНА - Овошје кое го сопира проливот,ги ублажува изгорениците и лечи проширени вени.Плодот и листовите можат да ја регулираат столицата и да го зајакнат мокрењето.Содржат калиум,железо и магнезиум. Малината е одличен извор на растителни влакна, кои помагаат во правилната функција на цревата и на тој начин го спречуваат развојот на ракот на дебелото црево.
Малините се здрави и за срцето и крвните садови, бидејќи ги врзуваат жолчните соли во дебелото црево и ги исфрлаат од телото. Растителните влакна ја зголемуваат осетливоста на инсулин и така го спречуваат развојот на дијабет од тип 2.
Малините имаат својство да ја врзуваат водата, набабруваат и даваат чувство на ситост, па затоа храната богата со растителни влакна се препорачува во тек на диети и за одржување на нормална телесна тежина. Малината е одличен извор на витамин Ц, кој е јак антиоксиданс. 20% од антиоксидативната активност на малината припаѓа на витаминот Ц.
Малината се препорачува како диетална храна за болните од шеќерна болест или кај болестите на бубрезите, како и за болните со реума.

ШУМСКА ЈАГОТКА -Содржат нешто повеќе витамин Ц од малинките и капинките,па се препорачуваат за слабокрвните ,затоа што содржат и железо.Во народната медицина се познати како сретство за намалување на крвниот притисок,против згрутчување на крвта и за спречување артериосклероза,за намалување на телесната тежина.Тие ја олеснуваат работата на црниот дроб,се зголемува лачењето на урината.Листот на јагодата се подготвува како индински чај и може да послужи за надоместување на изгубената течност при пролив.Плодовите на шумската јагода го јакнат организмот, го зголемуваат имунитетот, па на тој начин тие го штитат организмот од многу заболувања.
Делува и вазодилататорно, односно ги проширува крвните садови и ја подобрува циркулацијата. Танините се и благи диуретици и го намалуваат крвниот притисок.

ШИПКА -Старите римјани верувале дека може да се лечи кучешкото беснило.Плодот е рекордер по содржината на витаминот Ц,затоа што просечно содржи 1400 мг. а понекогаш оди и до 1870 мг. на 100 грама.Со сушење содржи 270мг. во сув плод,како чај за зимно време обично.Во кората има 5 до 8мг. на бетакаротин.Можат да се спечат настинки,грип и да го зајакнат организмот,имунитетот.Се користат против воспаление на служокажата на дигестивниот систем.

ДРЕНКА -Содржи многу танин,пектин и органски киселини но и биофлавоноид,поради што од античко време се користи како средство за зајакнување,намалување на зголемен крвен притисок,зголемување на мокрење,зајакнување на крвните капилари.Се користи и против бактериски и габични инфекции.Витамин Ц содржи од 50-90мг.

МУШМУЛА -Содржи многу танин,пектин и прилично витамин Ц.Го потикнува лачењето на плунката и сокови за варење на храната па затоа се пожелни во исхраната на постарите лица кои имаат проблеми со варењето.Семките содржат лековити материи,па потопени во вода даваат смеса која се нанесува на повредената кожа како облог.

ЛУБЕНИЦА -ги мие бубрезите, но и го освежува организмот бидејќи овозможува полесно растворање и исфрлање на отровите. Плодот на лубеницата содржи преку 90% вода, а многу малку белковини и 10% овошен шеќер. Од витамини содржи каротини, витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали содржи калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, железо и бакар. Таа е добар извор и на бета каротин и ликопен. Ликопенот, кој го има само во некои овошја и зеленчуци, е многу ефикасен во борбата против слободните радикали, кои штетно влијаат врз здравјето на човекот како и во спречување на штетните последици од сончањето и ја обновува кожата по изложување на зрачење.

ДУЊА - Е позната како лек за повеќе заболувања и здравствени тешкотии,но најмногу против пролив заради присуството на танин.Дуњата е добра и за намалување на холестеролот во крвта и за заштитан а крвните садови воопшто. Благодарение на слузта и пектинот, дуњата е многу добра за лекување на воспаленија на грлото и слузницата на крајниците и на дишните патишта. При воспаленија на слузницата на желудникот и цревата се препорачува варена дуња, која ги ублажува јаките проливи. Плодовите на дуњата содржат слузави материи: пектин, масла, амигдалин, фосфорна киселина и витамин Ц.

ЦРЕША -тоа е калорично овошје. Во 100 грама цреши има 80 калории. Значи не заостануваат многу зад бананите. Црешите се полни со фруктоза и енергија што му ја носат на организмот, тој полека ја искористува. Црешите се диуретик. Корисни се за исфрлување на штетните материи од организмот, а може да се користат како комплетен оброк за држење диета. Богата со бета каротен (19 пати повеќе од боровинката и јагодата), витамин Ц, А, Б1 и Б2, калиум, магнезиум, железо, растителни влакна, фолна киселина ...
Црешите исто така содржат мелатонин кој е важен за функционирањето на имунолошкиот систем, помага во регулирање на деноноќниот ритам т.е. спиењето, го спречува губењето на меморијата и го одложува процесот на стареење. Мелатонинот се испитува како потенцијален третман за рак, депресија и други болести и заболувања.
Исхраната богата со цреши се покажала како добра за редуцирање на килограмите, особено оние кои се наталожени околу половината и кои се главен фактор ризик за срцеви заболувања. Црешите се покажале како корисни за намалувањето на ризикот од појава на рак на дебело црево и во забавувањето на растот на канцерогените клетки кај ракот на дојка. Црешите имаат анти-инфламаторно дејство односно ги ублажуваат воспаленијата, болката и се лек за оние кои страдаат од главоболка.

ПРАСКА- Eдна праска со средна големина (170g) содржи 66 калории, 0.42g маснотии, 16.22g јаглехидрати и 1.55g протеини.Праската изобилува со витамини (А, Б1, Б2, Ц и ниацин се само дел од нив) и минерали (најзастапени се калиумот, калциумот, железото, магнезиумот и фосфорот). Во плодот има 80% вода и 10% диетални влакна, што ја прави одлична храна за оние кои се обидуваат да ја намалат телесната тежина.Праската како природен лек докажано им помага на лицата кои страдаат од анемија, бронхитис, астма, сува кашлица, воспаление на бубрези, камења во уринарен тракт, проблеми со мочен меур, неквалитетна дигестија и запек, висок крвен притисок.

СЛИВА -се препорачува за чистење на крвта, за јакнење на отпорноста против грип, или настинки, за лекување восплаено грло и непца, за рани кои тешко зараснуваат и за хемороиди, за намалување на висок крвен притисок, против болки од ревматизам и гихт, за јакнење на црниот дроб, за регулирање на варењето против запек. Се земаат свежи или во вид на компот, навечер и наутро пред јадење.

КИВИ -содржи повеќе витамин Ц од портокалот – и тоа двојно повеќе, го подобрува имунолошкиот систем, ја подобрува пробавата и го олеснува животот на постарите лица. Кивите ја гасат жедта, го поттикнуваат лачењето на течности и прочистуваат, ја поттикнуваат циркулацијата и гарантираат доволен доток на кислород во клетките, помага во создавање колаген и еластин, потребни за еластичност на кожата. Доволни се две-три киви на ден за да не трошите големи количества на крем.

АНАНАС -особено свежиот содржи два ензима: бромелин и папаин, кои одлично го потпомагаат варењето на белковините. И папајата содржи голем процент папаин и помага во случаите со потешкотии при варењето и тегоби во желудникот и непријатен здив.

ЛИМОН -убиец на бактериите. Го јакне имунолошкиот систем и ткивото на пробавниот тракт, особено на желудникот. И покрај киселоста, лимонот во комбинација со млака вода е многу ефективен во ублажување на бројните дигестивни проблеми, како гадење, зголемено лачење на желудочна киселина, констипација и инфекција со црвени паразити. Исто така се смета дека лимонот помага и при олеснување на икањето.
Сокот од лимон, растворен во чаша вода, кога се консумира редовно наутро дејствува како тоник за црниот дроб. Стимулира лачење на состојки кои го олеснуваат варењето на храната.Лимонот помага и при симптоми на астма, крајници и болно грло.Тој дејствува и како диуретик, одличен е за луѓето кои страдаат од инфекции на уринарниот тракт. Помага и при проблеми во зголемени концентрации на уреа како последица од реума и артритис, затоа што го олеснува исфрлањето на токсините и патолошките бактерии преку урината.
Лимонот помага и во затворањето на проширените пори на лицето. Со тоа се спречува полнењето на порите со нечистотија и создавањето на акни и митесери. Сокот од лимон е одличен тоник, но овој пилинг не треба да се користи многу често или пак да се држи на лицето повеќе од 5 минути бидејќи може да се јави чувство на затегнатост и непријатност на лицето.

ЈАБОЛКО -најдобар доктор – пектинот кој го содржи го штити срцето, го намалува нивото на холестерол, ја подобрува циркулацијата, го лекува затворот и дијарејата. Го јакне имунитетот, содржи Ц витамин, Б витамин, калиум, калциум, фосфор, железо, магнезиум, цинк и топеви влакна. Тоа има и антиканцероген потенцијал на различните хемикалии во лушпата и месото на јаболкото и откриено е дека ефектот на сите овие хемикалии земени заедно е многу поголем отколку кога се зема само витамин Ц. Хемикалиите за кои станува збор се флавоноидите и полифенолите кои имаат антиоксидантни својства. Штитат од карцином со тоа што ги „запираат“ молекулите на оштетувањето на клетките кои може да доведе до појава на карцином. Јадењето 100 гр јаболка дневно има ист антиоксидантен ефект како и земањето 1500 мг витамин Ц. Некои од хемикалиите во јаболкото делуваат антиалергиски, некои делуваат антиканцерогено, антиинфламаторно и антивирозно.

КРУШИ-се вистинско богатство на шеќер, киселини, минерални соли, танини, витамини и ферменти. Содржи најмногу калиум, калциум фосфат и магнезиум. Богати се со витамин – каротин: провитамин А, Б1, Б2, Б6, а витаминот Ц го има повеќе од јаболкото. Таа е вистински благодет за сите органи во организмот. Тие се вистински еликсир за крвните садови, срцевиот мускул, за бубрезите, и за болните од нефритис. Се препорачува и во случај на пролив. Се препорачуваат во случај на камен во бубрегот, особено ако тој настанел од соли на оксалната киселина, крушите го забрзуваат распаѓањето на каменот и неговото исфрлање. Крушите го поттикнуваат растењето на децата, заздравувањето на рековалесцентите и влијае на зголемување на капацитетот на умствената работа.

ТИКВА -е еден од највкусните хранливи, диетални десерти и истовремено лековит плод. Содржи големи количини на провитамин А (каротин), витамин Ц, ензими и многубројни минерали, додека семките содржат значајни количества витамин Б, аминокиселини (леуцин, тирозин и др.). Во народната медицина се користи како излачување на штетните материи од организмот. Таа благородно дејствува против заболување на бубрезите, мочните канали, мочниот меур и простатата, против реуматизам, гихт, при заболување на црниот дроб и жолчното кесе, кај лица со стомачно-цревни тегоби (проливи, запек, разни труења, хемороиди) и др. Има ниска калорична вредност, лесната сварливост и брзо заситување се препорачува како одлична диетална храна кај лица склони на дебелеење. Тиквата се препорачува против кожни заболувања, како што се: себореа, егземи, неуродерматити, питиријази, па сè до една од потешките кожни болести – псоријазата. Најважното лековито декство на маслото од семки од тиква е подобрување на функцијата на простатата. Се препорачува да се користи како нерафинирано масло за салата и да биде често присутно во исхраната кај мажите. Покрај тоа, маслото од семките од тиква влијае и на зајакнувањето на потенцијата, го забрзува постоперативното закрепнување и ја подобрува и општата состојба на организмот.
--- надополнето: Sep 1, 2011 3:09 PM ---
ЗЕЛКА -корисното дејство на зелката врз варењето на храната и се препишува поради богатата содржина на целулоза што ја поддржува моторната функција на цревата и помага за исфрлање по пат на врзување со заситените масти (пред сè холестеролот). Со тоа ги штити крвните садови од предвремени склеротични промени. Зелката е богата со минерални соли, витамини, провитамин А, витамин Ц, ферменти, Б1 и особено значајниот витамин У. Таа содржи голема количина на калциум, сулфур, магнезиум, бакар, фосфор и железо. Сокот од свежа зелка поволно влијае при лекување на хроничното воспаление на желудникот и дванаесет палачното црево (чир, гастрит).

СПАНАЌ -и другиот зеленчук со зелени листови освен бета каротен, ги содржи витамините Б2, Ц, Е, сол, железо, калциум и фосфор. Тие дејствуваат и како лаксативи (средства за прочистување).

ПИПЕРКА -содржи витамин Ц и бета каротен. Дејствува против инфекции и има особина на вазодилатор – ги шири крвните садови. Витаминот Ц е нерамномерно распореден во плодот. Најмногу го има во месестиот дел околу рачката. Во пиперката има и значителни количини на витамин Б, посебно Б1(60 mg/100 g) и Б2 (30 mg/100 g свежи пиперки). Содржи и витамин Е, поради што пиперката има и антиканцерогени својства. Содржи и пантотенска киселина, а во форма на провитамин содржи и витамин А, кој е присутен како бета-каротин и криптоксантин.
Од минерали, пиперката е најбогата со калиум, фосфор и железо. Поради големата количина на витамин Ц, пиперката се препорачува во исхраната за јакнење на имунолошкиот систем. Правот од лутата црвена пиперка се користи за лечење на пореметувања во варењето и за хемороиди.Содржи доста калиум, на кого му се препишува диуретското и антиканцерогеното дејство.

ДОМАТ - високовредна намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол, а обилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали. Еден средно голем свеж домат има само 25 калории, а е одличен извор на витамини, минерали и други корисни и лековити состојки. Доматот содржи и органски соединенија терпени (терпеноиди) кои помагаат во блокирањето на туморите. Доматот ја подобрува работата на цревата, кардиоваскуларниот систем, , помага при дијабет, воспаленија на дишните патишта, ја штити кожата од штетните сончеви УВ зраци, ја превенира слабокрвноста, го зајакнува имунитетот, штити од рак...
Доматот ја подобрува работата на цревата,. Тој е природно средство за полесно празнење на цревата, па им користи на лицата кои патат од запек и хемороиди. Исто така, поволно делува и на високиот крвен притисок, ја стимулира функцијата на панкреасот, ја подобрува циркулацијата во организмот. Доматот е природен лек и за сабокрвноста, а ја регулира и шеќерната болест. Бидејќи доматот е богат со витамн Ц, тој помага во спречување на напади на астма, инфекции на дишните патишта, солзење на очите и други алергиски симтпоми.
Доматот се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем на организмот, но и за диетална исхрана, бидејќи е хранлив, а нискокалоричен.
Парчиња од свеж домат може да се користат и како облоги за лекување на чиреви, мозолчиња на кожата и некои кожни заболувања.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
КРАСТАВИЦА - таа е одлична во борбата против целулит. Добро е да се јаде овој зеленчук и против нервоза и создавање на камен во бубрезите. Таа е голем детоксификатор на човечкиот организам. Од витамини, краставицата е најбогата со витамин Ц, а во трагови ги содржи скоро сите витамини од групата Б и каротин.
Од минерали, краставицата има многу фосфор, калциум, железо, манган и јод. Има малку натриум и многу калиум, поради што не треба да се соли за да не се наруши постоечкиот однос на овие два минерали. Поради ваквиот однос на натриумот и калиумот, краставицата претставува јако диуретско средство. Затоа овој вид зеленчук се препорачува при отежнато мочање, при болести на срцето и бубрезите, како и против реума.
Бидејќи краставицата ја раствара мочната киселина, корисна е за лица со камен во бубрезите и во мочниот меур. Со тоа што го поттикнува излачувањето на водата од организмот, краставицата помага и во излачувањето на отровните материи и го чисти организмот. Затоа, краставица треба да јадат и жените кои патат од целулит.Свежата краставица ја регулира работата на цревата и ја нормализира столицата. Им се препорачува на дијабетичарите, бидејќи го намалува нивото на шеќерот во крвта. Исто така, краставицата им се препорачува и на лицата кои се склони кон дебелење, како диетална храна.

ЛУК - содржи супстанца што ги стимулираат ензимите и штитат од тумор на стомакот. Лукот се вбројува во најстарите лековити билки. Лукот се употребува за лечење на треската, глувоста, искашлувањето крв. Лукот е општ антибиотик и антисептик, добар регулатор на цревната флора, ненадминливо средство за јакнење на организмот и регулатор на основните животни функции, добар против шеќерна болест и има превентивно средство против канцерогените тумори, го намалува крвниот притисок и штити од артериосклероза, тромбоза, го регулира холестеротол, го спречува труењето со никотин (користен е за страсните пушачи). Освен тоа, лукот ја поттикнува и половата енергија. Испитувањата покажуваат дека е добар во прочистувањето на артериите и ги отвара „устите“ на вените.

КРОМИД - се употребува во исхраната како лековито средство, за лекување на различни заболувања, почнувајќи од обичната настинка до габични заболувања на нозете. Има антиканцерогени својства. Во кромидот се наоѓа голем број супстанции кои го инхибираат растот на малигните клетки. Една од тие супстанции е кверцентинот кој според научните испитувања го попречува развојот на естрогенските осетливи клетки, односно оние клетки кои често се „вмешани“ во појавата на ракот на градите. Содржи сулфурно соединение кое може да го спречи ланецот биохемиски процеси, кои водат до појава на астма и воспалителни реакции. Кромидот, исто така, е добар и за намалување на нивото на лошиот холестерол и зголемување на нивото на добриот холестерол, а може да помогне и за намалување на крвниот притисок.

МОРКОВ-јадејќи го морковот, во усната шуплина се намалуваат бактериите, а со тоа и можноста за расипување на забите. Содржи провитамин А, овој чуден зеленчук ја помага епитализацијата на желудникот и органите за варење, па во последно време се користи и лечењето на гастритис, чир на желудникот и стомачни тешкотии. Го подобрува видот и се користи кај воспаление на очите. Ги содржи витамините Б1, Б2, Б6, Е, биотин, Ц и К. Од минералите ги содржи: калциум, калиум, фосфор, сулфур, железо, цинк, јод, манган, алуминиум, молибден итн. Содржи шеќери, белковини, разни каротиноиди, етерични масла, целулоза и пектин. Иако е богат со шеќери, на дијабетичарите му е препорачлива во исхраната бидејќи обилува со алкални соли кои ја неутрализираат ацетонемијата т.е. делуваат противотров, неутрализирајќи ги и киселите продукти. Значајна состојка му е стеринот, кој делува на смалувањето на холестеролот. Се користи во лечење на артериосклероза, висок крвен притисок и кај сите болести каде што е важно снижувањето на холестеролот, и семето од морковот е богато со етерични масла. Најдоја примена во козметиата и во фармацевската индустрија. И семето и коренот имаат смирувачко дејство на нернвиот систем. Како диуретик го потпомогнува исфрлувањето на отровните продукти од метаболизмот, ги смалува отоците, крвниот притисок, и ги штити бубрезите. Морковот го препорачуваат во исхраната на луѓе кои боледуваат од карцином, реуматичарите и заболени од разни заболувања на коските, бидејќи помага во излачувањето на солта на мокрачната киселина од организмот. Каротинот е растворлив во маст и масла и значи дека треба да се додава во припремата на јадењата. 80 гр морков доволно е за потребата на организмот од 2 дена. Морковот се препорачува посебно во успорувањето на стареењето на организмот. Го изострува видот, кожата ја штити од слободните радикали одоговрни за стареењето и појавата на брчки и видот.

ЦВЕКЛО - лековитоста се состои во богатството на микроелементи, како што се јод, бакар, селен, калиум, клациум, магнезиум и органски состав со сумпор. Од витамините богато е со Д и Ц витамини. Лековитоста била позната уште во стариот век. Растителната боја АНТОЦИЈАН го стопира развојот на ќелиите на туморот. Црвената боја на цвелкото содржи органски врзано железо кое што во потполност се пренесува на хемоглобинот, односно ја лекува слабокрвноста. Антоцијанот од цвеклото има уште едно својство. Тоа е природно, биолошко средство за отстранување на штетното зрачење. Цвеклото, исто така помага и при регулација на крвниот притисок, а го стимулира и исфрлувањето на урината. Значи, сокот од цвеклото го зголемува хемоглобинот во крвта, кој пак, пренесува повеќе кислород до ќелиите, па нивното дишење е нормално, не доаѓа до создавање на т.н. анаеробни услови и развој на малигни (неприродни) ќелии и во понатамошна фаза – рак.

БРОКУЛА - содржи витамини и минерали, се препорачува како превентива против рак. Од витамините содржи Ц и А, а од минералите калциум, цинк, магнезиум. Може да се јаде на повеќе начини, припремена со ладно цедено маслиново масло, со малку лук, може да се стави во туршија, можат да се пржат, но, секако, најздрави за јадење се свежи како сезонска салата.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
....супер тема.... :)
ова е copy / paste или го пишуваше?
ако го пишуваше (што е многу...многу е) имаш пиво од мене
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Орев
Ја чисти крвта, ги лечи белодробните болести, катар на црева, воспаление на слузокожа, воспаление на очите, ги уништува цревните паразите, ги јакне мускулите, го јакне видот, штити од опекотитни при сончање.
Оревот е овошје по потекло од источниот медитеран. Расте како самоникно растение, а се одгледува во потоплите краишта од европскиот континент. Се користат свежите листови, младата лушпа од оревот, како зелен и зрел плод. Се бере од почеток на Мај па се до Септември. Ореовото јадно содржи намногу масти (55-60%) потоа високовредни белковини (15%) исто така и јаглен хидрати, а богато е со калциум, магнезиум, фосфор, железо, витамин Б и ц. Недозреаните плодови се исклучиво богати со витамин ц. Зелените ореви се берат во јули се варат во компоти, марамалад, слатко или на други начини се конзервираат. Ореовите листови во кои има витамин ц повеќенаменски се употребува, за спремање на лекови, чаеви против многу болести (кожни болести, цревни паразити).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom