Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.089
Не заборавајте дека од таа стока(како што вие обичате да ја нарекувате) имаше 80 души искасапено и околу 150 души со лесни повреди или тотални инвалиди.Генерал Ангелов има 9 прострелни рани во телото за време на одбраната на Арачиново.Тие беа првите на браникот на татковината,тие први што јадеа куршуми,имаа трауми,наместо вашите родители,чичковци,вујковци коишто први фатија метла кога пукна или пола од овие серачи коишто си пиеја кафе на улица Македонија во 2001 година.
И ние сме им благодарни за тоа, само не ми е јасно како некој кој е обучуван да ги извршува најтешките задачи во војна може да биде обезбедување на митинг. Или си специјалец или си обезбедување не може и двете.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.698
Немаше луѓе од СДСМ бе, доста серете...
Очекував повеќе народ и денеска ама за жал слаб сум со прогнози. Стандардно како и на секој протест кога треба народот да се избори против нешто што не чини, се појавуваат само членови на навивачките групи од Скопје и група енузијасти како оние кои протестираа за црквата на плоштадот. Чат пат ни се приклучуваа по некои постари лица, а бевме се на се на бројка од околу 500-600 луѓе. Од Мајка тереза отидовме накај МВР, таму седевме подолго време, па настана сукоб на интереси, водачите на протестот бараа да се продолжи со маршот низ целиопт град, други баравме баш на местото каде што треба да ги бараме виновниците да останеме подолго време...
Незнам зошто постојано водачот повторуѕваше дека ова е мирен протест, кога никој не правеше инциденти ниту пак имаше намера за такво нештѕо, освен навивачко стамндардно пеење Е ШТО МРЗАМ МНОГУ ЏАНДАРИ. После подолго натегање се упативме накај центар, и видовме дека патот за накај МВР од кај зградата на грујо е целиот затворен со припадници од единицата за брфзо распоредување. одново се почна со скандирање и слично, па еден проба да тргне натаму и одма го уапсија (искреноне видов зашто...) па после некое време, дел од толпата продолќи накај Центар, дел се разотидоа вклучувајќи ме и мене :)
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
На крај испаѓа дека дечкото не е убиен од полицаец туку од човек што ја обезбедувал прославата на плоштадот.Кажав еднаш на темава дека припадник не ЕСЗ нема шанси од работа да е пратен да обезбедува нешто во сред центар туку најверојатно овде е по своја желба (приватно) за да заработи денар повеќе.
Погоре неој пишал дека наводно е убие затоа што украл пијачка.Ако ова е вистина сам нека се убие овој што го утепа детето пред да го осудат.Алоооо бе за една пијачка од 50ден. да фатиш момче од 22години и да го претепаш ццц ...
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
На темата има многу големо лицемерие од луѓе кои ги бранат боите на својата партија. Па свестете се у тие ваши празни глави и пазете што пишувате на темата. И доста е веќе, прочитавме што имате да кажете, не сте интересни веќе со по 100 поста во оваа тема.

Жално е што згасна млад живот. Нека почива во мир.
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Се случи што се случи, дечкото нека почива во мир. Сега како во секоја нормална држава следното што би требало во нормални услови да се случи е убиецот во затвор министерката да си поднесе оставка. Толку!
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Јас да сум модератор секој еден глупав човек што ке замеша политика во оваа тема би го банирал од форумот. И тоа го мислам најозбилно.

Сочувство до семејството на починатиот, нека почива во мир. Да се најдат и да се казнат одговорните лица. И дај боже да не се случуваат вакви работи никогаш.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Сега на вестите на А1 збореше мајката на починатото момче.
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25
Државата го уби, од партијата дошле во семејството да ги убедат маж и, да не даваале изјава“ -ова го кажа мајката на А1
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Него, не ми е јасно како вчера МВР истапи со изјава дека немало траги на насилство кога момчето било лом направено, незнам само зашто МВР идат со глава у ѕид, срамно е да се проба да се заташка ваков случај.
Не оправдувам ама колегијалност го викаат тоа.

Е сега молчењето е како да се заеби прослава за победа на избори ете тоа е ништо друго, како да се каже а да не се греши затоа се тие глупости од изјави дека немало траги на насилство. Како и да е лоша карма за почеток на владеење нема да оди на добро.
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Премногу се генерализира. Сепак тоа е постапка на поединец. Можеби ги има повеќе ама неверувам дека секој алфа или тигар или што и да е ќе тепа некого до смрт. А кажаа на сител дека другарите негови изјавиле дека бил алкохоличар и учествувал во повеќе кражби, но не бил насилник. Можеби од порано им бил познат на органите на власта па затоа толку бурно изреагирал убиецот. Немој да ме сватите погрешно воопшто не го оправдувам чинот, туку само претпоставувам што може да биде причина за таквото брутално тепање. Нека почива во мир и се надевам дека во иднина вакви работи нема да се случат повторно. Како за пример треба да му дадат една сочна затворска казна на убиецот. Да биде пример за другите како да не постапуваат во иднина.
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25
Темата не смее да биде затворена. Има партиски настроени луѓе ама генерално се води некоја дискусија што и како треба да се реагира. На оние што им смета што плукаме против власта и мвр - нека земат да се лечат.
Ја не знам дали има некоја единица за брза интервенција по форуми и социјални мрежи кои се активираат само за да ја оправдаат владата.
За што да ја оправдаат: оти живееме како богови, оти има 34% невработени, оти се убиваат од ќотек млади деца, оти не може да направам група на фб и да протестирам против нешто?
А за оние од опозиција што се обидуваат да провоцираат и да ќарат на сметка на изгубен млад живот, нека се прегледаат.
 
Член од
17 март 2009
Мислења
194
Поени од реакции
22
Нека не ја затвараат...
Да стои и да боде очи

оки ама нека не се меша политика тука
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom